8 септември, 2008 - 11:40
[веб кирилица]

АЛФИ (пак?!?)

од dimitar27 на 17 дек 2007 - 11:22

Преземено од Badmotherfucker [badmotherfucker.blog.com.mk]
__________________

Еден поглед на човековите права и слободи во Македонија

Само што гледав дел од вестите на СИТЕЛ, покажуваат како полицискиот тим АЛФИ синојка направил рација во Мавровка и легитимирал но и претресувал секого што ќе сретнел, дали низ ходниците, или во кафичите.Ги претресуваа и кафичите „до коска“ барајки дрога или оружје. И најдоа нешто ситно, марихуана, по некој пиштол и некое лице кое се барало по потерница од нашите судови.Нејсе . . . Иако не се согласувам во целост со вакви полициски акциии и не се согласувам државата и градот во кој што живеам да подсетуваат на воена зона со маскирани и со автомати наоружани полицајци, сепак тоа несогласување не е повод за овој пост. Поводот е многу посериозен и задира целсоно и длабоко во човечките права и слободи, особено во правото на приватност. Елем, додека одеше прилогот на вестите, сите до еендо од лицата кои беа затекнати во локалите па и низ трговскиот воопшто беа прикажани на ТВ без замаглување на лицето, па така можевме да видиме која цура со кого иде на пијачка во сомнителни кафани, кој „дува трава“, а Бога ми ги видовме и приведените. Ќе речете, кој им е крив ако се плеткаат на сомнителни места„“ но не заборавајте, ТЦ Мавровка е во центарот на градов, и секој има право да оди таму, тоа се дукани кои работат со дозвола и според законските прописи (така барем се надеваме, ако не е така-има за тоа надлежни во државава). Значи прашувам: Кој им дава право на СИТЕЛ а Бога ми и на МВР да ги објавуваат тие снимки, и ако веќе ги објавуваат, како СМЕАТ да си дозволат да не ги затемнат-замаглат лицата на лугето на снимките?!? Да не заборавиме дека и они кои беа приведени по потерница се недолжни се додека судот не го докаже спротивното. Ајде за тие и некако (иако не смее ни тоа) но што за „норамалните“ луге кои си пијат кафе после работа во дуканот, или уште понормалните кои со швалерката си излегле на тивко местенце на една пијачка пред да одат во некој ефтин мотел?!?

Знам, ЛАТАС (сител) е длабоко навлезен во анусот на Грујо, и прикажувањето на оваа влада како највредна и одлучно решена да се бори против криминалот е негова примарна дејност, и тоа е негова легитимна одлука на која јас немам право да приговарам, но секако имам право да се пожалам ако си го видам лицето на главни вести само затоа што сум пиел кафе „на погрешно место во погрешно време“ а тоа место замислете е центарот на СКОПЈЕ, the capitol of Macedonia ?!?

НЕ НЕ и НЕ, протестирам, не сакам цела држава да се претвори во РИАЛИТИ ШОУ, па утре кога мене ќе ме сопрат да проверат дали имам возачка или зимска опрема, да ме има на ТВ ко задњи терориста од АЛ КАЕДА.

И уште прашувам:

Што ли работат сите оние Ен Џи О-а кои као се залагаат за човековите права и слободи, притоа трошат големи (туѓи) пари (не измслувам-знам од искуство) а никогаш не протестирале против ваква злоупотреба од страна на медиумите и државата?!?

Демек ако не сум ИБНЕ (педер на турски) не сум интерсен и моите права не се загрозени?!?

Исто така ме занима каде е и онаа институција претставена во лицето на младата дама која многу ретко излага во јавност со изјави, а која треба да се бори за заштита на приватноста на граганите?!?

Опции за гледање на коментари


Лајтас - од stenli901 на 17 декември, 2007 - 15:49

Не се нервирај друже од такви цинични јуносталгични измамници како ТВ Сител и нивниот главен дежурен серач Лајтас. најдобро за тебе е да не ги гледаш. Сител и Лајтас заедно !!!!!!!..... треба нерви за тоа друже.

Дежурен серач? - од Сељачиште на 17 декември, 2007 - 16:46

Дежурен серач? Ма он е печен за у затвор: ширење етничка и верска нетрпеливост. Башка ништо не разбира а мисли дека разбира али, ај, за тоа не се иде у затвор.

сликата на PLAYLIFE
Латас sucks bigtime, и - од PLAYLIFE на 17 декември, 2007 - 17:08

Латас sucks bigtime, и неможам да го гледам веќе. Толку ми е одвратен. Значи како се шитна.... Искрено на почетокот имав една мисла дека може ќе стане онака про новинар. Нема страни, туку НОВИНАРСТВО...Но, вакво шиткање не сум видел од Андора - Македонија:) Тоа што алфите го прават е добро, зборувам кога се однесуваат по закон, а тоа што не ставиле во Сител цензура на лицата е нивен проблем и најверојатно лицата кои се на сликата имаат право да тужат?![се смее]

Тужење на - од fLeX на 17 декември, 2007 - 17:20

Тужење на дотичаната срање Тв и обичниот перач на уста, само во правна драва, овде НЕ :)Или баш по мое, Што и да праиш, исто ти се фаќа..
Што и да мислиш, исто ти се фаќа:)

сликата на gojko
Не тужи недопирливи - готов ти е животот - од gojko на 17 декември, 2007 - 23:06

Што Ѕинго или Латас да се тужи. Ех на Ѕинго никој ништо не му може. Тој си е моќен, а Латас преку него ја користи и неговата моќ. Се е во синџир политичка партија - бизнисмени - медиум.
И што има да му се лутиме да си го гледаме својот живот што поубав да ни биде, едноставно него му се паднало, наместило животното тркало да биде богат и моќен.

