Силуваното девојчето облеано во крв и во несвест било однесено во болницата во Охрид, а несовесната мајка им кажала на лекарите дека се повредило од гранка додека вршело нужда
Осумгодишно девојче за влакно било спасено од искрвавување и сигурна смрт откако врз неа се изживувал и ја силувал таксист од Битола, во петокот, во близина на Охрид. Според полицијата, мајката Надира Саид (31) од Скопје за пари му ја понудила сопствената ќерка на осомничениот таксист Бејхан Ибраимов (31). Грозоморниот чин се случувал пред очите на сестрата близначка на девојчето, нивното шестгодишното братче, мајката, очувот Музафер Демировски (37) од Прилеп и битолчанецот Орхан Ибраимов (27) роднина на таксистот. По сексуалниот чин злоупотребуваното девојче обилно крвавело, по што силувачите, не знаејќи што да прават за да ја запрат крвта, и' туркале алишта меѓу нозете. Девојчето облеано во крв и во несвест било однесено во Општата болница во Охрид. Родителите им кажале на лекарите дека девојчето се повредило од гранка додека вршело нужда.
Лекарите, згрозени од тоа што го виделе, веднаш го оперирале девојчето и ја известиле полицијата. По хируршката интервенција и неколкудневната нега девојчето закрепнало и вчера било пуштено од болницата во Охрид. - Врз неа извршивме хируршка интервенција и раната е сошиена. Утрово во добра здравствена состојба ја отпуштивме од болницата - изјави доктор Охридија Филева, гинеколог во Општата болница во Охрид. Вчера девојчето било однесено во Домот за деца без родители „11 Октомври“ во Скопје. Таму ја чекале нејзината сестра близначка и братчето.
- Кога разговарав со неа таа беше во шок, се' уште не знаејќи што и' се случило. Добро закрепна и сега е во домот во Скопје, каде што се сместени нејзините сестричка и братче - изјави Јованка Арнаудова, социјален работник во охридската болница. Според МВР, ова е првпат по измените на Кривичниот законик да биде поднесена кривична пријава против четири лица за учество во сексуална злоупотреба на осумгодишно девојче. Охридската полиција, заедно со Одделот за организиран криминал од битолската полиција, веднаш започнале потрага по несовесните родители и по силувачот. Во понеделникот полицијата ги уапсила Музафер Демировски, Надира Саид, Бејхан Ибраимов и Орхан Ибаримов, по што им бил одреден 48-часовен притвор како рок за подготвување на кривичната пријава. Во средата била поднесена кривична пријава за трговија со малолетно лице, по што истражен судија им одредил 30-дневен притвор. Според полицијата, гинеколошките наоди кај сестричката на злоупотребуваното девојче покажале дека и таа имала сексуални односи. Бидејќи немала повреди по телото, истрагата треба да утврди кога девојчето било силувано, кој е сторителот и дали мајката и' неа ја продавала за пари. Според полицијата, постојат индиции дека сексуално било искористивано и нивното братче. Истрагата досега утврдила дека Ибраимов и Орхан на 8 февруари со такси-автомобил „форд ескорт“ со штипски регистарски таблички пристигнале во Скопје и ги зеле Демировски, неговата вонбрачна сопруга Надира и нејзините три малолетни деца, по што тргнале во месноста Буково кај Охрид за да собираат старо железо.
Во близина на Буково таксистот го запрел возилото, по што од автомобилот излегле Демировски, Ибраимов, Орхан, мајката и едно од девојчињата. Потоа Демировски, Бејхан и Орхан го однеле девојчето недалеку од автомобилот, по што Бејхан го соблекол и го силувал. За тоа време мајката останала до возилото заедно со другите две деца, кои биле внатре. По грозоморниот чин, сите заедно го продолжиле патот. По извесно време злоупотребеното девојче почнало обилно да крвави, но кога не успеале да го спречат крвавењето, го однеле во болницата во Охрид.
ДАЛИ НЕКОЈ ИМА ПИШТОЛ И ТРИ КУРШУМИ ДА ГИ УБИЈАМ ОВИЕ КРЕТЕНИ!!!