Страв да те фати
Ја гледам снимката од седницата на Комисијата за пратенички имунитет (како и да се вика, де) и ми се превртува стомакот. Ја гледам и целата фрка што му ја местат на Бучко и чувствувам трпки по кичмата.
Една недоквакана тетка - наводно в.д. претседателка на дотичната Комисија - се обидува да го спроведе она што очигледно претходните денови и го турале во глава нејзините политички доминатори. Со закани, со принуда, доброволно, било како, само да се заврши работата. Таа, пустата, изгледа како единствено да знае чингелаќе (клот-фркет), како се пржи ајвар, и дека најрадо би била во своето село. Се поти, но не попушта. Зошто добро знае што ќе и’ стане ако постапи како што е правилно. Отидоа ситните привилегии, отиде кариерата - од селанец да станеш граѓанин. Море, отиде и главата.
По дефиниција, не ми е жал за ниеден политичар. Всушност, на мојата лична скала се наоѓаат најдолу, веднаш над педофилите и дилерите со дрога, заедно со банкарите, адвокатите и другите дегенерици.
Но, ваква егзекуција - каква што гледаме деновиве - има сеуште само во Северна Кореја и Кина.
Прво, чекаат да се распушти Парламентот (ебати установата, ебати), па потоа, користејќи некоја дупка во некаков деловодник кој датира од времето на „другарите“ од бившата држава, да му го одземат имунитетот на Бучковски. И тоа за дело за кое еднаш, порано, Јавното обвинителство веќе ја има отфрлена кривичната пријава.
Пред тоа, бившиот премиер (премиер, еееј!), со сеуште валиден имунитет, бесправно го задржуваат на македонската граница, наредено од македонскиот полициски удбаш, Мијалков.
За тоа време, нашите чесни и горди водачи, во вистински Нероновски стил, држат запалливи говори во Крушево, опкружени со своите послушни слабоумни војници - членови на партијата (или треба: Партијата). Големите патриоти свиркаат кога се поставува венецот од Претседателот на Републиката (па макар тоа бил гнасата Црвенковски).
Си седат таму Г’уевски (што има гаража, ама нема стан), оној шпртот Љубиша Георгиевски, сите останати министри, министерки и дворската свита, како ништо да не се случува. Загледани во споменикот на крушевските јунаци не разбираат дека не припаѓаат таму, дека не заслужиле да бидат ни блиску до хероите. Без ронка совест, сигурно размислуваат како да се домогнат до што повеќе пари, како и нивниот „војвода“ бугаринот Георгиевски. Но, забегувам од темата.
Ако наивно мислите дека сето ова не е координирано од едно место - дека правдата (конечно) функционира, дека граничната полиција е ревносна, дека онаа збунетата потпредседателка на Комисијата не е инструирана, дека истражната судијка е независна, па дури и дека свиркачите не се организирани - имам само едно: се лажете!
Некој ќе рече: Бучковски веројатно исто, само можеби малку повешто, му го правел на некој друг кога беше премиер.
Но, кога политичар на власт се осмелува да му го прави ова на било кој граѓанин, дури и пратеник, се прашувам што може да ни се случи нам, на обичните смртници? Каде ќе го сместат Голи Оток сега? На „Голем град“ во Преспанското езеро? Дали ќе кршиме камења и ќе ни прават „топли зец“?
Колку треба (или смее) да му стапнеш на некој гнасен политичар на прсти, за да те експедира во Шутка по куса постапка?
Дали Македонија станува полициска држава на стравот? Дали крајно десничарскиот режим на Груевски не преминува во нешто друго, одамна минато? Што е следно: ќе палат неподобни книги на Плоштад?
Тоа се прашањата на кои барам одговор. И барам уште нешто друго: кои држави најлесно ќе ме примат во азил, ако некој од владеачите случајно го прочита ова, или некој кодош ќе му го пренесе.
- Додај нов коментар
- 6526 читања

Додатно
Морам да го искоментирам и ова:
Ги гледам домашните телевизи како ја пренесуваат целата папазјанија.
МТВ - наводно неутрална, всушност импотентна - нема кој да заземе став, никој нема мадиња, едноставно го пренесува она што се случило.
А1 - воглавно пренесува, не коментира, но само чекам кога ќе почнат да ги споменуваат земјоделците. Сепак, се потрудиле, нашле некои експерти, да сеслушне и нивниот глас.
Телма - најкоректна, иако прилично блага, како и обично. Макпетрол треба да преживува под сите власти, како секој добар мобстер.
Канал 5 - збунети, кобожем коментираат нешто, тртљаат, но воглавно се коректни.
Сител - е, овие се најпрефригани, сосема во согласност со sleek удбашкиот стил на Латас. Со еден мал, но мноогу значаен субтилитет: прогласуваат дека имунитетот на Бучковски му е одземен, иако тоа е најспорната точка. Така Латас, како што те учеа во Ердут - за да помине лагата, мора и малку вистина.
Од каде знаеш
Од каде знаеш дека му местат на Бучко?
