Дојде времето...

...да се слушне и твојот глас!

Не треба да си политички определен, не се работи за тоа...
Не треба да си со предрасуди, не се потребни...
Не треба да те интересира политика, затоа што ова не е политика...

Треба да само да се појавиш, во одбрана на твоето достоинство, во одбрана на твојот идентитет!

Вторник, 19.02.2008 18:00h

Плоштад „Македонија“

Скопје.

Биди дел од собирот!

Цитат:
Во пресрет на обелоденувањето на најновиот предлог околу спорот со името на медијаторот Метју Нимиц во преговорите помеѓу Република Македонија и Република Грција, ние, група на граѓани претставувани преку невладината организација “Младите знаат...”, во вторник организираме мирен протест со кој сакаме да го искажеме нашиот став цврст како граѓани на Република Македонија, дека НЕ прифаќаме промена на уставното име на нашата Република Македонија.

Со таа цел, организираме мирен протест на плоштадот Македонија во Скопје, во вторник од 18:00 до 20:00 часот кој има за цел да ја покаже силната волја на македонските граѓани кога станува збор за неповредливоста и неменливоста на
уставното име на нашата земја.

Македонци, без оглед на вашата вероисповест, народност или политичка определба, време е да се соединиме за да го одбраниме она што ни е свето, на сите нас - идентитетот на нашиот народ, името на нашата земја, Република Македонија.

Дојдете на плоштадот кој го носи името на нашата единствена земја, и покажете дека сте достојни за да се декларирате како државјани на Република Македонија.

Не, не станува збор за желба за минирање на патот кон НАТО и ЕУ на нашата земја во овие тешки времиња. Напротив, со ова сакаме да дадеме поддршка на сите кои сакаат нашата земја да го добие заслуженото место и привилегии кои ги носи членството во овие организации, но никако по цена на менување на нашето уставно име. Никако по цена на рушење на нашиот национален идентитет. Не, не станува збор некаква пропаганда - станува збор за единственото нешто кое живеело илјадници години пред нас, и ќе живее илјадници години после нас - доколку имаме храброст да кажеме дека ИМЕТО на нашата земја било, е и ќе биде МАКЕДОНИЈА.

Не, не станува збор за делото на Александар, Самуил и Гоце - тие си го направија своето - СЕГА, нам ни е редот да покажеме дека знаеме што значи името МАКЕДОНИЈА, а повеќе - дека знаеме колку го сакаме и сме најодлучни и едногласни против секаква промена на истото.

Нема време за калкулирање. За иднината одлучуваме НИЕ, сега и овде. Сите заедно, сите за неа...

И запомни...

Опции за гледање на коментари

Избери го посакуваниот начин за прикажување на коментарите и кликни на „Активирај“ за да ги видиш измените.
Слика на Frejzer

Ние сме и ќе останеме!!!

Ние сме и ќе останеме МАКЕДОНИЈА!!!!
Без разлика како ска да не прекрсти Бившата Отоманска Покраина Елада (БОПЕ)!!!

Слика на Robomarket

Поздрав за

Поздрав за иницијативата. Распрскај го по мајспејс!

Слика на Tapa user

На фејсбук и

На фејсбук и хајфајв веќе е „пато масовно..“ а за за мајспејс...е незнам...немам јас профил таму...кој има, нека пушти абер. Блогерајот веќе е преплавен.

Не би било лошо сите што имате принтери, да испринтате барем по еден лист од плакатов и да го залепите пред влез во зграда или во маало...


_________________________________
Polygonum aviculare

Слика на RULOM

На фејсбук и

Tapa user wrote:
На фејсбук и хајфајв веќе е „пато масовно..“ а за за мајспејс...е незнам...немам јас профил таму...кој има, нека пушти абер. Блогерајот веќе е преплавен.

Не би било лошо сите што имате принтери, да испринтате барем по еден лист од плакатов и да го залепите пред влез во зграда или во маало...

ПОНЕЖЕ ТОВА ИЗГЛЕЖДА КАТО НЕКРОЛОГ ПРЕДЛАГАМ НОВОТО ИМЕ ДА Е МАКЕДОНИЯ,ОБЩИНА БЪЛГАРИЯ
_________________________________
Polygonum aviculare

Слика на cet

А во среда рано

А во среда рано рано наутро, сите пред дрводекор, одиме на шопинг во солун. Ќе видат они каква кичма имаме ние.

