8 септември, 2008 - 11:38
[веб кирилица]

Го фатија преварантот

од aleksandra85 на 29 авг 2007 - 06:24

Лажниот лекар од Скопје, Васил Василевски (42), кој во минатите неколку месеци измамил повеќе инвалидизирани лица од Куманово и од Битола, во петокот вечерта беше уапсен од кочанската полиција додека му давал „терапија“ на момче. Против него се поднесени неколку кривични пријави за измама, а во текот на вчерашниот ден се очекуваше од истражниот судија да му одреди мерка притвор.
Се претпоставува дека вкупниот број на измамени во целата држава е околу осумдесет инвалидизирани лица, од кои со измама успеал да одземе неколку десетици илјади евра

Според МВР, Василевски бил уапсен во петокот во стан на улицата Димитар Влахов во Кочани во момент кога требало да му даде терапија на И.П. од Кочани, кому и претходно му давал терапии. Момчето имало повреди од сообраќајни несреќи, па се надевало дека Василевски ќе го излекува.

Претставувајќи се како лекар за кинеска терапија, тој измамил уште седум лица од Кочани со различен инвалидитет кои ги лекувал со масажи. Во терапијата вклучувал и консумирање на неколку видови ампули, кои ги наплаќал по многу висока цена, велејќи дека ги набавува од Кина и од Јапонија преку свои канали.

Кривична пријава против него и неговата придружничка Билјана Милошевска од Куманово е поднесена и од кумановската полиција поради измама на околу 20 лица.

Василевски во Куманово работел два месеца, и тоа на две различни локации во близина на болницата, од каде што со измама извлекол од кумановци околу 5.000 евра. Тој ги лекувал со акупунктура, а им продавал лекарства по цена од 50 евра за ампула.

- Непосредно по сеансите се чувствував добро, а сега, откако слушнав дека се работи за измамник, здравјето многу ми се влоши, а се сомневам дека за 300 евра, колку што платив за лекарствата, може сум испила и некаков отров - изјави една измамена кумановка.

Откако Куманово станало тесно за неговите лаги и во мај го напуштил градот со џеб полн со пари без да ги излекува своите пациенти, лажниот специјалист по физикална медицина се укотвил во Битола. Не се знае бројот на битолчаните што ги измамил со истите лаги во изминатите три месеци.

Оштетените пациенти раскажуваат дека Василевски им се претставувал како лекар што докторирал во Кина и со источна медицина лекувал парализа и мозочни удари. Искористувајќи ја безизлезната ситуација во која се наоѓале, Василевски ги лажел дека ќе направи тие да трчаат низ битолското корзо ако купат ампула вредна 400 евра. Неколку пациенти, кои не виделе арно од купената ампула, неделава го пријавиле во полиција, но тој веќе ја напуштил Битола.

- Доаѓањето на доктор Васил за мене беше како Господ да слегол од небото бидејќи 39 години сум врзана за количка. Беше многу елоквентен. Прво почна со масажа, а потоа почна да ме убедува дека поседува волшебна ампула, која чини 400 евра, а со која за 40 дена ќе трчам по корзото. Му поверував и ја купив ампулата, за која подоцна дознав дека чини 40 денари во аптека - вели битолчанката Душица М. (55).

По измамите во Куманово и во Битола, кон крајот на јули Василевски дошол во Кочани. Со кумановката Билјана Милошевска, со која живеел во вонбрачна заедница, изнајмиле стан и веднаш почнале со работа на терен. Според веќе разработената шема, жртви биле инвалидизирани лица на кои им ветувале дека со „волшебните ампули ќе бидат излекувани и ќе можат не само да одат туку и да трчаат. Лажниот специјалист по физикална медицина ампулите на измамените граѓани им ги продавал по цена и до 400 евра, а тие во кочанските аптеки чинеле од 70 до 100 денари. За неполн месец, скопјанецот измамил десетина кочанци за околу 10.000 евра. Тој број веројатно ќе биде поголем, бидејќи во полицијата се пријавувале и други случаи на измамени пациенти. Се претпоставува дека вкупниот број на измамени во целата земја е околу осумдесет. Претходно Василевски на таков начин лекувал инвалидизирани лица во Белград, Србија. Според кочанската полиција, тој имал завршено средно образование и некаков курс за масажа. Кочанци велат дека често го гледале во казиното во тој град, каде што најверојатно ги трошел нивните пари.

