8 октомври, 2008 - 02:39
[веб кирилица]

Пресот на Камчев спас на ФК Вардар

од gojko на 22 мар 2008 - 00:50

Преземено од
http://www.sitel.com.mk

[b]Последните превирања во ФК Вардар денеска кулминираа со прес конференција на која сопственикот на Холдингот Орка Спорт , Орце Камчев се промовира како преоден претседател на ФК Вардар официјално впишан во централниот регистар. Камчев најави за 7 дена Изборно собрание на црвено-црните во организација на Иницијативниот одбор потенцирајќи дека ФК Вардар од сега нема да има сопственик, туку ќе биде Здружение на граѓани.
Раководењето го превзел до Борче Ристовски на тајно собрание одржано на 14. Март.
Камчев вели дека собранието чие членови ќе бидат одредени од Иницијативниот одбор за спас на Вардар ќе донесе одлука за новите раководни структури вклучувајќи го и претседателското место за кое ќе конкурира и тој. Камчев ја деблокирал жиро сметката на ФК Вардар која беше блокирана од негова страна веќе 11 години, со што клубот сега може да функционира преку официјалната сметка како што велат и правилата на УЕФА и ФИФА.
Во меѓувреме со Соопштение се огласи и страната на актуелниот финансиер на ФК Вардар, Брацо Вујчиќ од фирмата Спорт Фајв во кое го оспори тајното собрание и одлуката на централниот регистар да го впише Камчев како претседател на клубот.
Во Соопштението се обвинува поранешниот раководител на црвено-црниот тим Борче Ристевски дека манипулира со јавноста иако за сума од 460 ијади евра на име на вложувања во Вардар му го отстапил клубот на актуелниот спонзор Брацо Вујчиќ.

Опции за гледање на коментари