Дали некогаш си побарал/а услуги од бајач/ка, гатач/ка и сл.
Да, ми погоди све
9% (3 гласа)
Да, но беше промашување
3% (1 глас)
Не, но планирам да побарам
6% (2 гласа)
Не, никогаш
82% (27 гласа)
Вкупно гласови: 33
»
- Додај нов коментар
- 995 читања

Бајачка ми дое
Бајачка ми дое доам, баеше некои 45 мин. После нешто се промени, дали заради баш тоа или не, незнам.
Што и да мислиш, исто ти се фаќа:)
Бајачка ми дое
Сигурно се променило поради тоа.
Od Fraerska Gledna Tocka!!!
тие што
тие што бајачката им погаѓа све, нека го ѕирнат ова, што е само еден пример за тоа колку лесно луѓето можат да се изманипулираат, дури и кога некој не знае ништо за нив. има еден куп други пософистицирани техники за бричење на суво.
дерен браун е еден од најголемите активисти за кревање на свеста на широките народни маси во овој поглед. ѕирнете го на јутуб, понекад страв ме фаќа кога ќе помислам дека има луѓе што ги прават овие финти секој ден.
наздравје бричење. :)
тие што
Баш така. Никогаш не сум верувал, а не ќе ни верувам во такви измишљотини. А народ глуп за лажење има колку сакаш ехееее...
само ова за народ :)
Милан, заебантите и верниците ме доведоа до река од солзи :) Ѕирнете ги сите related videos
А бре: ЈАС ДОБРО ГАТАМ!!
Јас дома вообичаено не пијам кафе, ама не одбегнувам по едно утринско кафе со колегиве во Невладинава организација... И така, 2-3 колешки што се посуеверни почнаа да бараат да им гатам, забележувајќи дека често погодувам! На кафе досега неколкупати сум погодил бременост, иако сум немал конкретни навестувања („дошепнувања“) за ова специфично прашање, кое во првите месеци обично се таи од околината.
Ах, да ви кажам дека во последно време се научив да гатам и со cyber методи, како што е користење на телетекст или резултатите од Google пребарување! Меѓу другото, имав претскажување дека на 12-ти јануари ќе се случи нешто (најавата беше: „борба меѓу доброто и злото“), а се случи паѓањето на хеликоптерот! Иако во јавноста не беше објавено дека имало некаква борба, јас и натаму останувам „суеверно уверен“ дека хеликоптерот бил соборен, а не паднал како резултат на несреќа.
А какви ти се
А какви ти се предвидувањата за Гојко? Ке се врати на форумов или не?
Od Fraerska Gledna Tocka!!!
Самиот ОБЕЌА дека ќе се врати!
Самиот Гојко најави дека ова е: „Привремен крај за да не станам коцкица!... т.е. одвреме навреме ќе се јавувам на баграва. Ќе се чуеме напролет.“
Од моите натприродни извори дознав дека многу активен ќе биде во втората половина на април (барем така јас го дешифрирав одговорот).