4 декември, 2008 - 04:27
[веб кирилица]

Обвинете го шефот за психички терор

од Незнаен јунак на 10 мар 2008 - 14:26

Преземено од Вест [vest.com.mk]
__________________

Мобинг е специфичен облик на однесување на работното место, кога една личност или група, психички (морално) злоупотребува и понижува друга личност, со цел да го уништи нејзиниот углед, чест, достоинство и интегритет, се додека не се елиминира од работното место. Жртвата на мобингот е беспомошна и не може да се одбрани. Тоа се случува најмалку еднаш неделно во континуитет шест месеци.

Ако шефот често ве навредува, ако ве држи на пик или, пак, сте станале безгласна буква на работа, тогаш треба да се запрашате дали ви се случува мобинг. Ако колегите ве игнорираат, замолчуваат кога ќе влезете во канцеларија или, пак, престанале да ве викаат на кафе, веројатно сте станала нивна мобинг жртва.
Вие сте уверени дека нешто не е во ред со вас, и не ни помислувате дека, всушност, нивната намера е да ве избркаат од работа, без разлика дали ве сметаат за вишок или затоа што ви завидуваат и се чувствуваат загрозени поради вас.
"Мобингот или психичкото малтретирање на работното место е сериозен проблем, кој се рефлектира врз здравствената состојба на личноста и е тивок убиец за жртвата", вели Лидија Павиќ, координатор на првата мобинг програма во Македонија. "Разликуваме хоризонтален мобинг, кој се јавува меѓу работници што се на исто ниво на хиерархиската организација, и вертикален мобинг, кој се случува кога претпоставениот го злоупотребува работникот", објаснува Павиќ.
Во Македонија нема податоци за мобинг жртвите. Но нашите соседи веќе подигаат тужби за психички терор на работното место. Пред две години во Хрватска се случи првата судска пресуда за мобинг, кога една службеничка во научен институт тужеше за континуирано шиканирање на работното место, а како причина за тоа ја навела љубомората на своите колеги. Сега четири стјуардеси на "Кроација ерлајнс" ја тужат фирмата за мобинг. Во Србија работничка на фабриката "Јафа" поднесе тужба поради психолошка злоупотреба на работа. По 25 години работа во сметководство, таа била преместена во магацин.
Кај нас никој не повел судски спор за мобинг, но тој се случува во работните средини.
"Мојата шефица секогаш се служеше со исти методи", го објаснува својот случај на мобинг еден вработен во државна институција."'Сега се сетив дека и ова треба да го направиш', и со насмевка ќе ми донесе еден куп предмети за решавање, само половина час пред крајот на работното време. Се разбира, за тоа време јас не можам да ги решам сите предмети, и вината паѓа врз мене. Често не ми ги кажуваше сите информации кои ми се потребни за работата, и јас излегував некомпетентен и исмејуван. Тоа го правеше намерно, зашто имам магистратура, бев пообразован од неа и ја загрозував нејзината позиција. По неколку месеци, веќе не ми се одеше на работа. Имав грчеви во стомакот и целиот се тресев кога пред очи ќе ми излезеше шефицата. Повеќе сакав да викаше на мене отколку, љубезно, со насмевка да ме понижува", објаснува лицето кое сега е на боледување.
"Во другите земји мобингот законски се санкционира и означува морален терор на работното место кој предизвикува ментални, психосоматски и социјални проблеми кај жртвата. Ние можеме да се повикаме само на нашиот Устав каде што сите сме еднакви, и на универзалната декларација за човекови права. Оваа година кај нас за првпат ќе се прави истражување за мобинг. На 20 февруари започна да функционира мобинг програмата. Таа треба да обезбеди помош, поддршка и едукација на жртвите на мобинг однесувањето", вели Павиќ.
Но првично, ако се земат предвид големиот број работнички судски спорови кои се поведени во изминатите 6-7 години, мобингот во Македонија го има, најверојатно, повеќе отколку во Европа. Статистиката покажува дека во Финска 15 отсто од работниците се жртви на мобинг, во Велика Британија и во Холандија 14 отсто, а во земјите на Европската унија, генерално, просекот изнесува 9 отсто.
Мобингот е мошне опасен, зашто на оној на кој му се случува, ништо не му е јасно. Најчесто започнува со некаков конфликт. Тоа е прва фаза од која е најлесно може да се излезе. Понекогаш е доволно да го прашате шефот што не е во ред.
"Работите понекогаш се средуваат кога на луѓето ќе им покажете заби", тврдат експертите.
Но ако набрзо не го решите конфликтот, влегувате во втората фаза, наречена психолошка војна. Во третата фаза станувате дежурен виновник за се. Четвртата фаза е критична зашто жртвата веќе е етикетирана како тешка, неприспособена во тимот, "ненормална", што дополнително го зголемува негативниот круг околу жртвата. Петтата фаза е завршна зашто на крајот жртвата ја напушта работата, а траумите кај жртвата доведуваат до пострауматски стрес синдром и до слични психолошки непријатности.
Стравот од шефот или од губење на работното место е главната причина што жртвите на мобингот ништо не преземаат.
Најдобра стратегија против мобингот е вложување во себе и во своето знаење, за да можете во секое време да ги спакувате куферите и да си отидете, советуваат психолозите. Добро е да си одржувате контактот и со други фирми. Можеби, сепак, е најважно да сфатите дека сопственото достоинство е важно и оти не би требало да трпите ниту еден ден понижување, навредување и манипулација на работа.
Ружица Фотиновска

