3 декември, 2008 - 21:37
[веб кирилица]

Македонецот што побрзо да се спаси од изумирање!

од gojko на 11 фев 2008 - 20:14

Мора без многу размислување да му се приклучиме на професорот Славе Ристовски во неговата иницијатива и што формирал такво здружение.Ова е голема работа и секој што е патриот треба да се приклучи. Нека не се грижат другите заедници ама ние мораме да опстанеме и да не има, а вака засега не оди и крајно време е да се преземе нешто и на дело.Ако е потребно ќе организираме средби различни возрасти од двата пола што се осамени да се сретнат на некое летување во Охрид или некој ски-центар и каде има машко таму и девојка ќе местиме дали во просторија или кај што е жичарата(ова важи и за учесниците во проектот), сето тоа ќе биде уз игра, но со цел да се зближат и научат да дружат повеќе, а вака оваа цивилизација во трка за пари не оттуѓува.
А бе се повеќе самци има, ако ги гледаш со друштва и партнер се е тоа глума.
Обрнете внимание на преземениот текст.

Според последните податоци, на една жена имаме1,5 родено дете,а критичната граница е 2,1, што значи дека популацијата во целина е во опасност, вели професорот Ристески

Ако продолжи сегашната стапка на наталитет, веќе до 2050 година ќе биде доведена во прашање натамошната егзистениција на македонската популација, предупредува Славе Ристески, професор на Економскиот факултет во Скопје и претседател на невладиното здружение „Семејство и општество“. Според него, државата во целина се наоѓа во опасна демографска зона, па затоа на Македонија и' се неопходни итни мерки на популациска политика. Таа треба да биде единствена, но во исто време и диференцирана за да се санираат демографските црни дупки во одделни региони на државата. - Популациската политика мора со себе да носи одредени хумани пораки и да видиме што треба да се преземе во регионите што имаат ниска стапка на наталитет и не можат да имаат обновување на популациите - истакнува Ристески.

Тој објаснува дека популациската политика не смее да биде политички или национално обоена. Треба само да се спроведат во светот веќе познатите мерки со кои се подобрува наталитетот - економски, социјални, здравствени, образовни. Особена предност им се дава на даночниот систем, продолжување на породилното боледување или помагање на родителите до и за време на школувањето на третото и на секое дете по него.

- Македонија во целина е во критична фаза и во опасна демографска стапица. Според последните податоци, на една жена имаме 1,5 родено дете, а критичната граница е 2,1. Тоа значи дека популацијата во целина е во опасност - вели Ристески.Со првиот попис уште како дел од некогашната југословенска заедница, во Македонија бил регистриран наталитет од 48 промили. Со последниот попис тој е симнат на 13,8, а најновите процени велат дека тој е сведен на 12 промили. Со ова, Македонија спаѓа во земји со низок наталитет. Во Европа или на Балканот, само Косово и Албанија спаѓаат во групата на среднонаталитетни.

- Кај нас имаме хетерогена демографска слика зашто егзистираат два модела на репродукција на населението. Од една страна македонската, српската и влашката популација не обезбедуваат ни проста репродукција, зашто се карактеризираат со мошне ниски стапки на наталитет, фертилитет и со забрзан процес на стареење. Од друга страна, пак, албанската, ромската и до некаде турската популација, со таканаречена тотална фертилна стапка од над 3 деца и повисока стапка на наталитет, обезбедуваат проширена репродукција. Според последниот попис, ромската заедница има поголем наталитет и од албанската - вели професорот Ристески.Но, тој укажува на феноменот на различно репродуктивно однесување на населението во региони и општини со релативно исто ниво на развој. Тоа, вели тој, носителите на економската и на социјалната политика се' уште не сакаат да го решат. За споредба ги посочува полошкиот и пелагонискиот регион.

- Со доминантна албанска популација, во Гостивар, Кичево, Тетово, па и во Куманово донекаде, наталитетот веќе почнува да конвергира подолу од 20 промили. Се' уште повисока стапка држи Дебар, а со висок наталитет се карактеризираат Липково и Арачиново. Пелагонискиот регион е во опасна зона, зашто е во фаза на депопулација. Таму имате повисока стапка на морталитет од наталитет. Во Демир Хисар веќе 15 години смртноста е поголема од раѓањето, во Кавадарци исто така, а да не говориме за Крива Паланка или за Берово. Старавина и неколку други општини се наоѓаат во фаза на депопулација - вели Ристески.