Слика на toomuchisnotenough

убава

убава иницијатива, али шо е муабетот со знамето? да не ќе го враќате и него назад? за лавот ич да не праиме муабет...

Слика на Tapa user

убава

toomuchisnotenough wrote:
убава иницијатива, али шо е муабетот со знамето? да не ќе го враќате и него назад? за лавот ич да не праиме муабет...

Мал бриф по историја.

Сонцето - вечниот симбол на Македонците. Обожувано во антиката, како врховен Бог. Дарител на животот на земјата. Сонцето како симбол на Македонците се сретнува секогаш низ вековите во Македонија. Кај Мијаците, кај Македонскиот полк во С. Петерзбург, кај Илинденците.

Лавот
- симбол на храброст и супериорност кај Македонците. Уште од времето кога Филип Втори Македонски ја покорил Атина и нејзините сојузници, подигнал статуа, кај Херонеја...статуа на ЛАВ. Земскиот грб на Македонците, повеќе од 16 века е лав. Духот на Македонците бил поистоветуван баш со лавот.

Значи не е лавот симбол на Никола Груевски, или штотијазнам. Лавот е симбол на Македонија. Како и сонцето од Кутлеш, кое како такво е етнички симбол на Македонците. Истото тоа сонце го веат Македонците во Албанија, Македонците во Бугарија, Македонците во Грција, и Македонците ширум светот.

Земските грбови на Македонија. Гледај, и уживај.

П.С. Малку пропаганден материјал:


_________________________________
Polygonum aviculare

Слика на toomuchisnotenough

убава

Tapa user wrote:
Мал бриф по историја.

ах, таа историја, никад доста од неа...

на секој таков како тебе има бар по десет слично „историско потковани“ грци со кои можете до утре да си се убедувате кој е во право за природата на „вистинските“ македонци. што е промашена тема од самиот почеток.

тие што во раните 90ти истрчаа со симбол што 90 и кусур проценти од населението го видоа за прв пат тогаш, со својата грешка го посрамија цел народ. го мафтаа, го мафтаа и после со опашот меѓу нозе им извинија на грците за глупоста и го заменија со вентилатор.

која е таа шизофренија што ви овозможува од една страна да викате на „мирен“ протест, а од друга страна да се прчите со знаме од кое што сме се откажале пред цел свет? кој разумен учесник во било какви идни преговори ќе те земе за сериозно ако правиш такви глупости?

а за лавот, стаите боље некој птеродактил. ем бил симбол на македонците пред 2 милиони години, ем е пострашен од лавот, па можда ќе им дое умот на грчиштана...

Слика на Tapa user

Кој се откажал??

Кој се откажал?? Ти ако си се откажал, тоа е друга работа. Јас, и милиони Македонци - не.

Башка, никој никаде не се извинувал...

Нејсе, се работи за друго сега, не за тоа што било или не било.
_________________________________
Polygonum aviculare

Слика на toomuchisnotenough

Кој се откажал??

Tapa user wrote:
Кој се откажал?? Ти ако си се откажал, тоа е друга работа. Јас, и милиони Македонци - не.

катаљони, брат, катаљон птеродактили!

Слика на Tapa user

Штета за

Штета за нив.

Останатите малкуцка, утре(денес) на плоштад!
_________________________________
Polygonum aviculare

Слика на Julls

Ме интересира

Ме интересира нешто, дали ти овие податоци на основа на некои студии ги изнесуваш или на основа на патриотизам?
Јас кога студирав една наука едно време, блиска со историјата, ќе речам, многу блиска, еден наш еминентен професор многу логички ни ги објасни сонцето, лавот и другите симболи. Човек од науката, што би рекле некогаш. И не само тој, уште некои други такви истото го потврдија, но секогаш и во зависност на партијата на власт, или партијата зад себе, некои кажуваат нешто што е безмалку небулозно.
Јас не реков дека твоето е небулозно, јас само сакам да знам дали овие податоци ги имаш од извори кои се потврдени како такви, потребни во изучувањето на одредена наука.
Многу ме интересира искрено дали ова ти е веб знаење или знаење по книшки ;)

И така,го сретнав Фикрет и Фикрет ми даде нешто бело и ми рече,на пробај,у пизду материну е добро

Слика на Tapa user

Кај мене барем,

Кај мене барем, секое знаење е знаење од книшки.