Опции за гледање на коментари


сликата на judge
Освен да си - од judge на 29 август, 2007 - 09:02

Освен да си педофил или политичар, најсрамно и најтешко е да се богатиш на туѓа болест.

Измамените, бидејќи имале голема мака, му верувале на преварантот и давале големи пари за инекции на витамини. Интересно е што кај некои плацебо-ефектот бил толку силен што навистина се почувствувале подобро. Хм, можеби за тие случаи не треба да биде гонет, навистина им помогнал.

А сега, малку политичарење:
Домашните веледрогерии, во спрега со Фондот за здравство (т.е. раководителите во Фондот), со години наназад се богатат на туѓа болест и туѓа мака, без никакви скрупули, и без никаква казна.
Фондот ги троши парите на осигурениците на најсомнителен начин, прифаќајќи цени на лековите по неколку пати повисоки од реалните, а веледрогериите и производителите се среќни да продадат по таа цена. Да ги спомнеме само Зегин, Пановски, Елбијор, Алкалоид (додуша, овега веќе го казни Господ), Јака ...
„Неко то од горе види све ...“, пее Ѓоле Балашевиќ, и во овој случај не ми останува ништо друго туку да станам религиозен и да очекувам да ги мавне некој гром одозгора. Бидејќи, државата не презема ништо.

Јавна - од lizard на 29 август, 2007 - 10:42

Јавна егзекуција. Или не ... да му ги отстранат екстремитетите па да му даваат такви ампули. А можи и очите да му ги извадат.

сликата на Itar_Pejo
Та не е саде тој... - од Itar_Pejo на 29 август, 2007 - 11:03

Џабе фаќањето на измамникот, кога со државен амин има легални измамници. Пример за тоа е регистрирана приватна здравствена организација на улица Железничка (еднонасочната под Клинички Центар) а името ќе да и е Превентива па некоја бројка... Пази прават „компјутерско снимање“ на цело тело (уредот им е налик на медицинскиот скенер на д-р Крашер од Ѕвездени патеки) и покрај тоа што кажуваат од што боледуваш, ја претскажуваат и медицинската иднина, односно од што ќе боледуваш во животот. Ашколсун. Овој објавениов измамник цел живот да мамел немало да го направи месечниот промет на „Превентивното“ ПЗО.
Не е лошо да се спомене оној „Центар за сколиози“ познат по џиџаните скулптури на него веднаш до руска амбасада. Таму „ординира“ Проф. д-р Џамбазовски. Што знае болниот човек наш што е доктор на медицина а што е професор доктор на факултет за физичка култура, а? Олеснителна околност е што типот има некое работно искуство во врска масажи, местење зглобови ама глобално е измамничко представување...
Итар Пејо

сликата на aleksandra85
Знаеш што е лошото??? - од aleksandra85 на 29 август, 2007 - 12:16

Лошото е што народов ни е неписмен.Друго малку да се пописмени па кога ке и најдат некоја болест сами да си седнат на гоогле.ком па да си најдат самите податоци за болеста што си ја имаат па да си видат има ли лек или не....Од кога запинјам за медицински интернет форум на кој секој ке може да си поставува прашање а тим од лекари да им даваат одговори ич да не е еве ние студентите ке седиме ке го модерираме тој форум.Па да си прашаат луѓето боледувам од таа и таа болест најдов еден комшија на неговата жена од братот керката на неа мажот и ми даде еден лек народен да го пијам или не....
Па отворете само огласник да видите во делот медицина какви огласи се нема,,лешам од ова лечам од она,, ...Ама лошото е тоа што ништо не се менува тапкаме во место.Абе млади девојки момчиња верувате ли дека комјутер немаат видено камо ли интернет....ај овие од комунизмот излезени ај како и да е ,,,ама млади по 20 години маил незнаат да пратат камо ли нешто друго.

Ова со форумов - од yfipk на 29 август, 2007 - 17:26

Ова со форумов и не ти е лоша идеја. Може да почнеме и од тука, еве тебе да те прогласиме за дежурен лекар на баграва, па на кој како му треба нешто, да се јави кај тебе. Предлагам подфорум aleksandra85 - онлине клиника. Кој е за?

