Чување новороденчиња по јапонски

Денес дознав дека во Јапонија е вообичаено мајката еден месец пред пораѓање да се врати (со се децата, ако веќе имаат) кај нејзините дома, додека таткото си останува во станот - ама тоа и не е толку проблем бидејќи и така и така е од сабајле до вечер на работа. :)

Опции за гледање на коментари

Избери го посакуваниот начин за прикажување на коментарите и кликни на „Активирај“ за да ги видиш измените.
Слика на gojko

чување бебиња по македонски

Убаво напреден народ така треба. Двајцата се зафатени да заработат кој ќе го чува детето? Не мора ни да го галат со саати да стане зависно како овде. Доволно е само мало внимание.
Оди објасни им го тоа на оние илјадници кои одат по ноќни журки(ова не важи за ученици).
Они ќе ти кажат дека сакаат сами да се шират во станот, не им треба баби и дедовци - не можат ни сами да се поднесат а камоли некој друг. .
Наместо бебиња миленичиња ќе чуваат. Или не се доволно силни да бидат мајки од многу цигари и нездрав живот со години.
Секоја чест на исклучоци меѓу нив.
Ми се допаѓа во последно време политиката за трето дете повластици.
И за крај замерка за тие што лошо се понашаат со бебиња и деца.
Радувајте им се ама не можете да ги поседувате.
Премногу притресување од старт го правиш несигурно.
Челичете ги уште првите месеци така од старт ќе се навикнат на секакви временски услови.
Внимавајте на нивните петици, табани да газат по нерамен терен и да одат на прсти оти врие од дустабајнлии кај нас т.е. водете малку сметка за тие ситни но мн. важни детали со кои правилно се изградува личноста понатака.

Слика на fLeX

чување бебиња по македонски

gojko wrote:
Убаво напреден народ така треба. Двајцата се зафатени да заработат кој ќе го чува детето? Не мора ни да го галат со саати да стане зависно како овде. Доволно е само мало внимание.
Оди објасни им го тоа на оние илјадници кои одат по ноќни журки(ова не важи за ученици).
Они ќе ти кажат дека сакаат сами да се шират во станот, не им треба баби и дедовци - не можат ни сами да се поднесат а камоли некој друг. .
Наместо бебиња миленичиња ќе чуваат. Или не се доволно силни да бидат мајки од многу цигари и нездрав живот со години.
Секоја чест на исклучоци меѓу нив.
Ми се допаѓа во последно време политиката за трето дете повластици.
И за крај замерка за тие што лошо се понашаат со бебиња и деца.
Радувајте им се ама не можете да ги поседувате.
Премногу притресување од старт го правиш несигурно.
Челичете ги уште првите месеци така од старт ќе се навикнат на секакви временски услови.
Внимавајте на нивните петици, табани да газат по нерамен терен и да одат на прсти оти врие од дустабајнлии кај нас т.е. водете малку сметка за тие ситни но мн. важни детали со кои правилно се изградува личноста понатака.

А ти ова од рукав, или од искутво? Имаш копиљација по одма?
Што и да мислиш, исто ти се фаќа:)

Слика на gojko

само потсетување

ја само потсетувам инаку ова е општо позната работа.Само постојат одговорни и неодговорни луѓе батка.Едните се трудат како подобро да се развива бебето, а другите како што е родено такво ќе го остават.
А и од искуство, сум растел со внуци.

Слика на fLeX

само потсетување

gojko wrote:
ја само потсетувам инаку ова е општо позната работа.Само постојат одговорни и неодговорни луѓе батка.Едните се трудат како подобро да се развива бебето, а другите како што е родено такво ќе го остават.
А и од искуство, сум растел со внуци.

Ништо, седи кец, коа ќе имаш свое ќе ти уважам мислење, пошто ова горе напишаново ти е тресење зелени биг тајм.

Што и да мислиш, исто ти се фаќа:)

Слика на lujka

„Челичење“

Јас ќе си се притресувам за моето дете (кога ќе го имам) и ќе го галам. Ти своите „челичи“ ги ако сакаш. :P

Колку за твоја информација:

1. Ако уште од првите месеци ти своите деца ги навикнуваш на секакви временски услови ќе им навлечеш една супер-челична пневмонија (тоа ти е „запалење плуќа“). Токму затоа што не го поседуваш своето дете не смееш да го изложуваш непотребно на објективна опасност за здравјето и да му одредуваш или „поместуваш“ граници на издржливост.

2. Оние луѓе на кои во детството им фалела родителска љубов често понатаму се оние кои органите на власта ги бараат за сенешто.

Digital power to the people, бе!

Слика на Сељачиште

„Челичење“

lujka wrote:
Ако уште од првите месеци ти своите деца ги навикнуваш на секакви временски услови ќе им навлечеш една супер-челична пневмонија (тоа ти е „запалење плуќа“).

А?

