Мислам, мразам да ви кажам дека бев во право, ама ... бев во право!
Сега слушам на вести како имало пукање кај Танушевци, а ја слушав и бесната реакција на ДУИ по повод апсењата и „информативните разговори“ на кои се повикуваат нивните членови (наводни „борци на ОНА“, иако знаеме дека тоа се терористи, претходни разбојници - друга приказна).
Претепан е и полицаец (албански македонец) во Кондово, наводно од тепачите на Агим Красниќи.
Тоа треба да се „чита“ вака:
- Тајните служби на Македонија (читај Мијалкови), прават се’ за да ја затегнат ситуацијата, за да оправдаат ново влошување на ситуацијата и, на крај, поделба на Македонија.
- Специјалците се намерно испратени во Танушевци за да провоцираат конфликт. Има други начини да се фатат тројца-четворица корупки, не со напад во сред ноќ.
- Полицаецот е претепан од криминалци кои се во договор со тајните служби (а веројатно се активисти на ДПА) , бидејќи имаат иста цел - поделба на државата.
- „Борците на ОНА“ се малтретирани за да се испровоцираат порадикалните елементи во ДУИ (партија која, навидум парадоксално, не е за поделба, што само потврдува дека нивните контролери од западните тајни служби им дале таков налог). Не дека лично не би скинал неколку од тоа терористите.
- Не заборавајте и на наводниот „терористички“ напад на зградата на ЦК со рачни минофрлачи, во недела, кога никој нема таму - очигледно наместен од тајните служби. Се излаја и тој глупиот портпарол на Владата, на кој не му рекле се’, само малку, колку невешто да истропа глупости.
- Тука е и ненадејната оставка на директорот на Агенцијата за разузнавање, кој очигледно „разузнал“ нешто, а потоа му рекле дека не смее да зуцне. Инаку отиде главата и фамилијата. Тоа „нешто“ најверојатно се некои од овие активности за кои зборуваме.
Г’уевски, кој сега покажува дека никогаш (барем идеолошки) и не се одвоил од својот ментор Георгиевски, ја користи млитавата опозиција за да предизвика нова криза. Добриот рејтинг кај популацијата му овозможува да ја спроведува својата нацоналистичка стратегија (со социјални моменти - па сега види како тоа се вика).
Here we go again.
Последни коментари