да а? - од Шлајка-спие на 3 декември, 2007 - 17:21
да се стопиме за да се разбереме кога веќе друго чаре нема?
Сељак, а бе не се ретардирани.. и ти си растел.. и ти си трипал на вистини кои биле поинакви пред на самиот тебе нешто да ти се еурекоса или пред да дојде некој кој не ти се праи курац ипол, не те иритирал, ти ’подава’ нов видик на тацна на особен начин, го прифаќаш, растеш, после па сереш нешто од свој (низ што се не поминал ) ракав и така во недоглед... пушти, дај полабаво малкуц.. Еднаш порано ти реков: не го следи примерот на тумач, и’ го накршува на атмосферата. Chill
Имам и со - од dimitar27 на 4 декември, 2007 - 08:55
Имам и со дозвола демек легално, и без (?!)
И ен се палам на пиштоли по дома (дете имам) туку имам некогаш и реална потреба, често патувам, паувам и сам, не сум у ауто, а одам на незгодни дестинации, а тоа да носиш „ни ајде ни пие“.
Ко помлад имав МАГНУМ без дозвола ама ми го одземаа, и фала му на Бога што не завршив у затвор. Сега казните се драконски, така да ако е без дозвола . . . лошо му се пишува на сопственикот, затоа мора брзо решение да се изнајде.
Често се расправам и по дома, дека нема потреба, дека ако не дај Боже некој и ми дојде да ме нападне ја нема време да го извадам (скриен е поприлично добро) ама како што кажа еден дискутант погоре, зошпто да нема шанса плус. Пази, не е прашање дали ја ке го вадам да пукам на пијано, прашање е што ако другиот чичко извади а ја нема со што да се одбранам?!?
А државава мене никако не ме одбранува, џабе ја плакам таа јебана полиција. Ми пљачкаат стан, полицијата се заебава, обиваат ауто, уштре поголема шега, обиваат одрум-ја не ни пријавувам, не ми е до шеги
Така да . . . пиштоли за у ауто да ги вадиш пред другарчињата НИКАКО, ама пиштол за да се заштитиш самиот или своето семејство-ДА, по можност со дозвола (која btw ептен тешко се добива по нормален пат).
Сељо . . .стварно си сељак, ебеш му матер
Па, според тосегашниов тек на анкетата, тоа се 55% што отприлика се поклопува со моите проценки за процентот на ретардирани на баграва.
Ја имам два типа оружје. Ладен поглед и трофеен хот стаф, од татко ми у наследство.
Муниција чувам обашка (у моментов и не можам да се сетам кај е) и не носам пиштоли нит пушки кога излавам.
Ладниот поглед го носам со себе.
Сето горенавенедено е во функционална состојба и крајно легално.
И зашто Сељо би ме бутнал ти у ретарде групата, те молам објасни ми?
Секој треба - од Сељачиште на 10 декември, 2007 - 10:36
Секој треба секогаш да ги ревидира сопствените ставови. Тоа би требало да е континуиран, непрекинат, бескомпромисен процес. Ревидираш, ревидираш и на крај гледаш што останало.
не мора да значи - од cozzarenostrale на 8 февруари, 2008 - 03:44
Не мора да значи дека некој доколку има оружје е ретардиран,
значи не се сите ретардирани иако ги има. Доколку беа ретардоси сите
со оружје, би било голем хорор. поголем од денешниот
Има и такви што не се палат, ама читајки историја заклучиле дека светот не е идила и дека оружјето понекогаш може да се покаже како корисна алатка (се разбира за тој што знае како да ја користи).
Поседувањето оружје го гледам како постоење на уште една опција, која веројатно нема да биде никогаш искористена, ама зошто да си го скратувам изборот.
Неколку американски статистики, од пред овој милениум додуше, ама мислите ли дека работите се подобриле од 92-ра навака?
- 22 пати е поверојатно дека оружјето кое се чува во домовите за заштита ќе убие некој кој го познаваме, отколку да убие напаѓач во само-одбрана. Kellermann, New England Journal of Medicine, 1997
- Ризикот од самоубиство е петпати поголем во домовите кои поседуваат оружје. Kellermann, New England Journal of Medicine, 1992
Јас мислам дека ризикот за злоупотреба на оружјето што би го поседувале, легално или нелегално, е далеку поголем од можната добивка. Учење на боречка вештина е каде-каде подобра инвестиција во самоодбраната.
- Ризикот од самоубиство е петпати поголем во домовите кои поседуваат оружје.
Јас мислам дека ризикот за злоупотреба на оружјето што би го поседувале, легално или нелегално, е далеку поголем од можната добивка.
