Слушам разни типаци овде на баграва ептен бистрат политики. Секој е паметен, секој се знае. А бе земајте тоа мотиката и вратете се на напуштените ниви. Доста беше вадење од типот не сум модерно опремен со модерна техника па затоа не можам. Е па прво се почнува со мотика, па после доаѓа награда за твојата работа и ти пристигнуваат средства за модернизирање во обработката на земјиштето.
Еве прошетајте само низ скопските селски подрачја, од Сопиште па до Долно Соње и понатака, се е напуштено, запустено. Немало вода? Пак вадење за мрзливците. Па ќе направиш бунар и ќе наводнуваш. После бунарот доаѓа водоводот. Секако ако тие што ги поседуваат нивите се вредни луѓе.
Јас лично на едно пусто место со не баш толку плодно земјиште си посадив 50-тина овошки колку што имам простор максимално го искористив. Услови немам никакви(со кофа шетам и ги наводнувам), ама успеав сам лично со своја рака да ги засадам. Сега се пораснати веќе 5-6 година им е и сигурно ми се некаква финансиска помош во годината. Баш си ги искроив и заштитив од зарази за да имаат поголем род пролетта и летото.
Каков кикс само прават оние што само размислуваат да се пикнат во стан, да живеат во град? Леле каква само животна грешка прават! Се запрашал ли некој што ќе му донесе живеењето во град? Еве што ќе му донесе: Чекање работа со години, чекање плата од први до први и тоа едвај 150 евра дали ќе заработиш, никогаш ништо нема да знаеш барем нешто да поправиш, да изработиш, стануваш вистински паразит, не си човек бидејќи си подалеку од природата туку нешто друго, мечтаеш за брза и лесна заработувачка преку ноќ, а со самото тоа ако не ти тогаш твојот син/ќерка ќе стане корумпиран/а бидејќи животот во град е вистинска џунгла каде никогаш нема правда, ќе станеш дустабанлија бидејќи си принуден да одиш на рамно и да си талентиран спортист нема да станеш зашто без да си свесен вшмукан си во правосмукалката да го играш снобовското градско оро, мора ама баш секогаш да бидеш позер, да бидеш под некој стрес да се покажуваш, па се множат луѓе од кои никој нема корист туку само тие си имаат корист за својот џеб. Како пример имаме корист од разни луѓе кои стварно имаат дарба и ни ја полнат душата со позитивна енергија, ама дали имаме корист од кич луѓе. Луѓе што се бават со невкусно разголување на сцена, што се кловнираат по телевизии само ни го земаат времето. Дури не треба ни да не интересира кој е пратеник. Што му даваме толкаво значење? Па дека му даваме затоа манипулираат.
Од каде толкав комплекс каде ретко каде е виден во светот да се криеш дека си од село. Што има во тоа лошо? Да не си назаден случајно? Не позназадни се тие што се растени во четири ѕида само којзнае кога ќе му стане јасно. Всушност кога ќе остарат луѓето тогаш ќе му дојде умот ти џабе ќе му кажуваш на некого што е исправно за човечкото здравје и психа.
Слушам по медиуми и чаршии девојкиве не сакале на село да се вратат, се плашеле да не чуваат секаква живина ќе мирисале, не знам ќе им се смееле. Којзнае дали се информирани луѓево дека постојат хидрофори кои одат длабоко и преку 20 метра и дека тие испумпуваат јак притисок на вода и дека таа вода може да биде поврзана со бања и дека во куќата можеш по желба да си правиш и поголема бања баш како што сакаат нашите градски девојки ама станот ти определува димензии, вака со куќата ти си определуваш колку сакаш да ти биде голема бањата. Леле боже па за се има решение, зарем е мал светот денес? Па ако не сака моја Македонка ќе сака некоја од Украина, Русија, Пустец. Што има тука многу филозофија, чист закон на природата, кој многу се дига, се замислува, живее во светот на бајките секогаш губи.
СВЕСТЕТЕ СЕ ДОДЕКА Е ВРЕМЕ, ФАТЕТЕ ГО ПОСЛЕДНИОТ ВОЗ. ГРАДОТ СО СТАНОВИ Е ЗА СТАРЦИТЕ, КУЌАТА И СЕЛОТО Е ЗА МЛАДИТЕ.
Не е доцна никогаш да го смените својот живот. Доцна е само ако ептен сте се улежале и сте се доближиле до 50-тата. Тогаш ви нема спас. Бидејќи гарант добивате резултат од стилот на живеење, а тоа е: ЛУМБОИШИАЛГИЈА, ДИСКОПАТИЈА, ИНФАРКТ, ВЕНИ, СПОНДИЛОЗА, НЕРВНИ ПОРЕМЕТУВАЊА и други болести.
Која етничка заедница повеќе ги работи нивите таа гарант владее со државата, другите заедници само губат.
Последни коментари