--
Не знам, и ако
Не знам, и ако си е крив, нека си трпи последици. Нека лежи во затвор.
Но на цивилизиран, законски начин.
Според едното од основните начела на правото, никој не треба да докажува дека е невин. Обвинителството мора да докаже дека си виновен, за да бидеш осуден.
Она против што јас се бунам е линч-психологијата на власта.
Како од кај знае?
Тоа е аксиома и не подлежи на проверка. Или да ја цитирам Јадранка од „Фокус“ - штом е од СДСМ, по дефиниција е чесен и угледен граѓанин.
Ебати пропалицата
Животниот пат на Бучко...
Малиот Бучко Селјановски порасна во едно амбициозно момче коа ја пронајде жената на својот живот
убавата ,згодна интелигентна Анета и заедно решија век да векуваат.Родија две дечиња,живееја во хармонија спремни на напредуваат во кариерата.Па така и би.по многу труд Анета постана професорка електотехничкиот факултет почитувана од колегите и студентите идол на многу девојки,а Буки доцент на правниот факултет,живееја скромен удобен живот.И одеднаш на Буче му светна сијаличката.Политичар ке стануа.И од тогаш неговата кула од карти полека почнува да се руши.Ај беше премиер (само од глупости стоеше)во тоа време вести да гледаш беше поголем циркус и од овој сега.Ајде Буче кампања ке води (жив неуспех добро е и тие што му гласаа)Ајде му пропадна бракот со личната Анета.Па се се биваше ли после 5 месеци да реши пак да се жени и тоа со онаа РУГОБАТА абре таа повеќе влакна од него има,(советничка на премиерот)к*рот мој така ли ги викате бре швалерките на политичарите ,,советнички,,.
Кај се видело бре маж од жена ум да зема.еееееееееееејјјјјјјјјјј. и на крај ова апсењево.Жива брука да ми е татко ке го убијам жими се.
Апа шо се однесува за Мијалков и неговата чета АЛАЛ МУ ВЕРА така треба.Така се држи власт .турчинот ако не апсеше бесеше ке беше 5 века на власт к мој.
еј Judge
Judge
Абе ти да не си СДСМ? :zakachka:
Не сум од СДСМ,
Не сум од СДСМ, фала богу, не сум од ниедна партија.
Носам чевли број 43, висок сум 178, хетеросексуалец, не ме плаќа никој (сам си заработувам - сам свој газда), имам некое кило повеќе (од кафански активности) ... што друго те интересира?
Ти, од кај си?
Пратенички имунитет?
Има некој што знае да објасни како функционира ова со имунитетот на пратениците? Ама стварно да објасни, не да нагаѓа...
--
Don't attribute to malice what can be explained by incompetence.
ја се излежавав
ја се излежавав на охридското приморје и не сум многу информиран.
арно ама, дур сетав од плажа до вц, гледав по весници Буч без имунитет, на буч му залепија кривична.
ми се враќа флеш од еднооки коа седи буч тужен и вика -аааааах таааага! ааааах, бооолка!
брао за сите апсења на Грујо. да прочитам нешо ќе ви дадам мое мислење.
(\__/)
(O.o )
(> < )This is Bunny
Copy Bunny into your signature to help him on his way to world domination.
Ах, но тоа е
Ах, но тоа е главната квака во целава работа.
Пратеничкиот имунитет е загарантиран со Уставот на Република Македонија. Уставот е врвен закон во секоја држава (дури и во нашава, нели). Ниеден друг закон, подзаконски акт, уредба, нарадба или друг правен документ *не смее* да биде во спротивност со Уставот.
Во Уставот пишува дека единствено тело кое може да му го одземе имунитетот на еден пратеник е Собранието на РМ. И точка.
Ова го видовме на дело кога на Брат Љубе му го одземаа имунитетот на собраниска седница (потоа тој се направи Хрват, но тоа е друга работа ...).
Но, во прастариот Деловодник за работа на Собранието на РМ, има една клаузула која, отприлика, вели: Ако Собранието не е во можност да се состане, тогаш имунитетот може да го одземе и Комисијата за имунитетни прашања -- што е во потполна спротивност со Уставот, и како таква, невалидна. И точка.
Е сега, ВМРО-овциве, сакајќи на Илинден да се фалат со борбата против корупцијата (на погрешно место и во погрешно време), почнаа да „тумачат“, ја фатија соодветната истражна судијка, соодветната плетачка од Комисијата и ... си направија голем штета, пред се’ на себе, а потоа и на целата држава.
И јас попиздев, начисто.
Читај овде:[url=http://www.mojotparlament.org.mk/parlament4.html] за Парламентот, или каков всушност треба да биде.
Пратенички имунитет?
Глеј, не ми е јасно како функционира тоа со имунитетот. До сега мислев дека имунитетот е ги штити пратениците од дела што ги прават додека се пратеници. После ова со Бучковски гледам дека не е баш така. Значи ме интересира точно имунитетот како фунцкионира, не кој и како може да го одземе.
--
Don't attribute to malice what can be explained by incompetence.
