4 декември, 2008 - 01:51
[веб кирилица]

Граѓаните ќе ги финансираат Богословскиот и Исламскиот факултет!

од Незнаен јунак на 28 мар 2008 - 02:30

Преземено од кирилица.цом.мк [kirilica.com.mk]
__________________

Важно прашање е дали дипломата од Богословскиот факултет се признава на Исламскиот и обратно!?

Владата на Република Македонија ќе го финансира работењето на Богословскиот и Исламскиот Факултет. Ова денес во Велес, по средбата со Синодот на МПЦ, го обелодени државниот секретар на Министерството за образование, Перо Стојановски.

- Согласно новиот закон за високо образование потребно е да се направат одредени преструктиирања на Богословскиот и Исламскиот факултет. Владата ќе му предложи на Собранието на Република Македонија закон за финансирање на факултетите и се надеваме дека од наредната учебна година тие ќе бидат дел од финансираниот државен образовен систем – рече Стојановски.

МПЦ веке поднела барање за акредитирање на факултетот Св „Климент Охридски“ објасни потпаролот на МПЦ Владиката Тимотеј.

- МПЦ бара Богословскиот факултет да има рамноправен третман како и сите други високообразовни институции во Република Македонија – истакна г. Тимотеј.

МПЦ и Министерството за образование очекуваат пратениците да го изгласаат предлог законот за финансирање на верските високообразовни институции и од учебната 2008/2009 година тие да бидат дел од универзитетот Св.Кирил и Методиј.

сликата на gojko
Македонија е напредна..... - од gojko на 28 март, 2008 - 14:50

Така бре брат убиј не сите “брат“! Се знае тоа во УСА нема потреба да не учиш. Второ ние не сме заостанати освен такви глави ко тебе што наутро се будат и не можат да се видат на огледало од што се мразат и не можат ни 10км да попешачат во денот.
А ти Сељко оди таму некаде во Италија бркај кокошки и сади тутун бид. овде сигурно ќе ти е срам да го правиш тоа. Не ги искомплексирувај тука луѓето.
Доста за овие теми политика и цркви аман веќе ко што рече колешката. Толку им е свеста на поединци кои ја зпоседнале Баграва, за нив само 2-3 теми ги палат, се друго наводно е споредно.