Слика на gojko

Оф мори Мајко

Лујка погрешно толкуваш челичење. Не е тоа во смисла бебе да буричкаш во ладна изворска вода. Дури не е со премногу мазнење (душо, срце, злато). Мајките е нормално да дадат таква љубов, а машките само привремено додека не неправи 1г. Колку и да е буцко не смее родителот да потпадне под емоции во стил “Купи ми сладолед буаааа“. А он само да му ја симнува месечината така самиот родите уште од бебе почнува да го учи на корупција.

Слика на fLeX

Бебе неможе да

Бебе неможе да се размази. И да сакаш. На бебињата им е потребна љубов, нега и грижа. Со тоа неможеш да ги разазиш, пошто тој концепт не го рабираат, па секако не до својата прва година.
Како тоа не потребно таткото ?! Ти мора да си луд или да ти смрдат чорапите. Може таткото да неможе да дае цицка, ал све друго може и треба да дае. Така се формираат тие нераскинливи врски во семјеството.
Сите деца кенкаат за сладолед, и ова е прва пат да видам некој да поврзуе сладолед, деца и корупција у една раченица. Може и не требаш да имаш ти деца...

Што и да мислиш, исто ти се фаќа:)

Слика на gojko

А бе вообразенко

Ти некако се во иронија и како да сакаш да ги наведуваш луѓето дека се знаеш и дека во се си во право
Па се разбира дека им е потребна нега, љубов, внимание и сл. до првата година.
И сигурно првпат ќе ти е некој така да поврзува. А ја ќе се запрашам дали ти си имал контакт со напатени намачени луѓе кој го познаваат животот со сите леснотии и тешкотии или повеќе си имал контакт со размазени машки кои секој ден се депилираат и шминкаат со лобело и женски кои никогаш не измиле садови и живеат како кралици.

Слика на fLeX

Гојко младичу,

Гојко младичу, нит знам се, нит имам право да некого навредам. На темава само ќе кажам само ова ; јас имам дете, ти не, па кажи ми кој би можел да биде во право или да е најблиску до вистината.
А вториот дел од постот некако не ти го разбирам. Ако сакаш може да ми објасниш што сакаш да ме прашаш и што тоа би значело за дискусијава.
Што и да мислиш, исто ти се фаќа:)

Слика на yarre

Vakcini

Се мислев дали да напишам но сепак ке ја поставам темата за размислување.
Веке на широко во светот се води полемика за вакцинирањето, односно НЕвакцинирањето. Во Скандинавските земји, и Германија е по избор на родителот, со тоа што педијатарот го запознава родителот со СИТЕ нуз ефекти. Стапката на вакцинирани е се помала, а како зема замав, и Словенија и Хрватска го следат тоа темпо. Полемики се водат по сите форуми, каде има прилично "old school" но и нови размислувања од врвни светски епидемиолози.

Интересен е податокот дека 90% од болестите за кои се вакцинираат децата, не постојат, а оние 10 % кои се реално можни, заболувањето трае дупло подогло кај невакцинираните од вакцинираните што не е хендикеп да детето не биде вакцинирано. Да не збориме за се поголем наплив на нови болести (Аутизам и сл) кои директно се поврзуваат со вакцините во коктел.

Иако знам дека лекарите се најлоши пациенти, токму некои од нив на своите внуци не даваат вакцини, а и никогаш не кажуваат за фатален резултат од вакцини, кој иако мал процент, секогаш го има и постои. Во последните 30 години случаевите за детска парализа на пример директно за причинител се зема вакцината.
Дали знаете на пример дека предвреме родените деца спрема имунолозите (оние кои се За вакцинирање) треба да се врши со специјални вакцини (кои кај нас ги има од кинеско производство) ама ниеден педијатар не го знае тоа.

И да, дојдов до податок дека пред 10тина години дошол некој министер за здравство кој наредил децата да се вакцинираат после 5тата година старост. И погодете, бројот на болести од кои се вакцинираат децата се намалил за 93% .

Дали треба на децата да им вбризгуваме вакцини, кои осем болестите, ги труеме и со конзервансите за истите (жива, формалдхиди....)

Мојот син не е вакциниран од ништо, а здравје и наредните деца. Законски имате право да одбиете. Јас одбив.

ПС: По нет се вртат разни документарци Гуглајте - vaccines the hidden truth.

Слика на ип

Vakcini

yarre wrote:
Мојот син не е вакциниран од ништо, а здравје и наредните деца. Законски имате право да одбиете. Јас одбив.

Глупости.
Прво, живееш во заблуда! Во Македонија немаш право на избор, т.е. законски си обврзан да го пријавиш своето дете и да му отворат картон за вакцинација. Всушност и педијатарот на твоето дете е законски обврзан да ве пријави во полиција ако утврди дека не го вакцинирате детето.

Второ и многу побитно: размислувајќи вака се покажуваш како крајно неодговорен родител, доведувајќи го во животна опасност пред сè своето дете, но и останатите кои контактираат со него.
И воопшто не е точно дека „90% од болестите за кои се вакцинираат децата не постојат“. Сите до една од болестите од кои ќе се вакцинира твоето дете постојат и се реална потенцијална опасност. Оние болести кои се сметаат за искоренети (пред сè благодарејќи на вакцинацијата во минатото), се изземени од листата на вакцини. Оваква болест е на пр. Вариола Вера (позната и како Големи сипаници), за која СЗО смета дека е искоренета бидејќи последниот познат случај е од 1977; ако си стар 30-тина години веројатно си вакциниран и од неа. Ако си роден 1980 или потоа, не си!

