Дали има некој што е прилучен на Solo пакетите од Он нет

Дали има некој што е прилучен на Solo пакетите од Он нет и како е дали сте задоволни ?

Опции за гледање на коментари

Избери го посакуваниот начин за прикажување на коментарите и кликни на „Активирај“ за да ги видиш измените.
Слика на Mashko

Не сум...

...ама кој не го видел линков увелико препоручујем да го видите. Типот е фан на Бритни Спирс. А бе шо да кажам...тачка

http://www.on.net.mk/default-MK.asp?ItemID=7C12C897545D9B439B3D3AAC23E3A347

бај

Слика на Парки

Не сум...

Mashko wrote:
...ама кој не го видел линков увелико препоручујем да го видите. Типот е фан на Бритни Спирс. А бе шо да кажам...тачка

http://www.on.net.mk/default-MK.asp?ItemID=7C12C897545D9B439B3D3AAC23E3A347

бај

Незнаев дека Мајкл Џексон е фан на Бритни хахахаха

пс
зарем не е ова ван тема хахахах

и оставетеја Бритни алонн NOW hahahaha

http://parki.110mb.com

Слика на Mashko

Не сум...

сори, можеби требаше да отворам нова тема во некое детско катче...али дечково е џимиринка :-)

Слика на перо

Вчера конечно

Вчера конечно ми го среди техничката поддршка на он.нет. Ептен е брзо! Алал вера!

Слика на GoodBytes

Како мислиш

Како мислиш задоволни? Пакетите почнаа да ги рекламираат минатата недела, како може некој да зборува за „искуство“ со нив? Јас уште не сум стигнал ни да прашам како да се мигрирам од мојот WADSL.
--

Слика на dimitar27

Како мислиш

GoodBytes wrote:
Како мислиш задоволни? Пакетите почнаа да ги рекламираат минатата недела, како може некој да зборува за „искуство“ со нив? Јас уште не сум стигнал ни да прашам како да се мигрирам од мојот WADSL.
--

GB, ја вчера зборев по тел со кокошката од Он.Нет, за да се мигрира од ЊАДСЛ на новиов, оној еџтра сшто е, 101 ГБ со 2МБ брзина, ми вика мора да имам тел. линија, а ја Телеком не користам 7 години, фала му на Господа.
А за тој пакетот со 15ГБ, нема потреба од мигрирање, само идеш со договорот и правиш анекс, и за истите пари добијаш ПЛУС 5ГБ
Еве ми го пред мене договорт, као ке идев после раб, ама еве ми се јавија да ми закажат „борба“ у кафана после работа-така да Он.Нет ке ме частат 5гига друг ден.
ГБ-достаточно инфо друже?

BONUM PENIS PAX IN DOMUS

Слика на GoodBytes

Сосема доволно.

Сосема доволно. Кажи им таму и 5 гига за мене и види другите шо ќе пијат.
--

Слика на перо

Мене ми го дадоа

Ја земав опремава, инсталирав и добив без никакво упатство и техничката поддршка ми кажа дека има проблеми со мт.нет????? за саат два ќе биде направено. Еве поминаа 20 саати и не е уште направено. А јас во он.нет вртам....

Слика на monster

Мислам... како

Мислам... како да речам... целава работа со Solo пакетиве е повеќе водење инает отколку имање капацитет за нешто подобро. Демек и Он.нет не се покуси, а опрема немаат, т.е. во секој момент (многу брзо/утре/во најкраток можен рок) треба да пристигне. Ужас.

Слика на гоце

Он.нет има

Он.нет има опрема, а богами и пари, да обезбеди се што сте сањале дека сакате да имате. Да не беше ова Македонија веќе и ќе го имавте.

Ако си имате мука, јас ќе им помогнам на баграџиите.

Слика на monster

Изговори,

Изговори, изговори...

Слика на ZisDead

Едноставно

Едноставно е: Onnet blows!

Јас сум срекен корисник на Телекабел, неограничен трансфер, 1500 денари на фактура, тенкјуверимач.
Подобри и постабилни се од МТНЕТ. А за оннет да не правиме муабет.