Грешките за ваквата состојба од минатото тој ги лоцира во погрешниот процес на колективизацијата, неводењето сметка за инфраструктурата и електрификацијата и воопшто непомагањето на селото. Ова се и основните причини за руралниот егзодус. Се смета дека од 1948 година досега, од село во град се преселиле околу 700.000 луѓе, бројка што ги менува и движењата и репродукцијата на населението и на структурата.

Преземено од www.dnevnik.com.mk

Опции за гледање на коментари


сликата на Zelka
Во право е! - од Zelka на 11 февруари, 2008 - 20:24

Во право е! Мораме да ја репопилираме Македонија! луѓе не ли разбирате колку е битно ова!
МА-КЕ-ДО-НИ-ЈА!МА-КЕ-ДО-НИ-ЈА!МА-КЕ-ДО-НИ-ЈА!

Кога се нема - од fLeX на 11 февруари, 2008 - 22:26

Кога се нема услови+пари, се нема деца.
Него, има ли -2 на тема?
Што и да мислиш, исто ти се фаќа:)

сликата на excellent
Кога се нема - од excellent на 11 февруари, 2008 - 23:05

fLeX напиша:

Него, има ли -2 на тема?

И ја сакав да прашам [се смее]

--------
So, I’ve decided to take my work back underground.
To stop it falling into the wrong hands.

сликата на GoodBytes
Намаление - од GoodBytes на 12 февруари, 2008 - 13:23

fLeX напиша:

Него, има ли -2 на тема?

excellent напиша:

И ја сакав да прашам [се смее]

Јас за тоа и ја кликнав темава. [се смее]
--

сликата на ZisDead
Kaко не бе - од ZisDead на 12 февруари, 2008 - 13:09

Се нема деца заради сјебаната младина.

Communism is monopoly capitalism

сликата на Julls
Брее, ама се - од Julls на 11 февруари, 2008 - 23:06

Брее, ама се навлече ти на багра, па и се што ќе најдеш пишуваш и постираш. Алал да ти е на времето што го имаш. Башка, нешто имам чувство дека се утрипа дека те сакаат и читаат и уживаат во тебе. Абе друже, стварно немаш исаф.

И така,го сретнав Фикрет и Фикрет ми даде нешто бело и ми рече,на пробај,у пизду материну е добро

сликата на Julls
Госпоѓа. Колку - од Julls на 11 февруари, 2008 - 23:40

Госпоѓа. Колку да знаеш како ми се обраќаш следниот пат.

И така,го сретнав Фикрет и Фикрет ми даде нешто бело и ми рече,на пробај,у пизду материну е добро

сликата на aceva
А ти? - од aceva на 12 февруари, 2008 - 00:01

Колку деца си реализирал? Само ги арчиш на голи тетки!

I'm Winston Wolf, I solve problems.

сликата на toomuchisnotenough
гојко, немој да - од toomuchisnotenough на 12 февруари, 2008 - 04:09

гојко, немој да се лутиш, ацева не ти мисли лошо. со право ја цениш, бидејќи таа ни е како мајка овде. се грижи за сите нас и ако понекогаш искара некого, тоа го прави со најдобра намера, да ни помогне да ги видиме грешките што не сакаме да си ги признаеме заради нашата егоцентрична заслепеност.

ќе бидам искрен и ќе признаам и дека мене ми се случувало порано да го излеам семето залудно на слични слики како рандом тетките. ама откако една пријателка (не ацева, ама многу слична на неа по добрина и желба да помогне) ми кажа дека тоа дури и во библијата било забрането, се замислив и од тогаш избегавам такви работи. ја чак и скроз ги имам искључено рандом тетките, да не ме водат во искушение.

