Еве бе, ги фалам

Ете, да не се наљутат дежурните, сега ќе ги фалам.

Значи, го слушам на радио у кола министерот Јанакиески како се фали со „електронското издавање на ЦЕМТ дозволи“. Демек, се отстранил човечкиот фактор во процесот на издавање и со тоа се намалила можноста за коруптивно однесување.
Свака част! Мислам дека уште на неколку места (во издавањето на места во студентските домови) се воведе слична работа и воглавно добро функционира. И скоро сум сигурен дека иницијатор е токму истиот министер.

Значи, можело. За разлика, она комуњарите, на чело со Макрадули - како најодговорен за информатика - освен празни зборови, ништо не направија во оваа област.

НО!
Сега уште треба да го отворат кодот на програмите кои доделуваат дозволи и места. Да го направат open-source и да го дадат за download на секој кој ќе посака.
Со тоа ќе постигнат две работи: прво, можеби некој друг ќе го искористи за слична намена (на пример некоја локална власт која нема пари да дава по големи проекти), а - најважно - ќе го погледаат информатичарите и ќе потврдат дека нема back doors, местенки од типот: if bara_dozvola(drugar_mi) then call daj_mu_obavezno и слични враголии.

Опции за гледање на коментари

Избери го посакуваниот начин за прикажување на коментарите и кликни на „Активирај“ за да ги видиш измените.
Слика на slave=brainstorm

сторијава тие

сторијава тие “турни ме да кинисам“. врска немат, посебно после “НО“

Слика на Itar_Pejo

Да бе да, шо викаш...

Прашај ги транспортерите и студентите колку „добро“ функционира. Код? И тоа отворен? Не е лошо да се праша колку државни пари се спукани за простата пресметковна табела.
Итар Пејо

Слика на aleksandra85

Џаџ ,не ми се верува

Џаџ ај те молам кажи ми дека ти не си го напишал текстов,или дека си ти ама си бил под некои хемиски супстанции додека си го пишувал.
Како можеше да напишеш дека нивната мочана програма за доделување на ку*ци палци е добра,Знаеш ли колку студенти останаа без места за да место добие Самоил и Тито ,Дека 60% лажеа па поради тоа списокот толку беше пореметен што мене на пример ме немаше на ниту една листа,што значи немав право повторно да аплицирам па кога ги пронајдоа 60%те лажговци на нивно место си ставиа нивни луге.
Те молам џаџ одозгора си напишал нивната ексклузивна програма да ја дават на помаливе градови за ако им притреба.На кој град сакаат нека му дадат на мојот неможе јас ке им направам програма на моиве подобра од таа инвалитската на нашава влада.Срамота на толку информатичари ..да неможеа да ги предвидат недостатоците тоа е исто како мене пациент да ми умре.

П.С.Професоре Докиќ ние сме со тебе...

кога мудрецот ќе покаже кон месечината будалиот гледа само прст

Слика на judge

That's the point.

That's the point.
За да не можат да се вадат дека „софтверот транспарентно ги избра“ студентите-дозволите-становите-whatever, нека ни го покажат кодот. Да видиме како, со кои правила, „транспарентно“ се прави изборот.

Поздрав до дежурните!

Слика на slave=brainstorm

гледајте луѓе,

гледајте луѓе, политичари се и мора да се фалат. меѓутоа мора да се признае дека од некаде мора да се почне. се работи за процес. ако не сакате, протестирајте можеби ќе вратат на стариот систем. (да не излезе сега дека ги бранам или слично, политички не сум најангажиран, поточно воопшто не сум и не ми е гајле дали овој или оној бил на власт, се додека работат)

Слика на zlochko

Батали ги...

Батали ги чоек. Поголемиот број од нив се опозиција. Ама секогаш се опозиција. И кога СДСМ, ама и кога ВМРО е на власт. Така е најлесно... си даваш на тој начин самиот право да јадеш гомна за се', без да превземеш било каква одговорност, ниту пак иницијатива нешто да измениш.

Во секој случај, невредно за понатамошна дискусија.

Со арелена,
Злочко.

Слика на aleksandra85

Ок

Во секој случај кога ВМРО е на влас во македонија се случуваат ренесансни промени.
Но зборот ми беше ако работат нека работат со барем 95% учинок.А не со 25% едно направат со милион недостатоци.треба секоја работа да се планира и да се предвивуваат можните недостатоци.
А што се тиче стариот систем неможам дома собата да си ја исчистам од хартии со кои сум аплицирала.Де за студентски ,де за стипендии,де за на факс нешто све е хартии..
кога мудрецот ќе покаже кон месечината будалиот гледа само прст

Слика на slave=brainstorm

е па не баш

е па не баш секогаш кога ВМРО е на власт. претходниот мандат кога ВМРО беше на власт сме имале премиер бугарин, батали промени со такво нешто. не знам зошто воопшто му дозволија да се врати во државава?
(надвор од тема , извинете)

Слика на aleksandra85

А за Бугарштиниве

Јас би да им наплакаме 2 евра дневно престој во дрзавава на сите оние странски дрзавјани(мислам на овие што зедоа бугарски пасоши)пошто нели они се бугари а престојуваат во македонија па така треба да плакаат глоба.па да видам дали ке им се исплати годишно да плакаат околу 700 евра.А може и да се зголеми таа цена па така ке бидат приморани овие бугарштиниве да си заминат во бугарија,бидејки нема да можат да живеат овде на пример ако плакаат 100 евра престој.така македонија ке се ослободи од лошото семе.од предавниците кои си ја продадоа националноста.
кога мудрецот ќе покаже кон месечината будалиот гледа само прст

Слика на slave=brainstorm

малку се 2 евра,

малку се 2 евра, 2евра за бугари од раѓање. За тие што од подоцни години станале бугари, по онолку евра колку што имале години кога зеле бугарско државјанство. затоа што повозрасни се, толку поголемо ѓубре ќе имаме во државава.

Слика на scaptomant

Еве, за ова те поддржувам!

Тука сум ЗА. Ако се пропагира транспарентност, нека биде транспарентност ДО КРАЈ.
А тоа со студентите (значи, избори, доделување на станови во домови и слични срања) никад нема да се среди и секогаш ке имаме за претседател ситни партиски војничиња како Самуил или Марија, некоја година пред него. Како на друг начин да им се заблагодарат што лепеле плакати по градов, без да бараат финансиска надокнада!:)

Агрегирање содржина