Кока кола е највкусна во:

Двалитарка
0% (0 гласа)
Стаклена 0.2 флашичка
31% (17 гласа)
Лименка
19% (10 гласа)
Се е исто срање само се фураш дека вкусот е различен
50% (27 гласа)
Вкупно гласови: 54

Опции за гледање на коментари

Избери го посакуваниот начин за прикажување на коментарите и кликни на „Активирај“ за да ги видиш измените.
Слика на GoodBytes

Линк

Слика на Robomarket

Кока кола треба

Кока кола треба да биде сменето со Газоза. Ем е наше, ем не е производ на зла корпорација што продава ужасни производи.

Слика на Zelka

не го тупете

не го тупете анкетата е за кока-кола.
плус има газози што се прават во нечија када:)
јас гласав лименка ама грч ладна.
додуша и стакената е џам ама да ја пиеш од шише!

Слика на Robomarket

Се изгласив за

Се изгласив за стаклена затоа што има малкуцка, знаеш, да не ти го изеде џигерот.

Слика на гоце

Ова муабетов

Ова муабетов као скопско од зелена флаша е полошо од тоа у жута, ама па е боље од пластика, а лименката е закон само кога е грч ладна :)

Слика на Zelka

Скопско од

Скопско од зелена флаша има различен вкус!
сме праеле тестови и тоа во две проѕирни чаши и пробувачот не знаеше која е која и имаа различен вкус!
викаат дека сончевите зраци пробивале во зелената додека кафеавата ја блокира.

Слика на Шлајка-спие

а може и

а може и Пивара е потактична и го има лансирано муабетот, маркетинг ради - Пепси стратеџи, Горско стратеџи :)
Merely financially more justified strategy. :D

Кој шо намерачил пиво го вратил ради боја на шише, ако немало од другата?

Слика на Сељачиште

Скопско од

Zelka wrote:
сме праеле тестови и тоа во две проѕирни чаши и пробувачот не знаеше која е која и имаа различен вкус!

Колкава ви беше контролната група? Колкав статистички индекс на сигнификантност ви искочи?

Zelka wrote:
викаат дека сончевите зраци пробивале во зелената додека кафеавата ја блокира.

Ахааа, значи затоа кафеавите шишиња се уствари црни, радиоактивни и непроѕирни. Тоа кафеавото уствари да ти биле лоу-бенд радијациски резидуи.

Сто пати сум рекол: денешнава младина ни е многу бистра, начитана, интелигентна и способна за критичко резонирање. Ништо не прифаќа здраво за готово - све претходно темелно се тресе и испитува, целосно ослободено од предрасуди, а се со цел да се избегнат погрешните заклучоци. Ете затоа ни цвета државата, а и допрва ќе ни цвета.

Слика на Zelka

пред да се

пред да се појави светот на дигитална фотографија сите хемикалии (развијачи/фиксири) се чуваа во кафеави/црни флаши за да ги заштити од сончева светлина и да не го смени хемискиот состав.

сите камионџии и стари пијандури не пијат зелено скопско.
плус зелените флаши се исфрлени од употреба и да имаат различен вкус.
боже ми се лоши од твојота ароганција. којзнае какво чуство на гордост добиваш кога ќе куцнеш ваков пост на интернет?

а глеам ти си екстра интелигентен (ко троа повозрасен) и ја однесе државата на екстраординарно ниво, и ни го трасираше патот за нас троа помладите!

Слика на Сељачиште

пред да се

Zelka wrote:
пред да се појави светот на дигитална фотографија сите хемикалии (развијачи/фиксири) се чуваа во кафеави/црни флаши за да ги заштити од сончева светлина и да не го смени хемискиот состав.

Сите фотосензитивни хемикалии, велиш? Она што ги блокира ув зраците (се кладам дека на тоа мислиш кога велиш „сончева светлина“) е самото стакло, не неговата боја.

Zelka wrote:
сите камионџии и стари пијандури не пијат зелено скопско.