IANAL Имунитетот
IANAL
Имунитетот не е амнестија, т.е. го штити пратеникот додека е на важната позиција „глас-на-народот“ за да не може државата да го тормози и заплашува.
така ли е? :)
Пратеници и министри
Според став еден од член 64 од Уставот на РМ, Бучко како пратеник има имунитет. Може да го стават директ у апсаана само ако е фатен на дело за кое се одговара повеќе од пет години (да ја насекира жена му ваљда).
Имал имунитет и како член на Владата во времето кога се случило злоделото за кое е обвинет. И тоа веќе не е во ред, затоа што пратениците треба да имаат имунитет за да јасно и гласно го искажат гласот на народот што ги избрал, а имунитетот на министрите, сосе премиерот, само ги штити додека додека отвараат сметки по Швајцарија. И мислам дека е веќе предложена промена на Уставот, ако не ја грешам.
Инаку, да си кажам дека лисичарењето во јавност не ме бендисува, ама ич.
I'm Winston Wolf, I solve problems.
Тежок примитивиэам
Тежок примитивиэам со длабоки корени во традиционалната македонска элоба.
На таков начин, со толкава медиумска поддршка, пред камери, обично се апсат сериски убијци, тешки педофили, ...
Во други случаи недоэволиво е такво понижување, посебно кога вината формално уште не е докажана. "Енергично" и доследно справување со кримнал и корупција е нешто друго, не ова што го гледаме.
Тежок примитивиэам
Веројатно ти е јасно дека вината поеднакво се докажува за сите, па дури и тие што се осомничени за сериски убиства или педофилија се невини додека судот не пресуди поинаку. Понижувањето во никој случај не треба да биде дозволено...
Сепак, ова е интересна тема за дискусија. Не еднаш сме гледале американски reality серии во кои полицијата им ја заебува мајката на луѓе кои припаѓаат на групи (етнички, социјални сеедно) кои не се дел од мејнстримот и за кои веројатно голем дел од јавноста во САД смета дека тие се проблем во општеството.
Можеби такво време е дојдено во Македонија. Јавноста има проблем со сите политичари кои биле и крадци и лажговци и што и да е... и сега јавноста гледа дека полицијата се справува со нив. Не велам дека ова е правилно. Само барам објаснување зошто би можело да биде така и зошто толку тоа пали кај луѓето (особено ако се знае дека голем дел од луѓето не си ги ни знаат правата и во различни ситуации сигурно биле малтретирани од некое службено лице кое си ја прекорачило службената дозвола).
--
Don't attribute to malice what can be explained by incompetence.
Тежок примитивиэам
Да, да.
Мислев на тешки криминалци эа кои сигурно се энае дека го сториле престапот. Нели, има случаи кога сторителот е поэнат, па се трага по него подолго време, па кога ќе го фатат обично тоа привлекува големо медиумско внимание - на тоа мислев. Инаку јасно, сите треба да бидат третирани коректно.
За САД не энам, слабо имам гледано американски риелити серии (можеби другарот Чомбе после подолго време ќе не удостoи со еден добар маалски, сликовит коментар како стојат работите кај УСАшите на оваа тема). Ама эа МК работата е појасна.
Тиe што правеле дубари на сметка на напaтeниот народ треба да одговараат. Тоа што не ми се допаѓа е стилот како се тера правдата, и селективниот пристап по партискa/национална/пријателска основа.
Зошто луѓето се палат на тоа? Верувам дека на многумина им е до правдата, сакаат промени, а на еден дел од луѓето им се потребни сенэации, конфронтации, фаќaње сеир и објекти эа проекцирање на раэно-раэни ниски страсти,...
Телевизија
Добро е што е спомената телевизијата.
Телевизиските станици во Македонија, а и медиумите воопшто, се претворија во „only bad news is good news“ типови на жолта штампа (и емисии). Само погледнете по колку часови дневно се емитуваат вести! Бескрајно се тепа по мртви коњи, се исчепкуваат најцрните зрнца од под ноктите. Веќе тешко се дознава и со кого моментално се работи Каролина.
Но, најодвратна - ми се чини - е директната соработка на телевизиите со локалните полициско-разузнавачки структури. Ова лесно се докажува: телевизиските камери се на местото на апсење пред тоа воопшто да се случи! Најочигледен случај беше со апсењето на Рубинчо Зарески -- него го дочекаа со камери во (веќе фамозната) полициска станица Гази Баба, иако, по правило, само полицијата знаела дека оди да го приапси.
Но, сигурно дека во овој чудовишен однос полиција-телевизија има многу quid pro quo -- не добива само телевизијата информации, мора тие да течат и во обратната насока. Кодошење како во старите добри времиња.
Настрана што во моментов не можам да издвојам ниту една единствена национална телевизија која нема некаква сегашна или бивша гнида за газда:
- МТВ - се знае, кој е на власт со него сме
- Телма - Макпетрол, добро етаблирана олигархиска структура, која веднаш наоѓа пријатели во секоја власт
- А1 - Велија, да не ви раскажувам (или некој друг пат ќе раскажам)
- Канал 5 - Стојменови, на чело со Дон Борис, потпишувачот на „најглупавиот договор што сме го виделе“ (оној со Окта, не е мој цитат, туку на Светска банка)
- Сител - Латас ... салатас (се секса со кој ќе стигне, може и колективна разваљотка)
Затоа си гледам Discovery.
