Мажите, сексот и љубовта. (Видувања од прва рака, и тоа прва десна рака)

Зошто на мажите им е полесно да ги раздвојат љубовта и сексот?
Во многу студии се тврди дека жените се поспособни од мажите за “мултитаскинг“, односно истовремено успешно да извршуваат повеќе задачи. Не би се согласил во целост со ваквите тврдења, бидејќи знам дека мажите можат да бидат длабоко вљубени во една жена, а без какви и да било проблеми да имаат секс (и тоа успешно) со уште две други, а ако тоа не е “мултитаскинг“, не знам што е!?
Шегите настрана, еве ја мојата теорија зошто на мнозинство мажи ни малку не им пречи секс без љубов. Можеби е веќе позната ама јас сепак би сакал да ги изложам моите мислења.
Значи, кај мажите првите сексуални искуства се рудиментирани, едноставни и еднострани, без физички контакт со друго човечко суштество. При тоа единствениот мотив е постигнување задоволство на физички план, додека емоциите се целосно исклучени. Значи се работи за навика и тоа навика која е веќе всадена во биолошкиот код низ многуте генерации и индивидуална навика создадена во текот на неколку години “успешни соло мисии“, се до првото сексуално искуство со друго човечко суштество. Исто така биолошкиот инстинкт за задоволување на сексуалните потреби е доста силен, а мажите и не се толку пребирливи.
Додека кај жените, благодарение на тоа што сексот се до пред неколку години бил табу тема, како и не толку добрата позиција на жената во општеството, првото сексуално искуство се случува задолжително во присуство на друго човечко суштество во собата (или на дрвото, јахта, има разни варијанти, во повеќе “едукативни“ филмови) при што се воспоставува интерактивен однос помеѓу двете страни. Она што е важно е дека вклучени се емоции, односно се работи за некој што жената го љуби (доколку не е така тогаш се работи за “општествено непожелна појава“ каде последица било појава наречена каменување, или тоа или се работело за “наместен“ брак). Жените имаат и далеку поголема волја за воздржување од мажите на сексуален план, иако ова е општестевено предетерминирана појава бидејќи се работи за она “што ќе каже народот“, ако некоја девојка се одаде на секс и задоволство со кого било.
Заклучок: се работи за биолошки и општествено предетерминирана појава, а не дека ние мажите по природа сме свињи. Од друга страна ако не сме такви вие жените и не би не сакале толку многу.

Од http://mkestradafoto.blogspot.com

Опции за гледање на коментари

Избери го посакуваниот начин за прикажување на коментарите и кликни на „Активирај“ за да ги видиш измените.
Слика на aceva

Поздрав

..до авторот на текстот.

1. И жените мастурбираат. И тоа далеку порано (пред пубертет) од мажите.
2. Машкиот свињ има получасовен оргазам. Вие БИ САКАЛЕ да бидете свињи. Ама не сте.
3. Најстариот занает (и не зборувам за земјоделство, ниту за грнчарство) е резултат на женската способноста да се раздвои љубовта од сексот, или обратно. Секоја жена умее да го направи тоа. Не знае секоја да инкасира.

I'm Winston Wolf, I solve problems.

Слика на slave=brainstorm

Поздрав

aceva wrote:

ова е кулминација на борбата за еднаквост на половите! а решението ни било цело време под нос, проституција бе!!! штотуку ги навреди жените што уживаат во сексот без да им се плати за тоа.
ок, можеби теоријата ми е погрешна, мислам ако е вистина дека жените мастурбираат далеку порано од мажите и се исто толку способни за секс без љубов, тоа би значело дека своеволно подлегнуваат на машката доминација.
појма немам шо зборвам , а сепак мислам дека има смисла.

I'm Virgina Wolf, I create the problems

Слика на GoodBytes

Поздрав

slave=brainstorm wrote:
...своеволно подлегнуваат на машката доминација.

Доминација? Ајде да видиме кој работи, а кој троши? :-)
--

Слика на slave=brainstorm

Поздрав

GoodBytes wrote:
slave=brainstorm wrote:
...своеволно подлегнуваат на машката доминација.

Доминација? Ајде да видиме кој работи, а кој троши? :-)
--

Во право си.
Во план ми е да поднапишам нешто и за тоа.
Како тоа Роза и Клара во тоа време барале само да има жени судии, адвокати и сл.
а не им текнало да кажат “и ние сакаме да работиме во рудници и да бидеме дрвосечачки“?
(не дека јас сум бил дрвосечач, или дека би можњел да бидам ама....)

Слика на aceva

Поздрав

slave=brainstorm wrote:

ова е кулминација на борбата за еднаквост на половите! а решението ни било цело време под нос, проституција бе!!! штотуку ги навреди жените што уживаат во сексот без да им се плати за тоа.
ок, можеби теоријата ми е погрешна, мислам ако е вистина дека жените мастурбираат далеку порано од мажите и се исто толку способни за секс без љубов, тоа би значело дека своеволно подлегнуваат на машката доминација.
појма немам шо зборвам , а сепак мислам дека има смисла.

I'm Virgina Wolf, I create the problems

Немој да ми богохулиш по потписот. Да дае господ секоја ноќ да ја сањаш Вирџинија Вулф како ти го пуши со два дена небричени брци, се’ додека не се покаеш и извиниш.
Со каков тип на жени се дружиш (ако воопшто се дружиш) за да ми ставаш кондиционали каде стигнеш? Ниту една од нив не мастурбирала пред да го сретне “првиот“, или сите изгубиле невиност на четири години. И ниту една од нив не здрвила некого она, од ќеф? И као тоа ги навредувам жените кои уживаат во сексот (мајнд ју, не во љубовта)?
Сите три работи кои ти ги набројав се точни. Што не ме прави феминистка, скраја да е.
И точно е дека жените сакаат и бараат машка доминација. Е, тоа е веќе тешко да се најде.

I'm Winston Wolf, I solve problems.

Слика на slave=brainstorm

Поздрав

aceva wrote:
slave=brainstorm wrote:

ова е кулминација на борбата за еднаквост на половите! а решението ни било цело време под нос, проституција бе!!! штотуку ги навреди жените што уживаат во сексот без да им се плати за тоа.
ок, можеби теоријата ми е погрешна, мислам ако е вистина дека жените мастурбираат далеку порано од мажите и се исто толку способни за секс без љубов, тоа би значело дека своеволно подлегнуваат на машката доминација.
појма немам шо зборвам , а сепак мислам дека има смисла.

I'm Virgina Wolf, I create the problems

Немој да ми богохулиш по потписот....

I'm Winston Wolf, I solve problems.

Најискрено се извинувам за потписот.
Во денешно време ништо не е тешко да се најде, посебно не машка доминација,целиот свет се потпира на неа. Добар обид за низок удар.

Слика на дамјан

Нема везе со

Нема везе со општество ова,
и на мажот и на жената основен мотив за секс им е ширење на својата DNK. Мажот тоа може да го прави постојано колку пати сака со повеќе жени - тоа за него не е никаква инвестиција. Жената мора добро да одмери чија DNK ќе прими, бидејќи тоа за неа е прилично голема инвестиција.

Слика на Zelka

видовте како ве

видовте како ве реши човекот со 3 реда текст!

Агрегирање содржина