***

Што е мобинг?

Мобинг е специфичен облик на однесување на работното место, кога една личност или група, психички (морално) злоупотребува и понижува друга личност, со цел да го уништи нејзиниот углед, чест, достоинство и интегритет, се додека не се елиминира од работното место. Жртвата на мобингот е беспомошна и не може да се одбрани. Тоа се случува најмалку еднаш неделно во континуитет шест месеци.

***

Жртвата најчесто е интелигентна и привлечна личност

Жртвата на мобинг не е некој сирот поединец, кој го трпи гневот на мнозинството. Напротив, најчесто жртви се многу силни, интелигентни личности со високо образование и необично привлечни. Со ваквите нивни особини, тие ја загрозуваат групата, односно помалку способните од нив.

***

Мобери - искомплексирани личности

Психолозите тврдат дека лицата што малтретираат (моберите) се искомплексирани личности. Тие се помалку способни, ама моќни личности, без креативност и желба да даваат и да поделат љубов. Ним често им се придружуваат слаби личности од страв да не станат жртви. Со мобингот тие ја прикриваат сопствената слабост во некоја друга сфера во својот живот (најчесто приватна), формирајќи околу себе група во која ја докажуваат својата моќ и важност на сметка на жртвата.

***

Малтретирањето создава здравствени проблеми

Физички нарушувања: хроничен умор, прекумерна телесна тежина или нагло слабеење, несоница, намален имунитет, зголемена потреба за алкохол, цигари, за лекарства.

Емоционални нарушувања: депресија, емоционална празнина, се губи смислата на живеење, анксиозност, демотивираност, апатија

Однесување: се губи концентрација, заборавеност, експлозивност, претерана чувствителност на надворешни фактори, бесчувствителност, проблеми во семејството, развод, самоубиство на жртвата.

***

Дали сте жртва на мобинг?

- Во работната средина не можете да дојде до збор или постојано ве прекинуваат во говорот
- Ве игнорираат како да не постоите
- Го прекинуваат разговорот во моментот кога влегувате во просторијата
- Ве преместуваат во канцеларии подалеку од останатите колеги
- За се сте дежурен виновник
- Се обезвреднуваат резултатите од вашата работа
- Ви се скратуваат важни информации
- Ве исмејуваат за начинот на кој одите, се облекувате и се однесувате
- Ве исклучуваат од социјалните случувања на работа ( забораваат да ве поканат на прослави, забави)
- Ви измислуваат сексуални интриги

Опции за гледање на коментари


сликата на jordan23
колку точно.. - од jordan23 на 10 март, 2008 - 19:33

колку точно.. [тажен]

forever pang forever yang

сликата на Zelka
не е тоа мобинг. - од Zelka на 11 март, 2008 - 08:11

не е тоа мобинг. тоа е филтрација на послабите:)
it's a dog eat dog world out there.