А исто така, да ми е жив чичко Сотир од стара чаршија кој има такви книшки што секој љувител на минатото прикажано во реална слика, ќе зајде. Вирее од книшки, раритети.

Симнувам капа. Не на квази знајковци, тук на чичко Сотир.

_________________________________
Polygonum aviculare

Слика на toomuchisnotenough

Кај мене барем,

Tapa user wrote:
Симнувам капа. Не на квази знајковци, тук на чичко Сотир.

тешко на тој народ чии патриоти го црпат знаењето од чичковци со старочаршиски академски квалификации.

немој да кликаш овде. структурите на здружената грчко-албанска ем противммакедонска тајна служба го имаат подметнато линкот за да го дестабилизираат авторитетот на чичко сотир.

Слика на Julls

Кај мене барем,

Tapa user wrote:
Симнувам капа. Не на квази знајковци, тук на чичко Сотир.

Значи зборев за еминентни професори и истражувачи во својата област. А не за квази знајковци. А чичко Сотир, поздрави го. И дедо ми да видиш како го бранел Сремски Фронт, треба земја да му даат овде. Тек знаењето негово? Да не зборам!!!

toomuchisnotenough wrote:
тешко на тој народ чии патриоти го црпат знаењето од чичковци со старочаршиски академски квалификации.

Баш.

И така,го сретнав Фикрет и Фикрет ми даде нешто бело и ми рече,на пробај,у пизду материну е добро

Слика на Tapa user

Фала ќе го

Фала ќе го поздравам чичко Сотир, навистина. Само истиот тој чичко Сотир ќе ти ја остави устата зината од тоа што го знае, наспроти твоите „еминентни“ научници кои тебе, и останатите еретици ве сметаат за КОПИЛИЊА. Народ со корен на ПЛОЧКА.

Ти си тумач, и останатите, вистински МАКЕДОНЦИ, а не јас...Ви признавам од се срце. Којзнае мене од кај ми е коренот, гарант сум на некој бег правнук што не филозофирам многу туку мислам, намислувам и дејствувам.

А Македонците се познати по тоа што ги боли уво за себе, за тоа што го имаат и за тоа што го изгубиле...„Ги боли“ бре за се`!

Затоа што...Македонецот на Македонецот му е Македонец. А тоа е најлошо.

Штета.

И не, не сум јас патриот. Јас сум матриот. Стопати досега погрешно ме протолкува и ме посочи, така да џабе ти е тоа бидејќи не се однесува на мене.

П.С. Со тоа „квази знајковци“ мислев НЕ на твоите еминентни професори...туку на луѓе што солат памет, како...

Цитат:
И дедо ми да видиш како го бранел Сремски Фронт

Мајка барал дедо ти на Сремски фронт.

_________________________________
Polygonum aviculare

Слика на Julls

Ебига бате,

Ебига бате, живеел у тоа време кога се бореле за тоа. Сигурна сум дека и дедо ти бранел некаков фронт, па сеа, ако му се паднал некој убер македонски, скидам капа, бааатооо!
И немој да ми кукумавчиш за патриотизам. Еретици, бре!
Поздрав до чичко Сотир, чудесните книги и твојот патриотизам. Мојот ќе си го чувам „у џеб“, таман си е таму.

И така,го сретнав Фикрет и Фикрет ми даде нешто бело и ми рече,на пробај,у пизду материну е добро

Слика на Tapa user

Додека дедо ти

Додека дедо ти ратувал таму каде што отпосле дознал дека ратува таму, мојот тупнале на Голи оток. Па јебига...„такво било времето“...

Туку јеби ти тоа. Дај некоја неМакедонска, непатриотска тема. И така е досадно за тоа нели да се зборува. Кој му курац. Бааатооо!
_________________________________
Polygonum aviculare

Слика на Julls

Еве бе, ионака

Еве бе, ионака сакаш да се докажуваш како голем патриот, па пљувај(ц.Флекс) по нас еретиците. Ја ионака ти реков у џеб си носам патриотизам. Мене ми е забавно, не знам тебе зошто не ти е. Јас не те есапам за дворски шут, туку за озбилен муабетџија на багра, за разлика од некои тука што се муваат кои се тамам дворски шутои.
Побашка, со милион и еден собир и протест ништо нема да напраите. Ова, колку да знаеш. Од што многу има патриоти, затоа. Ние непатриотите ќе си глеаме чергите.
Ај сеа брате, ијам ја попаметна работа овде. Замисли, за македонците е. И за беспари. Од патриотизам и ренесанса.