Judge, у реду је
Judge, у реду је што ти се гади од целава прича, ама некако веќе навикнати сме. Не ти текнуе за Брат Љубе колку народ се собра пред да го апсат, па никоме ништо. Тарчуловски го киднапираа од улица додека шеташе со жена му и детето, тогаш некако не се бунеа лугево до волку? Не знам, ја ти веруем дека не си партиец, ама ете глеаш како одма кај нас ти најдоа зошто се буниш-демек од СДСМ си, па те боли.
Мене ми е „необјансив“ босанчеросов, Еско кафанџијата: Нели е љут што го шутнаа од СДС, а ваму за Буки ке изгине? Врати блокира ко на свадба кога идат сватовите ?:)
Нејсе, дека е све ова незаконски или барем на линија со законското работење му е јасно и на мало дете.Ама бар СДС нек не плачат, они па се мајстори за местенки.
За медиумиве: Го гледам и читам Латас (СИТЕл и Вечер) и контам дека од една страна ликува за заебанцијава со Бучко, а од друга страна ептен му е тешко што не го стрпаа у притвор. Па одма дава компарација со Романија, и како и таму преиерот бил апсен.
Се согласувам, ако е крив нека го јаде, ама начинов не е ок.
За процедурата:
точнио дека само собрание одзима имунитет, ама има квака: Комисјата предлага зимање на имнунитет, а собранието потврдува, освен ако (пази ова) собранието не е во можност да заседава повекле од 14 дена??
И пази како ова (случајно) се погоди баш кога собранието е на одмор??
Смешки ама ептен провидни, жалоснио смешно е.
А и ова за крај Judge:
-----Всушност, на мојата лична скала се наоѓаат најдолу, веднаш над педофилите и дилерите со дрога, заедно со банкарите, адвокатите и другите дегенерици.---------
Јебале те и банкари и адвокати одеднаш, ОК? :)
BONUM PENIS PAX IN DOMUS
Judge, у реду је
Не само Еско, сите познаници, пријатели и бизнис партнери на Бучко и СДСМ, сегашни, минати и идни се кренаа на нозе(и џаџ со нив), мислиш револуција ќе дигаат. Целата работа е стравот Бучко да не стане заштитен сведок и да почне да пее за сите. Затоа бране мобилизираше се живо, и мислам дека ќе оди до крај а тоа може да е заебано за сите нас.
Иначе сигурно лично не им е битно дали клапушон ќе лежи.
Communism is monopoly capitalism
Грујо Војвода
Кога дојде сегашната влада на власт имав надеж дека конечно добивме луѓе неоптоварени од лични суети и грдо минато, млади и со желба да работат на афирмација на нашата хронично транзициска државичка, а и на своја лична афирмација. Сепак се иѕлажав од неколку причини
1. Груевски сепак нема баш аман за аман чисто педигре оти беше прв финансисер во владата на Љупчо, што подразумева дека менаџирал со државните пари и не верувам дека успеал да остане имун на далаверите што ги направи неговиот тогашен шеф Љубчо.
2. Сега сватив дека Грујо е една неподнослива сутена личност и болно амбициозна, што само укажува дека тој не се пореше навремето да го набрка Љубчо од ДПМНЕ за да ја направи оваа подобра партија, туку за да стане шефче.
3. Работава околу оваа влада се повеќе ми заличува на Џорџ Орвеловата животинска фарма каде, колку за појаснување, свињите беа изгласани да ја водат фармата како најпаметни меѓу животните. Па свињите прво се свртеа против својот прв непријател - луѓето (т.е. спротивниот политички табор, читај: Бучко, Бране, Шеќеринска, Ивановски, Макрадули...). После почнаа да се тепаат со послабите на својата фарма (т.е. во својата партија) и на крај се испокараа со сите (на крај и Грујо ќе се скара ако не со сите тогаш со некои од најблиските. Мислам дека прв ќе биде педечено Милошоски оти овој веќе доби жолт картон за неговите патувања.
4. Грујо се уште не знае или не сака да прави разлика за себеси како Премиер на Влада и како Лидер на партија. Секој негов официјален (премиерски) настап одава впечаток дека Грујо е се уште во опозиција, а не глобоко на власт. Ова од аспект на неговиот однос спрема Бране. Да се разбереме, колку и да е Бране ваков или таков, Грујо мора него да го прифати за Претседател на држава и да го гради односот кон него на релација Премиер / Председател на најпрофесионален начин, барем кога се однесува до работи кои се од државно значење на Македонија. Па на крајот на краиштата, Бране не го признаваше покојниот Трајковски, но кога дојде 2001 застанаа еден до друг и дури Бране јавно кажа дека било што било до сега, сега е моментот да работиме заедно за доброто на Македонија.