После ФИЈАСКОТО наречено WIFI, не планирам да соработувам со таква несериозна фирма.
Не ми се верува дека некој имаше дрскост да лансира и маркетинг кампањи за сервис кој во суштина и не постои, без разлика на јачината на сигналот.

Onnet blows!

Communism is monopoly capitalism

Слика на judge

Не знам точно

Не знам точно за овој пакет, но јас сум дефинитивно бивш корисник на он.нет.
Пред скоро година дена, налутен на Монополот, го откажав мојот account таму и, со цел ентузијазам, си купив нов WADSL во он.нет.
После цел месец чекање и безброј ургенции, конечно дојдоа некои типчиња и ми монтираа антена на покривот. Тоа се случуваше додека бев на работа, само моите домашни беа присутни.
Значи, наводните експерти ми ја пуштија жицата да ми виси преку пола фасада, ми го дупнаа со бушилка рамот на прозорецот кој кошта 600 евра (иако имам специјални „уводници“ за ваква намена, и им било кажано за ова), ми го згрешија името во воспоставувањето на акаунтот и ми оставија котур од 5 метра повеќе жица зад рутерот.
Но, ај, си реков, се` во служба на праведната борба против изнудувачите од Телеком.
Но, најнепријатното изненадување дојде кога почнав да го користам линкот. Брзината никогаш не беше со ветените 512кбпс, имаше чести испади на линкот, а од поддршка само ја научив напамет „Чикикита“ од АББА во мјузак верзија, која свири кога сте холдирани на телефонот за support. Никогаш не успеав да добијам жив човек на телефон, дури и после заинатување и чекање по 45 минути, јас и Чикикита - сами на линијата.

И, сега си го имам новиот пакет MaxADSL на Телеком, 2МБпс гарантирани и проверени, 100 ГБ bandwith, одлична поддршка (не дека ми затребала). Среќен к`о кутре.
Си гледам онлајн филмови, видео (Democracy player - одлична работа), ништо не сецка, даунлоадам што ќе ми се посака и колку ќе ми се посака - Azureus и aMule ми се први пријатели. Си ги најдов сите епизоди на Fawlty Towers.
Седмо небо.

Мој совет: НЕ купувајте акаунт од Он.нет.

Све фино, фини дечки, знам неколку и лично, пиеме пивце заедно, дробиме за компјутери, но интернетот, едноставно, не им чини. Нешто им е труло во фирмата, па тоа ти е.

Ај сега, почнете да ми ебавате матер за ова.

Слика на Zafirovski

Он нет&Мт нет

Хахаха, а он нет од премногу пациенти ко нас што им се јавуваа ја воведе следнава финта : вртите да се жалите за тоа дека вашиот Wadsl се кочи или воопшто не функционира, а од таму ви се јавува машина секретарка и ви вели нешто во стилот: го добивте он нет, моментално сите наши оператори се зафатени, па штом ќе се ослободи некој ние ќе ви се јавиме!!!
И никогаш не се јавуваат....
Закон нели?
А па дека имав пред тоа еден месец пробно и од мт нет ептен им беше средено...нејќе да се конектира, се јавуваш да се буниш ти викаат одма ќе средиме а ти чекаш и по 24 часа дремеш без интернет.Абе ќумур!
Јас би им препорачал на сите оние што сеуште немаат брз интернет или се двоумат за некој пакет, да почекаат да видиме што ќе понудат новите компании кои го добија тендерот за wi max, меѓу кои се и космофон и неотел...

Слика на Сељачиште

Wimax e инфериорна

Wimax e инфериорна технологија во однос на wadsl. Башка интернетот...

Слика на judge

Wimax e инфериорна

Сељачиште wrote:
Wimax e инфериорна технологија во однос на wadsl. Башка интернетот...

Да, инфериорна е по спецификации.
Но, во Македонија не се битни техничките спецификации - битно е кај кој технологијата најдобро функционира.
Во секој случај, конкуренцијата е прекрасна работа. Којзнае, можеби он.нет ќе се сепне од сонот на душекот полн со словенечки пари и конечно ќе профункционира.

Слика на ZisDead

abe

Абе демагошки изговори.
Вајмекс е "carrier class" технологија.
И не е до душекот со словенечки пари. Оннет си била пациентска фирма одсекогаш. Тоа најдобро се гледа од квалитетот на корисничката подршка. МТнет се лопови, ама барем имаат подршка.

