Имам дечко-немам дечко?!?
од cyber_sex на 29 ное 2002 - 14:03
...Сакам да кажам дека сексуално успешна жена е жена/женска која има секс со маж/машки која знае што таа сака...
...жените со ДА мислат НЕ, и обратно. Додека мажите се буквалисти и кога мислат ДА-тоа и го кажуваат ...
Во последно време, во Светот и „пошироко„, се повеќе и повеќе станува познат чинот на „швалеранција„, па затоа си земав иницијатива да напишам еден текст за тоа како јас ги гледам некои работи кај младите денес.
Пред некое време прочитав некој „речник„ на изрази кој беше поделен на две колони. Во првата беа женските/жените а во втората машките/мажите. Јас се изнасмеав кога прочитав (и се сложив) дека жените со ДА мислат НЕ, и обратно. Додека мажите се буквалисти и кога мислат ДА-тоа и го кажуваат (освен кога лажат). Ете, и јас како еден буквалист, тој факт го поврзав со некои мои статистички податоци.
Брзо сватив дека сите девојки кои ми кажале дека имаат дечко, на соодветното прашање, јас сум им поверувал. Дали сум грешел цело време. Или пак тие што кажале дека немаат, можеби имале, па јас пак сум се излажал. Па после почнав да размислувам и на правец на швалеранција како една од најсаканите (според мене :)) појави на Новата Ера. Кога зборуваме на споредба машко-женско, можам слободно да кажам дека женските се по-одбивни од машките, кои пак понекогаш и не бираат, иако сексуалните фантазии на женските се пошироки и побујни, но за несреќа остануваат само фантазии. Додека мажите иако не-скромни во желбата за секс пак достигнуваат некој степен на задоволство (горе доле). Сакам да кажам дека сексуално успешна жена е жена/женска која има секс со маж/машки која знае што таа сака. Или пак вториот случај кога таа освен него, има секс и со некој друг, кој често пати знае за нејзините „КРИЗИ„. Сексуално успешен маж/машко кој има секс со жена/женска (тој е секогаш задоволен, па затоа не анализирам дополнителни единици секс со нова особа, затоа што секој нов сексуален објект за маж значи максимизација на задоволство).
Дојдов до конфузија, па затоа сакам да отворам дискусија во врска со оваа тема, што не значи дека имам право за горе-наведените констатации.
|
Последни коментари