И политичарите се луѓе...
Некои од нив добро се држат со притисокот на функцијата, а некои од нив многу лесно попуштаат. ПОРАДИ ТОА....
...од време на време потребно да се направи корекција на насоките и правците кои ги завзема одредена политика по одредено прашање. Затоа тука е народот да им го осветли те. да им го покаже патот на политичките лидери, кои што истиот треба да го трасираат и во иднина цврсто да газат по него!
Уверен сум дека во нашата држава дојдовме до едно такво време, до една таква раскрсница.
На нашите политички лидери им треба нашата помош... им треба поддршка, но и мало предупредување од сите оние кои ја сакаат оваа држава и го почитуваат својот сој.
Поради тоа... г-динот Миленко Неделковски и г-ѓата Мирка Велиновска планираат голем народен собир пред Владата на РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА кој што треба да се одржи во тек на наредната недела.
Доколку се чувствувате лојални на сопствената држава и доколку сметате дека сте способни да допринесете во борбата за неизменување на сопствениот идентитет и сакате на вашите деца да им обезбедите горда иднина, тогаш приклучете се во организирањето и помогнете им на политичарите да го фатат вистинскиот правец, со што на истите ќе им дадете и предупредување за последиците по нивните политички кариери.
Линкот на кој што можете да се вклучите во дискусијата, да се информирате и да допринесете е следниот:
http://www.milenko.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=595
Емисијата „Еднооки“ веќе се приклучи кон идејата со тоа што последната епизода беше комплетно посветена на последиците од ова прашање, како и со истакнување на горенаведениот линк на излезниот кајрон.
СИТЕ НИЕ СМЕ ПАМЕТНИ...
...НО ОРГАНИЗАЦИЈАТА НА НЕВРЗАНИТЕ ОДАМНА СЕ РАСПАДНА!
ПОКАЖИ ДЕКА ИМАШ СТАВ...
...РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Е И ТВОЈА ДРЖАВА!
Ѓоко Парго.
Последни коментари