Communism is monopoly capitalism

Слика на гоце

Единствената

Единствената добра работа во wimax е тоа што е на лиценцирана фреквенција. Ама стварите толку споро се случуваат на тоа поле што мобљките ќе им ги лапнат најдобрите. 3.5 ghz е превише за у wc да сурфаш. Плус CPE-ата се отров скупи, а базните астрономски. Победникот ко да се гледа, UMTS.

Нејсе, не не отпишувајте, има Он.нет коњи за трчање, плус ја хостира багра без ниеден банер за реклама еве веќе 6 години. Сетете се дека мт имаше тапа подршка, па ги научија. Сеа он.нет ги учи своите, а кабловџиите ќе го јадат следеќи :)

Слика на Itar_Pejo

Единствената

гоце wrote:
Победникот ко да се гледа, UMTS.

UMTS+софтверска надградба = HSDPA
што е вистинскиот победник. Ама не кај нас. 3,5G (3G) мрежа бара комплетно нова инфраструктура и неможе да се добие со надградба на постоечките мобилни мрежи во МК. Единствена надеж беа новите ВИП, за кои очекував дека ќе се ориентираат кон тоа. Арно ама, изгледа одредено време ќе бидат паразити на инфраструктурата од Т-Мобил. Којзнае до кога...
Итар Пејо

Слика на dimitar27

Единствената

гоце wrote:
Единствената добра работа во wimax е тоа што е на лиценцирана фреквенција. Ама стварите толку споро се случуваат на тоа поле што мобљките ќе им ги лапнат најдобрите. 3.5 ghz е превише за у wc да сурфаш. Плус CPE-ата се отров скупи, а базните астрономски. Победникот ко да се гледа, UMTS.

Нејсе, не не отпишувајте, има Он.нет коњи за трчање, плус ја хостира багра без ниеден банер за реклама еве веќе 6 години. Сетете се дека мт имаше тапа подршка, па ги научија. Сеа он.нет ги учи своите, а кабловџиите ќе го јадат следеќи :)

Гоце, браво што сега за прв пат признаваш дека имате проблеми у Он.Нет.Лично мислам дека персоналот ви е најголем проблем, погрешни луѓе на погрешни места.
100 пути кажав, нејкам у друг провајдер ,„наши“ сме си, еве ќе почекам, ама не можам до бескрај да одам против сопствените ми интереси.
За телефон преку Он НЕт ми причате причи 2 год, „еве сега ќе биде-само што не е„, и пак ни ал ни абер има.(као и посебни телефонски апарати ке дававте)
Пола од познатите што работеа у Он.Нет си отидоа, и сега као немам познати таму, оно имам ама не ги замарам, ама не ги замарав ни предходно, јас сакав да си завршам работа ко секој најнормален корисник, не со врски. На што личи бе интернет провајдер да нема бесплатен број за подршка, и да нема број бар на Скајп?? Да не збориме што песмицине ги учиме на памет док се јави некој (ќути бар добри песмици се) поготово ако е попладне, а на крај кога ќе се јави, ти вика „не можам ЈАС да Ви помогнам-јавете се од сабајле“ ??!!??
И ова: кога ќе биде онаа причана дека ОН НЕТ ке давале рисивери за џабе(не мора џабе-нек си наплатат ама нек се добри) и со нив ке сум гледал најбољи кабловачки телевизии со платени лиценцни права, различни пакети на програми со разлини цени и квалитет, све титлано на македонси? Ова го кажуваше оној Виктор од АПЕМ (јебем ли га-како се викаше??). Тоа ќе биде? И ако веќе толку ја тинтраат баграва, не бива да пратат некој нивни чоек да ни пододговори на нашиве прашања ко на нивни верни корисници? Пошто и тој quick mail-от ко да не им работи, никад не ми одговориле.
Нејсе, ај да видиме, ќе почекам, не раскинувам договорот, ќе издржам до крај, 22 ЕУР месечно не ме прават побогат, ама принципи се приципи, а другарства се другарства, ха, како што моите пријатели од ОнНет немаат сметки у мојата банка зошто друга им дала боља понуда-така и ја ќе си земам друг провајдер, а со нив ќе си правиме гезмиња ко и до сега.
Ај доста со он нет, не се ДО ТОЛКУ лоши-ама ние сме си пицајзли со право, дај некој нека каже конкретно искуство од Телекабел или новиве бугари-Кејбелтел, тоа е следна оцпија, пошто пак ке кажам, ја со МТ никад више НИШТО ни за какви пари, тачно гратис да ми дадат не зимам.Освен . .тоа младите пи*ици да почнат по дома да носат „понуди“, е тогаш можда би размислил :)

