Rепрезентативни Македонски продукти

Се мислам долго време и ете сега да ве прашам и вас:

Што би купиле од продавница во Македонија пред да отидете во странство?
Значи ова треба да биде некое значајно јадење/пиење/цеде/книга/курац/палац што би им го поклониле на странските другарчиња за да они потоа се запрепастат од неговиот квалитет и уникатност.

Досега сум носел "Стара Жолта" и "Тга за југ". Се покажаа прилично успешни.
Други предлози?

 

Опции за гледање на коментари

Избери го посакуваниот начин за прикажување на коментарите и кликни на „Активирај“ за да ги видиш измените.
Слика на GoodBytes

Три идеи

Има едни бакарни чинии, премачкани со сребрена емулзија и потоа гравирани рачно со игла. Не знам за други градови, но во Охрид ги работи една стара турска фамилија. Јас зедов такви за да им ги подарам на моите колеги Амери, и според реакциите, многу им се допаднаа.

Слично на оваа идеја, може да се подари и филигрански накит. Пак во Охрид, на самата чаршија, кај скаличките, сеуште работи Вангел Деребан, стар филигрански мајстор. Кај него има да се купат страшно добри работи за подарок.

И уште една слична идеја, резба во дрво. Изгледа како да се создава еден нов (скромен) бран од млади копаничари кои создаваат прекрасни резби. Забележувам дека странците во Охрид се многу заинтересирани за нив.

Се надевам помогнав.
--

Слика на yfipk

Ајвар... домашен

Ајвар... домашен по можност, ракија е ок (домашна исто :D), албумот на ново лисиче будало :D, хмм.. курац/палац категорија? Нешто од нашиот западен сосед што го има многу кај нас... ама нејкеш со тоа да улеташ на првата буква од грчката азбука :D.

А онака, озбилно? На домашниот ајвар и ракија останувам, за цеде не би ми текнало нешто посебно... леб и сол може да остават убав впечаток, или тоа цд-то на Стефановски со преработки на народни песни. За книга би ти препорачал нешто со слики од поубавите места во Македонија (нешто како туристички водич, не знам баш како се вика тоа). Категоријата курац-палац може да ја пополниш со некои од горенаведните оридски мајстории, можеби автентична народна носија? Можеш и некоја паричка или слично диво откопана од историски локалитети, популарни се во странство :D

Altough the way the women looked at me on that cruise ship, i might as well have been dead.

п.с.
од домашната ракија ке останат запрепастени до толку што нема да можат да зборат :D

Слика на aleksandra85

Нарежи ЦД

Нарежи ЦД со ,,ПРЕД ДОЖДОТ,,-Милчо Манчевски ама варијанта со англиски превод.
Јадење:Кај е ајварот таму е и пинџурот :) ;)
Пиење:Ако веќе си однел ракија,однеси им домашна вишновка
И преведи им еден дневен весник да слушнат што се се случува во македонија во текот на 24 часа(ке се шокираат)

Слика на judge

Нарежи ЦД

aleksandra85 wrote:
Нарежи ЦД со ,,ПРЕД ДОЖДОТ,,-Милчо Манчевски ама варијанта со англиски превод.

„Пред дождот“ е еден толку депресивен филм, каков што само еден искомплексиран тип (уште од дете) Манчевски можел да смисли. Башка, ја прикажува Македонија во многу лошо светло - полошо од Авганистан (не дека не сме тргнале натаму, ама ...) - точно каква што ја перцепира Манчевски со своите асоцијални, лузерски сеќавања, кога го шутирале по маало затоа што им личел на несалам.
Воопшто не го препорачувам. Еднаш им го пуштивме на некои гости-странци и пола од нив почнаа да зеваат уште во првите 30 минути, а другата половина остана до крај од пристојност, но едвај.

Влатко Стефановски е мноогу подобра опција - ама кога свири сам (нпр. „Кино Култура“), не земај нешто од тоа мастурбациите со Тадиќ.

Стренџерите паѓаат и на реплики од икони (пази, ако е оригинална, да не те фатат :-) ), а има и добри монографии од манастири и цркви (на пример, од црквичето во Курбиново). Иако, монографииве се малку тешки за носење. Имам еден познаник, бивши министер, секогаш кога на некое патување ќе добиеше монографии, дома ги праќаше со ДХЛ, или ги оставаше во хотелот, зошто во авион ја преминуваше дозволената (бесплатна) тежина. Циција.
За оригинални слики и уметнини мораш да добиеш аусвајс од Министерството за култура, инаку нашите нема да те пуштат да излезеш.