Значи ти би си го скратила изборот, пошто не си веруваш доволно. Ок е тоа, ама е индивидуално.
Ти можеби си веруваш себеси (со живот) дека никогаш нема да имаш моменти на слабост. Јас како загрижен сосед не ти верувам и затоа сакам да ти ја одземам можноста и дома да чуваш пушки и пиштоли.
--
а јас како - од JohnFoe на 5 декември, 2007 - 14:35
а јас како прониклив сосед не сакам да ти дозволам да ми ја одземеш можноста да правам што сакам со мојот живот, во мојот дом и во мојот приватен живот.
поседувањето оружје само по себе не претставува чин на загрозување на твојата безбедност (а ни на мојата), повеќе претставува опција плус да те предупредам за да се одбранам (или некое мое добро или право); иманентна опасност (како и возењето кола); состојба на контролиран ризик во којa не сум сигурен дека твоето практикување на "повисоки морални стандарди" - не е само обид to have the upper hand...
а јас како - од Сељачиште на 5 декември, 2007 - 14:53
JohnFoe напиша:
а јас како прониклив сосед не сакам да ти дозволам да ми ја одземеш можноста да правам што сакам со мојот живот, во мојот дом и во мојот приватен живот.
Еве уште еден од многуте различни облици на фамозниот „све треба да биде дозволено“ аргумент. До кога ќе се учиме? Сфаќате ли дека живеење во општество значи доброволно откажување од разни природни права? Што ќе се случи доколку сите имаат оружје?
Ајде мало потсетување за оние ретките кои не се плашат да си го прошират знаењето. Овие вооружениве историски инспирирани плиткоумници нека обрнат особено внимание на делот за разликата помеѓу цивилизацијата и дивјаштвото. Мајмуни едни.
Во Канада и - од Сељачиште на 5 декември, 2007 - 15:40
Во Канада и Швајцарија имаат полни стомаци и ладни глави. Toa прво и основно. Понатаму:
Ништо, велиш, особено не се случува? Ај да видиме.
Во Швајцарија поседувањето оружје е одбрамбена доктрина на земјата која води корени од втората светска војна и се однесува на сите мажи од-таа-до-таа возраст.
Во Канада оружјето е растечки проблем. Според некои истражувања дури 90% од испитаните Канаѓани се пожалиле дека биле посредно или непосредно афектуирани од настан поврзан со вооружено насилство. Во Канада вкупниот криминал опаѓа но само поради тоа што невооружениот криминал е многу опаднат. Но, од друга страна, вооружениот криминал е на највисоко ниво во историјата на Канада.
Во Црна Гора, од 1990 до денес бројот на луѓе кои се изјасниле дека поседуваат оружје пораснал за околу 30%. Во истиот период, бројот на убиства изведени со нелегално оружје пораснал за 8%. Линк.
Сељачиште, - од дамјан на 5 декември, 2007 - 16:44
Сељачиште, треба да правиш разлика помеѓу поседување оружје и носење оружје... Мене поседувањето оружје не ми смета, но носење оружје ми смета и те како.
Уште поголем проблем е што разни пара-полициски организации во републикава имаат некако(ва) дозвола да носат оружје и ми доаѓаат дома да ми се закануваат со истото.
Сељачиште, - од Сељачиште на 5 декември, 2007 - 20:52
дамјан напиша:
Сељачиште, треба да правиш разлика помеѓу поседување оружје и носење оружје... Мене поседувањето оружје не ми смета, но носење оружје ми смета и те како.
За да носиш оружје треба да го имаш. Ако не го носиш, за кој кур ќе ти го? За у витрина?
дамјан напиша:
Уште поголем проблем е што разни пара-полициски организации во републикава имаат некако(ва) дозвола да носат оружје и ми доаѓаат дома да ми се закануваат со истото.
Колку повеќе луѓе со оружје, толку поразвиена култура на носење оружје, толку повеќе вооружени пара-полицајци и останати дебили. Колку повеќе оружје има, толку понормално станува оружјето.
За да носиш оружје треба да го имаш. Ако не го носиш, за кој кур ќе ти го? За у витрина?
Лично не би трошел пари за оружје, арно ама имам дома пиштол у наследство. Нема да го носам со мене (освен ако не планирам да убијам некого), но нема да го продадам или уништам.