Altough the way the women looked at me on that cruise ship, i might as well have been dead.

сликата на Itar_Pejo
Не е тоа лошото, лошото е... - од Itar_Pejo на 30 август, 2007 - 09:29

aleksandra85 напиша:

Лошото е што народов ни е неписмен.Друго малку да се пописмени па кога ке и најдат некоја болест сами да си седнат на гоогле.ком па да си најдат самите податоци за болеста што си ја имаат па да си видат има ли лек или не....

Не е тоа лошото. Од народот и не треба да се бара медицинско знаење. Ниту има потреба. Лошото е што народот секој месец двои пари за некој да се грижи за неговото здравје. Тој некој е Фондот за зддддравстввввено (ммммалку заддддткав, изззввввини) осигурување. Тој треба да се грижи за своите осигуреници. Дали се грижи? Се разбира дека не, му е гајле - еден и единствен во монополска-помонополска позиција - здравје, ќе си ги собира и понатаму паричињата без да води грижа неговите корисници како се згрижени. Нема кај да одат на друго место. Мала загуба ќе претрпи кога ќе му лешираат здраво и младо дете кое можел да го срка со 3-4 илјади денари на месец уште долги години, а за возврат да му раскажува како лековите кои ги плаќа по вторпат сега биле поефтини - со помал ДДВ демек, ама лоша фондовска среќа, тоа ти е. Ќе дојдат други. Оти нема каде да одат на друго место да ги дадат паричињата. Кога би имало повеќе здравствени осигурувања, е тогаш е друго - човек со медицинско знаење ќе следи дали се запазени процедурите и протоколите за одредени симптоми/болест. Ако не - тој доктор, установа се брише од соработниците на тој фонд и уште може да попијат солена тужба ако ја згрешиле малку повеќе.
Итар Пејо

сликата на judge
Sicko - од judge на 30 август, 2007 - 12:17

Погледни го Sicko - најновиот филм на Мајкл Мур. Ќе ја видиш вистината за приватни здравствени осигурувања.

Да те прашам: Ако ти би била сопственик на приватно здравствено осигурување, дали повеќе би се грижела за сопствениот џеб (профитот), или за максимално трошење на пари за да се лечат твоите абоненти?
Сите најдобри здравствени осигурувања во светот (Канада, Франција, Нов Зеланд) се државни. Само што таму ги апсат расипаните лоповски директори и службеници. Тоа е разликата.

сликата на Itar_Pejo
Sicko - од Itar_Pejo на 31 август, 2007 - 08:43

judge напиша:

Да те прашам: Ако ти би била сопственик на приватно здравствено осигурување, дали повеќе би се грижела за сопствениот џеб (профитот), или за максимално трошење на пари за да се лечат твоите абоненти?

Ако би БИЛ сопственик на приватно здравствено осигурување, најмногу би се ГРИЖЕЛ за сопствениот профит. За да профитирам повеќе на подолг период, треба да имам што повеќе осигуреници, односно да понудам подобри услови од другите приватни здравствени осигурувања и да се грижам како се третирани моите осигуреници зошто јас го плаќам дијагностицирањето и третманот. Тоа е многу подобра ситуација од сегашнава кај нас: има огромен број лошо третирани пациенти кои и не знаат дека се лошо третирани. Филмот ќе се потрудам да го гледам.
Итар Пејо

сликата на aleksandra85
Погрешно сум разбрана..... - од aleksandra85 на 30 август, 2007 - 19:51

Не сакав да кажам дека луѓето кога ке се разболат треба да седнат на нет и сами да си најдат лек сами да си го препишат,сами да си го аплицираат дрн дрн.Фондот неможе нив да ги заштити од надри лекарите каков што е овој копукот Василевски.Не одалечувајте се од темата темата се однесува на надри лекарството ,,кинеска медицина,, ,,чудотворни напивки,, ,,хиропрактиканти,, ,,шинки,, и ...
Бројот на измамените е навистина голем најинтересно е што пред месец дена на телевизија беше објавено дека Василевски Васил ги оплјачкал Кумановци и што се случи: тој си заминал во други градови со истото име и презиме и луѓето не ни знаеле дека овој е преварантот од Куманово и му давале пари.
Зар толку не се консултирале со своите матични лекари,со пријатели,со ,,излекувани пациенти,, ....