Не сум сигурен дека - ако патуваш со авион - лесно ќе поминеш со ајвари или ракии. Во ова време, најверојатно нема да те пуштат on board. Ако си со кола, Србите, Хрватите, па дури и Грците, пуштаат да поминеш, но нагоре - нема шанса. Ќе мора да ја фрлиш ракијата (или да ја испиеш, ако имаш време пред бордирање :-) ).

Слика на aleksandra85

пред дождот

И мене не ми се допаѓа пред дождот....ама пред извесно време запознав еден мексиканец и кога му кажав дека сум ос Македонија ми рече,,Гледав еден македонски филм -Пред дождот- и многу ми се допадна ГРЕАТ МОВИЕ,, така ми рече и баш ме изненади,макар што си помислив - која мизерија е приакжана во тој филм...

Слика на BugS

Нарежи ЦД

judge wrote:
Не сум сигурен дека - ако патуваш со авион - лесно ќе поминеш со ајвари или ракии. Во ова време, најверојатно нема да те пуштат on board. Ако си со кола, Србите, Хрватите, па дури и Грците, пуштаат да поминеш, но нагоре - нема шанса. Ќе мора да ја фрлиш ракијата (или да ја испиеш, ако имаш време пред бордирање :-) ).

Со авион е проверено неколку пати, нема проблем. И со купечка во стакло, а и со домашна во пластично шише од кисела вода. :-)
Не ја носиш со тебе во ранец, туку ја буташ во главниот багаж што ти го мерат при чекирање. Немало фрки досега.

Него, како сте запнале со тој ајварот, не ми е јасно. Наоѓате нешто специјално во ебаниот ајвар? Мелени пиперки и модри патлиџани зачинети само со сол и канцероген зејтин. Јака муда. Све што е традиционално не значи дека е добро.
Мислам дека е прилично тешко да оставиш впечаток за Македонија кај странец со тегла ајвар.

Што се однесува до музика, ептен ми е мака да го промовирам Влатко буљашот. Спротивно од Judge, од неговите ствари мене најрепрезентативно ми се чини баш она со Тадиќ (Илинден се викаше?). Но во секој случај, пре би ги однел Бодан и Езгија или Драган Даутовски, кои според мене се далеку покреативни и поквалитетни (немора да значи технички/брзи-прсти) од Влатко.

Фала на предлозите, ама сепак мислам дека Стара Жолта сеуште е најдобар избор. :-D

Слика на dimitar27

Ајвар е тапа

Ајвар е тапа јадење, ама ете на некои им се свиѓа до бесвест.
Течност у авион може да влезе само со меин лагиџ, а во хенд лагиџ нема шанса. Максимум можеш да пренесеш до 100 милилтра пакување, и тоа такви можеш 10, ама не и 1 литар цел.
Јеби га, после 9-11 све што прават америте и нас ни е интересно. Сега летав пред 1 месец, и пената за бричење ми ја вадеа од рачниот багаж, демек под притисок била. КОга прашав „а како у куферот може да имам 20 литара ако сакам било која течност?“ Ми одговорија дека куферот е доле у авион и не можам да смучкам експлозив док летаме?? Ко да ја не можам бомбата у куфер да ја ставам???

Ако веќе мора да се носи нешто од Влатко Стефановски, најмалку ке погрешите ако однесете нешто од ЛЕБ и СОЛ, ова ви гарантирам, се што е после „Леб и СОл„ е „Лук и Вода“ :)

BONUM PENIS PAX IN DOMUS

Слика на judge

Нарежи ЦД

BugS wrote:
Фала на предлозите, ама сепак мислам дека Стара Жолта сеуште е најдобар избор. :-D

Извини, ама морам да кажам: Омилената ни ж’та НЕ е шкотски виски, ниту американски бурбон, а ни мексиканска текила. Тоа ти е обична ракија која во најдобар случај е одлежана година дена, господ знае од што мешавина е правена, дали можеш да ослепиш од неа, а најдобро што може да ти се случи е да немаш киселини после пиење. Тоа, и да се начукаш.