ти можеби сеуште си млад, па разбирам дека знае да биде тешко да се одолее на природата. ама те молам, за твое добро, да се воздржуваш колку што можеш повеќе и наместо тоа енергијата да ја насочиш конструктивно, како што тоа веќе го правиш. на пример, многу ми се допадна идејата за организирање средби на различни возрасти од двата пола што се осамени. јас имам еден пријател што е директор во еден хотел во еден ски-центар, па можам и да му ја понудам идејава. можда најдобро е да направиме некој веб-сајт кај што ќе можат да се најдат однапред, или не знам, можда не -- што мислиш ти?

а ти ацева, знам дека имаш најдобра намера, ама можда треба малку понестрого со гојко, сеуште не се знаеме добро, а критики од непознати не се прифаќаат толку лесно.
___________________________________________________________________
ॐ नमः शिवाय

сликата на Julls
Чек да се - од Julls на 12 февруари, 2008 - 12:11

Чек да се почешам малку за темето...хммм...
Да бе да, овој е озбилен изглеа!

А од кога ги вежбаш органите и кои органи ги вежбаш? Оние што тумач ги презентираше пред некој ден тука во една друга тема или оние кои ќе ти требаат за продолжување на видот и родот твој Гојков? Мислам, си го јакнеш егото? На голи тетки, или на вистински тетки? И молим те де објасни ми каква е твојата натура, јас не ја разбирам изгледа. Ме држат ова хормониве од кога уште...па текнувалото слабо ми работи.

И така,го сретнав Фикрет и Фикрет ми даде нешто бело и ми рече,на пробај,у пизду материну е добро

сликата на gojko
Одговор до Џ. - од gojko на 12 февруари, 2008 - 12:41

Оние за продолжување на мојот вид. Плус нормално е и на голи и на вистински. Мојата натура е како на сите здрави(бујни) мажи на овој свет.

Aцева, Ацвеа, - од fLeX на 12 февруари, 2008 - 10:27

Aцева, Ацвеа, стрино брецачицо...ц ц ц ц:) Ако гојко не ни стави ред на баграва, никој![се смее]

Што и да мислиш, исто ти се фаќа:)

Мислам сме јасни госпоѓо - од fLeX на 12 февруари, 2008 - 10:31

gojko напиша:

Не се занимавај како и што правам ја, гледај што ќе придонесеме сите ние.

Фраеру, преџи са речи на дела! Ние трите мислам сме го исполниле долгов кон планетата, ти не. А можда е и така боље...
Што и да мислиш, исто ти се фаќа:)

Мислам сме јасни госпоѓо - од fLeX на 12 февруари, 2008 - 11:15

fLeX напиша:
gojko напиша:

Не се занимавај како и што правам ја, гледај што ќе придонесеме сите ние.

Фраеру, преџи са речи на дела! Ние трите мислам сме го исполниле долгов кон планетата, ти не. А можда е и така боље...
Што и да мислиш, исто ти се фаќа:)

Суруш , ме читаш? Ете ти така напатен, и се мачиш и нишо немаш, иделано за праење деца, што не ги правиш?
Што и да мислиш, исто ти се фаќа:)

сликата на Tapa user
Ристески - од Tapa user на 12 февруари, 2008 - 00:32

Ристески утнал...не е 1.5, 1.3 е...што е и те како сјебано до коска...

Ај што е процентот толку мал, па и уште секојдневно слушам „најдено мртво бебе“ „најдено живо бебе“, „новороденче оставено во болница“....абе ебењето во Македонија треба со закон да се забрани...кога немате услови! ММвЕ!

There was a time, when the people called Macedonians, existed in Europe...

А јас пак се поистоветувам со Пиреј...пффф.
_________________________________
Polygonum aviculare

сликата на Zelka
прво - ти си дел - од Zelka на 12 февруари, 2008 - 08:36

прво - ти си дел од таа проста маса. само што се лушаш во гради дека благословен со интелегенција. толку малку внимание си имал во животот што сега си си направил алтер его кое го фураш на баграва.
второ - еве имам љубена, имаме работа, неам кола иам мотор - неисплатен кој чека да се стопли, дома сум со мама и тато бидејќи случајно не можам да заработам 30000 јурос за барем една ебана гарсоњера.
ај сеа кажи ми ти во кои услови јас да правам деца?

