интернет заработувачка !!!

здраво

дали некој знае сајтови каде што може да се заработи на интернет со ,пишување,сурфање или нешто слично

Опции за гледање на коментари

Избери го посакуваниот начин за прикажување на коментарите и кликни на „Активирај“ за да ги видиш измените.
Слика на ZisDead

пробај тука

Ако сакаш може да работиш како механички турчин :)

http://mturk.com/mturk/welcome

Communism is monopoly capitalism

Слика на selanec81

фала дечки ај

фала дечки ај ке пробам па ке ви кажам !!!!
поздрав од селце

Слика на GoodBytes

Google AdSense

Јас би ти ја препорачал комбинацијата пишување + online advertising. Еден од водечките е Google AdSense, сигурно исплаќа ако имаш барем 100 долари, чек ти стига дома по пошта. Ако имаш многу посетен сајт, по можност на англиски јазик, можеш да заработуваш многу пари.

Прочитај нешто повеќе за овој систем од мини-серијалот кој го објавив на мојот блог минатата година:

Со дисциплинирано и упорно работење, а нели ова е начин да се заработи, значи „работа“, може да се заработат повеќе пари и од просечно платена работа во САД, на пример. Во последно време има луѓе кои ги напуштаат работните места за да работат на своите сајтови full time. Во првите неколку месеци постепено ќе се подига посетеноста, за потоа да се достигнат некои прифатливи нивоа на заработка.
--

Слика на dimitar27

Google AdSense

GoodBytes wrote:

Таман ќе речев ГБ греши што дава вака џабе инфо, па сконтав дека уствари дава ликови од неговиот блог, а според неговото објаснување, секоја посета е плус камче кај ГБ у џеп :)))

БРАВО ЦАРЕ- !RESPECT

P.S.
Бев некња кај тебе у град, уууббббббббаааааааааввввиииииииинннннннннниииииииииии, после возење по дожд цел ден претходно, кога ме спука сонце . . мммм . . па после ме спука и чорба, и 2-3 ракии . . ах , ке се преселам таму, само да догурам до пенизија, уште некои 5-6 години :)
BONUM PENIS PAX IN DOMUS

Слика на GoodBytes

Еве се

Еве се збогатив, чекај да се наведнам да ги земам овие еврава шо ми паднаа од џебов... Инаку Охрид е сега најубав, пошо не му е сезона, а имет и ренде.

„Вратете го Охрид на охриѓани“!

Иии, баш ме интересира како изгледаат моторџии пензионери. Се собирате во парк пред мотор и кажувате како кариките биле поквалитетни во ваше време? :-)
--

Слика на judge

Еве се

GoodBytes wrote:
Иии, баш ме интересира како изгледаат моторџии пензионери. Се собирате во парк пред мотор и кажувате како кариките биле поквалитетни во ваше време? :-)

Нема врска. У наше време немаше карики. Се буткавме со нозе, или ако фатиме некоја удолница ... :-)
На карики вежбаше Миро Церар.

Слика на judge

Има еден

Има еден „сајт“ - на Јужен булевар, ќе клекнеш и ќе чекаш, хехе

Кога би било така лесно ... но, има еден начин одлично да се заработи на Интернет.
Значи, прво треба да бидеш студент на некој, по можност, информатички факултет. Посебно треба да те интересираат организација на податоци, алгоритми за пребарување, оптимизација, итн.
После, правиш програма за индексирање на страници од интернет, и откако ќе се покаже дека е многу успешна и добра, правиш компанија. Компанијата ја нарекуваш Google.
После ова, no problem - полн си пари.
Хех.

Слика на fini993

Лесен начин на заработка

Еве ви страна каде што можете да заработите по 10-20 центи во денот за 5 минути. http://bux.to/?r=fini993 единствено што треба да направите е да се регистрирате и да се логирате и да одите во surf ads и да си кликнувате на секоја веб страна по 30 секунди така што ке земате по 1 цент. После парите ке си ги префрлите не е-маил и ќе трошите. Јас минатиот месец собрав 10 долари и си ставив кредит на скајп.

Агрегирање содржина