И така,го сретнав Фикрет и Фикрет ми даде нешто бело и ми рече,на пробај,у пизду материну е добро

Слика на Tapa user

Епеш му малтер

Епеш му малтер Џулс. Не сум јас до толку матриот. Башка баграва не е место каде што се покажуваат перјата. Така си е. Келеш ко мене е колатералка.

А протести...епа незнам...уствари знам, ама не сакам да си признаам. Романтичар. Јебига.

А Косово си стана република...кои се тие лудаци човече, додека ние се ебаваме со едно име уште.
_________________________________
Polygonum aviculare

Слика на excellent

Додека дедо ти

Tapa user wrote:
Додека дедо ти ратувал таму каде што отпосле дознал дека ратува таму, мојот тупнале на Голи оток. Па јебига...„такво било времето“...

Туку јеби ти тоа. Дај некоја неМакедонска, непатриотска тема. И така е досадно за тоа нели да се зборува. Кој му курац. Бааатооо!

Дедо ми бил на страната која ја изгубила војната. И да не бил кукавица каква што испаднал, најверојатно ќе ги оставел коските таму некаде во Австрија, кај еден град што се вика Блајбург.

Дали ова мене по дифолт не ми дозволува да ја сакам Македонија на начин различен од на оние кои протестираа (чуј, протестираа! си ебало матер!) пред некој ден? Затоа што мојата љубов кон Македонија ми кажува дека БИЛО ШТО Е ПОДОБРО од затворањето во своето трло. И со секој ден сум се’ повеќе убеден дека vast majority од оние кои како папагали повторуваат ’ништо освен Република Македонија’ уствари никогаш и не излегле од овие дваеспетилјади квадратни километри. И за нив светот завршува кај Табановце и Гевгелија (еве ќе се исправам: кај Солун).

И иако избегнувам разговори поврзани со политика, тука и сега ќе кажам дека ако Груевски го стави на гласање името Демократска Република Македонија, од моето семејство ќе има сигурни 7 гласа ’за’. Од тесноградо-себични интереси на тоа исто семејство, кои можат да се сумираат во пет збора: утре да ни биде подобро.

--------
So, I’ve decided to take my work back underground.
To stop it falling into the wrong hands.

Слика на Tapa user

Твоја работа.

Твоја работа. :)
_________________________________
Polygonum aviculare

Слика на MISEacdc

Дојде времето...

И јас ја подржувам оваа иницијатива.
Мала замерка за знаменцево малце е про нацистички определено или да не речам BMPOвски.
П.С Живео друг ТИТО.

Слика на RULOM

Дојде времето...

MISEacdc wrote:
И јас ја подржувам оваа иницијатива.
Мала замерка за знаменцево малце е про нацистички определено или да не речам BMPOвски.
П.С Живео друг ТИТО.

Живео,че ви ранеше без пари, а сега че ми едете ....ХУЯЯЯЯЯЯЯ

Слика на Robomarket

Дојде времето...

MISEacdc wrote:
И јас ја подржувам оваа иницијатива.
Мала замерка за знаменцево малце е про нацистички определено или да не речам BMPOвски.
П.С Живео друг ТИТО.

ПС: Живео трет Тито. Ти живееш во минато време, така да, умри. Што чекаш? Мифко!

Слика на Zelka

абе остај го.

абе остај го. глеаш сите почнуваме бугарски да збориме поради неговите напори.
софија до токијо!

Слика на cet

Приштина до

Приштина до лондон! И отаде!

Слика на Zelka

само ќе

само ќе измрзнете...

Слика на Сељачиште

Цитат: организ

Цитат:
организираме мирен протест

Нели мирен ќе беше?

Слика на Julls

Не беше мирен?

Не беше мирен? Ме интересира..