сликата на Itar_Pejo
Не си, не си... - од Itar_Pejo на 31 август, 2007 - 08:46

aleksandra85 напиша:

Не одалечувајте се од темата темата се однесува на надри лекарството ,,кинеска медицина,, ,,чудотворни напивки,, ,,хиропрактиканти,, ,,шинки,, и ...

Ма воопшто не се оддалечувам од темата - јас само тврдам дека надрилекарството вирее и во нашето јавно и приватно здравство.
Итар Пејо

го фатија преварантот - од bubuKojot на 8 септември, 2007 - 20:21

ова што ке ти го напишам ке се запрепастиш и ке се згрозиш е па вака дали вцера слушна на вести кого го поставиле за директор на ургентен центар, е па јас ке ти кажам,поставен е наводно лекар, кој се разбирал од менаџирање кој немал ни ден работен стаж,и прашање било дали му е нострифицирана дипломата тоес признаена, и прашанје дали има хипократова заклетва дадена,а штое нај смешно ке му помагал во работата сменетиот директор на ургентниот центар на клинички центар, со тоа се виде дека во здравството има и приучени лекари со купени дипломи,тоес диплома на слава на нивните татковци е па ај сега видиго овој апсурд.Не превари туку Барони Минхаузени ке почнат да не лекуваат (ти препорачувам чувај си го здравјето)

сликата на lujka
Организирај - од lujka на 6 септември, 2007 - 22:58

Што запињаш само со зборови? И кај кого запињаш? Ќе молиш некого кој нема директна корист од тоа? Некои луѓе нема да мрднат со прст додека не им капне нешто в џеб. Секоја чест за оние кај кои тоа не е така. Ги има. Но изгледа дека оние другите се повеќе, од поголем па до најмал се во мнозинство.

Смисли како од тоа за што запињаш оној кај кого запињаш може да се офајди, па нека биде применето. Ќе трае во таа форма се’ додека тој од кого зависи има фајде. Или додека не дојде време за чекор 2. Во првиот чекор луѓето се навикнале на тој начин на барање почетна помош или совет. Некои од нив за прв пат научиле како се користи интернет. Вториот чекор е - направи повеќе такви форуми / online советувалишта, па нека си конкурираат. Таа идеја функционира во некои весници, на пример, каде што луѓето бараат совет од лекарот кој се става на располагање да одговори на прашањата од читателите. Но просторот во весникот е ограничен, така што релативно мал број луѓе успеваат да добијат совет таму. Во форумот би можело да им се одговори на повеќе корисници. Проблем би можело да има во тоа што студентите, правно гледано, не се меродавни да даваат медицински совети. Но тоа се решава со еден прост дисклејмер во кој се вели дека сајтот е наменет исклучиво за забава, и дека содржината на сајтот не треба во никој случај да се смета за замена за вистински медицински совет, и дека корисниците никако не би требале да ги применуваат советите прочитани на сајтот без да се консултираат со својот лекар.

Power to the people, бе!

If I were to await perfection, my work would never be finished.

сликата на aleksandra85
Василевски контра Докиќ - од aleksandra85 на 30 август, 2007 - 00:55

Сакам да ви направам една споредба:
Докиќ пронајде лек за алергичните на прашина кој ке спасува милиони луѓе...театрално беше уапсен пред камери под сомнение дека зел мито од триста евра од пациент кој го излекувал.
Василевски земаше од лугето пари за лажниот лек ,измамил 80 луѓе на кои им ветувал дека ке ги излекува,што е најстрашно кај нив ја разбудувал надежда дека утре може ке проодат,дека нема да умрат од рак и сл.Уапсен е без ни да се слушне затоа.Зар овој психопат не требаше да го уапсат пред очите на јавноста,зар овој психопат не треба да им биде даден на луѓето тие да му пресудат,Овој човек уништил многу животи многу семејства бидејки најлошо е кога некој ке ти ја разбуди надежта и накрај се ке пропадне.Докиќ и да зел мито, тој пациентот совесно го лекувал ,а ова суштество им давал витамини или кој ли знае што лажејки ги дека тоа е чудотворниот лек.Нека законите и третманот бидат еднакви за сите луѓе.Ваквите психопати давајте ни како ги апсите.....

