Вештачка интелегенција


Ова е денешната насловна страница на The New York Times - International News секцијата. Ја забележувате рекламата за тоа колку безбедна и пријателска земја е Македонија. Но, текстот под рекламата НЕ е за Македонија, иако сликата потсетува на Скопје - улица полна со ѓубре, бадијалџии наоколу ... дури откога прочитав „Багдад“ во насловот, сфатив дека не е за нас и сторијата.
Рекламните пораки кај големите сајтови обично се појавуваат во контекст со содржината, со мала, програмирана доза на вештачка интелегенција, под премисата дека оној што чита некаква содржина, треба да добие и соодветна реклама.
Е сега, како не поврзала дотичната вештачка интелегенција со Багдад - не знам, но ако поразмисли човек, не сме многу далеку ...
::се смее кисело::

Опции за гледање на коментари

Избери го посакуваниот начин за прикажување на коментарите и кликни на „Активирај“ за да ги видиш измените.
Слика на fLeX

Све мислам дека

Све мислам дека ако си платил за оглас на прва страница на New York Times, таква и ќе добиеш, без разлика дали сторијата под неа е за украински курви, плажите на Мартиник илл срањата во Багдад , како во случајов.

Што и да мислиш, исто ти се фаќа:)

Слика на gojko

не верувајте на сите онвинари

Дали Њујорк Тајмс дали некој наш исто ти се фаќа. За жал новинарите штитат нечии интереси, тие не информираат, тие навиваат за некого. О затоа суперќе биде луѓето да купуваат месечник отколку дневни весници кои само атракции и лаги даваат а никако не прават анализи.

Слика на judge

У реду е, гојко,

У реду е, гојко, ама овде не збориме за новинари ... туку за реклама (несреќно позиционирана).

Слика на toomuchisnotenough

тек

тек овие...
___________________________________________________________________
Пуцајте -- ја и овде држим час!

Слика на Robomarket

New Business Heaven in

New Business Heaven in Europe!? Ба ха ХА! Не знам кој се осмелува да ветува работи кои не се исполнуваат така едноставно.

Слика на judge

New Business Heaven in

Robomarket wrote:
New Business Heaven in Europe!? Ба ха ХА! Не знам кој се осмелува да ветува работи кои не се исполнуваат така едноставно.

Па, ако ништо друго, ќе имаат забава: тепачки у Парламент, понекоја акција по околните планини ... живот к`о на филм! Плус, лепотани им се шетаат на телевизија: Тачи, министерон за здравство (забравам-му-името), Силвана Бонева, па улижаните СДС-Овци ...

А дека е седмо небо, седмо е, само не за поштени бизниси.

Слика на dimitar27

Џаџ . . .

Џаџ . . . претеруеш чоече, жиВми сВе :)

Сега па и вештачката интелегтенција ја одбира Макеоднија и рекламата и по некои си „вештачки интелегентнуи“ критериуми ја закачува со приказна од БАГДАД ?!?
И ако е од тебе, МНОГУ е брате, МНОГУ Е :)

BONUM PENIS PAX IN DOMUS

Слика на Zelka

има нешо против

има нешо против владава, па ја критива на секој можен начин, дури и да е тоа реклама со насловна од багдат. изгеда треба да има слика од некоја македонска идила, ама добра вест не е вест пријатељу!
иако е тешко да се сфати дека се плаќа за рекламата, не за веста...боже...

Слика на GoodBytes

интелИгенција

Заедно со „Купувајте македонски производи“, оваа кампања (Invest in Macedonia) е најдобрата која досега се спровела. За да биде се' како што треба, потребно е во еден момент да се направи пресек и да се даде отчет колку (наши) пари се вложени и колкав (проценет и реален) ефект е постигнат до тој момент.
--

Агрегирање содржина