Сакам да кажам, кога некој Шкот ќе ми донесе „Гленморан“ (или Глен-whatever) - тоа има значење, луѓето се труделе, имаат традиција од илјада години, контролираат квалитет, испод 12 години старост не постои шише ...
Кај нас, жолтата е општо земено - „чамовача“, препечен остаток од богзнае што, а бојата не се добива од специјалните буриња од не знам кое афричко дрво, туку од 100 грама кафе, во најдобар случај од лупки од млади ореви. Во Македонија нема стандардизиран начин на производство и контрола на ракија (впрочем, на било какви жестоки алкохоли). Ниедно шише не е исто со другото, никој не знае што има внатре, само гледаш да се здрвиш од пиење. Исто ти е со пивото, исто ти е со виното.

Тоа што странците се одушевуваат кога ќе им поклониш шише жолта, значи само едно од овие: или се алкохоличари во последен стадиум, па не им е битно што пијат (може и „Питралон“), или се мноогу воспитани и љубезни, па не сакаат да те навредат.

Значи, носи монографија или накит (оригинал шверц од Турција) или ...

Слика на BugS

Нарежи ЦД

judge wrote:
Извини, ама морам да кажам: Омилената ни ж’та НЕ е шкотски виски, ниту американски бурбон, а ни мексиканска текила. Тоа ти е обична ракија која во најдобар случај е одлежана година дена, господ знае од што мешавина е правена, дали можеш да ослепиш од неа, а најдобро што може да ти се случи е да немаш киселини после пиење. Тоа, и да се начукаш.

Претеруваш брат. Најискрено.

1. Старата жолта се чува во дабови буриња, 100% сум сигурен во ова. Татко ми домашната ја чува во буре од црница. Не ја фарба ниту со кафе ниту со ликери. Ја прави од грозје и вода. И ништо друго. Не верувам дека чадените буриња на шкотите влијаат не знам колку на квалитетот на алкохолот (не зборам за вкусот).
2. За квалитетот на нашата ракија нема што да се спори. Може не е највкусна на свет, ама е 100% чиста, природна, без шекери, метил алкохоли и говна. Сигурно во тие брендијата од 130 денари има секакви срања, ама за гроздова ракија нема што да се спори. Иди прашај ги во Русија, мајка на вотката, колку луѓе умираат годишно од отровни ракии.
3. Пијаници пијат ефтини мастики и вотки, и не им прави никаква разлика. Старата жолта е деликатесен македонски аперитив, а не само средство за начукување. А ниту јас сум шеик од Брунеи ниту пак другарите ми се некои лордови од Шкотска за јас на нив да им носам 28 годиншни Сингл Молтови и незнам каков ХО Курвоазје.
4. Најдов македонски вина во продавница (ок, не беше вински клуб или вотевер) во Прага и беа горе долу иста цена со најскапите Португалски, Шпански, Чилеански вина што ги имаа. Некаде околу 10 евра флаша. За споредба, Чешките вина беа 2 евра.

И немој да богохулиш така. Претходно си ми изненаден од корумпираноста на тој некој си џандар, а овде не си задоволен од еден од ретко-стандардно-квалитетните македонски продукти.

Слика на judge

Мислев, пред

Мислев, пред се’, на ракиите кои ги служат по кафаните. Најчесто ги купуваат од Бит-Пазар.

За домашна ракија - немам коментар додека не пробам :-)

А твојот коментар дека можеби не е највкусна на свет е токму она што ја поддржува мојата теза: се’ е битно - чистотија, но и вкус. И да ми простиш, ако не ми е вкусно, тогаш сигурно пијам само за да се начукам, нема друга причина (освен мазохистичка).

И уште нешто, без оглед кои ти се другарите, НЕ МОРА да им носиш ракија, однеси им нешто друго.

Слика на dimitar27

Нарежи ЦД

judge wrote:
BugS wrote:
Фала на предлозите, ама сепак мислам дека Стара Жолта сеуште е најдобар избор. :-D

Извини, ама морам да кажам: Омилената ни ж’та НЕ е шкотски виски, ниту американски бурбон, а ни мексиканска текила. Тоа ти е обична ракија која во најдобар случај е одлежана година дена, господ знае од што мешавина е правена, дали можеш да ослепиш од неа, а најдобро што може да ти се случи е да немаш киселини после пиење. Тоа, и да се начукаш.