5. Грујо опасно си игра со чувствата на сиромавиот македонски народ приредувајќи му спектакуларни апсења во присуство на нарачани камери за да покаже „еве ние мајка ќе им ебеме на сите„. Онаа бркатата МВР-овка искача по телевизии и пустинската не знае што збори т.е. унапред осудувајќи ги осомничените пред да ги подбере судот...нон сенс.
6. Инвестиции, инвестиции...се изнаслушавме... а невработеноста никако да падне. Во ред, Мобилком ќе вработи некои 30-40 нови луѓе и ќе анимира дополнителни...ајде уште 50, ТЕЦ Неготино се продаде за добри пари, но таа не подразбира нови вработувања, Џонсон Контрол ќе вработи уште 150-тина (иако токму Бучко е виновен за оваа инвестиција, ама ај да не зборам).За други инвестиции јас не знам...или можда оној Ташковиќ чека да научи Македонски па да ни ги каже. Така не се решава невработеност. Таа се решава систематски. На пр. доколку се привлече некој голем преработувач на овошје и зеленчук (Фруктал, Rauch....)тој ќе ја анимира цела земјоделска индустрија во Македонија и ете ти 100.000 нови работни места. На пр.со влезот на Волксваген во Чешка се отворија уште 50.000 илјади работни места. Не од самиот Волксваген, туку од фирмите што го опслужуваат него. Е сега, Грујо има јака маркетиншка машинерија позади себе и секој ден му сервира „колачиња„ на граџанството и ова си е задоволно чекајќи го денот кога ќе може да проба од слатките. Но што ќе се случи ако граџанството стане свесно дека колачичите се само добар маркетиншки трик...е тогаш тешко на Грујо и пред се тешко на сите нас
Овие и ред други работи Грујо треба да ги смени, за да не тресне пострашно од сите до сега.
И за крај мојата маленкост сака да каже нешто за толку коментираниот Латас. Еден збор ЛИГУШ. За роденден би му подарил вазелин.
систематски
Како систематски? Што би направил ти? Како би привлекол некој голем преработувач на овошје и зеленчук да инвестира во толку голем обем?
Стави се во улога на премиер или министер за привлекување странски инвестиции, и пробај да најдеш решение, па пиши. Мене тоа не ми изгледа баш така едноставно.
За Самсара систематичарот
А бе Самсара, извини што ти го увредив Г'ујо. Стварни му е тешко на чоекот. Слушај, и јас не гаам илузии дека е лесно да се се привлечат инвестиции, но едноставно не сакам бе некој да ме прави будала дека носи нови инвестиции кога од нив ни трага ни глас. Прашуваш како системски? Е па бате, наместо Ташко и Самак да бараат инвеститори од типот на „ај ке склапаме компјутери„ или „ај ќе правиме чипови„ или „ ај ќе правиме хидроцентрали„ (што сепак не се небитни како инвестиции, поготово централите...но не се трудоинтензивни), нека се потрудат да најдат нешто што ќе ја анимира пошироката македонска економија. На пр. слушаме руската Лада пројавила интерес да инвестира во Бунарџик. ОК, е сега нашиве треба се да сторат Лада и да влезе, Самак или Ташко треба одма да се нацртаат во Русија, а не само да одат по егзотичните Малезии, Хонг Конзи, Америки и сл. Пак ќе прашаш зошто? Затоа што Лада (а и било кој друг) треба да се убедат дека ако се склапаат возила во Македонија дека ние имаме да им понудиме кооперантски фирми како Руен (за ламели, потисни плочи, кочиони системи), ЕМО (појаси, електроника...), фабрики за акумулатори и сл. Е бате Самсара тоа е системско решавање на проблемот невработеност - ем Лада ќе вработи нови 100-тина работници, ем ќе живнат нашите транзициски диносауруси Руен, Емо и слични на нив.
За крај ќе те потсетам на два пропуштени случаи на системско решавање на невработеноста ка нас: фамозниот Ауди проект од 94 - 95 и обидот на Филип Морис и БАТ да ја купат цела тутунска индустрија во МК т.е. трите тутунски комбинати (во Скопје, Куманово, Прилеп), сите откупни пунктови за тутун во МК (Струмица, Радовиш, Виница, Битола, Прилеп...)со што ќе беше обезбедена целата тутунска индустрија и тутунопроизводителство во МК. Ова беа промашувања во режија на други партии (Бане, Андов, Ѕинго...), затоа јас му порачав на Грујо наш помалку маркетинг и фарбање на народните маси, а повеќе работа, оти прашајте го обичниот човек во МК дали чувствува подобрување на сопствената положба од „силните„ проекти на Грујо и компанија...
Е бате Машко
Е бате Машко,
прво, не прашав како системски, туку како систематски. Ама барем одговори.
И не те прашав какви инвестиции би сакал да има во МК, туку како би ги донел, што конкретно би направил.
Се сложувам дека, во случаи како Лада, треба да се реагира брэо и енергично . Ама, верувам дека и тебе ти е јасно дека никој не инвестира эаради добар ПР, треба нешто МАЛКУ повеќе од тоа.
