има филмови на - од slave=brainstorm на 12 ноември, 2007 - 20:32
има филмови на интернет, кој сакаш, само ти треба битторент клиент.
макар што јас порадо давам сто денари за два филма на едно дивиди, (едниот го сакаш , а другиот ко за инает не го поднесуваш)отколку со саати да го чекам да се даунлодира.
колку за пример Канада толерира домашна, непрофитна пиратерија. Што значи даунлодирање или копирање на филмот од другарчиња е дозволено
Budha, Zeus, God help anyone!? Satan you owe me one!!!
Едноставно - тантиеми. Ова најчесто кај музичарите, писателите, филмаџиите ... Имам една тетка која само по основ на авторски права на неколку учебници (чиј автор е), добива по 20-30 илјади евра годишно.
Во други случаи, како што е софтверот (претпоставувам дека тоа ти беше прашањето), авторските права ти даваат право да го наплатиш својот труд, бидејќи софтверот е нематеријална вредност (иако авторските агенции инсистираат да пишува „испорачан на ЦД/флопи/магнетна лента“).
Но, јас имав предвид нешто сосема друго: (Не)почитувањето на авторските права создава погрешна перцепција кај граѓаните дека интелектуалниот труд е помалку вреден. Во јавноста не постои чувство за вредност на изработен софтвер, нацртана илустрација, фотографија и слично. Повеќе ценат некој - што знам - столар, од програмер. Зошто и би имале вакво чувство, кога интелектуални трудови вредни од неколку десетици долари, па до неколку илјади долари, буквално се крчмат на секое ќоше за по сто денари (и тоа во дупла доза).
Кога вистински би се применувале сите прописи за авторските права, сигурен сум дека луѓето ќе осознаат што е повредно и колку креативен и интелектуален труд е вложев во ваквите дела.
Повеќе ценат некој - што знам - столар, од програмер. Зошто и би имале вакво чувство, кога интелектуални трудови вредни од неколку десетици долари, па до неколку илјади долари, буквално се крчмат на секое ќоше за по сто денари (и тоа во дупла доза).
Знаеш дека во едно столче се вложени информации исто како и во софтверот. Се разбира повеќе ги има во софтверот, но сепак.
Како и да е, дискусии за тоа колку вредат интелектуални трудови тешко може да се водат во ситуација кога оној кој е спремен да гине за своите права од интелектот без проблем бесправно користи туѓи. А во Македонија „оној“ најчесто сме сите. Дури и aceva која тврди дека заработува од музика, сигурно за најновиот албум на што знам, бијонси, јуту, боб дилан или кој и да е се обраќа до торент, соулсик или пазар.
Така темата пиратерија открива повеќе одошто на прв момент се чини.
--
Don't attribute to malice what can be explained by incompetence.
Имам една тетка која само по основ на авторски права на неколку учебници (чиј автор е), добива по 20-30 илјади евра годишно.
Во Македонија? тоа со учебниците во Македонија е блиску до организиран криминал али тоа е друг муабет...
Па, да се каже дека се` е криминал, е претерано генерализирање. Има чесни луѓе. Тетка ми, на пример, е чесна, тоа можам да го тврдам бидејќи ја познавам.
А дека има криминал во учебникарството, има.
Прашањето ми беше конкретно до ацева... ме интересира нејзиниот личен случај.
Чоекот ми е музикант. Негде во јуни месец добива плик од ЗАМП у кој што пише - таа песна толку пати пушатана по свадби, по фестивали или погреби - толку пари, и така на едно дваес страни. Човекот иде во Комерцијална, зима парите и ми ги дава мене. Ја идам купувам 365 леба. Едниот го делиме на три и јадеме тазе леб (ја, чоекот и рожбичето), а другите ги смрзнувам за до следниот јуни.
Па ти сега, прерачунај колку пари се тоа. Да ти помогнам, 365*23=х
Уууу, бог те - од judge на 12 ноември, 2007 - 22:32
Уууу, бог те јебо, се јави АФЖ на Багра - во борба против пиратеријата.