Денес децата примаат вакцини за:

1. Хепатитис Б
http://en.wikipedia.org/wiki/Hepatitis_B

2. Дифтерија
http://en.wikipedia.org/wiki/Diphtheria

3. Тетанус
http://en.wikipedia.org/wiki/Tetanus

4. Пертусис (Голема кашлица)
http://en.wikipedia.org/wiki/Pertussis

5. Туберкулоза
http://en.wikipedia.org/wiki/Tuberculosis

6. Мали сипаници (Морбили)
http://en.wikipedia.org/wiki/Measles

7. Заушки
http://en.wikipedia.org/wiki/Mumps

8. Детска парализа
http://en.wikipedia.org/wiki/Poliomyelitis

9. Рубеола (само за девочиња)
http://en.wikipedia.org/wiki/Rubella

За сите болести ти ставив линкови на Wikipedia за да се увериш дека се сè уште живи и исклучително опасни. Единствено детската парализа е болест за која од 2002 година се смета дека е искоренета од Европа и е можно да се прекине со вакцинацијата за неа; сепак, за тоа е потребна и препорака од СЗО.

Слика на gojko

мора да си доктор

Прво тој закон со вакцини не мора да се почитува, затоа што секоја вакцина не влијае исто за секого. А и самите доктори во приватен муабет ги имам наслушнато дека на нивното бебе/дете последната работа што би ја направиле е да му дадат инекција.
Второ паметниот човек му прави на своето бебе/детенце на чаеви направени од специјални тревки кои лечат секакви болести, потоа на акупунктура и ортопед. Накусо алтернативна медицина.

Слика на judge

Vakcini

yarre wrote:
Интересен е податокот дека 90% од болестите за кои се вакцинираат децата, не постојат, а оние 10 % кои се реално можни, заболувањето трае дупло подогло кај невакцинираните од вакцинираните што не е хендикеп да детето не биде вакцинирано.

Поточно, твојата реченица треба да биде дека 90% од болестите против кои се вакцинира виртуелно не постојат, и тоа баш поради редовното вакцинирање (со нагласок на она „виртуелно“).

А Скандинавците и Германците воопшто не живеат во иста околина како нашата. Нивните стандарди за чистотија и превентивно здравство се 200 години пред нашите. Тоа е причината зошто таму имаат таков избор. Тие си имаат други проблеми, како што е стареењето на населението, ослабувањето на генскиот пул, итн., но тоа не се решава со вакцина.
Помини малку низ Гази Баба, по Бит-Пазар, почекај во некоја чекална на Клиники, па ќе ти стане јасно дека мора да ги вакцинираме децата.

Мислам дека многу опасно се однесуваш кон своето дете. Консултирај доктор(и), па донесувај такви одлуки.

Слика на ип

Статистика за

Статистика за вакцинација:

За Македонија, Шведска, Норвешка, Финска, Данска и Германија.

Прво, сите горенаведени земји имаат стапка на вакцинација поголема од 90% од популацијата.
Во Македонија е веројатно ~97%, во Шведска, Норвешка и Финска е веројатно помала.
Според статистиката од СЗО, Македонија има одлична програма за имунизација. Ако ги споредиме бројките на евидентирани случаи, особено на екстремно опасната голема кашлица (пертусис), можам да заклучам дека во Скандинавија живеат поголем број на вакви глупави луѓе како yarre, кои по избор не ги вакцинираат своите деца!

Слика на judge

ПетарК, од кај

ПетарК, од кај ти се вакви информации за Јапонија и Јапонците?
Да не имаш некој јапонски шпион во непосредна околина? :-)
Внимавај, не давај информации за нас, ти си од ВБРО! :-)

Слика на PetarK

И шпионот да не

И шпионот да не има сестра во соодветна животна ситуација? :)

Слика на aleksandra85

Леле

Леле Баграши се фамилијарни луѓе.Ајде сега некој да напише како се повива бебе,која кашичка во кој месец се дава,или да отвориме рубрика бебе-багра као онаа емисијата бебе магазин.

кога мудрецот ќе покаже кон месечината будалиот гледа само прст

Слика на Сељачиште

Во 21. век бебиња

Во 21. век бебиња не се повиваат. Им се менуваат пелени.

Слика на gojko

Дај мислење од женски агол

Еј па женско си гукни нешто да чуеме како гледаш на ова од женски агол.
Како треба да се однесува мажот кон бебето?

Слика на fLeX

Дај мислење од женски агол

gojko wrote:
Еј па женско си гукни нешто да чуеме како гледаш на ова од женски агол.
Како треба да се однесува мажот кон бебето?

Kорекција; Сељачиште е МАЖ-от, јас сум невеста :lol:
Што и да мислиш, исто ти се фаќа:)

Агрегирање содржина