И батали муабети од типот Грујо-Мујо, никого не бранев. Едино малку эамараат муабети типични эа нашиве краеви, кај што секој е махер эа се и има одговор эа се.
Во врска со долната информација: да се надеваме дека барем эа овоштарството и раноградинарството доаѓаат подобри денови.
MfG
Системски 2
еве Самсара едно системско решение кое е на повидок:
http://www.forum.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=172&EditionID=147&ArticleID=4567&Page=1
е вака се работи, ама да испадне се на крај добро. Кратко: Агрокор од хрватска ќе инвестира цца 200 мил € во ладилници и откупни пунктови за зеленчук и овошје. Ете ти обезбедено овоштарство и раноградинарство во Македонија. За повеќе клик на линк.
реално шоу
,,Доб'овечер Битола, г'ад на г'адовите.Вече'ва сме тука од т'и п'ичини.
П'ва п'чина....
Вто'а п'ичина....
Т'ета п'чина.....,, Цитат од митингот во Битола.
Ова владеењево на Г'ујо направи да вестите ни личат на реалното шоу ,,Тоа сум јас,,
И тоа шоуто ,,Г'ујо сум јас,, е каде каде поинтересно од оваа старава верзија.
Убаво рековте вака пред камери се снимаат најозогласените криминалци.
Еве пример пред некој ден манијак во Карпош избоде две 20 годишни момчиња.Веднаш утредента го фатија на некоја свадба во Кривапаланка, па дајте го неговото апсење на телевизија покажете какви болни умови ни се шетаат по улица и колку младите девојчиња па и момчиња се безбедни по улиците.
Некој ги спомна педофилите, селата во источна македонија се преплавени со такви секој ден во црна хроника има по еден случај нека ги дадат и нивните апсења на телевизија.
А нај ми е криво за др.Докиќ СО КОЈ ПАМЕТ најдоа со него циркус да си прават.Знаат ли тие кој е др.Докиќ срамота .Што ке запишат само во учебниците по историја после многу години.
,,Откако др.Докиќ пронајде вакцина против алергија на прашина која денес е со широка примена во светот и им го олеснува животот на атопичарите,веднаш беше уапсен од догашните власти бидејки на бирото во неговиот кабинет биле фатени смешни ,мизерни 300 еу,,
Или пак др.Борче Петревски.Човекот кој прв ја вовел интервентната кардиологија во Македонија.
А да се вратам на Бучко искрено одсекогаш ми бил антипатичен лик па и сега ама ич не ми беше жал за него ама не ми беше ни мило.Нему доволни му беа и неуспесите во партијата ,како премиер,како сопруг,па уште ова му фалеше да сум на негово место :besilka:
Алекса у право
Алекса у право си :)
Не стварно, и ја мислам, за САМО 300 еура да се апси еден тооооллку голем стручњак, не е ок, ај бар да беа 3000, ама за 300 ?
И за Борче докторче, срамота, го апсат чоекот а он на боледување у моменетот, и тоа во специјална болница во Косово каде како дел од терапијата му даваат на пациентот да работи во струката-во случајов да оперира други пациенти.Ма срамота бре, ВМРО-овчишта :)
Плус колку е лојален граганин, кога мораше да признае дека куката на водно сепак не е поклон од шурата, ја плати целата сум одредена за данок во најбрз можен рок: извади госпожата му негова 140 илјадарки у еурима од под перница (валда и тие и се од бато фром УСА) и правац УЈП- СВАКА ЧАСТ. Се апси ли ваков чоек бре глупи ВМРО-вци ?!? :)
BONUM PENIS PAX IN DOMUS
Добровечер на
Добровечер на сите што не знаете што е клупски живот и клаберска музика... :) Да почнам со тоа, како се кенка дека мандатно имунитетната комисија бла бла бла. Полека. Дали истите момчиња во сино не го направија истото со Бошковски, кој ги бранеше нивните свилени г*зиња? Секако дека да. Епа сега што се буниме? Дека тоа неможе да се направи? Дека ВРМО направи нешто ново? Не, ВМРО го направи истото што и СДСМ,само што тогаш не се крештеше како сега. Да ја браниш државата и на крај да те предаде, е тоа е патетично. А не г-нот Бучковски. Не го желете за неговиот развод, тој си кова младо мевце, не е он за жалење. После г-ин Докиќ бил фатен за мито. Дами и господа, МИТО е МИТО. Ако јас сум зел мито, зошто јас во затвор, а г-нот свилено г*зе Докиќ да не оди во затвор? Нели сме исти пред законот? Александра со право е вознемирена зошто таа се занимава со медицина, но исто така ќе мора да признае дека и благодарение на Менгеле таа знае повеќе за човечкото тело, поради неговите експерименти и сл. Па во историјата го пишува како што го пишува. Не го пишува за ЕМИНЕНТЕН научник, или пак јас не сум го прочитал тоа. Докиќ и Борче, се митаџии, и молиќу лепо во затвор. Од каде тие пари бре? Јас не сум зел ни денар, си спијам мирно,и тоа е тоа. А тие што сакаат куќа на 5 спрата за 1година доктор, нека си чуваат и под перница 140 000 евра за секој случај:)
Докиќ
Ме испровоцира за др.Докиќ :
Како 1 и да ги беше зел парите како мито за да се почести аферим ,нека е ,ги зел голем ум заслужил спасува бесценети човечки животи.За разлика од Оние на твојот факултет Плеј кои земаат пари од студентите за една уринирана 6.