Инаку и јас сум против пиратерија. Случајно, живеам од свој памет, и не сакам никој да ме краде. Не, не ми е жал за богатите Амери, туку за културата на беззаконие која се поттикнува со толерирањето на пиратите.
Кога сакам да продадам софтвер, постојано ме потценуваат и ме споредуваат со стоте денари кои ги даваат за најнов пиратиран софтвер. Зошто да ме плаќаат скапо, кога има за (скоро) без пари.
Ако си толку - од BugS на 13 ноември, 2007 - 14:09
Ако си толку неспособен да неможеш да им конкурираш на клошарски продукти, ондак наместо да продаваш топла вода, земи занимавај се со земјоделство, сади кромид, продавај везени пиперки на пазар.
Уууу, бог те - од judge на 13 ноември, 2007 - 23:22
ZisDead напиша:
judge напиша:
Зошто да ме плаќаат скапо, кога има за (скоро) без пари.
Боље да те има за скоро ич пари, отколку клошарите да користат „слободен“ софтвер и скроз да те нема.
Communism is monopoly capitalism
Погрешна дефиниција на слободен софтвер. И погрешен бизнис модел. Јас, фала на прашање, сосема пристојно заработувам, базирано на слободен софтвер. И не само јас, многу попаметни од мене истото го прават. На пример - ИБМ, Новел, РедХет, Гугл, Јаху ... Сите тие на овој или на оној начин учествуваат во движењето. И тоа со здрави бизнис планови. И успеваат, како што се гледа.
Неслободниот софтвер е сосема во ред - за кој сака да си плати. Иако, не ми е јасно зошто луѓето имаат вакви мазохистички потреби. Да му дадам на Мајкрософт или некој сличен илјадници долари за нешто што можам легално да го добијам без пари, за мене е надвор од памет.
Нормално, работата е во тоа да и` вратиш на заедницата на начин на кој можеш: донации, сопствен труд, идеи, па макар и само поддршка.
Сега само да не ми рипнат „слободните софтверџии“ на врат со дефиниции, што точно е „слободен софтвер“, а што е по оваа или онаа лиценца. Се обидов да направам поента во неколку реченици, притоа земајќи извесна слобода во поимите.
Јас, фала на прашање, сосема пристојно заработувам, базирано на слободен софтвер. И не само јас, многу попаметни од мене истото го прават.
приметувам дека цело време го кажуваш ова за твојот бизнис со слободен софтвер. баш ме интересира кому во македонија така добро му оди со слободен софтвер, и оттука дали, како што и самиот велиш, враќаш во заедницата?
--
Don't attribute to malice what can be explained by incompetence.
Јас, фала на прашање, сосема пристојно заработувам, базирано на слободен софтвер. И не само јас, многу попаметни од мене истото го прават.
приметувам дека цело време го кажуваш ова за твојот бизнис со слободен софтвер. баш ме интересира кому во македонија така добро му оди со слободен софтвер, и оттука дали, како што и самиот велиш, враќаш во заедницата?
--
Don't attribute to malice what can be explained by incompetence.
Има кому му оди. Дури и на некои твои колеги. Бизнисот е чудна ѕверка - треба да те бива, а не само да знаеш.
А како враќам? Донирам, плаќам кога ќе побараат, ако најдам баг, го поправам и го враќам, или барем го пријавувам. Едуцирам - корисници, пријатели, дури и поширока публика. Да не кажам дека дури и со државава се карам за таа работа, кога треба.
Кои се други начини? Ако сум пропуштил нешто, кажи, ќе бидам среќен да помогнам и така.