Кога не знаеш - од dimitar27 на 6 декември, 2007 - 11:40
Кога не знаеш како треба или како е НАЈдобро, види што користат и како прават Америкацните
ГБ, ако сакам ја да те убијам или повредам, тебе или твоето семсјтво, ќе земам нож од дома и ке ги искасапам децата кога ке си доагаат од школо. Глеј шо прават кретени со деца, а немаат оружје: http://www.vecer.com.mk/?ItemID=FB5C411A319DDB48B1934F8225FAC4AB
За тоа дали сум доволно убеден во својата „самосвестност“ па да не си го одземам животот со пистолетката, хм, па ке се џитнам од зграда, ке попијам 70 лексилиума и млаку апаурини (не дека ќе ме убие ), зар само со пиштол се САМОубиваат ?!?
Поседување оружје не е исто со дозвола за носење оружје, и мислам (со овој памет) дека е најбоље да се остава дома ганот, за да не дојде во момент на афект ( ми ја фатил женската за гз некој сељак) да направам глупост, а док отидеш дома, ке изброиш до 200, ќе размислиш и ќе сватиш дека не се исплати 10 години робија за една „обична“ женска
Све у свему, јас мислам дека треба да се има право за носење оружје, секако со сериозна контрола од државата, зошто вака, пак сите што сакаат имаат, само е нелегално, и е многу потешко да му се влезе во траг при евентуално убиство (ако е со дозвола се знае кој има таков калибар а и муницијата се запишува кој ја купил)
Така да . . . носете оружје, зошто другиот СИГУРНО носи ! ! !
Ха, ха... Можеби тие кои сметаме дека не треба да се чува оружје дома ги земаме како модел најлошите типови луѓе кои можеме да ги замислиме (или кои навистина ни се комшии), а тие кои се за чување оружје се земаат себеси и бескрајно си веруваат. Значи, мојот став доаѓа од стравот дека некој лудак ќе запука на моето семејство затоа што со некој мој гест „сум го изнервирал“. Ова што се случува и во Македонија и во многу земји од светот ми покажува дека имам причина од такви лудаци да се пазам, нели?
За да сум на сигурно, велам најарно да немаш пушка, да ми дојдеш со секира, па јас да те изгазам со трактор ако ми влезеш во њива! Се надевам немаш комбајн, зашто ќе ја направиме големата.
На крајот од сè, работата се сведува на демократско надгласување на едниот над другиот табор. САД е земја која дозволува и лесно пешадиско вооружување дома, баш заради тоа демократско лобирање на произведувачите на оружје. Не сум убеден дека на Америте им е помирен и побезбеден животот, ако се изведе еден просек и се спореди со некоја друга слично богата држава (споредба со Норвешка не е фер за Америте, исто како и со некоја сиромашка африканска држава).
--
Значи, мојот став доаѓа од стравот дека некој лудак ќе запука на моето семејство затоа што со некој мој гест „сум го изнервирал“. Ова што се случува и во Македонија и во многу земји од светот ми покажува дека имам причина од такви лудаци да се пазам, нели?
Твојата параноја дека ќе те нападне луд комшија е одприлика иста како на тие во САД што се фураат на терористи.
Шансите да загинеш во сообраќајка се сто пати поголеми отколку да те убие некој во афект. Ако веќе се плашиш од второто, првото мора да те ужаснува. 0.05% од населението гине, и околу 1% е повредено, без дури ни да изнервираат некого. Да го укинеме и патниот сообраќај?
Како и секирите, ножевите, тракторите и другите ладни оружја наведени погоре. Тоа се предмети кои имаат примена во - олеснување на секојдневниот живот, а ако се употребат за одземање на живот, се работи за злоупотреба или несреќа. Која е основната и единствена примена на огненото оружје, заради кое е направено и развиено? Убивање на животни и луѓе. И плашење на истите.
Кога ќе размислам, имам аргумент и за про-оружје страната: И онака сме пренаселени..
Која е основната и единствена примена на огненото оружје, заради кое е направено и развиено? Убивање на животни и луѓе. И плашење на истите.
несомнено.. проблемот е што сега, кога веќе тоа е направено и развиено? значи, касните едно 100-на години, или ако се гледа поинаку, касните едно неколку милениуми (порано имало лакови, стрели, копја, мечови, и иако некои од нив биле "неопходни како сообраќајот" сепак биле развивани и направени за да убиваат луѓе и животни). прашањето е што сега?
само да модифицирам една реплика од Кум 3:
"It's the price you pay, for the society you choose"
Патниот сообраќај е неопходен, корисен, за арно служи.
Служи за тоа за што ќе биде употребен.
Оружјето не убива - луѓето убиваат.
Забранувањето на алатка е во својата суштина исто како забранувањето на информација.
Ситуацијата во која едни имаат, а други не смеат да имаат оружје создава нерамноправност.