Џаџ, го затупуеш ПЛУС си контрадикторен.
ОД кај тебе инфо дека ниедна ракија у МК не се произведува по стандарди, па и пиво for that matter, па и вината??
Си бил негде да видиш производство? Си бил во винарија, пиварница? Не плукај само по нашето реда ради, знам дека тоа ни е омилен национален спорт ама има негде кај може и негде кај ич не може. Секогаш ќе најдеме примери (не само овде туку и у најмилата ви Европа) каде некој Турук у подрум прави фалц ракија или виски со метил алкохол за да го продава на сомнителните пазари за ефтино, ама не можеш цела една индустрија во државава која е една од ретките гранки кај нас која има традиција и еснаф така лесно да ја квалификуваш како ѓубре.
Сори, ама не си у право. А колку за квалитетот на домашните ракии, у секое време можам да дискутирам со кој сакаш „експрет„ , а за нивниот (не)вкус, ха, за тоа нели се договоривме уште од почетоциве на БАГРАва дека не се дискутира?
BONUM PENIS PAX IN DOMUS

Слика на дамјан

Пред дождот и

Пред дождот и не е филм за Македонија! Во принцип не е филм за ниедно конкретно место - не знам кај го виде тоа?

А иначе - Влатко!?!?$%^&^*(!!!??? нооооооооооуууууууууууу

Слика на Julls

Ха! Јас овде им

Ха! Јас овде им приредив сарми од лозов лист :) Се шашардисаа...што се однесува до некои јадења наши (ајвар инклудед домашен, сирење мавровско, ракија домашна и вино на пример) не може да се утне!
А инаку, од онака нашки работи за подарок, ќе им подарам книга со природните убавини на Македонија. Со посебен акцент на црквите, фрескосликарството, филигранот и резбата, кои не се од „природата“ ама наши се. Тоа не се наоѓа секаде.
Сега друго не ми текнува, ама ако се сетам ќе кажам.

И така,го сретнав Фикрет и Фикрет ми даде нешто бело и ми рече,на пробај,у пизду материну е добро

Слика на aleksandra85

Надвор од темава

Џулс,Ти во Нови Сад си нели?Вистина ли е дека Џорџе Балашевиќ се развел од Оливера(жена му)??????????Ај информирај???

Слика на judge

Ха! Јас овде им

Julls wrote:
Ха! Јас овде им приредив сарми од лозов лист :)

With all due respect, сармата беше со мелено, или со сецкано месо? (Голема разлика).

Слика на Julls

Со двете

Со двете варијанти ја имам правено. Кога имав време со сецкана, сега со обврскиве баш и не стигам. А да, има голема разлика. Ама вкусно е „до јаја“ што рекоа овие.
Исто и со селско месо и останати мастрафи наши.
Александра, се извинувам што офтопичариш, ама зошто мислиш дека мене би ме интересирала темата кој од кого и зошто се развел? Па макар и комшо до врата да ми е....мислам, стварно не знам.

И така,го сретнав Фикрет и Фикрет ми даде нешто бело и ми рече,на пробај,у пизду материну е добро

Слика на aleksandra85

Упсссссссс

Извини на прашање госпоџа Јуллс....
Не сакав да те повредам и навредам дека си трачарка само прашував пошто си таму па сигурно во некој локален весник си читнала нешто за Џолета..Извини уште еднаш за увредата...

Слика на Julls

Абе весници и

Абе весници и ТВ не читам и не гледам. Па и да се развел мислам дека е нешто сосема нормално ... Само што е тој Балашевиќ па е као битно?
Не ги контам овие муабети, озбилно.

И така,го сретнав Фикрет и Фикрет ми даде нешто бело и ми рече,на пробај,у пизду материну е добро

Слика на Парки

Rепрезентативни Македонски продук

BugS wrote:
Се мислам долго време и ете сега да ве прашам и вас:

Што би купиле од продавница во Македонија пред да отидете во странство?
Значи ова треба да биде некое значајно јадење/пиење/цеде/книга/курац/палац што би им го поклониле на странските другарчина за да они потоа се запрепастат од неговиот квалитет и уникатност.

Досега сум носел "Стара Жолта" и "Тга за југ". Се покажаа прилично успешни.
Други предлози?

Мојот предлог изгледа за во курац/палац спаjѓа прибидејки ненајдов друга наведена соодветна категорија: :)
Ако другарчината поседуваат бизниси,
ма каква продавница однеси им едно македонче четворно со две рала мустаќи,кога ке дознаат дека немора да го плајкаат фул прајс, нема да зема слободен ден, сик деј=што е тоа, холидеј пеј=виша математика и слични "квалитети" другарчината не да се запрепастат него и пара ке направат.

Слика на dimitar27

Ух, и ја често

Ух, и ја често сум ја имал оваа мука, што да се однесе на човек у странство ??