Споредба :) - од ackom на 30 август, 2007 - 02:05

Нема шо да правиш споредби. Тоа се вика политика. Се учи кога ќе запишеш специјализација.

го фатија преварантот - од bubuKojot на 30 август, 2007 - 10:42

ако е таткоти доктор ,и ти ке бидеш доктор со купена диплома,секогаш било така и така ке биде од тоа неможеш да избегаш.

сликата на judge
Докиќ - од judge на 30 август, 2007 - 08:58

Аха, исто како во Јужна Африка до пред 15-20 години: „Нема црнци-белци, сите сме зелени. Ај сега потемно зелените у ќош, а посветло зелените да си седнат“.

Секоја чест на Докиќ за тоа вакцината, ама дека земал пари, земал. Шта зна деци шта је тешко - узме и носи.

Затоа, законот си прави разлика: на Докиќ ќе му одрежат едно шест месеци до година дена, како за помал прекршок, а на тој другиот шпрт едно пет години. Докиќ ќе си оди во отворено одделение на затворот и ќе учи столарски занает (Arbeit macht frei), а Василевски, со чекан ќе претвора големи камења во мали камења, и прв цимер ќе му биде другар му Мујо што носи шминка и не знае што е safe-sex.

А дека двајцата се шпртови - шпртови се, нема дилема.

го фатија преварантот - од bubuKojot на 30 август, 2007 - 10:28

тоа ти се вика монтиран процес од страна на власта,за ваква превара како психопатов во иран се сече глава.

сликата на aleksandra85
Ех - од aleksandra85 на 30 август, 2007 - 19:52

Буби конечно јас и ти да се согласиме за нешто.

Д.Р преваранти - од bubuKojot на 1 септември, 2007 - 07:42

да во ред е така што мислиш,меѓутоа тамо каде сто боли највише не чепкај мислам на 2001(конфликтот) а иначе сто се однесува за надри лекарите со тоа не се согласувам тоа е жива превара и тоа треба под хитно да се забрани. ама сто да им правиш кога лугето слепо веруваат во тоа.Евети еден пример Што би било кога ке отидеш на лекар и после извесно време слушнеш и видиш го фатиле докторот со Купена диплома,а ти дал погрешна диагноза,да знаеш дека и такви ги има ама вешто се кријат.

го фатија преварантот - од bubuKojot на 30 август, 2007 - 10:39

земи го пример Д.Р Димов,голем грабеж направи во здравството,лицно го знам,да видис каква куќа има во црниче , а да не збориме за Борце Петревски лопов до лопов,ам џабе кога него го штити албанска мафија,евего наближува денот Д земи денесен дневник и процитај ,првин тие ке ги требиме па после шипуринките,сакале некеле тоа моера да се случи,мислам на она најлошото,кое мене не ми одговара,ама како за мене така за сите ,поздрав Командант Кобра 1 извидувацки батаљон на војската на МОС-Македонски Обединети Сили,(www.MOS.com.mk)

сликата на judge
го фатија преварантот - од judge на 30 август, 2007 - 12:20

bubuKojot напиша:

1 извидувацки батаљон на војската на МОС-Македонски Обединети Сили,(www.MOS.com.mk)

А бе, сајтов не ви работи!

работи сигурно - од bubuKojot на 30 август, 2007 - 15:26

сега го проверив работи-(www.MOS-Makedonski Obedineti Sili.com.mk)така ке го пронајдеш,а дали ке ти се отвори тоа е под знак прашање,прати ми го имејлот па ке ти кажам како да го отвориш затоа што е заштитен.и има што да видиш.поздрав.

www.MOS-Makedonski Obedineti - од дамјан на 30 август, 2007 - 16:33

www.MOS-Makedonski Obedineti Sili.com.mk

не е ни тоа, не може да има празни места во името на domain-от.

А и зашто мора да е сајтот заштитен??

МОС - од bubuKojot на 1 септември, 2007 - 07:28

оди во седиштето на македонско Сонце и ке ти кажат зошто е заштитен сајтот.

