Дојде времето...
...да се слушне и твојот глас!
Не треба да си политички определен, не се работи за тоа...
Не треба да си со предрасуди, не се потребни...
Не треба да те интересира политика, затоа што ова не е политика...
Треба да само да се појавиш, во одбрана на твоето достоинство, во одбрана на твојот идентитет!
Вторник, 19.02.2008 18:00h
Плоштад „Македонија“
Скопје.
Биди дел од собирот!
Во пресрет на обелоденувањето на најновиот предлог околу спорот со името на медијаторот Метју Нимиц во преговорите помеѓу Република Македонија и Република Грција, ние, група на граѓани претставувани преку невладината организација “Младите знаат...”, во вторник организираме мирен протест со кој сакаме да го искажеме нашиот став цврст како граѓани на Република Македонија, дека НЕ прифаќаме промена на уставното име на нашата Република Македонија.Со таа цел, организираме мирен протест на плоштадот Македонија во Скопје, во вторник од 18:00 до 20:00 часот кој има за цел да ја покаже силната волја на македонските граѓани кога станува збор за неповредливоста и неменливоста на
уставното име на нашата земја.Македонци, без оглед на вашата вероисповест, народност или политичка определба, време е да се соединиме за да го одбраниме она што ни е свето, на сите нас - идентитетот на нашиот народ, името на нашата земја, Република Македонија.
Дојдете на плоштадот кој го носи името на нашата единствена земја, и покажете дека сте достојни за да се декларирате како државјани на Република Македонија.
Не, не станува збор за желба за минирање на патот кон НАТО и ЕУ на нашата земја во овие тешки времиња. Напротив, со ова сакаме да дадеме поддршка на сите кои сакаат нашата земја да го добие заслуженото место и привилегии кои ги носи членството во овие организации, но никако по цена на менување на нашето уставно име. Никако по цена на рушење на нашиот национален идентитет. Не, не станува збор некаква пропаганда - станува збор за единственото нешто кое живеело илјадници години пред нас, и ќе живее илјадници години после нас - доколку имаме храброст да кажеме дека ИМЕТО на нашата земја било, е и ќе биде МАКЕДОНИЈА.
Не, не станува збор за делото на Александар, Самуил и Гоце - тие си го направија своето - СЕГА, нам ни е редот да покажеме дека знаеме што значи името МАКЕДОНИЈА, а повеќе - дека знаеме колку го сакаме и сме најодлучни и едногласни против секаква промена на истото.
Нема време за калкулирање. За иднината одлучуваме НИЕ, сега и овде. Сите заедно, сите за неа...

- Додај нов коментар
- 14533 читања

На фејсбук и