Како 2 не беа тие пари на неговото биро за да се почести туку.Тој голем ум за да се апдејтува мора да оди на симпозиуми и на семинари каде ке биде во тек со најновите случувања.Оваа наша уринирана држава нема разбирање дека треба да се фрлаат пари за такви работи (а не само за Владата да си ги шета половите органи натаму наваму)и бидејки државата не им дава пари за да си прават апдејт тие мораат да си бараат спонзори,а фала му на бога сеуште има луге со дебели џебови кои сакаат да им помогнат па им купуваат авионски карти за тие патувања .Е такви беа проклетите 300 евра од бирото на др.Докиќ и за такви 300 евра му ставија лисици на раце и му викнаа новинари и беше во притвор.
СРАМ ДА ИМ Е...
А овие Плеј од твојот факултет ке дојде време кога и тие ке свират клавир зад решетки ...
Оти убаво им се знаат каналите ,па и ценовник си имаат.
Да е до мене,
Да е до мене, веднаш нека ги апсат оние од УКИМ, јас немам проблем ни со нив. Но ти гледаш субјективно. Човекот направил добро дело, и сега, нека зема од народот. Дали знаеш дека пола доктори не го допираат ни пациентот додека не добијат мито. Прост пример е мојот чичко. Не го оперираа додека братучетка ми не плати мито. Е сега, тој во бело, Е ДОЛЖЕН да го оперира, нели заклетви давате, дека ќе им помагате на луѓето и сл. Епа овде на клиники а и во секоја државна болница тоа не се случува. А дека, тоа некој сиромав овчар од селана, дека ќе му даде 300 евра така на лепе очи, и за ништо, се соменвам. Мене уште никој не ми дал денар да се почастам по семинар. И јас треба да се надградувам. Ама никој не дошол со дебел џеб да рече, Еве Филип почасти се на еден семинар во 5* хотел, со авионски превоз, и сл. Тој може да штрајкува со глад, да се пресели во друга држава, бидејќи со таква репутација, многу странски установи би се потепале да го донесат, не? Па нека иде на семинари по цели недели. Но нека не зема од обичниот народ. Друга работа е,на другар мајката работи како медицинска сестра во тој оддел, и не е баш воодушевена од неговиот морал и сл. Така да,мито си е мито. Дали тие се за добра намена или не,тие се НЕПРАВЕДНО земени. Тоа само го кажувам. И немој да ми кажеш дека Докиќ вози фиќо, и живее во изнајмена гарсоњера, пошто греота е да ми кажеш дека хирурзите живеат скромно.А тоа сигурно не е од неговата плата.Јас не ја потценувам неговата генијалност. Но за добар човек треба други квалитети, како чесност, и сл:) Нека измислува, ама нека не краде. А ако нема толку пари за семинари, нека работи double shift:) што да ти кажам:)Спасувал животи. Е добро де Александра, сите доктори спасуваат животи, тоа му е професија. Мене ми е професија да ти дадам иднина, да ти помогнам да си почнеш бизнис.И што? Јас ќе ти дадам 10.000 евра кредит, ти ќе отвориш добар бизнис, ќе станеш милионерка, утре доаѓа контрола во банката, вика дечки каде се 10.000.000еура? Па....Александра живее среќен живот поради мојот кредит, овај јас....идам по семинари....знаете....каматните стапки често се менуваат, главата ме боли, треба да идам по бањи....Не ме зафркавај:)
The Great F.
Кога веќе се натегаме
Кога веќе се фативме за др.Докиќ да довршиме.
Др.Докиќ парите не ги зеде од некој си сиромав кој нема леб да јаде ...туку од фирма....
Второ ако ти не и дадеш 10 000 евра на Александра за бизнис таа пак ке преживее ама ако Др.ХХХХХ не стане во сред ноќ и не дојде во болницата да оперира пациентот ке умре.Тука постои голема разлика.
Др.Докиќ вози мерцедес А класа автомобил од околу 20 000 евра за разлика од професорите од факултетот на Плај кој возат коли од по 40-50 000 еу.
А за мајката на твојот другар сепак мислам дека медицинските сестри секогаш малку се пристрасни кон оценувањето на лекарите.Ако лекарот е добар спрема нив не ги критикува,не им дава забелешки за работата тој е добар за нив па го пуштаат разгласот и му лепат етикета ,,ДОБАР Е;; е тешко на оној лекар кој од нив ке бара стручност,неџаболебарење,помалку кафиња,повеќе работа,е тој веднаш не е морален.
