Невладина Организација.....
Испратено од aleksandra85 на 8 септември, 2007 - 13:23
Сакам да ве прашам за невладините организации.
Како може да се направи невладина организација?
Дали јас како студент можам да направам?
Кој се тие луѓе што вложуваат во невладини организации?(со други зборови кој ке ми даВА ПАРИ ЗА ПРОЕКТИТЕ?
Дали некој од вас има невладина организација?
Кај треба да се обратиш за да ја отвориш?
Дрн Дрн јас речиси ништо незнам ,со некој други луге имам идеја да направам невладина организација,која ке се занимава со хелтх цеар Helth care...
Па баграши ....ХЕЛП
»
- Додај нов коментар
- 5072 читања

Невладина Организација.....
Невладина организација (НВО или на англиски NGO - Non-Government Organization) се „прави“ така што се регистрира во суд. За да ја прифати судот регистрацијата, треба да постојат неколку документи (за нив подоцна), а пред се`, основачко собрание на група на граѓани.
Значи, НВО се формира од група на граѓани кои имаат заеднички интерес по некое (било кое) општествено прашање. Студентите, како и да земеш, влегуваат во „граѓани“ - дури и ако се од село :-).
Основните документи кои се потребни се: Статут на организацијата, Список на членови на организацијата, список на членови на управниот одбор (или борд), претседател на УО, надзорен одбор ...
Ова можеби звучи сувопарно, но е од клучно значење за успешното работење на НВО-то. Читај подолу...
Во НВО-ата може да „вложи“ секој („Вложи“ е несреќно избран збор и НЕ го употребувајте пред финансиерите. „Финансира“, „помага“, „донира“ се подобри еуфемизми за чинот на давање на пари). „Секој“ значи секој. Фирми, влади (странски и домашнава), фондации, интересни групи, поединци ...
Се` што треба да се убеди некој да финансира е да се погоди некој негов интерес. НВО-ата обично се занимаваат со општествени интереси, на пример (деновиве популарна) анти-корупција, развој и заштита на одредени групи на граѓани (нпр. малтретирани жени, болни деца), па се` до селани на кои не им се допаѓа што патот не им го асфалтирале последниве 50 години. И да, здравјето на луѓето е сосема валидна причина и потреба на општеството за основање на НВО.
НО (знаевте дека ќе има „НО“, нели) - клучот е во тоа да се погодат желбите на финансиерите. Пред се`, треба да се има добро напишана mission statement и разработен план за тоа со што ќе се занимава организацијата. Тоа оди во Статутот, но и во други материјали кои ќе ги давате на потенцијалните финансиери.
За да се добијат пари, потребно е да се има добро разработен проект, кој ќе се занимава со одреден проблем и негово решавање или олеснување. Подобро е да се зафатите со некој пошироко присутен проблем или цел, на пример, дрогата кај младите, проблеми на пациентите на дијализа, што-знам ... (кога веќе зборуваме за здравство).
Испланирајте што ќе правите, која група ќе ја опфатите, како ќе работите, колку луѓе ќе учествуваат, кои трошоци ќе ги има (детално разработени, до тоа колку спајалици ќе се потрошат) ... и никогаш, никогаш, не пресметувајте „заработка“, „профит“ или нешто слично. Невладините организации по дефиниција се непрофитни и немаат заработка. Можете да пресметате некаква дневница за надворешни учесници или да платите некакви професионални услуги (нпр. превоз, печатење), но за себе не пресметувате ништо. Дозволено е и да се пресметуваат трошоци на канцеларијата (телефони, кирија, интернет, хартија ...) или некакви инвестиции во смисла на компјутерска опрема, столчиња, маси, обука дома или во странство (ова се нарекува „capacity building“). Но плата за себе и за другите членови - не. Тоа директно ќе значи одбивање на проектот.
Секогаш малку надувајте ги трошоците, за да остане по нешто и за вас. Но бидете подготвени дека секој финансиер бара детално водење на трошковници, поткрепени со сметки за секоја, па и најмала сума. Тоа е дел од секој проект - водење на детална евиденција. Исто така, секој проект бара завршен извештај, а ако е подолг и еден или повеќе времени извештаи. Ќе се изнапишувате.
Е сега - кој дава пари? Просурфај на http://www.mango.org.mk/ , ќе добиеш некаква идеја. Можеш да одиш и на „слепо“ - пишувај писма до разни амбасади, други странски организации од типот на USAID, UNDP и слично. Внимавај да имате добра идеја и разработен план.
Јас сум член на УО на две НВО (но нема сега за тоа).
НВО не се „има“, туку си член на НВО, дури и ако си нејзин основач. Во НВО не си газда, највеќе можеш да бидеш претседател на бордот, но тоа е подложно на гласање секоја година.
Судот е надлежен за регистрација. Просурфај малку по македонските НВО страници, распрашај се, сигурно некој ќе помогне во администрацијата. Скоро сите НВО имаат своја страница. Не користи Google, туку http://pogodok.com.mk
Имаше пред некое време и на Баграва некој со страница за ментално здравје, ми се чини ...
Бидете упорни и искрени во намерите. Веднаш да ти кажам - НЕМА да се обогатиш од ова, но ако направиш нешто корисно и помогнеш некому, ќе се чувствуваш добро.