прво - ти си дел - од fLeX на 12 февруари, 2008 - 10:11

Zelka напиша:

прво - ти си дел од таа проста маса. само што се лушаш во гради дека благословен со интелегенција. толку малку внимание си имал во животот што сега си си направил алтер его кое го фураш на баграва.
второ - еве имам љубена, имаме работа, неам кола иам мотор - неисплатен кој чека да се стопли, дома сум со мама и тато бидејќи случајно не можам да заработам 30000 јурос за барем една ебана гарсоњера.
ај сеа кажи ми ти во кои услови јас да правам деца?

Не прашуј глупости, пошто за гојкота една гарсоњера е едно село у македонија, има сите да се стиснете внатре:))))))
Што и да мислиш, исто ти се фаќа:)

сликата на Tapa user
прво - ти си дел - од Tapa user на 12 февруари, 2008 - 10:22

Zelka напиша:

ај сеа кажи ми ти во кои услови јас да правам деца?

Во топла соба, тивко музиче од компјутерот, 5-6 коцки чоколадо и обавезно, изгаснато светло. Ај сеа прај.

Цитат:

Ако не го поддржуваш ова твоите деца утре ќе живеат во зафлени прерии или баш како власите ќе бидеме расфрлани низ разни места.

Јас сум против репродукција на Македонците. Нека праат што помалку деца, нека воопшто немаат услови. Затоа што Македонците се паразити, а паразит како паразит, мора да биде истребен. Зошто паразити? Затоа што чекаат друг да им направи услови...
_________________________________
Polygonum aviculare

сликата на Tapa user
Гојко, ти мене - од Tapa user на 12 февруари, 2008 - 12:29

Гојко, ти мене никогаш нема да ме сфатиш... [тажен]
_________________________________
Polygonum aviculare

сликата на gojko
Среќник си - ништо повеќе! - од gojko на 12 февруари, 2008 - 10:47

А ти се кладам далеку си од некое образование, а култура уште помалку. Таквите како тебе ги наградува ова општество. На кило колку сакаш можеш такви девојки да си најдеш. Немаат прочитано ни 50 книги, ниту пак имаат некаде шетано.
Способните како мене се мачат. За мене потешко е. Овде мн.малку ги има образовани и културни.
А ти “фурај“ си со моторчето и, задоволувајте си го егото со банални работи. Одете таму копајте по ниви, садете нешто, чувајте стока, здружете се со луѓе кои истото го прават и само така со пријатели и заеднички сили ќе имате и повеќе од 30.000 јурос батка.
Кој видел аир од кредити? Ако немаш нива бави се со трговија што да ти кажам!

сликата на toomuchisnotenough
Не ја врти темата наопаку! - од toomuchisnotenough на 12 февруари, 2008 - 15:08

gojko напиша:

Ќе го цитирам оној турчинот со црвена капа СО ПРОСТА МАСА НЕ СЕ СРКА МАТЕНИЦА.

гојко, тој -- заедно со тебе и мене -- е еден од најсветлите ликови на баграва. во последно време ретко доаѓа, ама кога ќе дојде секогаш има нешто многу паметно да каже. ти препорачувам да му ја следиш мислата, бидејќи многу има да се научи од него. ех, кога сите македонци би биле како него...
___________________________________________________________________
ॐ नमः शिवाय

сликата на Frejzer
океј е темавава!!! - од Frejzer на 12 февруари, 2008 - 10:32

Али има едно но, а тоа но е џабе гојко друже трошиш време,оваа приказна се зборува скоро 10 години. А верувај не е до нас како да создаваме фамилиии кога нема услови за тоа не е проблем да направиш деца, проблем е како ќе ги задоволуваш нивните барања.

сликата на gojko
Вредно е да се актуелизира понекогаш - од gojko на 12 февруари, 2008 - 10:54

А бе не треба да имаш страв за тоа како ќе биде, што ќе биде. Само храбро справувај се со ситуацијата.
Инаку знаеш бегање од грижа може да се свати и како кукавичлук.
Или пример некои парови ќе си имаат врска 7-10г. и после она веќе ќе биде стара за пород. Работава ќе биде со царски резови и други компликации. За се си има биолошки часовник.
Колебливоста да не биде ова или она е опасна работа. Условите се тие што се, ќе биде и подобро ама важно е да се справува човек во од. Стравот ти бил опасна работа. Џабе интелигенција.