BONUM PENIS PAX IN DOMUS

Слика на Сељачиште

Единствената

dimitar27 wrote:
На што личи бе интернет провајдер да нема бесплатен број за подршка, и да нема број бар на Скајп??

Имаш Jabber, Yahoo, MSN или ICQ ако ти врши работа.

dimitar27 wrote:
најбољи кабловачки телевизии (...) Тоа ќе биде?

Да.

Слика на dimitar27

Не знам точно

judge wrote:
Не знам точно за овој пакет, но јас сум дефинитивно бивш корисник на он.нет.
Пред скоро година дена, налутен на Монополот, го откажав мојот account таму и, со цел ентузијазам, си купив нов WADSL во он.нет.
После цел месец чекање и безброј ургенции, конечно дојдоа некои типчиња и ми монтираа антена на покривот. Тоа се случуваше додека бев на работа, само моите домашни беа присутни.
Значи, наводните експерти ми ја пуштија жицата да ми виси преку пола фасада, ми го дупнаа со бушилка рамот на прозорецот кој кошта 600 евра (иако имам специјални „уводници“ за ваква намена, и им било кажано за ова), ми го згрешија името во воспоставувањето на акаунтот и ми оставија котур од 5 метра повеќе жица зад рутерот.
Но, ај, си реков, се` во служба на праведната борба против изнудувачите од Телеком.
Но, најнепријатното изненадување дојде кога почнав да го користам линкот. Брзината никогаш не беше со ветените 512кбпс, имаше чести испади на линкот, а од поддршка само ја научив напамет „Чикикита“ од АББА во мјузак верзија, која свири кога сте холдирани на телефонот за support. Никогаш не успеав да добијам жив човек на телефон, дури и после заинатување и чекање по 45 минути, јас и Чикикита - сами на линијата.

И, сега си го имам новиот пакет MaxADSL на Телеком, 2МБпс гарантирани и проверени, 100 ГБ bandwith, одлична поддршка (не дека ми затребала). Среќен к`о кутре.
Си гледам онлајн филмови, видео (Democracy player - одлична работа), ништо не сецка, даунлоадам што ќе ми се посака и колку ќе ми се посака - Azureus и aMule ми се први пријатели. Си ги најдов сите епизоди на Fawlty Towers.
Седмо небо.

Мој совет: НЕ купувајте акаунт од Он.нет.

Све фино, фини дечки, знам неколку и лично, пиеме пивце заедно, дробиме за компјутери, но интернетот, едноставно, не им чини. Нешто им е труло во фирмата, па тоа ти е.

Ај сега, почнете да ми ебавате матер за ова.

Не бе, зш да ти ебаваме матерИако е сајтов ПРО-ОнНетовски, ама пред фактите и Боговите молчат-нАли?
Ми скрати објансување Џаџ, фала ти.
Ова сум го пишпуел на 2-3 пати по баграва и нетов, ама сега и ти го потврди.
Истата прича и кај мене, и тоа демек со врски. Убаво рекле „Сачувај ме Боже пријатеља“
И сега за овие екстра 5 гига што као ми следуваат, им викам не биваше да известите? Со сметката месечна, кажи дека ми следуваат плус 5гига-зашто идете на финта АПП-Ако проџе - проџе?
Не ги бива, колку и да се „наши“ не ги бива :(
Е сега Телеком не користанм у ниедна варијанта-а Богами и за -Мобиле се мислам после 10 год да ги одјебам, нек пуштат ВИП-овци, и си одам.Значи тоа што ти Џаџ предлагаш кај мене е неизводливо.Се мислам за она на ТЕЛЕКАБЕЛ, демек не плакаш никако повеќе од 1500 МКД а симињаш колку сакаш, плус брзина солдина.Убаво звучи, да има некој да ми каже како е у стварност би му бил благодарен.
И за крај прашање до СУДАЦОВ:
Како се откачи од Он.Нет, нели за ВАДСЛ договорот беше на 2 години или плаќаш пенали? Или поминале 2 години? Кај мене нажалост не се поминати, така да ке морам да си почекам.Сега само што им уплатив 1,286,00 МКД, нек им се наздравје :))
BONUM PENIS PAX IN DOMUS

