6 септември, 2008 - 02:49
[веб кирилица]

Како да не ја сакаш?

од aceva на 2 дек 2007 - 03:39

Ова е љубов.
Направете си кафе, чај, смотајте цигара или што веќе ве опушта и одете на:
www.macedonialovesyou.com
Обрнете внимание на фотографиите. Преубави се.
Толку ме разгалува кога некој нетукашен ќе ги испочитува нашите убавини, кои ние си ги земаме здраво за готово, што ми иде солза радосница да пуштам.
Објективот да му се позлати на момакот и од арно да не куртули. Блазе си му на чистата душа и способноста да забележува и да сака.
И како да не ја сакаш?

Опции за гледање на коментари


Еве од мене - од fLeX на 2 декември, 2007 - 08:52

Еве од мене добила ултра-мега-убер залапувачка ако го видам малиов. Хехе. Ах и изгледа ниое два милиона сме ем неписмени, ем не знаме да усликаме, ем да средиме и стаиме на нет вакво нешто за нашата земја. При очи, слепи.

Што и да мислиш, исто ти се фаќа:)

сликата на Zelka
срамота е што - од Zelka на 2 декември, 2007 - 09:10

срамота е што странци на ваков начин ни ја представуваат земјата, додека ние си ја пљукаме...

сликата на GoodBytes
срамота е - од GoodBytes на 2 декември, 2007 - 20:09

Zelka напиша:

срамота е што странци на ваков начин ни ја представуваат земјата, додека ние си ја пљукаме...

Zelka напиша:

нека ви мочаат странци во езерото, и тија скопјанишчата. конечно заработувам доволно за да го заборавам тој посран град.

Ме потсети на еден мој другар кој, додека ги критикуваше туристите дека фрлале многу ѓубре по плажата, и самиот ја фрли опаковката од сладоледот на паркингот на кој стоевме додека зборувавме. И нему му реков. [се смее]

Инаку за сајтов „Македонија те сака“ знам од пред некој месец и уште тогаш му испратив email на авторот Станислав, во кој му се заблагодарив за сајтот кој го направил за Македонија. За жал, сеуште не ми испратил одговор.
--

сликата на gojko
Плукањето е за добро - од gojko на 2 декември, 2007 - 16:50

Ние тука ги познаваме состојбите и сме објективни, на странците им е интересно и во шупа да живеат бид. никогаш немаат видено такво нешто
Да не заборавиме дека пофалбите се некогаш и правење лице. Замислете си да отидам во Хрватска и да најдам случајно 2-3 несредени улици со отпад а сите средени ако им каќам на нив колку им се лоши тие и тие улици ќе добијам мн. непријатели таму, ја би го кашувал позитивното, поубавото зашто така сакам и за тоа сонувам и не сакам да верувам во друго. Ама па не се премолчува кога независно Скопје или друг град каде има отпад истурени контејнери лошо паркирани коли скоро на сите улици, а малку се ОК.Ние сме објективни.
Ацева браво за тебе што пушташ солза за тоа, значи имаш душа а тоа е добро, здраво, позитивно. Само да се гледа убавото. Но да додадам верувам и ти така мислиш и да се прави убаво со вистинска акција а не само да се забелешува.

сликата на Julls
Плукањето е за добро - од Julls на 2 декември, 2007 - 21:30

gojko напиша:

Ацева браво за тебе што пушташ солза за тоа, значи имаш душа а тоа е добро, здраво, позитивно. Само да се гледа убавото.

Што повеќе да се каже после ова, а?

И така,го сретнав Фикрет и Фикрет ми даде нешто бело и ми рече,на пробај,у пизду материну е добро

сликата на JohnFoe
Не можам да - од JohnFoe на 3 декември, 2007 - 13:55

Не можам да дишам, од сиот овој патриотизам и позитивен национализам, па и од конструктивната носталгија што во последниве недела-две се расфрлаат низ овие краишта на интернетот. Како па тие 3-4 работи да ми ти биле најбитните нешта во животот, краток и единствен.