сликата на zlochko
Ај малце од - од zlochko на 12 февруари, 2008 - 11:50

Ај малце од еден друг агол да ги погледнеме работите. Човекот од памтивек покажува една чудна потреба за идентификација. Најчесто истата ја искажува преку припадноста (во политичка припадност, социјална припадност, нација итн.). И секогаш се нагласува индивидуалноста како критериум. Колку е помала групата во која припаѓа, толку човекот е по полн со себеси - те. се смета и го сметаат за уникатен. Нормално, најуникатните се оние кои се и единствени во подмножеството кое го сочинуваат.
И тоа е комплетно извртена логика (барем според мене) на гледање на работите. Од таму сметам дека и припадноста кон нацијата (во чии што замки и јас често паѓам) е нешто што е во најмала рака погрешно поставување на работите и извртување на здравата логика.

За што филозофира бе овој ?!

Еве за ова - популација на човековата раса од 1г.не., па се до 2006.

Year Population
1 200 million
1000 275 million
1500 450 million
1650 500 million
1750 700 million
1804 1 billion
1850 1.2 billion
1900 1.6 billion
1927 2 billion
1950 2.55 billion
1955 2.8 billion
1960 3 billion
1965 3.3 billion
1970 3.7 billion
1975 4 billion
1980 4.5 billion
1985 4.85 billion
1990 5.3 billion
1995 5.7 billion
1999 6 billion
2000 6.1 billion
2005 6.45 billion
2006 6.5 billion

од 1950г. (2.5 мил.) па се до 2006 (6.5 мил.) популацијата нараснала за 4 милијарди. И требале многу повеќе од 2000 години за да стаса до 2,5 милијарди и потоа за само 60тина години расте за уште скоро 2 пати од таа вредност.
Или уште еден друг пример (последни 12 месеци):
07/01/07 6,602,274,812
08/01/07 6,608,818,475
09/01/07 6,615,362,139
10/01/07 6,621,694,717
11/01/07 6,628,238,381
12/01/07 6,634,570,959
01/01/08 6,641,114,623
02/01/08 6,647,658,287
03/01/08 6,653,779,780
04/01/08 6,660,323,443
05/01/08 6,666,656,022
06/01/08 6,673,199,685
07/01/08 6,679,532,264

За последните 12 месеци - популацијата нараснала за скоро 80 милиони.
Не знам за вас, ама мислам дека колективната свест треба да ја качиме за едно скалило погоре и да сватиме дека кога станува збор за преживување на нас и нашите поколенија - во очите на нашава планета, сите сме еднакви. И дека за неа сите сме исти, те. сите сме едно.
Време е да ја качиме свеста за едно скалило повеќе. Нација - не, ами жител на оваа наша се потесна планета.

Јас имам 30 години.
Моите деца ќе имаат ужасно место за живеење.
Внуци кој знае дали ќе дочекам и во што ќе живеат.
А исто и вашите...

Злочко.

сликата на zlochko
Мора така да размислуваме знаеш зошто? - од zlochko на 12 февруари, 2008 - 13:01

gojko напиша:

Не е извртување на логика и погрешно поставување на работите, зашто во услови кога имаме такви чудни племиња околу нас кои сакаат да не ни признаваат име, јазик, да ни освојуваат територии со котење како зајци, некој да ни укажува дека сме била бивша бановина итн. Ние мораме да си го заштитуваме своето со разни мерки. Инаку ако не се такви околу нас, ја лично уште утре одма станувам жител на планетата. Во моментот за соседите ни наши не сум и никој разумен македонец не би требало да биде многу благонаклонет.
Ти имаш 30 години твоите деца ќе имаат ужасно место за живеење зашто ти мислиш така и ако мислиш и навистина ќе го имаат.
Внуците баш нема да ги дочекаш заради твојот песимистички став и да не ти е гајле во што и како ќе живеат. Ти си губитник во тој случај, не си оставаш поколение, се самоуништуваш.
И секој здраворазумен во таква ситуација ќе си биде жител на планетата но не со соседите. Ако не сакаат нема што со сила ја да им се правам космополит.
Статистиките ти се одлични во секој случај. И чинам дека си оној истиот ако не се лажам пред едно 5-10г. кога имаше еден злочко.цом на некој интернет сајт. Човекот ми покажа слика со неговата фамилија, отприлика знам како изгледа.Темата беше нешто за работа и опстанок нешто слична на оваа. И тогаш дојдовме јас и тој до судир.