У Рамстор на приземје има едно дуќанче има убави ракотворби со македонски мотиви, од Алексо наш па се до Христос.
ЦДто „ЧАЛГИИ“ што го има издадено од Комерцијална Банка е одлично, луксузно пакување и 6 диска унутра, а музика . . ај знаете сите каква . . педерекси е што не може да се најде у продажба, ама ако се потрудиш ке најдеш некој близок до КБ и ке ти земе.
За храна?? АЈВАР може, чварки обавезно или по нашки џимиринки, ракија СТАРА Жта или некоја домашна, вината на ТИКВЕШ, БОВИН, ПОПОВА КУЛА етц.
Има има што да се однесе а да се импресионира, само малкуцка треба да се подразмисли, многу зависи и кому носиш, нели?
Алекса, ДА, се оставил Џока со Оливера, зар Јуле да ти проверува покрај златен Гугл???

BONUM PENIS PAX IN DOMUS

Слика на aleksandra85

Не бе Дими

не бе дими јас слушнав дека тоа било само измишљотина на новинарите и дека не се развеле,Оливера го демантирала тоа...

Слика на Zelka

trade-mark items huh?

trade-mark items huh?
Пред дождот гласи како таков, мада коа ќе ја видат странциве сцената коа Раде Шербеџија се качуе во тој афган приватњак, кој знае што ќе си помислат.
Кај нас се е вкусно. Значи, од зеленчук до овошје. да не зборам какви сирења иаме, прст да си излижеш. башка штипјанче си, донеси пастрма една... Мастика струмичка, една струмичанка, 1 литро ж`та, криено по буриња едно 10тина години...
Што да донесеш кај нас има специфичен вкус, така да ќе се разликува.
не носи мезл`ци, шкембиња, пачи такви ствари... еднаш коа им објаснував на брачедми од АУСТРЕЛИЈА за горенаведениве гнаси јадења...
(\__/)
(O.o )
(> < )This is Bunny
Copy Bunny into your signature to help him on his way to world domination.

Слика на judge

Шкембиња ...

Не знам дали може да постои Македонија без шкембе чорба, цревца во сафт, мезел’ци, џимиринки и пача.

Ааах, Чамо, Чамо ... Колку пари имам оставено кај тебе, колку кила имам нафрлено од тебе ...
Едвај чекам да почне сезона, по ова топлово не се јаде баш.

Слика на дамјан

Чамо е супер,

Чамо е супер, ама е антитеза на стандардизација... Во Чамо нема ни мени, јадеш тоа што зготвил газдата.

Е сеа зошто пак горе бараш стандардизација (регулација) на ракијата, вината и пивата???

Слика на judge

Чамо е супер,

дамјан wrote:
Чамо е супер, ама е антитеза на стандардизација

Хах, во Чамо ИМА мени. Кога одам таму, само му викам на Оги: дај од СЕ’! :-)

А дека кога ќе отидеш во некој развикан ресторан по Скопјево, сигурно ќе добиеш тоа што си го порачал!? Case in point: Дал-Мет-Фу (нека ми прости Фуфо). Иста пица од менито, секој ден има различен вкус, различно е гњецава. Само тоа растопената гума што ја ставаат наместо кашкавал е стално иста, со вкус на ... хм ... гума.

Успат речено, и јас си одам на ризик, па порачувам ж’та. Јеби га, животот е краток, немам време да чекам Бритиш стандард да ги регулира. И да ти кажам право, после третата, сеедно ми е каков е вкусот :-) - само насабајле палам потешко

Слика на Itar_Pejo

Археолошки реплики

Во музејот над Кале има продавниче во кое ќе се најде разноврсна понуда како по димензии така и по цена за „историски македонски продукти“. Во денешно време тешко да пројдеш со шише течност во авион, освен ако не е купен на аеродромски фри-шоп.
Итар Пејо

Слика на judge

Археолошки реплики 2

Да бе, сосема заборавив.

Репликите ги има во Музејот на Македонија и на уште некои други места. Има разни реплики, од фигурини, до парички и друга керамика (лампи на масло, прекрасни).
Ги делевме едно време на гости од странство, сите паѓаа на теме кога ќе ги видеа. А ја кретен, немам ниеден примерок дома, освен реплика на „Големата мајка“. Нив ги прави една домашна уметничка. Перфектна изработка, прецизна и верна на оригиналот.

Одлична работа за поклон.

Агрегирање содржина