Да ги набројам интернет сајтовите за кои имам чуено и некои од нив и користено. Тоа се: Полјубац.урбае.ком., Лове.цом.мк, Дате.ком.мк, Хајбалкан.ком, Хај5.ком, смоква.ком и други.
И нормално секој има право зависи какви пориви има и како се чувствува да си бара од чатување, дружење па до сериозна врска и брак. Забележав една работа која можеби е засега наш менталитет можам да кажам за голема жал. Се работи за тоа кога ќе даваат лицата податоци за себе сретнувам големи нелогичности каде жена бара маж или само пријател, а дава услов т.е. става граница и тоа звучи вака, а во цивилизираниот свет љубовта нема граници кога се работи за годините, а претставувањето е вакво:
“Ја имам 22г. и барам дечко не постар од 26 или 28 г.“ и тоа не кај една девојка туку во проценти изразено баагичко водат. Има исклучоци од ова ама се ретки. Додека во останатиот цивилизиран свет воопшто не гледаат на тоа, зафатени се со бизниси и немаат време па ова им е единствен начин на запознавање. И скоро секој ден си закажуваат по ресторани, сендвичари и други места и не прават многу зафрканции и гревови и ќе ветат дека доаѓаат, а после пу пу си играв. Лично во моето маало познавам голем број врсници и помали од мене кои не можат да дојдат до партнер бидејќи истото ми го потврдиле дека мн. тешко можеш да дојдеш до девојка преку специјализиран сајт. И затоа заглавуваат во лажна надеж со некоја странкинка од друг континет. Е сега да напоменам дека мажот не трпи никакво ограничување во љубовта. Додека веќе никој не гледа на години и други условувања, освен во овој наш регион за жал, секој паметен ќе разбере дека не е до сиромаштија или стандард на еден народ, туку проблемот е бидејќи сите на еден начин од дедовци и прадедовци потекнуваме од село и останала традицијата да се земаат врсници, додека повеќето земји толку напреднале што сега најнормално е 10-20г. да има разлика и тоа во корист на мажот, а жената да биде помлада кога се работи за бракот. Дури ни животот во град на овие наши генерации не може да го промени застареното сваќање каде не само жените туку и мажите го носат подеднакво.
А ви текнува една голема глупост изречена на една полноќна емисија кога еден локален господин што си отворил агенција за запознавање МОНАМИ кажа дека најмногу 10г. требало да биде разликата меѓу маж и жена и тоа било многу.
О што ми е ќеф што дедовците и прадедовците ми биле напредни и тоа под турско каде едниот дедо бил 8 години помал од баба ми, а другиот 14г. постар од баба ми. И тоа си имале вистинска љубов без интерес до крајот на животот.
Последни коментари