лет над кукавичјото гнездо? - од ackom на 1 септември, 2007 - 15:50

сајт кој може да го гледаат само одбрани луѓе. оу јеа

сликата на judge
Дај, уште еднаш, - од judge на 30 август, 2007 - 18:14

Дај, уште еднаш, концентрирано. Кој е точниот домен?
А ако има заштита, прати ми приватна порака на Баграва, email е многу работа.

сликата на del^
мене ми мириса - од del^ на 31 август, 2007 - 16:52

мене ми мириса дека бубу само блефира колку да ќари email адреса од наша аца85 [намигнува]

сликата на aleksandra85
Аааааааааааааа - од aleksandra85 на 31 август, 2007 - 17:59

Аца лесно не се дава... како онаа Мара што лесно не се дава...
Во репибликата наша ти да инвестираш ,секој бизнис македонски да го финансираш.....

кога мудрецот ќе покаже кон месечината будалиот гледа само прст

иди бегај - од bubuKojot на 1 септември, 2007 - 07:47

имам поважни работи отколку да ќарам email адреса,да не сакаш ти да ќариш адреса?

Василевски контра Докиќ - од дамјан на 30 август, 2007 - 14:21

aleksandra85 напиша:

Сакам да ви направам една споредба:

Интересно.. дали е осуден „психопатов“? Или веќе го осуди ти пред да биде утврдена вистината на суд?

сликата на aleksandra85
Мене да ми дадат. - од aleksandra85 на 30 август, 2007 - 20:05

Не бе да ми дадат да му судам добро би му пресудила јас.Читај фатен е на дело како лекува некое момче.Зар ти требаат докази за овој случај.Како ке се брани ке каже дека му дошол со портокали на посета на момчето.А за ампулите како ке се брани дека отишол да ги купи од аптека арно ама ги немало во кочанската аптека па отишол да ги купи од Штипската па таксистот му зел многу пари и затоа им барал на лугето по 50 евра.Тој тоа од добрина го правел за себе ништо не земал.
кога мудрецот ќе покаже кон месечината будалиот гледа само прст

Сега полиција - од дамјан на 31 август, 2007 - 18:05

Сега полиција да ти влезе дома, ќе рече дека си хакирала преку интернет?
ти како ќе се браниш - дека само си пишувала на багра??

сликата на aleksandra85
не те разбрав - од aleksandra85 на 31 август, 2007 - 18:11

Не те разбрав баш..Или оти сум плавуша ,или оти ти си цајкан [намигнува] т.е. не си се добро одразил. [се смее] [се гази од смеење]

кога мудрецот ќе покаже кон месечината будалиот гледа само прст

Василевски контра Докиќ - од menopauza на 6 септември, 2007 - 03:20

Интересен е кометаров.
Докиќ и лек за рак на бели дробови да најде и од мртви да ги воскреснува, не го оправдува ни 1 евро мито да земе.
Двата случаи се сосема различни кривични дела, едниот за мито, другиот за надрилекарство. Некако
во постов осекам поблага етичка осуда кон случајот на Докиќ, или грешам?

сликата на Itar_Pejo
Василевски контра Докиќ - од Itar_Pejo на 6 септември, 2007 - 11:52

menopauza напиша:

Некако
во постов осекам поблага етичка осуда кон случајот на Докиќ, или грешам?

Не грешиш. Нормално е. Докиќ (ако) земал пари за светски признат начин на лекување, а Василевски земал пари за ветер и магла, со што на болните луѓе им го продолжил патот до оздравувањето што не е далеку од отепување т.е. убиство. Убијците секако заслужуваат посилна етичка осуда од митаџиите...
Итар Пејо

Василевски контра Докиќ - од menopauza на 6 септември, 2007 - 16:52

Велиш Докиќ (ако земал, никој не е виновен додека не се докаже дека е) земал пари за светски начин на лекување. што ке се случело ако пациентот од кој што е побарано мито, немал пари да плати, како во најголемиот број случаи на денешнината? ќе се криел зад признатиот здраствен систем на лекување и пациентот до бескрај ќе чекал заплеткан во бирократии без да добие СООДВЕТНА лекарска помош.

Можеби е подобро да се тргне името Докиќ за да не прави забуна, зборувам за сите случаи на мито од страна на доктор vs. надрилекарство. Мене да ме прашаш и едните и другите треба да се бесат јавно на плоштад, зашто штетата која ја прават е иста.