Пред година и нешто, идат луѓе од кај мене (од Архитектонски Факултет) на некоја дешавка у Германија. Семинар некој, со работилници, со к**ци-палци, нема везе... и носат готови проекти од тука. Не испринтани него спремени у AutoCAD и тоа У НАЈНОВАТА ВЕРЗИЈА, у 2007, која бтњ да ја лиценцираш кошта "бог знае колку" за индивидуална употреба, а камоли за Универзитет да ја откупи, а сите ние, вклучувајки ме и мене си ја имаме дома (јас си ја симињам сега и 2008-ца:). Идат таму се поставуваат и откриваат дека у сред Берлин, у најјак факултет у Германија за Архитектура и Дизајн, се работи на AutoCAD 2004. И типциве уште си прашале: А, бе дечки нашиов фајл не фаќа на вашиве компјутери. Шо да праиме? Типциве им се свртеле и откако ја слушнале причинава зашо не работи, не ги ни прашале дали им е легална копијата дома. Само им се заканиле дека ако уште еднаш им се деси вакво нешто, ке бидат доживотно исклучени од вакви дешавки.
Уствари, најкисело е тоа што архитектите се едни од луѓето кои заработуваат од продавање памет. А крадат туѓа, без пардон.
Од друга страна - архитекти, како и доктори и адвокати: стави повеќе од еден на исто место, и одма ќе се фатат за гуша. Ма, дури и сам да е, ќе се мава со глава у ѕид. Амди Бајрам не им е рамен.
Ќе продавам на диво секакви пиратки зашто подобро тоа отколку да крадам по самопослуги и банки. И никој не смее да ме пипне зашто во прашање е егзистенција. Станувам мн. опасен ако некој ме осиромашува, ме влече назад. А ќе престанам кога ќе проработат преку 20 фабрики и ќе се отвараат доста работни места. Да сите ние ја правиме државата и со односот сами ја поттикнуваме.
Пиратерија - од Шлајка-спие на 19 ноември, 2007 - 14:12
gojko напиша:
Ќе продавам на диво секакви пиратки зашто подобро тоа отколку да крадам по самопослуги и банки.
Како измери дека е подобро? Преку трансверзала меѓу екстреми и ни трошка gray-баланс?
gojko напиша:
А ќе престанам кога ќе проработат преку 20 фабрики и ќе се отвараат доста работни места.
Чисто се сомневам од причина што со голема веројатност претпоставувам дека во спомнатото финансиско китење од "секакви пиратки" спаѓаат "нискобуџетни туѓи перја". Големите творби не се крадат лесно, а ако некој е "успешен" во тоа, сигурна сум дека "лоповлукот го одигрува" во подобар стил него ли закана "никој не смее да ме пипне зашто во прашање е егзистенција". Начинот на егзистенција кажува многу за сопствените перја, можностите, изборот и стилот на живеење, а јас искажав нешто ситно во врска со мојот став околу тоа, немајќи примарна намера да те навредам.
Па, добро. - од placebo на 15 ноември, 2007 - 16:45
Па, добро. Ионака Букаро не му се обраќа на цела публика.
Ти важно биди без гајле, не се нервирај за џабе - цела Багра со 10 000 члена е ангажирана да ти пронајде викендичка за весел пречек на Нова година - твојата најголема егзистенцијалистички проблем во ова доба од годината.
Плацебо, ама - од placebo на 15 ноември, 2007 - 23:05
Julls напиша:
Плацебо, ама стварно не знам оти ваков коментар...на крај, на секој човек неговиот проблем му е најголем. На госпожа Флекс и е викендица, соу?
И така,го сретнав Фикрет и Фикрет ми даде нешто бело и ми рече,на пробај,у пизду материну е добро
Во тоа не е проблемот, кажав дека сите ние ќе се помачиме да го решиме.
Туку, се јави друг, поголем проблем - имено, Flex изјавува дека не сака да чита нешто што без друго никогаш претходно не го читала.
Јас само малку реагирав на тој мошне контрадикторен коментар, бидејќи обично луѓето го коментираат тоа што прочитале.