сликата на Зелен
егзекли -- Linux is - од Зелен на 11 март, 2008 - 10:10

егзекли
--
Linux is free, as long as your time has no value.

сликата на jordan23
тоа е моќта на - од jordan23 на 11 март, 2008 - 22:10

тоа е моќта на просечните

forever pang forever yang

сликата на jordan23
ај добро - од jordan23 на 13 март, 2008 - 20:28

ај добро еее

ЕДИТ:

уствари грешка, во право си. а сега нашево се наоѓа во втората фаза. исфрустрирани дркачи владеат со неписмена маса ***

forever pang forever yang

сликата на aceva
Заштита на (не)работниците - од aceva на 11 март, 2008 - 23:44

Да се прашувам јас, би извршила еден таков физички (не психички, за тоа треба текнувало да имаат) терор врз поедини гниди во мојата „научна институција“, ушите би им ги изгризала. Нашата слатка полу-бирократија-полу-наука е лулка на мрзливи карактери без трошка иницијатива, лимитиран интелектуален капацитет и огромна желба да и’ напакостат на козичката на комшијата.
Мобингов ќе им дое ко кец на дванаес. Сеа ќе бараат 30 поени плус, затоа што се малтретирани да не пишуваат со „оловка“ и да не работат статистика на дигитрон. и затоа што некој ги тера да објавуваат научни тудови на немајчин јазик.
И ништо не им можеш. Заштитени се со Закон за работни односи и Закон за научни дејности - ко мечки.

I'm Winston Wolf, I solve problems.

сликата на Шлајка-спие
Заштита на (не)работниците - од Шлајка-спие на 12 март, 2008 - 00:35

aceva напиша:

...поедини гниди .

Каков опис... сум забраила колку е делотворен [се гази од смеење]

Заштита на (не)работниците - од fLeX на 12 март, 2008 - 08:02

aceva напиша:

Да се прашувам јас, би извршила еден таков физички (не психички, за тоа треба текнувало да имаат) терор врз поедини гниди во мојата „научна институција“, ушите би им ги изгризала. Нашата слатка полу-бирократија-полу-наука е лулка на мрзливи карактери без трошка иницијатива, лимитиран интелектуален капацитет и огромна желба да и’ напакостат на козичката на комшијата.
Мобингов ќе им дое ко кец на дванаес. Сеа ќе бараат 30 поени плус, затоа што се малтретирани да не пишуваат со „оловка“ и да не работат статистика на дигитрон. и затоа што некој ги тера да објавуваат научни тудови на немајчин јазик.
И ништо не им можеш. Заштитени се со Закон за работни односи и Закон за научни дејности - ко мечки.

I'm Winston Wolf, I solve problems.

Драга колку ги има овие ти што ги кажуеш, толку ги има и оние кои го јадат стапот од истите такви. Се зависи од тоа дал се мањина или вечина у кооперација.
Што и да мислиш, исто ти се фаќа:)

сликата на Зелен
мноогу добра - од Зелен на 12 март, 2008 - 10:06

мноогу добра идеја. ја сум за

--
Linux is free, as long as your time has no value.

сликата на PSYCHOpatka
>Ние можеме да - од PSYCHOpatka на 13 март, 2008 - 15:21

>Ние можеме да се повикаме само на нашиот Устав каде што сите сме еднакви, и на универзалната декларација за човекови права.<

Ја се прашувам на што стварно ќе се повикаат при тужба за мобинг дури и кога тој постои во ситуација кога во мк сеуште нема инструменти за тоа. Дискриминација во тужба никогаш не оди сама како таква, туку врз основа на нешто. За што да обвинат?
За дискриминација врз основа на интелигенција ем физичка убавина?!?
:)овие “твоиве жртви” неќе да се од таа категорија изгледа, ама што правиме со тие што стварно се жртви...за гнидиве се знае, ТИЕ со сопствените зацементирани позиции ќе вршат мобинг над (најчесто млади и) способни луѓе.
Абе ко џомби и гуштери у војска му доаѓа некако.