Ако нешто докажува линкот од темата, тоа би било дека на странецот не му е битно тоа дека планините, езерата, шумите и небото, а и сонцето се нашле привидно или реално во некакви човекови рамки. "До овде е Македонија! Оттука натаму не е ништо посебно убаво!"
Јас не се чуствувам како македонец, ниту пак како југословен, ниту бугарин, ниту... Колку што ми е симпатична Шара и убаво Осогово, толку ми се и Алпите, толку ми е и Сахара, и Пацификот, и фјордовите. Природа, јебеш. Убаво...

сликата на JohnFoe
не сфаќам?! - од JohnFoe на 3 декември, 2007 - 14:39

не сфаќам?! зашто одговараш?!?

сликата на excellent
Ништо страшно - од excellent на 3 декември, 2007 - 20:54

Ништо страшно што не си сфатил. Стварно.

--------
So, I’ve decided to take my work back underground.
To stop it falling into the wrong hands.

сликата на dimitar27
Ќе ти одговорам - од dimitar27 на 4 декември, 2007 - 09:13

excellent напиша:

Ќе ти одговорам парафразирајќи го Димитар (од еден дамнешен пост):

Шта је педеру? Хочеш још??? ХОЧЕШ ЈОШ???

[се смее]

--------
So, I’ve decided to take my work back underground.
To stop it falling into the wrong hands.

Тоа го парафразираш Димитар како го парафразира Бранче [се смее]
Како памтиш да те ебам лудиот??

сликата на aceva
Не можам да - од aceva на 3 декември, 2007 - 15:12

JohnFoe напиша:

Ако нешто докажува линкот од темата, тоа би било дека на странецот не му е битно тоа дека планините, езерата, шумите и небото, а и сонцето се нашле привидно или реално во некакви човекови рамки. "До овде е Македонија! Оттука натаму не е ништо посебно убаво!"

Човечките рамки, сакале ние или не - постојат. Дали знаеш дека единствено место во светот каде е дозволен (најлегално) лов на кри-кри диворози е Македонија? Дали знаеш дека ендемската Генцијана, која оваа година се обидувавме да ја набереме по Македонија - веќе ја немаше? Ниту една, нула. Природа-јебеш-убаво треба да се забележи, да се признае дека е убаво (да, се согласувам дека не се издвојува од убавините наоколу), да се испочитува и да се заштити. И сите ние ја сносиме одговорноста за тоа до кога ќе биде еднакво убаво со се’ што спомена, или ќе одиме по туѓи сајтови или музеи да се посетуваме како било или како можело да биде.

I'm Winston Wolf, I solve problems.

сликата на JohnFoe
"Човечките - од JohnFoe на 3 декември, 2007 - 16:14

"Човечките рамки, сакале ние или не - постојат."

- имам проблем со ова: баш поради тоа што се човечки, постојат исклучиво само ако сакаме ние.

За Генцијана, првпат слушам, ама google ми кажа отприлика што е. Како и да е, целиот процес на исчезнување на некоја билка, вид животно или што и да е, јас не го сфаќам трагично. Процесот на исчезнување на видови е исто така природен. Убава е и декомпозицијата, природна.. Такви се нештата, се појавуваат форми на живот, исчезнуваат..
Не гледам некоја битна поврзаност на тие процеси со чуството за национална припадност. Освен тоа што, како и чуството за национална припадност, така и чуството за презервација на одреден вид растение, е дел од еден наметнат комплекс за сопствената важност.

сликата на aceva
"Човечките - од aceva на 3 декември, 2007 - 16:24

JohnFoe напиша:

Освен тоа што, како и чуството за национална припадност, така и чуството за презервација на одреден вид растение, е дел од еден наметнат комплекс за сопствената важност.

Процесот на исчезнување е далеку од природен. Ако си гуглал,си морал да видиш зошто се бере на диво Генцијаната. Инаку, Македонија е потписник на Конвенцијата (глобален договор) за заштита на биодиверзитетот. Потисот, меѓу другото, значи дека мораме да се грижиме за видовите кои се наоѓаат во нашите (човечки наметнати) граници.

I'm Winston Wolf, I solve problems.

сликата на JohnFoe
Цитат: Процесо - од JohnFoe на 3 декември, 2007 - 22:44

Цитат:

Процесот на исчезнување е далеку од природен.

Зашто?!?