Појма неам дали сум тој човек да бидам искрен, ама тоа не е ни битно нели.
Е сега... ако идеме под претпоставка дека ме напаѓаш за песимизам (нешто што јас од мојот агол на гледање на работите го дефинирам како реализам), тогаш претпоставувам дека ти себеси си сметаш по ова прашање како оптимист. И тука следува и прашањето... на што се должи...на кои податоци/бројки/факти твојот оптимизам?
Јас зад мојот „песимизам“ имам многу факти:
1. статистика за растот на популацијата
2. статистика за порастот на CO2 низ годините
3. статистика која кажува дека од кога е мерена темературата, последните 15 години ги содржат 10те најтопли години на глобално ниво + истите тие 10 години ги имаат и наголемите температурни пикови.
4. Статистика која кажува дека од 1971 па наваму малтене 1/4 од Јужниот пол исчезна, а за северниот воопшто и да не правиме муабет.

Ти велиш дека е битно да се зачува националниот идентитет. Еве ќе влезам повторно и јас во таа „замка“ на тесно и себично гледање на работите и ќе ти кажам дека - комплетно се согласувам со тебе. [се смее]

Тоа за кое што не се согласувам е дека во 2050 година (мислам дека го видов горе ова бројче во текстот), нашите деца/внуци ќе се замраат со тоа дали се припадници на некоја култура што себеси се нарекува македонци и дали се последните динусауруси од истата. Баш напротив!
Моето мислење е дека во 2050:
1. Концептот нација - држава нема да биде исчезнат, но ќе биде во изумирање;
2. Нашите деца/внуци во истата таа година ќе се замараат со нешто многу по битно од тоа - со опстанок.

Впрочем, од твојата реплика добив впечаток дека нема да се најдеме во дискусијава на middle ground без разлика колку пораки ќе потрошиме на заедничка комуникација. Затоа велам - да сме живи и здрави и двајцата, па да видиме што ќе се случи.

Башка, многу - од Spion на 12 февруари, 2008 - 16:00

Башка, многу проста логика е во прашање. Ресурсите на планетава се конечни и, порано или покасно, човековиот род ќе притисне до нивниот лимит.

сликата на gojko
Едвај чекам! - од gojko на 12 февруари, 2008 - 16:26

Го чекам тој ден кога се ќе се истроши. Тогаш ќе ми биде драго кога сите ќе се вратат на пајтоните, коњите и нивите. Ич не ми е гајле што тогаш можеби ќе бидам згрбавен со бастун, важно да го доживеам.

Едвај чекам! - од fLeX на 12 февруари, 2008 - 16:38

gojko напиша:

Го чекам тој ден кога се ќе се истроши. Тогаш ќе ми биде драго кога сите ќе се вратат на пајтоните, коњите и нивите. Ич не ми е гајле што тогаш можеби ќе бидам згрбавен со бастун, важно да го доживеам.

Не ми одговараш? Ме игнорираш?
Што и да мислиш, исто ти се фаќа:)

сликата на gojko
Кој ја те игнор.........? - од gojko на 12 февруари, 2008 - 16:49

Како можи ФЛЕКСибилно суштество како тебе да игнорирам.
Ама дали ти се допаѓа или не моево искажување ќе си легниш ти на брашното. Можеби токму ти, можеби некоја слична на тебе не се знае.... [палец горе]

Always look at the bright sight of life, but if you look at the dark sight you are looser.

Кој ја те игнор.........? - од fLeX на 12 февруари, 2008 - 18:04

gojko напиша:

Како можи ФЛЕКСибилно суштество како тебе да игнорирам.
Ама дали ти се допаѓа или не моево искажување ќе си легниш ти на брашното. Можеби токму ти, можеби некоја слична на тебе не се знае.... [палец горе]

Always look at the bright sight of life, but if you look at the dark sight you are looser.