Со среќа ...
ПС. И, добронамерна критика - купи си граматика на македонскиот јазик - со вакви грешки какви што имаш во прашањето, нема да стигнеш далеку.
Слично и ако пишуваш „Project proposal“ на англиски, кој е lingva franca во НВО светот. Најдобро е да најдеш некој „нативен“ зборувач на англиски да го прегледа текстот, или барем некој што е многу флуентен. Дури вреди и да се плати за ова, затоа што тоа може да биде make or brake фактор во процесот на одлучување.
*cough* make or break
*cough* make or break *cough*
Иначе, сеопфатен одговор. :)
http://tb.polygonized.com
*cough* make or break
Упс! Sorry!
Така ми треба кога пишувам на Багра, цврцкам пивце, жена ми ми квоца нешто, син ми ми бара пари ...
Јес’ дека сум мултитаскинг, ама што е многу - многу е. :-)
Издали ме пријатљи издао ме Брат
отвори невладина организација и сите пари ке дојдат кај тебе
Џаџ бе со цел
Џаџ бе со цел памет ???
Глеаш дека Александра сака да „си има“ своја Ен Џи О
Зема да и објансуе ко стварно да ќе „отвара“ ??
Александра мило, да си отвориш, ја по цел ден со такви работам, и да знаеш какви има а зимаат плати по 100.000 МКД, ти си за нив, ехехеееееј паметна.
Кур да не ти чуе, утре правац суд и „напрај си“ Ен Џи О, еве ја ке ти бидам у борд, знаеш колку контакти и врски имам, башка и англиски знам по млаку.
Оно . . некако македонскиов ми отупе, никако да го сконтам Џаџ што е тоа „нативен“ , ама од годините ќе да ми е :)
П.С.
За у борд обавезно, Сељакот, Зис, Путникот, Зељо, Јуле за маркетинг а бившата трудница за портпарол (згодна е у пм).
Ајт, решено е, преседник ке биде Александра, ние „само“ ке одлучуваме :)
BONUM PENIS PAX IN DOMUS
Е сеа, на раат,
Е сеа, на раат, си го читам она што го напишав.
Значи, стварно сум муле. Си ја сфатив домашната сериозно, и се распишав, к’о да ми е последно и ќе снема.
Уствари, знам што ми било. Кога ќе чујам дека некој сака да прави нешто добро (Александра, нели сакаш да правиш нешто добро?), засукувам ракави и ја да помогнам. Фин, фин, од Финска да бев, немаше да бидам пофин.
Јеби га.
Не бре
кога мудрецот ќе покаже кон месечината будалиот гледа само прст
Не бре не се работи дека сакам само муабет да си праљвам со вас.Оваа идеја ја имам веке година дена и решив да се заангажирам.Инаку малку ке ме нема на багра.
Не бре
И се заангажира ли малку? А Сашенка? И зш ке те нема од БАГРА? Да не те налути неој, да не те навреди? Кажи ако те р'чка некој да му се мајке најебемо. Ти си ни овде уместо ЛОГО (ќе речев маското-знам ке се навредиш, а ја најмилно ти кажуем).
Ај, кажи што мука имаш што ќе те нема од БАГРА?
За ЏАЏ:
Стигна тоа iphoneto другар-оргазмично е :))
BONUM PENIS PAX IN DOMUS
Не бре
Стај го на вибрации и седни на него, да видиш оргазам! :-)
(Извини батка, коа веќе ми се намести :-) )
Не бре
Шо извини бе Судац, нема лутиш, наши сме си :)
Чуј, заебанции ке има до смрт, ама дека чудово е object of desire, и fashion statement нема муабет.
Ај, подјебавајте и даље, не е проблем, ама да отворевме нова тема, оваа е за Алекса85, нели ке си прави дет'то НГО, па после ќе си мења ај-фони ко чорапи.:)
BONUM PENIS PAX IN DOMUS
факав
Факав услов и го фатив не ми побегна.Не се лјутам бе Димитар ....Јас со баграа си растам.Се надевам еден ден и ке пораснам.. :)
Барам на гугл
Барам на гугл “Невладина организација“ прв погодок е токму оваа страница. Барам на погодок, прв погодок е токму оваа страница. Тоа бе чувари мои интернетовски
Барам на гугл
Robo, да не нема најквалитетни информации за Невладина Организација баш овде? :)
Него Алекса ни ја нема . .изглеа „отворила“ ХВО па сега со БАГРА не комунициСа, башка Владе Соросовски ќе затвори чешмичето ако пишуе на Баграва . . уствари тоа порано беше бе, сега ќе попушти чешмичето со соросовски парички :)
De gustibus non est disputandum ! ! !
Сите моми се
Сите моми се збраа на чешмичето на алекса а она покажува со прст кон месечината и ние будалите ја гледаме. Или како и беше потписот т.е животното мото :)
Остај тоа, глеј ти како кипе од квалитетни информации на баграва. Не ли е кураж да ја дава во најгорните резултати од цел македонски интернет кога бараш за НВО! Најубо да му пуштам абер на џаџ
КураЦ е брате,
КураЦ е брате, КураЖ де :)
ој им овде на овие, белким нешто знаат:
www.ngocenters.org.mk
De gustibus non est disputandum ! ! !