Преземено од кирилица.цом.мк [1] [kirilica.com.mk]
__________________
Важно прашање е дали дипломата од Богословскиот факултет се признава на Исламскиот и обратно!?
Владата на Република Македонија ќе го финансира работењето на Богословскиот и Исламскиот Факултет. Ова денес во Велес, по средбата со Синодот на МПЦ, го обелодени државниот секретар на Министерството за образование, Перо Стојановски.
- Согласно новиот закон за високо образование потребно е да се направат одредени преструктиирања на Богословскиот и Исламскиот факултет. Владата ќе му предложи на Собранието на Република Македонија закон за финансирање на факултетите и се надеваме дека од наредната учебна година тие ќе бидат дел од финансираниот државен образовен систем – рече Стојановски.
МПЦ веке поднела барање за акредитирање на факултетот Св „Климент Охридски“ објасни потпаролот на МПЦ Владиката Тимотеј.
- МПЦ бара Богословскиот факултет да има рамноправен третман како и сите други високообразовни институции во Република Македонија – истакна г. Тимотеј.
МПЦ и Министерството за образование очекуваат пратениците да го изгласаат предлог законот за финансирање на верските високообразовни институции и од учебната 2008/2009 година тие да бидат дел од универзитетот Св.Кирил и Методиј.