Општеството е компромис на потребите и желбите на индивидуите. Тоа што вие ја цените моменталната лична безбедност повеќе од некои други работи, си е ваша работа. Не значи дека другите се ретардирани, или дека вие сте „поморални“. Едноставно толку гледате
Ситуацијата во која едни имаат, а други не смеат да имаат оружје создава нерамноправност.
Кој спомна така? Муабетот е, јас барем така го разбрав, никој да нема оружје дома. Поточно, мојот став е: цивилите воопшто да немаат оружје (ни поседување ни носење), ловџии да имаат ловечки пушки (но тоа е поголема тема, влегува и во заштитата на природата, не ми се елаборира за тоа сега за да не избегаме од темата), а лиценцирано приватно обезбедување, полицајци и војници да имаат оружје на работно место (од оружана да го земаат и таму да го враќаат по завршување на смена).
Значи, тоа би била единствената „нерамноправност“ во поседувањето оружје, но и тоа е дискутабилно, бидејќи се работи за избрани лица на кои граѓаните им ја делегирале својата безбедност (со строго дефинирани закони).
--
Зборуваш за - од miopa на 6 декември, 2007 - 20:35
Зборуваш за некоја утопија или за реални услови?
Криминалците секогаш ќе имаат оружје, без оглед дали е дозволено или не.
Контролата на граѓаните врз полицијата е исто многу нереална работа. Луѓето на власт во најголемиот број случаи ќе тежнеат да ја искористат за да ја задржат.
На крај, самиот концепт на „демократија“, дури и кога би функционирал како што треба е преопасен за да ја потпреш својата безбедност исклучиво на системот. „Мнозинството“ најчесто е расистичко, необразовано и водено од најниските страсти.
За трите ситуации можам да ти дадам неброени историски примери.
Се што има на твојата страна на приказната е дали 0.002% или 0.001% од населението годишно ќе гинат поради нервирање на луди комшии. Преседанот дека има алатки или информации што треба да бидат општо забранети заради нечива (замислена) лична моментална безбедност е многу пострашен. Каде ќе ја поставиш линијата?
Edit: Можеби кај средствата за масовно уништување.
полнолетен, има IQ поголем од 49, и околу 15 000 ден
Ако тоа е сè што е потребно за лиценца, тогаш не - потребно е да се подигне критериумот и да се воспостават периодични контроли со психичка евалуација и проверка на дотогашното однесување.
--
Шансите да загинеш во сообраќајка се сто пати поголеми отколку да те убие некој во афект.
Сигурно денес во сообраќајка загинале и се повредиле многу луѓе, но сепак, транспортот е корисен и плус се прави побезбеден, за разлика од оружјето кое на современ човек не му треба. Значи пак да потенцирам, јас оружјето би го одзел мислејќи на вакви лудаци (ова се случи вчера), кои мој личен впечаток е дека зачестија во „најнапредната“ земја во последниве години.
--
Служи. Кога го немаш, си во подредена позиција во однос на тој што го има. Јас со огромно задоволство би гласал за свет без оружје, ама природата на нештата е таква што тоа е неостварливо.
Неповрзано со оружјето, мислам дека нашето несогласување произлегува од тоа што ти веруваш во праведноста и цврстината на законите и поредокот, а јас не. Само да те потсетам дека моментално власта во Р.М. смета дека ти си криминалец поради тоа што пушиш марихуана, и е спремна да употреби оружје за да те присили да одиш во затвор.
Кога го немаш, - од dimitar27 на 7 декември, 2007 - 09:08
miopa напиша:
Служи. Кога го немаш, си во подредена позиција во однос на тој што го има. Јас со огромно задоволство би гласал за свет без оружје, ама природата на нештата е таква што тоа е неостварливо.
Неповрзано со оружјето, мислам дека нашето несогласување произлегува од тоа што ти веруваш во праведноста и цврстината на законите и поредокот, а јас не. Само да те потсетам дека моментално власта во Р.М. смета дека ти си криминалец поради тоа што пушиш марихуана, и е спремна да употреби оружје за да те присили да одиш во затвор.
--
Краткиот живот гори појасно
Се согласувам со Миопа, целосно во однос на поседување и носење оружје.И јас би бил пресерќен да може да нема ниеден пиштол на светов, ама пусто не е све како што јас сакам, како за ова, така и за многу други работи.
За марихуаната:
Не мислам дека е сеуште така во РМ, зар уште те третираат ко криминалец ако те фатат со џоинт или паковка у џеп?!?
Не, не веруем, па и најобичните џандари се поднаучија, знаат валда кој е дилер а кој јузер?
Последни коментари