Слика на judge

Не знам точно

dimitar27 wrote:
Се мислам за она на ТЕЛЕКАБЕЛ, демек не плакаш никако повеќе од 1500 МКД а симињаш колку сакаш, плус брзина солдина.Убаво звучи, да има некој да ми каже како е у стварност би му бил благодарен.

Во делот на Скопје каде што живеам, нема Телекабел, но имаме приклучок во едната од фирмите (која е во нас. Аеродром). Таму е катастрофа, се влечка по земја. Но, од друга страна, слушам и задоволни гласови, така што не сум сигурен дали е секаде лошо или добро. Знам дека еднаш нешто им се јавив за поддршка, беа љубезни, сакаа да помогнат - ама немаа поим што зборам. Среќа, се снајдов.
Таму, во фирмата, имаме еден технико кој се грижи за .. нели .. техниката, и само нешто ми плаче да сме се префрлеле на мт.нет. Ама, од принцип, таму нема префрлање, го делам твоето мислење.

dimitar27 wrote:
Како се откачи од Он.Нет, нели за ВАДСЛ договорот беше на 2 години или плаќаш пенали? Или поминале 2 години? Кај мене нажалост не се поминати, така да ке морам да си почекам.Сега само што им уплатив 1,286,00 МКД, нек им се наздравје :))

Хех, изгледа дека моите врски биле појаки од твоите. Уствари, бев толку лут, а изгледа дека така и сум изгледал, што воопшто не ни спомнаа некакви пенали. Којзнае што се` им изнакажав.
А сега, овие новиве договори на мт.нет се на една година. Овде нешто се најавува дека тој бугаринот што ги купи пола кабловски во Македонија ќе пушти и интернет врска (и телефон, кога сме кај тоа). Но еве, веќе поминаа два-три месеци, нема абер за тоа. Ако навистина пушти интернет, и ако е добар (ќе видам што се збори по маало), ќе ги откачам монополистите, сигурно.
Кој ги сака нив.

Слика на yfipk

Не знам дали

Не знам дали збориме за истот, ама мислам дека тоа е Cabletel што го збориш. Има (ако нормално сте на некоја од кабловксите што ги купија) нешто како реклами и понуди се вртат на каналот за... нешто како информации, не знам како да го кажам. Според тоа што гледам, имаат солидна понуда за неограничен интернет, брз, бла, бла, бла. Ама досега не сум нашол никој што е натие пакети, така што не ми е сигурно, да не искочи некоја превара, кратенје нет после незнам колкумити ГБ симнати (нешто у фине принт, сигурно :D), нестабилност и слично. Додуша не знам дали воопшто се пуштени во продажба, или само ги најавуваат. Ако некој има некоја информација, не би било лошо да ја сподели.
Altough the way the women looked at me on that cruise ship, i might as well have been dead.

Слика на Evil_Genius

КејблТел

Пакетите се пуштени и работат за максат-наумовски, кабелсат, зора, ???фокс(лисиче таа), и уште пар помали кабловски оператори низ Скопје и македониа има за у велес сигурно и кавадарци за другиве незнам. КејблТел им се вика операторот и до сеа се оки на некои делови од СК знае да биде падни стани офлеле мајко мрежата ама кај и да е ќе се средат нив им се простува малку пошто нели сефте почњаат со озбилно и самостојно давање нет, до скоро главнината од овие мрежи беше администрирана од МОЛ такада ќе видиме како они сеа ќе ги прележат детските болести.

_______________________________________________________________
It's nice to be important, But it is more important to be nice

Слика на Evil_Genius

Ја си уплатив

Ја си уплатив Solo101 па сеа чекаме да видиме што ќе искочи од тоа.
Мада по моето досегашно искуство со еНет провајдери и тоа кој се работи у нив...
Па и не сум голем оптимист ама тоа е што е, ќе видиме до кај ќе догураме.