Затоа што ја берат луѓе? Ситуацијата е сепак малку комплексна, и како поента може да се извлече една релација:
- меѓу Човекот кој во tour de force ја бере пошто може и му се сака/му треба - одредена билка и со тоа може (но не мора) да ја доведе до исчезнување;
- и Човекот кој наметнува граници, а потоа и донесува заклучоци и договорно делува преку некакви (секакви) унификациски апарати.

Јас од тоа што таа релација може (а не мора) да биде тензична, не можам да заклучам дека исчезнувањето на билката е неприроден процес, ниту пак можам да заклучам дека треба да си ја сакаш државата (или Генцијаната што расте на тлото на твојата држава).

сликата на aceva
Ситуацијата е - од aceva на 3 декември, 2007 - 23:12

Ситуацијата е повеќе од тензична. Зегин плаќа/ше по 100 Евра месечно на дивите собирачи. Ниту сакаат, ниту треба да берат од планините. Во принцип, може да се култивира и да расне толку колку што му треба на Зегин или Алкалоид, ама тоа чини пари и малку знаење, а ова планиниве го доживуваат како “ничиво“. Кусогледоста веќе ја чувствуваат, затоа што треба да го увезуваме тоа што го имаме по дома. Пак ќе прашам, што е тука природно?

Цитат:

ниту пак можам да заклучам дека треба да си ја сакаш државата (или Генцијаната што расте на тлото на твојата држава)

А за ова си сосема во право. Чувството за убаво, широчината на душата, љубовта кон меките ливченца (независно каде раснат) - или ги имаш или ги немаш. Јас токму затоа се восхитувам од, за жал, ретките луѓе како што е Станислав кои го имаат тоа во себе.

I'm Winston Wolf, I solve problems.

комплицираност - од samsara на 3 декември, 2007 - 23:23

комплицираноста и сивината на умот наспроти едноставноста и светлината на срцето - вечна борба.

прекрасни слики, убавина и љубов во иэобилие. прв пат кога доэнав эа странава, пред месец и нешто, со саати ја гледав. се потпишувам 100% под ацева.

Со сиот ризик - од rabbit на 3 декември, 2007 - 15:44

Со сиот ризик да бидам етикетиран како вечен мрчатор на овој форум, морам да забележем дека Полјакот не направил ништо повеќе од она што го правиме сите ние баграџии: бил на убави места и направил фотографии. Е сега, разликата е што ние не правиме сајтови од тоа, а тој да. Убаво од него - ама тоа фоткиве не ги праи ремек дело. Верувајте, сум видел десетици македонски фотографи (некои од нив и на интернет) кои сериозно добро го фатиле мигот во Македонија.
Да не бидам сфатен погрешно: драго ми е што некој од Полска и се восхитува на мојата земја, ама да кажете дека само нему му текнало додека нашите спиеле - тоа е повторно уште едно плукање по своето & своите.

сликата на aceva
Воопшто не беше - од aceva на 3 декември, 2007 - 15:57

Воопшто не беше поентата да се докаже кој е поголем папа од папата, а ти комотно продолжи да си мрчиш.
Добро е што признаваш.

I'm Winston Wolf, I solve problems.

сликата на Zelka
од фотографска - од Zelka на 4 декември, 2007 - 09:24

од фотографска гледна точка фотографиите и не се нешто посебно.
човекот има некој си сенс, но не преголем...
но тоа не значи дека сајтот и гестот не се добри!

има сепак што да се види, и првентвено, човекот отишол да се прошета, а не да прави изложба или да се смара до тој степен со фотографија.

има автори, не велам не... но мислам дека ако на странец му дадеш апарат, ќе направи поубави слики од нас, стрикно бидејќи ја гледаат земјава по-различно од нас. не дека се подобри фотографи.

сликата на Парки
Има...има и наши - од Парки на 4 декември, 2007 - 01:05

Има...има и наши што ја забележуваат убавината http://foto.idividi.com.mk/topphotos.asp?period=7 и тоа каде каде поуметнички од странецов