И така,го сретнав Фикрет и Фикрет ми даде нешто бело и ми рече,на пробај,у пизду материну е добро

Слика на Tapa user

„Комитите“ ја

„Комитите“ ја усраа работата...Не требаше да јадат ќотек ни педеракис новинарите, ниту да се оди пред амбасада...ама на лути глави доволно е само да речеш „ај“ и тоа ти е...едвај ги повративме...
_________________________________
Polygonum aviculare

Слика на aceva

„Комитите“ ја

Tapa user wrote:
„Комитите“ ја усраа работата...Не требаше да јадат ќотек ни педеракис новинарите, ниту да се оди пред амбасада...ама на лути глави доволно е само да речеш „ај“ и тоа ти е...едвај ги повративме...

Тапа, знаеш шах да играш? Тешко беше да се предвиди дека ќе се случат испади од овој тип? Поготово кај копиљаана од 14-15 години? Не знам колку ова ќе и’ помогне на Владата на Република Македонија. На грчката, сигурно и’ помогна.

I'm Winston Wolf, I solve problems.

Слика на toomuchisnotenough

„Комитите“ ја

Tapa user wrote:
„Комитите“ ја усраа работата...Не требаше да јадат ќотек ни педеракис новинарите, ниту да се оди пред амбасада...ама на лути глави доволно е само да речеш „ај“ и тоа ти е...едвај ги повративме...

ја усраа работата наивчините како тебе. ти пишав горе дека нема мирен протест под тоа знаме. со такви патриоти како вас, кому му требаат државни непријатели?

Слика на Tapa user

Дами и

Дами и господо,

Прво, тоа знаме е мојот идентитет.
Второ, има некои барем што се обидуваат да го кренат националниот идентитет од геризот во кој е заглавен
Трето, толкава маса, секако дека неможе да е контролирана од 5 души меѓу кои една жена, и еден лепотан кој не се тргна од пред камери.
Четврто, во целиот ненадеен оган, двајца успеавме да ги вратиме напаленковците назад на плоштад. Повторувам, двајца.
Петто, никој не работи под ничии инструкции за да знае кој што и како му работи позади грб.
Шесто, протестот беше нагласено дека ќе биде мирен, и најавен на плоштадот, не пред амбасадата.
Седмо, јебеш седмо.

А коцка може?

Се или ништо.

Ако сакав СЕ, одамна ќе одлетав од тука во неповрат.
Ама не сакам многу...си го сакам само неповредено моето достоинство.

Со такви патриоти како нас?!

Па мене искрено, што и да порекнувам и да осудувам, ДУШАТА МИ СЕ ИСПОЛНИ. И малку беше.

Да темпирам време? Да се стегам што и кога да направам?

Наивен?

Наивен сум. Имам доблест и си признавам.

Барем не се залажувам дека сум квазиитрец кој е најпаметен...само кога е затворен меѓу четири ѕида.

Се виде колку ВИЕ ја сакате својата земја...Едвај 1500 луѓе.

Дали е оваа бројка непријателот на Македонија или ОСТАНАТАТА КОЈА КУР НЕ ЈА БОЛИ!?

И кажав еднаш. Денот кога мојата држава ќе се дрзне да го смени името кое го носи, јас официјално се пишувам Марсовец. И нема да го зборувам овој јазик. Знам други три, тие ќе ми вршат работа.
_________________________________
Polygonum aviculare

Слика на Robomarket

Тие 1500 души

Тие 1500 души колку што ја сакаат толку и одмогнаа на државата, особено со “обединета македонија“ 100 на 100 метри квадратни. Грците ја основаат целата расправа баш на тоа дека Македонија има територијални претензии кон веќе постоечка(к.м, од девеес и некоја) покраина што го носи истото име. Протест е пипава работа и без претходно пресметување на сите можни сценарија ич не почињај.

Слика на Tapa user

Каква

Каква смешка.

Територијални претензии... Ха-ха.

Тоа не е територијална претензија. Тоа е Македонија. Нешто од што 51% украде грција.
_________________________________
Polygonum aviculare

Слика на Zelka

брат извини ама

брат извини ама и грците имаат причина зошто да се плашат.

Цитат:
Тоа не е територијална претензија. Тоа е Македонија. Нешто од што 51% украде грција.