_______________________________________________________________
It's nice to be important, But it's more important to be nice

Слика на makedonikus

Лоцирај мобилен

Локација сигурна + - 50 metri
http://www.celtascortos.org/moviles/eng/index.htm

Слика на selanec81

како со solo101

како со соло101 задоволен си ? ај споделиго твоето искуство со нас

Слика на Evil_Genius

како со solo101

selanec81 wrote:
како со соло101 задоволен си ? ај споделиго твоето искуство со нас

Пааааа ако го дочекам инсталирањето на пакетот добро ќе биде.
Веќе поминаа 10 дена во кои тебаше да ми се јават да си ја подигнам опремата,
ај ќе им дадам уште 2-3 ради моментот што имам други обврски во тој период е после тоа ке ме има у весник поради дислокација на продажно место на офф.нет.мк :D
_______________________________________________________________
It's nice to be important, But it's

Слика на monster

Ќе им идеме

Ќе им идеме заедно! ;)

Слика на selanec81

ах тој он.нет

помина еден месец и сеуште немам ставено интернет, договорот за соло 3 пакетот го склучив пред еден месец и уште ме лажат дојди петок понеделник, ке ти се јавиме бла бла, 4 мејлови му имам исптратено на castomer care mejlot со му е и ништо ни одговор ни ништо, јас не знам дали кај нас во македонија има комисија за заштита на потрошувачите,или нешто слично што ги рекламираат пакетите ако не се спремни да ги дадат услугите, ако има некој кој што е приклучен нека пиши, дали вреди да чекам или да си стравам од Мт нет поздрав

Слика на Сељачиште

Форвардирај ги,

Форвардирај ги, те молам, четирите мејла што си ги пратил до customer care на ѕeljaciste@on.net.mk да ги видам. (прекуцај ја адресата, првото „с“ е уствари „s“)

Слика на selanec81

ах тој он.нет

помина еден месец и сеуште немам ставено интернет, договорот за соло 3 пакетот го склучив пред еден месец и уште ме лажат дојди петок понеделник, ке ти се јавиме бла бла, 4 мејлови му имам исптратено на castomer care mejlot со му е и ништо ни одговор ни ништо, јас не знам дали кај нас во македонија има комисија за заштита на потрошувачите,или нешто слично што ги рекламираат пакетите ако не се спремни да ги дадат услугите, ако има некој кој што е приклучен нека пиши, дали вреди да чекам или да си стравам од Мт нет поздрав

Слика на selanec81

да ке ти ја пратам

само не ти е точна адресата

Слика на Сељачиште

Ја прекуца ко

Ја прекуца ко што ти реков или ја копипејстна?

Слика на selanec81

да ја прекуцав

прееска само ја копипејстнав затоа не ти стаса сега е ок ти ја пустив па види

Слика на dimitar27

ах тој он.нет

selanec81 wrote:
помина еден месец и сеуште немам ставено интернет, договорот за соло 3 пакетот го склучив пред еден месец и уште ме лажат дојди петок понеделник, ке ти се јавиме бла бла, 4 мејлови му имам исптратено на castomer care mejlot со му е и ништо ни одговор ни ништо, јас не знам дали кај нас во македонија има комисија за заштита на потрошувачите,или нешто слично што ги рекламираат пакетите ако не се спремни да ги дадат услугите, ако има некој кој што е приклучен нека пиши, дали вреди да чекам или да си стравам од Мт нет поздрав

Има бе друштво за заштита на потрошувачи, држ број:
02-3212440
ај да те видиме што ке направиш, баш ме занима.
За адресата на Сељакот, ти кажа-прекуцај ја, не прави COPY-PASTE. И препрати му ги, ај да видиме дал ке најде он кој тоа фраер не одговара на мејлови на корисници, а за тоа плата зима.

BONUM PENIS PAX IN DOMUS

Слика на selanec81

фала за бројот

да ти кажам ќе си ја барам правдата мада не очекувам многу, пошто во договорот стои член дека ако не ти приклучат за еден месец договорот се раскинува, ке се јавам баш да видам што ќе кажат !!!