http://parki.110mb.com

Јас знам дека - од rabbit на 4 декември, 2007 - 10:31

Јас знам дека по трафики и некои специјализирани продавници гледав бајаги добри разгледници, направени од македонски фотографи. А и неколку монографии излегоа на таа тема, направени од Македонци. Плус она ДВД “Ден во Македонија“. Значи, ниту нашиве дремеле, ниту се инфериорни во однос на Полјакот. Фино е што го направил тоа, ама глупо е да паѓате во несвест. Прво, фотките се бајаги просечни. Второ, затоа што ниту е првпат ниту единствен пат - лани, на пример, имаше огромен прилог за Македонија на Yahoo! Adventures, сите се палевме на тоа. А трето - колкумина биле во Египет, правеле фотки, па направиле сличен сајт за Египет? И никој во Египет не паѓа во несвест заради тоа.
Сакам да кажам дека на троа паричка се влажнат сиромаси, на женски флерт паѓаат неизживеани фраери, а на трошка внимание режат вени искомплексирани народи.
Баш да видам дали некој Македонец што ја сликал Полска на годишен одмор, во Полска би бил прогласен за херој??? Не затоа што Македонецот не го бива, туку затоа што Полска држи до себе.

сликата на aceva
Дали си свесен? - од aceva на 4 декември, 2007 - 11:27

И дали се читаш колку исфрустрирано звучи твоево писание, душо ситна зајачка? Никој не паѓа во несвест, никој никого овде не прогласи за херој, само сакав да споделам нешто убаво. Ама кој да зирне надвор од сопствените комплекси и фрустрации.
Секоја чест за примерот со Ден во Македонија, во режија на Иво Лауренчич, ептен македонец, на кој му го накршија од Министерство за економија, со пари.

I'm Winston Wolf, I solve problems.

Хехехехехехеее - од rabbit на 4 декември, 2007 - 12:49

Хехехехехехееееее.... Алооо, Ацева?! Па до пред два дена ти бришевме крокодилски солзи залеани по рахметли Југославија, мила и непрежалена, а сега ти фати да не строиш за Македонија... Ооооох, дајте аспирин....

сликата на excellent
О ти милно - од excellent на 4 декември, 2007 - 12:56

О ти милно зајаче, ти кажал ли некој во твојот уплашен зајачки живот во кои тоа случаи крокодилот лие солзи? Или вака ти е поедноставно, да треснеш нешто, несвесен дека со така употребената фраза сам себе си упаѓаш во уста?

--------
So, I’ve decided to take my work back underground.
To stop it falling into the wrong hands.

сликата на aceva
Хехехехехехеее - од aceva на 4 декември, 2007 - 13:55

rabbit напиша:

Хехехехехехееееее.... Алооо, Ацева?! Па до пред два дена ти бришевме крокодилски солзи залеани по рахметли Југославија, мила и непрежалена, а сега ти фати да не строиш за Македонија... Ооооох, дајте аспирин....

Не ти помага тебе аспирин. До тебе е. Имаш жално искривена перцепција.
Еднаш ти кажав, сега ќе ти повторам - не те играле другарчињата. А ти прашај се зошто. Јас знам.
Кај мене си на минус, не си арчи време да ми реплицираш.

I'm Winston Wolf, I solve problems.

сликата на Шлајка-спие
Ацева - од Шлајка-спие на 4 декември, 2007 - 14:36

Несомнено репликите ти се елегантно срочени, ама овојпат грешиш со контрирањето пошто-пото. Реплицираш "лапни-голтни, без да ја свариш храната", па сето ова личи на пошто-пото бранење на свој пост, реплицирајќи каде нема потреба. JohnFoe има коректен пристап кон проблемот. Затоа и твоите реплики и дискусијата воопшто таму е ОК. Нема потреба зада си рушиш големина со "идеш на минус" јавно, иако со дел од ставовите на rabbit има зошто да се сложиме.

сликата на aceva
Шлајка - од aceva на 4 декември, 2007 - 15:02

Ко Милка Бабовиќ звучиш. Де, опрај се.

I'm Winston Wolf, I solve problems.

сликата на Шлајка-спие
Хехехехехехеее - од Шлајка-спие на 4 декември, 2007 - 14:33

rabbit напиша:

... а сега ти фати да не строиш за Македонија...

Тука заеба работа.

Хехехехехехеее - од samsara на 4 декември, 2007 - 15:17

Шлајка-спие напиша:
rabbit напиша:

... а сега ти фати да не строиш за Македонија...

Тука заеба работа.

Ах, само тоа да е.