е од тоа се плашат грците. од самото тоа што имаме ние помисла на тоа. тие не угнетуваат толку многу бидејќи не пијат нафта и знаат во минатото што се случило.
тебе смешно ти изгледа дека имаме територијални претензии?
епа ете така си мислеа и србите, ете го косово. ги чеша и грците. како прво не сакаат на егејците да им го вратат национализираниот имот а можат законски да го сторат тоа ако поседуваат грчки пасош.
убаво што не гледаше цел свет како мајмуни кои фрламе камења на амбасадата. исти клише ко од север.
и убаво ти викаат, со тоа знаме и тој лав добро е што со толку малце бељи пројдовте.
п.с. се шушка дека владата стои позади вас.
и не пцуј новинари.

Слика на Tapa user

Џабе се

Џабе се шушка.

Новинарска горчлива патка.

Да стоеше владата позади нешто, немаше така мизерно да помине целата организација. Ќе имаше пари и за автобуси од други градови да доаѓаат. Ќе имаше мноогу повеќе работи.

Сполај му на едно дете дијаспорче кое прати пари со кое се покри какво-таквото озвучување.

А со грците е баш тој проблемот, не е историски. Им е гајле на властите за историја. Ги боли тоа што имаат милијарди за враќање, милијарди, или целиот леб и индусттрија од кои опстојува таа грција.
_________________________________
Polygonum aviculare

Слика на Zelka

значи не ги

значи не ги подценувај моите информации и јас лично не сум новинар.

Слика на Robomarket

Кога кај нас

Кога кај нас имало политичка култура, еден корен слој на основано демократско општество, за да бидеме барем еднаш очевидци на пристоен протест? Свртете на Еуроњуз и гледајте како протестираат луѓето низ Еу. Секогаш наоѓаат начин како да ги искажат негодувањата против некој агент, тоа секогаш се прави прецизно, јасно и гласно. Со еден збор, протестите се интелигентни и секогаш постои разлика помеѓу мирен протест и планирани конфронтации со полиција.

Уште автобуси од повеќе градови фалеа да се насобере шлајмот од градските периферии. Ќе ти дојде некој со горна тренерка бутната во долна и ајде МАКЕДОНИЈА МАКЕДОНИЈА а не знзаат ни И од историја, а недај боже да ги прашаш што ги прави македонците македонци од пред 2000 години па навака. Во земјата фалат такви добро потковани луѓе што знаат да ти ја претстават татковината пристојно и достојно без да те посрамат.

Ако било кога се планира друг протест не заборавајте на овие клучни детали:

-Професионално испечатени транспаренти
-Пренесување на клучните пораки: Букурешт 1913, деца бегалци, човекови права
-Претставување на традиционалното преку облека и предмети
-Интернетот постои не само за препукување. Има десетици професионални и академски потковани веб страни во врска со Македонското Прашање. Образовајте се.
-Организација. Не се штеди пари за памфлети кои треба да бидат раздадени додека се “загрева“ масата. Треба да бидат назначени причините на протестот и како НЕ треба да се протестира. Активисти од организацијата треба да бидат наместени на секоја стратешка точка од планираниот терен, за во случај масата да се мобилизира, доаѓа навремена интервенција, т.е смирување на страстите.

протестот треба да биде интересен за некој да се заинтересира да го проследи. Не се постигнува ништо со каменување коли и бесцелно урлање. Ниеден странски дипломат или невладина организација нема да испратат пораки до своите штабови: Македонците ги покренаа прашањата околу човекови права.

И на крај на краевите, да не го бараме тоа што не е реално. Нека знае секој кои се стварните работи што можеме да ги добиеме. Територија НЕМА да добиеме во ниеден случај, освен ако мајка природа не им се наљути на грците што биле безгрижни и отворени хомосексуалци и педофили па да продолжи да ги опожарува и да ги поплавува во следните 20 години. Тогаш ќе бегаат они во Македонија затоа што малите островчиња покрај кои поминуваат стотици пловни хотели ќе бидат синонимни со Атлантида.
Ние треба да бараме од грците почит за македонскиот народ, почитување на човекови права, да го обзнанат фактот дека протерале улјадници фамилии и убиле стотици. Наша работа е со знаење, упорност и самосвест да ги убедиме дека не можат да го присвојуваат Александар и неговиот народ од времето, дека не се стремиме за Егејска Македонија, дека они се дојденци на земја што некогаш била наша...ама не им се љутиме за тоа и не сакаме да бидеме непријатели.

