4 декември, 2008 - 02:23
[веб кирилица]

Kосово од недела натака...

од Zelka на 13 фев 2008 - 20:08

Како што знаеме србската покраина Косово во недела ќе прогласи независност.
прашањето е што по 17/02?
веќе има по 5 новински странски агенции на метар квадратен. нема слободен кревет во било кој хотел во имената покраина.
Енглезите прогнозираат дека Косово ќе си остане стабилно, но реонот околу ќе сака да се припои.
Србите нагласуваат дека ќе им гасат струја, вода итн. додека во Сремска Митровица србите ќе си прогласат нивна српска независност со нивни парламент.
Фактот дека северните соседи не сакаат да ја дадат така лесно, иако немаат некаква си подршка сем русите, кој не се нешто активни на таа тема, додека целата друга меѓународна сцена ги брани косоварите и им дава отворени раце.
Што ќе биде како ќе биде не се знае. само знам дека сите сме на работа во недела (ние по весници што работиме) и сме на готовс.
што од понеделник?

сликата на gojko

Само повелете известувајте,а мене воопшто нема да ми е гајле што ќе се случува, само за своите да си се грижам, за бизнисот и што ќе биде од понеделник? Пропаст, апокалипса лелелелеле!
Масло? Шеќер? Видео игри? и да си се забарикадирам во Гулабарникот мој? А уште ќе додадам и еден пиштол да се набави за во случај ако некој се изнервира што изгубил на плејстејшн да се упуца одма без размислување.
Од сега натаму будалиот нека купува весници и нека гледа Вести - прозорецот и пиштолот да му се во близина.