Сакате да ја знаете смислата на животот. Анкета која бара одговор на прашање старо повеќе од дваесет века. Предноста е во тоа што секој си ја наоѓа својата. Единката ја решава смислата на своето постоење. Во текот на својот живот сум бил газен безброј пати...
...поради ставови за состојба на љубов и мир. Ја откриваш својата душа, својот идол пред банда на грабливци, пирати. Атеисти пред златните правила господови. Ја отвораш својата слабост пред битија од камен. Не учеа да веруваме во давањето, ништо не беше возвратено. Чекав на племенитиот востаник да ме крене на нозе. Клечев пред столбовите на снобоста, јадеж на една неосвоена свест. Сакав каде што немаше љубов. Дали се залудно потрошени овие години? Дали моите сништа се исполнети или недостижни? Вербата е ставена на тест. Тест кој го решава своето постоење. Повторно ја споделувам болката со луѓе, странци. Бев во виорот на војната кога се ронеа мајчини солзи, наши. Се борев за тоа во што верував. Само за неа, ништо друго не беше важно. Три години го сменија курсот од залутаната смрт. Не наоѓав пат низ трњето што секој човек на својот пат го има. Празнината ја беше затемнила мојата пештера додека не се појави таа. Чекав долго време сонцето да ме осветли. Никна во тишината на ноќта. Заспа во моето срце со љубов покриена. СТОЕВ ГОРДО ПРЕД РАЗБЕСНЕТИОТ ОКЕАН -ТАА БЕШЕ ПОЗАДИ МЕНЕ. Ехо на извикани желби. Идила на една личност. ЈА САКАМ ПРЕМНОГУ, И ГО ЧЕСТИТАМ РОДЕНДЕНОТ. (...)
Последни коментари