Одлично е чувството кога се објавува вест како оваа. Среќни сме што можеме да ве поканиме на едно необично патување низ вселената. Концерт кој ќе изобилува со post rock kraut бука, буриња, апарати, аналогни синтисајзери и delay-и.

Во Скопје ќе настапи одличниот белградски музички состав Zemlja broj 9 со домашна поддршка од кумановските генијалци White Noise in a White Room. Комбинација на два исклучително оригинални бендови за ваше вистинско уживање, пријатели на добрата музика. Концертот ќе се случи на 23.02.2008 (сабота) во клубот Кастро. Почетокот е закажан за 21 часот, а цената на влезницата изнесува 150 денари.
Zemlja broj 9започнува да функционира кон крајот на 2003 година, по распадот на post rock бендот Fonograf. Двајцата гитаристи на Fonograf, во текот на летото 2003 го напуштаат Белград, а останатите двајца, тапанарот Милан и басистот Срѓан ќе го создадат јадрото на идната Zemlja broj 9. Подоцна им се приклучуваат и Гага на синтисајзер и Зара на гитара со што се формира првата и оригинална постава на бендот. За ова име се одлучуваат водени од интересирањето за SF културата, како и за контракултурните движења во дваесетиот век. Бендот достигнува минималистички и амбиентален стил, кој со текот на времето станува побрз и подинамичен, склон на хармониски, ритмички и аранжмански експерименти.

Во следниот период групата работи на создавање песни и одржува концерти. Заминуваат на мини турнеја со загрепската група Tena Novak, свират во Зрењанин, Нови Сад, Загреб.. Потоа следуваат низа промени на членовите, но и заеднички концерт со Damo Suzuki. Конечно, во септември 2006 година, Zemlja broj 9 ја комплетира својата денешна постава. Во втората половина на истата година го завршуваат материјалот кој ќе се најде на албумот Polja oscilatora, свират во клубот Akademija, на бродот Povetarac, а кон крајот на декември настапуваат и во Загреб во сквотираната внатрешност на мостот заедно со Seven That Spells. Благодарејќи на Nikša од Tena Novak и неговото новоосновано студио Kramasonik, конечно го снимаат материјалот. Албумот Polja oscilatora го добива и првиот издавач, а тоа е Zdenko Franjić со својата куќа Slušaj Najglasnije. Денеска на звукот на Zemlja broj 9 најмногу влијаат групите Spacemen 3, The Fall, Suicide, Spectrum, Stereolab како и многу други post rock, kraut и new wave бендови.
Zemlja broj 9 @ myspace.com
Рецензија на албумот Polja oscilatora

White Noise in a White Room го одржуваат континуитетот на кумановските бендови кои и ден денеска се препознатливи и специфични по својата оригиналност и пристап кон музиката брендирани како кумановска рок сцена. Карактеристични по својата експерименталност, бука, истражувачки и прогресивен дух - Влатко Христов (бас), Никола Радуловиќ (гитара), Трајче Николовски (тапани), Оливер Митевски (хармоника), Горан Поповски (перкусии) тематски се задржуваат на германскиот kraut rock од 70-те проследен со industrial перкусионистички звуци. Од нивното формирање до денес бележат голем број на настапи, главно во нашата држава. Ја делеа сцената со Damo Suzuki во Мала Станица. За нас, најдрага е нивната одлична свирка на прославата на нашиот прв роденден, на фестивалот Plagijat turns 1. Настапот во Кастро ќе го искористат за промоција на новиот материјал кој го има во изобилство.
Концертот на Ласт.фм
---> Next by Plagij.at: Бор фест (14. и 15.03.2008 @ клуб Кастро)
Последни коментари