Денот на дрвото - празник 12.03.2008

Денот на дрвото не е од помало значење за Македонија од смртта на претседателот на државата или одржувањето на избори. Вака државниот секретар во Министерството за труд и социјална политика Душко Миновски го објасни прогласувањето на 12 –ти март за неработен ден за граѓаните на Република Македонија. “За жал, се случуваат и трагедии, како смртта на Борис Трајковски, и тогаш прогласивме неработен ден, исто е и за избори, така што не гледам причина зошто да не дадеме придонес и за овој ден што е ос исклучително значење”, изјави Миновски.

Според него, прогласувањето слободен ден за граѓаните за еколошка акција, не се коси со Уставот и е резултат на проценката на Владата дека, со оглед на пожарите што летово ги имавме во голем број, е исклучително важно акцијата да биде успешна.Од овие причини, и мнозинството го брани пријавувањето на владата како партнер во иницијативата, што почна како исклучиво граѓанска. “Апсолутно е добро да се даде слободен ден за една ваква акција, бидејќи ние сите сакаме таа да биде успешна”, рече Оливер Шамбевски, ВМРО ДПМНЕ. Опозицијата не го оправдува потегот на владата. “Му порачувам на Груевски да прогласи еден работен ден”, изјави Џевад Адеми од ДУИ. Со акцијата, на 57 локации планирано е за само еден ден да се засадат 2.056.000 садници, колку жители има Македонија. Ќе бидат опфатени и локациите кои беа опожарени минатата година, со ангажман на девет илјади луѓе. Учество ќе земат и амбасадорите на земјите членки на Европската унија во земјва, европретставниот, Ерван Фуере, јавни и други личности од владиниот и невладиниот сектор. Невладините организации кои го иницираа пошумувањето го поздравуваат ваквото, како што велат, масовно учество во акцијата, но велат дека текот на неговото организирање полека добива друга димензија, односно дека граѓанската иницијатива е засенета од владините институции. Владата не сака да открие колку пари ќе чини целата оваа акција која опфаќа подготовка на спотови, рекламен материјал, билборди, превоз. Нема информација и колку пари од буџетот ќе бидат префрлени на сметката на македонски шуми за садниците, ако се знае дека едногодишните листопадни дрвја багрем и чемпрес кои ќе бидат засадени, во приватните фирми чинат од 120 до 250 денари.

Слика на gojko

Прекрасна акција која поединци нем

Тој што му наоѓа маани на оваа акција или е умоболен или си ја штити својата партија. За сума и пари од каде и што никој никаде не прашува во светот зашто ја знаат здраворазумните луѓе тежината на оваа акција. Не еден ден ако треба и три дена нема да работам ако не 2 туку 4 милиони дрвца се садат во акцијата. Тоа во перспектива не само што ја подобрува биоклимата во нашава средина, регион и сл. туку и носи и добар финансиски ефект во наредните децении, т.е. на идните генерации за кои ќе имаат доволно застарени дрва дабови,борови и сл. доволно за извоз. Се си е смислено.
А она косоварчето од ДУИ нека продолжи со пропагандата да не прави мрзливи на што подлегнуваат и дел наши изроди. И нека внимава секој што намерно потпалува оган дека не е исклучено и на лице место да биде убиен за таква работа без разлика кој е и на кого припаѓа. Бидејќи сега ќе пуштат повеќе чувари по шумите.

Агрегирање содржина