Конкретно тука проблемот не е баш со владата. Пиратеријата не е ок. Тоа е факт, секој што егзистира од правење музика, филмови и ред други работи ќе ти го каже тоа. Треба само малце да размислиш за да сфатиш дека како и да го свртиш, реално некој треба да биде платен за тоа што го работи, без разлика дали копал нива, правел музика или снимал филм. А сеа на нас тоа што не ни чини е друга работа. Да немаше пиратерија, ќе немавме чуено ни половина од музиката што ја слушаме сега, гледано само еден мал дел од сите филмови кои ги гледаме до сега итн... Пиратеријата е ок од наша гледна точка (консументи), но е многу погрешна гледана од страна на произвеедувачите.
Altough the way the women looked at me on that cruise ship, i might as well have been dead.
„Произведувачите“ очигледно е дека имаат лош бизнис модел кој ќе резултира со намалување на профитите на сметка на издавачките куќи, продукции, како и софтверски гиганти.
Кината немаат ништо ново понудено веќе 50 години. Што има да одам во кино, да бидам на време, да ми смета некој од напред, да ми смрди некој до мене кога можам дома да го имам истото задоволство кога сакам. Од друга страна кога веќе би платил карта што има да ми пуштаат реклами пред да почне, па и у филмот да бутаат не знам колку брендови кои очигледно е дека платиле за тоа.
Што има да плаќам 10-20 € за CD од 50 мин. на кое вредат 2-3 песни? Да имаше некој уметник сајт каде што моќже да се купи музиката за реална цена од 1 € песна или 5 € албум па да правевме муабет. Концерти би плаќал.
Што има да купувам софтвер од кој не правам профит? Единствено до некаде оправдувам кога некоја фирма МОРА да го купи. За се останато опен сорс ќе брка работа.
Интелектуалната сопственост е надмината работа од човештвото. Јас не можам да се сетам кога последен пат сум купил оригинал ЦД, ДВД, кога сум рентал притатски филм, софтвер итн. И супер ми е. Гледам video on demand, новата музика ја откривам на сајтови со директен линк за д-лоад, софтверот го откривам на thepiratebay.org ... Еве баш и купувам една SkyStar 1 како би можел да ја испиратирам и сателитската телевизија.
Мојот „бизнис - од judge на 18 ноември, 2007 - 22:55
Мојот „бизнис модел“ е следниов: работам к`о коњ за да си ја ранам фамилијата (и себе), за да си живееме убаво.
Секој кој ќе ми украде од мојот труд, ми го одзема тоа, и затоа ќе добие скршени колена, free of charge. Нема судење, нема аргументи, нема сајтови за по едно евро. Ноќе, у темна уличка, без сведоци.
Ќе си набави инвалидска количка, а после може да иде на Олимпијада у Кина, да ја промовира Македонија, заедно со оној сиротион забравам-му-името.
Секој највеќе - од дамјан на 19 ноември, 2007 - 02:21
Секој највеќе си го цени сопствениот труд, па не е чуден твојот став.
Но кога станува збор за така-наречената „интелектуална сопственост“ - или ај поконкретно, музика, филм, литература и слична култура - не може толку лесно да се каже дека се индивидуална сопственост... Еден мисловен експеримент: замисли си го Прличев роден на пуст остров ... дали некогаш ќе го напишел Сердарот?
Сите тие дела изникнале во некој општествен setting и авторот е една фокусна точка низ кого се заедницата се искажува. Не сакам да кажам дека авторот е небитен, но моменталниот режим на авторски права е первертиран во крајност во тоа колку „права“ му дава на авторот против заедницата. Уште полошо е како од тој режим резултатот е натрупување на контролата врз културата во мал број центри - што не ни чудо кога самите и си го направија режимот. Во денешните услови угнетени се и авторот и љубителите/заедницата. (има прилично содржина на темава низ интернетов)... една интересна дискусија: http://www.reason.com/news/show/28703.html
Што се однесува до софтверот, и самиот ги наведе успешните бизнис модели со слободен софтвер. Јас лично мислам дека доминацијата на опскурна (скриена) технологија е опасна за напредокот и на технологијата и на општеството. И тука бизнис моделот е премногу перветиран. Базиран на огромната моќ која ја дава copyright режимот, но и разликата во знаење меѓу клиентот и производителот, производителите ги уценуваат и манипулираат своите клиенти - сосема спротивно на принципите за слободен пазар. Во која друга индустрија ти наплаќаат 200$ за обичен ресет на база/сервер/ватевер и тоа само затоа што не бил добро поставен in-the-first-place.