Читај погоре, има прашање за тебе. Па одговори.
Што и да мислиш, исто ти се фаќа:)

сликата на Tapa user
Едвај чекам! - од Tapa user на 12 февруари, 2008 - 17:50

gojko напиша:

Го чекам тој ден кога се ќе се истроши. Тогаш ќе ми биде драго кога сите ќе се вратат на пајтоните, коњите и нивите. Ич не ми е гајле што тогаш можеби ќе бидам згрбавен со бастун, важно да го доживеам.

Морам да ти признаам, од душа се смеам кога те читам, брате.
_________________________________
Polygonum aviculare

сликата на Zelka
глуп нема да - од Zelka на 12 февруари, 2008 - 20:32

глуп нема да има коњи пошо ќе ги јадеме за месо, нива нема ни да видиш бидејќи ќе биде паркинг плац бидејќи планета ќе бидде ем без ресурси ем без храна.
ама пошо си зомби од планетата зонг, а како што знаеме зомбијата немаат мозок, како што и за тоа знаеш и докажа.
или имаш паразит во мозокот кој ти го јаде полека.

сликата на Tapa user
Жител на - од Tapa user на 12 февруари, 2008 - 12:40

Жител на планетата Земја...бла бла бла...Нема толку ресурси земјава за да „издржи“ толкава популација и нејзин пораст...а богами и нема ни место. Затоа се измислени „кариерите“. На здравје пропагандата...
_________________________________
Polygonum aviculare

сликата на Муцко
Џабе, ако се однесува за мене - од Муцко на 12 февруари, 2008 - 12:51

Ваквите апели се скроз ЏАБЕ, ако се однесуваат за мене! Мојот приватен живот може да се смета за завршен; т.е. заврши уште пред да почне, на возраст од само 20 години...

сликата на jordan23
ti izgleda brat vo teska - од jordan23 на 12 февруари, 2008 - 21:24

ti izgleda brat vo teska depresija si. imas nesto sto te blokira od porano i treba da si go razresis vo taa glava inaku ke se mrdnes. zemi krkni dobar esid ili iboga ili ajahuaska i istripaj ubavo vo planina eden vikend da se sredis.

ne go sfakjaj pogresno ova, najprijatelski sovet

Ж>*.*

сликата на gojko
Браво бе Јордан навистина погоди! - од gojko на 12 февруари, 2008 - 23:22

Па што да правам, останав без женска, се разочарав малку бидејќи други фактори не разделија,плус во исто време останав во ноември и без работа зашто си ја повредив кичмата т.е. половината и газдите кај нас не можат ни 50 дена да те почекаат да оздравиш, богами ќе те послушам, ќе му ја фатам до Водно да ги прочистам мислите и да видам што понатака.

сликата на Zelka
тоа бе - од Zelka на 13 февруари, 2008 - 00:17

тоа бе пријатељу отвори се... исплачи се...
остај женската, раскинување е прогрес и менување на средина. лошо е што ти е срасната па ќе треба време да ја извадиш од систем. после е топ. ерген. а скопје е полно со струмичанки. [се смее]
за работа батали, глеј си здравје, опрај кичмата стегни зуби и ќе си дојде тоа што е твое.
трпение my friend.
и конечно за на крај, ако сакаш да извади поента или да видиш каде си згрешил послушај го јордан, кркни ред чоколадно со печурчиња и напрај си муабет во планина негде. само да никнат кокичиња!

сликата на jordan23
ova izgleda treba na - од jordan23 на 13 февруари, 2008 - 20:29

ova izgleda treba na kirilica ama uste se macam da instaliram podrska na linuxov glup

prvo ne sum jordan kako piperkata nego jordan 23ka Lakers so ti e

drugo normalno deka sum ti pogodil so da pravam zakon sum
a tebe Zelka tato te siluval so rgjava cevka koga si bil mal zatoa mi gi izbrisa postovite hehehehe

Ж>*.*

сликата на Julls
One more. More is less. - од Julls на 13 февруари, 2008 - 21:40

One more. More is less.
Море нека ги има...

И така,го сретнав Фикрет и Фикрет ми даде нешто бело и ми рече,на пробај,у пизду материну е добро

сликата на jordan23
a fala fala Ж>*.* - од jordan23 на 13 февруари, 2008 - 21:56

a fala fala [намигнува]

Ж>*.*