Башка, кого да го обвинат т.е кој е обвинетиот и според кој критериум: “фирмата” како целост што го дозволила тоа, шефот како поединец (вертикално) или групи вработени 3, 5, 10, 20, 30 (хоризонтално), а како ќе ги идентификува кои се тие и врз основа на што – можности за злоупотреба, значи, бескрајни. Треба овие ствари да се разбистрат и тоа бааги, финеси, ти реков-ми рече. Судот не може да суди само и единствено на нечиви чувства. Објективни параметри нешто вака, за покренување и за пресуда? (ја па ко закон да драфтирам:) )

Убаво е што во услови на малограѓанска и општо оговарачка средина се повеќе се појавува свесноста за вакви работи ама без конкретен механизам и средства – ништо, уште поголема фрустрација на способните. Засега за жал, се сведува на иницијативи и проекти на ентузијасти за советување и поддршка. Мх...ама ок и тоа е сепак нешто.

На запад и во најутепаната фирма си има служби за човечки ресурси, најслично е со служба за општи и правни работи кај нас (никако кадровaчко:) ) ама таму не прават само пријавување и одјавување на вработени, евиденција за користење на годишен одмор и сл. Него им даваат информации за семинари и курсеви за професионална надградба според нивните интереси и потенцијали и во вакви случаи - арбитрираат во спорови помеѓу вработени или меѓу вработен и шеф, па дури и за “најтривијални” поплаки и со тоа спречуваат тужба воопшто да се појави. Секој вработен може секогаш и за било што што го мачи да им се пожали и они преземаат мерки кои се задолжителни. И стварно се жалат ако имаат потреба.
Многу е ценета оваа професија и свети-шеф мора да ги послуша, а и стварно ги слуша. Не за друго, логиката е зголемување на профитот што тие вработени го носат и намалување на износот на обештетувањето ако до тужба дојде. Се разбира, ако има гњаважа према некој – тој е помалку продуктивен на работа и не му носи пари на “газдата” па он прв ќе скокне против мобинг. Сеа, дека има можности за шиканирање насекаде – има, да не се правиме будали.

Кај нас...како прво многу е потешко да се најде солидна работа како пријавен: ако си со врски, колегите ќе те знаат кој си и “чив си”, па нема да те масираат него ќе ти се упикуваат, ако си без врски пак, далеку потешко ќе најде човек работа, и тогаш ќе си трае како бубалче и тешко дека од неа ќе се откаже и ќе даде отказ – што? чир, несоница, главоболка? - златна работа си најдов па сега да ја оставам ради глупости, па така мора да биде!

Свесност на сите актери и конкретни механизми за делување треба. И време за нивен развој.

Homo (sui) homini lupus est!

Е добро сега - од PetarK на 14 март, 2008 - 16:25

Е добро сега Психо, да е HR многу ценета професија и баш не е, ама во секој случај е многу повеќе од писарската функција што е кај нас.

сликата на PSYCHOpatka
Е добро сега - од PSYCHOpatka на 14 март, 2008 - 18:07

Еее па ти звонцало едно [се гази од смеење], ја не ја промовирав таа професија, нит ми беше целта да ги идеализирам нив или запад...ај да не се упуштам во примери без потреба за тоа како шеф слуша – забелешката ти е сосема на место, ако така си сфатил, и се слагам да не се преценува, секоја професија си има своја специфична функција и улога. Мислам дека и самата се оградив во доволна мера од тоа што HR можат да направат во вакви и слични случаи со ова: “дека има можности за шиканирање насекаде – има”
Всушност, ја истакнав повеќе широчината на нивните советодавни овластувања во односите помеѓу вработените, наспроти писарските, како значајна предсудска инстанца.

...на иста линија сме де...

Homo (sui) homini lupus est!