Слика на judge

Све селани по

Све селани по ова Баграва! :-) (мислам, муабет прават селанец81 и сељачиште :-)).

Баш ме интересира и мене, да видам дали ќе помогне нешто од сите овие работи.

Слика на slave=brainstorm

во договорот

во договорот стои дека ако за еден месец не те конектираат ако сакаш договорот е автоматски раскинат

Слика на selanec81

конечно добри вести

вчера реков ај баш да видам што се случува отидов во он нет од прилеп застапници кај што го случив договорот, и му стасале акаунтите само не биле активирани од он нет, треба сабота да ги активирале , арно ама, и модемите треба да стасале од он.нет луда лудница, ај да видиме што ке излези

Слика на dimitar27

Ми мириса на

Ми мириса на телекоооооооооомммммммммммммммммммм

BONUM PENIS PAX IN DOMUS

Слика на PetarK

Како Он.нет го

Како Он.нет го обезбедува АДСЛ-от - resale, bitstream, ULL?

Слика на slave=brainstorm

Како Он.нет го

PetarK wrote:
Како Он.нет го обезбедува АДСЛ-от - resale, bitstream, ULL?

А?

Слика на Новица

Solo пакетите

Хм, да го споделам моето искуство. :-)

Јас уште го чекам адсл-от. На 12тиот ден (30 септ.) бев да прашам и ми рекоа дека се е ок, ми дадоа модем и се тоа, ама тоа сијаличето никако да засвети на модемов.

Среќа, уште го имам вадсл-от - баш добро што не се гаси тоа автоматски кога ќе го дадат модемот. Сепак, од 1ви и овој почна сериозно да заебава. Не водев евиденција за минатите денови, ама денес еве 4 саати немаше интернет.

На техничка поддршка одамна не се јавувам - денес решив да се јавам онака за да го истерам редот.

Се мислам дали да мерам тоа 98% месечно - што ќе рече 15 часа да нема интернет. Но, баш и не знам како ќе докажам дека навистина било така.

--
Don't attribute to malice what can be explained by incompetence.

Слика на slave=brainstorm

јас пак на 14

јас пак на 14 потпишав договор, после точно две недели зедов модем, и еве едне недела се уште не ми кажаа лозинка и корисничко име. а сите сијалички на модемот трепкаат, светат со сто на саат.

Слика на slave=brainstorm

и конечно после

и конечно после точно три недели бев поврзан, и морам да кажам вредеше да се чека. стабилно е и достигна максимум брзина 986 кбпс даунлоуд и 250кбпс аплоад (е де малку фали до максимум). иначе на соло 3 сум.

Цитат:
Се мислам дали да мерам тоа 98% месечно

96% се.

Слика на selanec81

и како е!

добар е интернетот нос-топ има конекција
задоволен си ?

Слика на slave=brainstorm

и како е!

selanec81 wrote:
добар е интернетот нос-топ има конекција
задоволен си ?

да де. реков дека конекцијата е стабилна, не се дисконектира, секогаш има интернет.
со лозинка и корисничко име е, значи треба де се конектираш секогаш кога сакаш да користиш интернет ама јас го уклучувам компјутерот на сабајле (кон 12) се конектирам и до кон 3 на сабајле сум конектиран, без проблеми. дури и кога компјутерот е во стаенд бај, значи само рамот е на струја, кога пак покренува компјутерот, интернет конекцијата е тука.
(ова конектирање мене по живци ми оди, јас сакам само да кликнам на мозилата и да почнам да сурфам)
можно е кај некои да има слаба конекција, ама само кај некои, ретко. мора опремата да ја поврзиш онака како што е опишано иначе можни се проблеми.
шо се распишав олку? во секој случај јас сум задоволен, онака како што е опишана услугата , таква е. (стабилна и брза до 950 кбпс достигна од можни 1024 кбпс)
претходно имав еден месец од МТ, и живци искинав, не знам дали беше до опремата ама конекцијата беше стабилна ко Јапонија (70 земјотреси дневно)
конечно во македонија ќе заживее користењето на интернет.(се надевам)

Слика на selanec81

конечно интернет

после толку јавувања и нервози конечно вчера вечер се уклучив малце потешко ама се уклучив како можам да ја проверам брзината ?

Агрегирање содржина