Целта на темава беше јасна: да се понуди нешто многу инспиративно и убаво.
А после тоа, се намножија критички реакции позади кои лесно можат да се насетат лични назадоволства и неспособност за идентификување со нешто убаво и позитивно - голем хендикеп, кој под маската на аргументирана дискусија сака згора на се и да доминира.

Цитат: Значи, - од дамјан на 5 декември, 2007 - 16:58

Цитат:

Значи, ниту нашиве дремеле, ниту се инфериорни во однос на Полјакот.

веројатно не, но „нашиве“ си ги кријат сликите некој да не им ги украде и никој не ги ни видел никад.

Пољакот поштено ги ставил на интернет сите да ги видат.

BTW.
не знам зашто некој не би сакал да паѓа на женски флерт.

сликата на Zelka
за жал кражби - од Zelka на 5 декември, 2007 - 19:41

за жал кражби на интелектуална сопсвеност се многу честа појава. верувај како фотограф сум гледал фотки од кои ми останува отворена устата. мене не ми е привлечна пејсаж фотографијата, бидејќи не е толкав предизвик, и како таква во моето портфолио не постои.
само ако имаш можност види ја колекцијата на на пр. Боро Рудиќ, или било кој фотограф од тоа годиште.
одма гомна да јадете! одма нашиве не чинат...

сликата на GoodBytes
Лесна промоција - од GoodBytes на 5 декември, 2007 - 19:59

Абе Зелка, во твој интерес е професионално да се промовираш на Интернет, барем тоа е една од најубавите придобивки на Мрежата, што сега секој има шанса „да каже што има“. Ако се плашиш од кражба на твоите фотографии, тогаш ти советувам да ги публикуваш јавно со мала резолуција, до 500-600 пиксели.

Иако ако не се лажам ти имаше галерија онлајн, нели?
--

сликата на Zelka
www.photo.net/photos/giotto - од Zelka на 9 декември, 2007 - 10:07

www.photo.net/photos/giotto

само јас не сликам пејсажи, а искрено не би си можел да си го издефинирам стилот. бркам ветикали многу и имам многи дијагонални линии во композициите, и барам што поклексни композиции.

јас можеби знам да фотографирам, но ми фали креативност (значи сам нешто да ми текне ептен ретко), и ми треба многу листање на фотографии да добијам идеа што не сум испробал до сега или - и ова не ми текнало! далеку дека сум плагијатор, него бидејќи сум самоук ми треба да „крадам’ знаење од поедуцирани од мене.

а инаку највеќе се крадат илустрации, односно наменски фотографии. моите се уметност и многу многу не се плашам од нивна кражба, но не велам дека на нп. некаде во светот има некоја си корица со моја фотографија.

сликата на Julls
Сеа ми текна бе - од Julls на 9 декември, 2007 - 12:24

Сеа ми текна бе Зелче, јас на заебанција пратив една фотка од Индија некаде у пизду матер у Канада, ми ја стаија у некоја книга на фотографии со најдобрите за таа година. А беше и меѓу првите три, ама не победни, имало побољи, се разбира!!! Ај ќе доаѓам наскоро по домите, па ќе те зврнам да видиш [се смее]
Нормално, пејсаж е, паднав у транс од убаина на моментот! Сликано на 31 декември на плажа, палми и зајдисонце, се разбира нели [се гази од смеење] Ама ептееен беше убаво!!!

И така,го сретнав Фикрет и Фикрет ми даде нешто бело и ми рече,на пробај,у пизду материну е добро

сликата на Zelka
а ѕирна ли тоа - од Zelka на 10 декември, 2007 - 08:20

а ѕирна ли тоа линкот горе?

сликата на Julls
Да бе, пратев И - од Julls на 10 декември, 2007 - 10:36

Да бе, пратев [намигнува]

И така,го сретнав Фикрет и Фикрет ми даде нешто бело и ми рече,на пробај,у пизду материну е добро

сликата на GoodBytes
Убави - од GoodBytes на 10 декември, 2007 - 18:32

Убави фотографии.
--

сликата на dimitar27
Заљо сине, ти ги - од dimitar27 на 12 декември, 2007 - 11:34

Заљо сине, ти ги глеам фоткиве . . . па се мислам . . . да те викнам да ми го сликаш бајкот, со се мене, или без (поарно-да не упропастувам фотка) шо викаш ? И колку ќе ме кошта тоа задовослтво (у пива израчунај ) ?