Последица од таквиот бизнис модел се најавите за регулација на IT индустријата - што е катастрофа. Но ако се продолжи во таа насока, веројатно и тоа ќе се случи. Другата опција е да бидеме поискрени и поотворени. Да го споделиме знаењето - знаеш можеби некој од тие што ќе ти „украдат“ ќе доградат нешто врз твоето дело, што потоа и тебе ќе ти користи.
пс.
Знаете кога алхемијата станала хемија ... кога алхемичарите сфатиле дека повеќе им се исплати да го споделат знаењето, наместо секој посебно да открива дека арсенот е отровен.
Морам да признам дека донекаде ги прифаќам твоите аргументи. Моделот на копирајт кој е денес актуелен мора да се менува.
Од друга страна, интелектуалната сопственост мора да се заштити. Работа за филозофите.
Сепак, мора да се каже и тоа дека книгите, музиката, итн. се различни од софтверот. Софтверот вообичаено не настанува од „влијание на околината“, а барем во мојот случај, не е наменет за не знам колку широка публика.
Она што јас го правам е секогаш да го оставам изворниот код на корисникот (за, не дај боже, ако ме мавне автобус на улица), но со ограничување дека не смее да го редистрибуира или да го користи на друг начин (нпр. да направи сличен таков, со сличните идеи, особено дизајнот на базите и корисничкиот интерфејс).
Но кога станува збор за така-наречената „интелектуална сопственост“
„интелектуална сопственост“ во наводници бидејќи такво термин е збунувачки. постојат различни законски алатки (авторско право, патент) за регулирање на производството и употребата на различни информациски добра. во таа смисла тие се користат главно од компании.
не познавам ниту еден индивидуален автор (на било што) кој мотивиацијата за творењето или поттикот ги нашол во овие.
--
Don't attribute to malice what can be explained by incompetence.
Мојот „бизнис - од Сељачиште на 19 ноември, 2007 - 08:34
judge напиша:
Секој кој ќе ми украде од мојот труд, ми го одзема тоа, и затоа ќе добие скршени колена, free of charge. Нема судење, нема аргументи, нема сајтови за по едно евро. Ноќе, у темна уличка, без сведоци.
Ќе си набави инвалидска количка, а после може да иде на Олимпијада у Кина, да ја промовира Македонија, заедно со оној сиротион забравам-му-името.
Мојот „бизнис - од judge на 19 ноември, 2007 - 09:13
Сељачиште напиша:
judge напиша:
Секој кој ќе ми украде од мојот труд, ми го одзема тоа, и затоа ќе добие скршени колена, free of charge. Нема судење, нема аргументи, нема сајтови за по едно евро. Ноќе, у темна уличка, без сведоци.
Ќе си набави инвалидска количка, а после може да иде на Олимпијада у Кина, да ја промовира Македонија, заедно со оној сиротион забравам-му-името.
Море, море, море... Мажишче!
Survival, батка, survival.
Ако имаш среќа да не се грижиш за тоа дали следниот месец ќе можеш да си ги платиш сметките, блазе тебе. Јас немам таков луксуз. И ќе се бранам, немам избор.
Оној што има што да изгуби или добие, ќе крши и колена и ребра за да го заштити своето право. А оној што нема и нема амбиции да има, може да медитира, и да практицира будизам, „опен сорс“, вуду магија, и слично.
Последни коментари