Слика на Tapa user

Прекрасно

Прекрасно напишано. Ама не заборавај, протестот беше организиран со песимизам дека ќе се појават едвај 500 луѓе. за жал. Истиот беше организиран за три дена. Чудо. Финансија беше сопствениот џеб, а тој понуди заеднички...повеќе од 120 а помаку од 150 Е. Па сега ти види дали сето ова може да оствари замисла како твојата.

Сепак прекрасно.
_________________________________
Polygonum aviculare

Слика на Julls

Не се

Не се согласувам дека низ ЕУ се мирни протестите и интелегентни. Сети се на Франција, а од пред некој ден и Данска.
Бтњ, кога сме кај протести...овде е страшно! Овие се такви, какви што опиша, со желба да се крши и вандализира!

И така,го сретнав Фикрет и Фикрет ми даде нешто бело и ми рече,на пробај,у пизду материну е добро

Слика на toomuchisnotenough

робо веројатно

робо веројатно мислеше на „етничките“ европејци. :)

Слика на toomuchisnotenough

Дами и

Tapa user wrote:
Наивен?

Наивен сум. Имам доблест и си признавам.

исто кој тој дечкото од „ножот“ што го спичка ѓорче петров (или кој веќе беше) мислејќи дека и помага на македонија. прашај го чичко сотир за тоа.

не се сомневам во твоите добри намери, но малку критичко размислување не ќе ти дојде лошо. што бидна со милионите македонци што не се откажале од знамето? зошто не се појавија на плоштад? дека не ја сакаат македонија? или затоа што знаат дека со наложени копиљаци и комити не се садат тикви?

Слика на Tapa user

Де бе тумач...ко

Де бе тумач...ко божем незнаеш дека тие милиони Македонци, ги нема во Македонија, туку во Белосвета се разотидени...Што подалеку од Македонија, тоа поубаво :)

Само наивен не значи и глуп. Дедо ми бил глуп, јас...ќе видиме.

_________________________________
Polygonum aviculare

Слика на toomuchisnotenough

Де бе тумач...ко

не бе друже, не си глуп. да мислев дека си ќе ти кажеф. само ти советувам да мислиш малку и со своја глава, а не само со главите на две генерации пред тебе.

а со своја глава се мисли на тој начин што ќе ги земеш работите во кои што најмногу веруваш, во кои што немаш никаков сомнеж и ќе ги подложиш на исто толку строги критериуми за вистина како што тоа го правиш со работите кои што ги слушаш од луѓе на кои што најмалку им веруваш.

тоа се вика критичка рефлексија и е основното средство со кое што возрасните луѓе го продолжуваат својот раст и развој. под претпоставка дека им е гајле за тоа.

Слика на Tapa user

Ова го крадам

Ова го крадам како совет. Нема љутиш ;)
_________________________________
Polygonum aviculare

Слика на toomuchisnotenough

драго ми е.

драго ми е. немав ни намера да навредам. :)

Слика на zlochko

Лош тајминг луѓе...

Тапа Јусер... не сакам да спорам со тебе, ама тајмингов на протестот и во што тој се претвори не можеше да биде полош. Јас не отидов. Не затоа што сум кукавица, нуту затоа што не сум патриот, ниту затоа што не си ја сакам државата.
Не отидов затоа што претпоставував дека ќе се случи тоа што се случи...

Дај си, дај ми и дај ни одговор на следниве прашања:
- Која е таа организација Младите Знаат ?
- Кога е основана ?
- Која и е основната дејност ?
- Какво и е портфолието... во кои проекти до сега учествувала ?
- Зошто не можам да ја најдам во регистарот на НВО www.mango.org.mk ?
- Која им е web страницата ?

Дека стои некоја политичка партија во позадина, лично сум сигурен во тоа, особено кога ќе го земам тајмингот на протестот, учесниците и во што истиот се претвори. Тебе можеби душата ти е полна, ама факт е дека сите вие 1000 или 1500 млади луѓе се попаливте ко млади мајмуни и на државата и направивте многу повеќе штета отколку добро со вчерашната егзибиција.
Не ме сваќај погрешно сеа.. не сакам ни да ве навредам, ниту да провоцирам кавга. Едноставно тоа е мојот став од пред да се одржи „мирниот“ протест и дефинитивно зацврстен од кога го разбрав финалето.

Слика на Tapa user

НВОрганизација

НВОрганизацијата врска нема со организаторите на протестот.
_________________________________
Polygonum aviculare

Агрегирање содржина