100 за 100, 200 за 200....ааааа нема шо

Одаааамна така си се мислам и си викам: Колку е, толку е, шо да праам, пак ќе ги активирам услугите. Погодувате веќе нели, тоа се опциите на Т-Мобиле Македонија 100 за 100 и 200 за 200. Е се ќе беше у ред и ич немаше да сумњам, ако и за овие „услуги„ кои ни ги нудат на нас при пејд корисниците ако после секој разговор вклучен во една од овие услуги, ни доаѓа нормално - известување. Значи со самото тоа што не ти доаѓа сметка по користењето на разговор во оние 200 за 200 остава простор за сомнеж. Ај да не биде исто кај она 100 за 100 за време на викендите, ти доаѓа сметка, ама нон стоп онаа истата што ти останала на сметката откако ти зеле веќе 100 денари за активирањето на таа услуга. Ама пак никаде го нема салдото до кај си стигнал со потрошените 100 за 100 или 200 за 200. Е сеа нормално на сево ова некој од Т-Мобиле може да ме демантира со тоа што ќе каже дека ова се услуги кои само по наше барање се активираат и салдото може да се провери ако се јавиш на оператор(норламно 3 ден/мин).
Кога може да ти пристигнуваат другите сметки и оние другите поранешни варијанти уште колку имаш на основната сметка, па на сметката за СМС, па на дрн дрн сметката..... зошто и сега едноставно не доаѓа такво известување и да сме си на чисто? Меѓутоа најинтересното е следното: Значи опуштено си зборуваш, нели така е во рекламите, си се расприкажуваш и ни не знаеш кога ти завршуваат оние 100 или оние 200 минути и без никакво предупрдување почнува да ти лапа од „основната„ сметка. Па ако си имал некои 134 денари, ти си праиш муабет и по некоја минута наеднаш слушаш познат глас кој вели: „Вашиот разговор ќе биде прекинат, бидејќи немате доволно кредит на вашата сметка„. Хихихихихихи. Значи ај шо сумњаме дека понекогаш ни се чини дека не сме си ги баш искористиле сите 100 минути или оние 200 минути, туку и несвесно сме си го потрошиле останатиот кредит (опуштено во долги релаксирачки разговори, нормално). А и тоа баш ме нервира кога сум при крај со кредитот на сред разговор се прекинува соговорникот и само го слушаш милото гласче кое ти вели дека разговорот ќе биде прекинат. Значи јас за моите последни два-три денари, слушам туѓ глас, а не оној на соговорникот со кој може за таа некоја секунда ќе сум се разбрал. Па наместо милото гласче, може само некое тонско сигналче да не предупрди, а не предавања да ни држи. Ама шо да праам. Него ај едвај чекам да мине уште некој ден па да си ги вклучам повторно тие услуги, оти вака пак уште поскапо ми е некако.

 

Опции за гледање на коментари

Избери го посакуваниот начин за прикажување на коментарите и кликни на „Активирај“ за да ги видиш измените.
Слика на aleksandra85

Циција

Де бе шо си Циција за 100-200 денари...Земи си телефон на претплата...и нема да ти одат 134 ден без да осетиш
кога мудрецот ќе покаже кон месечината будалиот гледа само прст

Слика на cet

И онака не

И онака не треба да зборуваш толку долго на мобилен, зашто ќе ти се испржи и остатокот од тоа малку мозок што го имаш. Освен ако имаш слушалки за мобилниот.

Слика на fLeX

Mоќта на

Mоќта на маркетингот и уште една нејзина жртва:) Сори батка..ама не глеј толку реклами за опуштено шеткање и зборување. Сите џоа пакети и услуги се створени да сркнат уште нешто од твоето џепче. Нема вин-вин ситуација.

Што и да мислиш, исто ти се фаќа:)

Агрегирање содржина