Сите теткици кога се враќаат од пазар не проаѓаат под бандери "Л", туку само под бандери „А“.

Слика на excellent

Да не ви го

Да не ви го расипам ќејфот во оваа плодотворна дискусија, ама зелените шишиња не биле ништо друго освен контролни шишиња (1 во 20), на времето кога техниката била поназад. И не знам дали сте приметиле, ама се’ помалку ги има. И ова е кажано колку да не речам дека воопшто ги нема.

Ете, се извинувам на реметот.

--------
Danger could be my middle name. But it's John.

Слика на dimitar27

АЈ да не се

АЈ да не се рчкам и ја со Зелковски и ова Селскиот, да си кажам, гласав под „Г“ односно „исти пеис е-само се фураш дека е повкусно“
Ама за КокаКола не сум струцен, а за ПИВо зелено или кафеаво не знам, ама знам дека ГОЛЕМА флаша никад не ми „легнале“ така добро ко мала скопско, ај сега?
До флашата е или до мозокот мој пијандурски?

Слика на гоце

Техниката

Техниката уништила уште едно генијално работно место - контролор на пиво :)

Слика на ип

пред да се

Сељачиште wrote:
Сите фотосензитивни хемикалии, велиш? Она што ги блокира ув зраците (се кладам дека на тоа мислиш кога велиш „сончева светлина“) е самото стакло, не неговата боја.

Не си во право. Прочитај малку:

http://www.evansale.com/skunked_beer.html
http://blog.khymos.org/2007/02/16/lightstruck-flavor-in-beer/
http://www.beerinfo.com/rfdb/#link3-2

Различнииот вкус навистина доаѓа од реакција во пивото поттикната од сончева светлина. Да, пред сè се работи за ултра-виолетова, но и за дел од видливиот спектар на светлината. Светлоста всушност ја расипува „горчината“ на пивото.
Единствено кафеавите шишиња ја спречуваат оваа реакција. Зелените се подобри од чисти бели (како Корона), но сепак не и од кафеавите.
Токму затоа повоќе нема зелени шишиња Скопско, земајќи во обзир дека изразената „горчливост“ е карактеристична за него!

Слика на Zelka

брао бе друже

брао бе друже имаш од мене една грч ладна стела за ова.
мене луд ме напраија.

сељак?

Слика на дамјан

па стела е во

па стела е во зелено шише :)

Слика на Сељачиште

Не му кажувај

Не му кажувај бееее... :-) Расипувач на забава!

Слика на LudoMlado

Скопско од

Zelka wrote:
Скопско од зелена флаша има различен вкус!
сме праеле тестови и тоа во две проѕирни чаши и пробувачот не знаеше која е која и имаа различен вкус!
викаат дека сончевите зраци пробивале во зелената додека кафеавата ја блокира.

Точно така,пивото поинаку ферментира во шишиња со различна боја.
Не ме држете за збор ама кафеавата амбалажа блокира поголем дел од видливиот дел од спектарот на светлината.

Слика на цепе

Кока - кола у

Кока - кола у лименка е најдобра ствар.

Слика на kontrola

се е исто али не

се е исто али не е исто да пиеш од дволитарка недопиена или макар само еднаш промучкана откога е отворена .. а околу пивово гарантирам со сите мои испиени скопски 0.33 дека не се исти со било која друга флаша на скопско

Слика на aleksandra85

Секаква

Секаква ама да е на кирилица напошано КОКА КОЛА најдобга ке да е
кога мудрецот ќе покаже кон месечината будалиот гледа само прст

Слика на fLeX

Шишенце од 0.2.

Шишенце од 0.2. Грч ладно. Јес да таа пичајка ја пијам еднаш годишно. Ја сум вода фрарер, и тврдам дека најубавата вода ја иам пиено од извор у Лазарополе. и денес ја сањам...
i]Што и да мислиш, исто ти се фаќа:)[/i]

Агрегирање содржина