сликата на dimitar27
Мене ме - од dimitar27 на 18 декември, 2007 - 13:07

Мене ме интересира дали има било какви шанси оштетените да бараат правда пред надлежните судови, некој ако знае да каже, по кој основ би можело да се поднесе тужба?
Не дека не знам каков би бил исходот, ама ако имаѓ нерви време и пари (многу пари) можеш да ги тужиш до крај на светот и анзад, гарант ќе ги добиеш, ако не овде тогаш Стразбур сигурно [се смее]

сликата на гоце
Јас ко би се - од гоце на 18 декември, 2007 - 10:33

Јас ко би се разболел од некој неизлечив рак или сл. би размишљал како да влезам у тоа собранието и стие да ги дигнам у воздух, заедно сосе новинарите. Мамицата бе, полициска држава направија. Џандари у 50 км низ Македонија ќе видиш 3-4 пути, неуниформирани бараби со маски на лицето и аутомати и камери престрашуваат луѓе, намерно се потикнува национализам...

Дур не казниме некој со живот ништо не правиме, па макар и од Љубчо почнале.

сликата на Зелен
true, true. особено - од Зелен на 18 декември, 2007 - 13:07

true, true. особено новинарите. сите.
--
Linux is free, as long as your time has no value.

сликата на PLAYLIFE
Јас ко би се - од PLAYLIFE на 19 декември, 2007 - 21:52

Јас ко би се разболел од некој неизлечив рак или сл. би размишљал како да влезам у тоа собранието и стие да ги дигнам у воздух, заедно сосе новинарите. Мамицата бе, полициска држава направија. Џандари у 50 км низ Македонија ќе видиш 3-4 пути, неуниформирани бараби со маски на лицето и аутомати и камери престрашуваат луѓе, намерно се потикнува национализам...

Дур не казниме некој со живот ништо не правиме, па макар и од Љубчо почнале.

Камерата си е на место. Ако при претрес ти скршат ребра имаш видео запис. Секаде во светот тоа се прави не знам зошто би имало некој против. Тоа е архива и ако се користи како видео, мора да биде цензурирано и точка, или сликовито (.)
Друго, и да ги разнесеш тие што се внатре, има еден куп што чекаат да влезат, така да не ти е баш решение:)Само ќе не тераш да учиме нови имиња и да збориме: Покојни овој, покојни оној:)
Заради недостаток на национализам се случува да нема една улица Александар Македонски, еден споменик Александар Македонски... Сигурно си прошетал малку надвор па да видиш што е национализам. Сите странци до сега што сум ги запознал биле поголеми националисти. Да се има национална свест е основа на секоја држава. Комунизмот не направи апатрити. Пола од нашите дедовци се теппат за тито, а ние имаме 1000 пати поголема историја, и сме направиле 1000 пати повеќе од Тито и цела негова клапа...Да не збориме како ја шитна егејска за Истра:) Така да ако почнеме да се жалиме и да стреламе ќе треба да поченеме од други:)

сликата на Frejzer
Сител како да не!!!!!!!!!! - од Frejzer на 18 декември, 2007 - 11:15

АНекоја,Цител, џенал фајв, се ти е то перење мозоци. Кој што ке плати тоа ќе добие. Партиски полтрончиња и ништо друго.Само во нашиов медиумски простор постои една светла точка а тоа се ЕДНООКИ.И браво за нив ги срозаја сите ги удрија од земја.

сликата на Zelka
инаку еднооги - од Zelka на 19 декември, 2007 - 10:14

инаку еднооги ги одкажаа. така да таа серија во неделата била последна.
сеа велија нема ни тв парламент, ниту еднооки. кој знае како ќе се препукува со трифке.

сликата на Frejzer
инаку еднооки - од Frejzer на 19 декември, 2007 - 17:18

Не се работи саде за трифки се работи за една плеада „славни ликови“.

сликата на aleksandra85
Ај даси кажам - од aleksandra85 на 20 декември, 2007 - 13:55

Си седиме со другарки во кола на паркинг после излегување и си правиме женски муабети..Го веде ли оној го виде ли овој онојте гледаше овој ме гледаше...во 4 саат нормално ноќе.Кога до нас се паркира кола и од неја излегуваат тројца.Другарка ми во паника ги заклучи вратите и ја пали колата да бегаме.Кога не осветлуваат со ламба и ни покажуваат значки...Алфи...
Отворете.Ај да се легитимирате.Им даваме лични карти,ај сега дај отворете ташниите и свети со тоа светулката во ташните има што да види(женски работи нормално,шминки,улошки,огледала)Една од другаркиве му вика абе ништо нема само кондоми...Имате ли нешто да пријавите?Го прашувам а што на пример?Па дрога оружје?Му се изнасмеавме во фаца....
Видоа не видоа си заминаа откако и скурчи на другарка ми и му го плесна дека ја гледал во нозете.Ви се молам што толку сумлјиво му падна 4 девојчиња што си седат во кола и од нас да бара оружје,легитимирање,и дрога.....а стресот што ни го направија,кога свативме дека се алфи камен ни падна од срце мислевме дека се некои манијачишта.
кога мудрецот ќе покаже кон месечината будалиот гледа само прст

сликата на Zelka
ништо не се - од Zelka на 21 декември, 2007 - 09:21

ништо не се знае... вие студенти по медицина имате препарати еее:)

сликата на GoodBytes
Ај даси кажам - од GoodBytes на 21 декември, 2007 - 21:44

aleksandra85 напиша:

кога свативме дека се алфи камен ни падна од срце мислевме дека се некои манијачишта.

Досега никој ни толку не ги пофалил. [се смее]
--