Не велам дека не земаат мито пред интервенции ги има и такви... на пр.,,Јас конзерва не отварам без 5000 еу камо ли глава,,ова се зборови на еден наш врвен неурохирург.Ама овој човек спасил стотици животи,ако тој ви ја отвора главата знајте дека шансите да преживеете се огромни тој е врвен стручнјак епа извинете ама тоа се плаќа.Ја плаќаме неговата стручност а не операцијата што тој ќе ја изврши.Ги плакаме годините кој тој ги жртвувал за да се здобие со таа стручност.
Ама темава не беа лекарите избегавме малку од темата.Сепак стојам на мојот став дека срамота е врвни стручњаци ,луге со кариери,луге кои за општесвото направиле многу да бидат понижувани и да им се закачуваат лисици пред целата јавност ,додека психопатите ,убијците ,силувачите,ги апсат без и да се објави во јавност.Системот на вредности тотално е нарушен.Ако веке власта сака да си игра ,,Реално Шоу нека си ја викнат милата ни водителка Сања Николиќ и нека го возобноват шоуто ,,Тоа сум јас,, но овој пат под нов наслов ,,Грујо сум јас,, па ке си гледаме де симнувања на имунитет,де апсења на научници,лекари,политичари,свештеници. . ..
Александра ти
Александра ти се читаш што пишуваш?:
--Не велам дека не земаат мито пред интервенции ги има и такви... на пр.,,Јас конзерва не отварам без 5000 еу камо ли глава,,ова се зборови на еден наш врвен неурохирург.Ама овој човек спасил стотици животи,ако тој ви ја отвора главата знајте дека шансите да преживеете се огромни тој е врвен стручнјак епа извинете ама тоа се плаќа.Ја плаќаме неговата стручност а не операцијата што тој ќе ја изврши.Ги плакаме годините кој тој ги жртвувал за да се здобие со таа стручност.--
Се читаш ли алоооооооооо??
И ова за тебе е нормално? Утре ти сакаш да бидеш „голем доктор и ум“ како твоиве идоли? ЕЕЕ, јебеш држава со ваква младина. Па не си бре дете, ај помала беше кога дојде на БАГРА, ама сега??Демек он и да зима мито тоа е нормално зошто спасува животи и е специјализиран у странство?? Па глеј како границата се помрднува од „уринирани 300 еур“ сега и 5000 ЕУР не се проблем, пошо нели стручњакот е голем?!?
Жалосно е што им се направи на генерацииве што допрва треба да живеат и работат во оваа држава.Како со леснотија све прифаќаме, па уште и одобруваме.
И сега за некои лични работи:
Ти го познаваш лично „генијалецот“ Докиќ? Те прашувам од причина што . . (ај ова избришав-не е ферски), и таман добро се знае колку е „генијален“. За вакцината СВАКА ЧАСТ ама за тоа нек коментира некој постручен, ама за неговата генијалност сите што го познаваат ја знаат. Башка он со Грујо беше сосема ОК и у моментот кога го апсеа, него Мијалков го сјеба.Можеби не е ок начинот, ама и 3 евра да зема, нек иде робија. Друго е сестрата па и докторите да ги частам флаша ЧИВАСИЦА од 12 години, и скупа бајадера, а друго се кеш пари.Ако се за карта, што не му ја купила таа добронамерната фирма-спонзор картата, зш кеш му дава, сам да си купи? Ја работам на место каде често гледам спонзорства, и никаде не гледам кеш да даваат, се знае, ти плакаат хотел, пат и семинарот колку кошта.Hell, ја личнио бре сум ишол на пун ку*ац семинари, кој ми дал мене кеш?? Ај заврши ти факс побрзо, па почни да работиш, па ке видишп како фирми спонзори се тепаат да ти дадат КЕШАРИЦА за да се надградува твојот голем ум. Оно . . у твој случај не знам, ако си згодна плавуша докторица . . може и ке се најде спонзор, ако ич никој, еве ја сум тука :)
Алекса мило, со најдобра намера, мисли пред да пишуваш, не пишуј САМО со емоции, и пред да заземеш став, разгледај го од сите аспекти,а не само дека некој ти кажал дејка некој е генијалец, и плус тој ти е од еснафот-па ке го браниме по дифолт.Истово важи за сите кои од народот земале мито-небитно дали од сиромавиот селанец или од мојата компанија која била приморана да „почасти некого за некоја работа за која тој (митопримачот) веќе е платен од државава.
И уште ова, за начинот на апсење:
Можда не треба да е со толку помпа пред камери, а иначе, одличен е. Како што ако јас украдам-убијам-силувам со лисици идам у притвор, така ке иде и професорот од факултет или генијалниот доктор. И да, ке спие у иста соба со педофилите и дилерите, зошто со тоа што земал мито(па нек било тоа и за интелектуална надградба) тој самиот си го одбрал тоа дрштво.
Фала-пријатно.
BONUM PENIS PAX IN DOMUS
Апропо
Апропо муабетов...одам јас лани во болница да се породам. Односно, одам кај докторката што ми ја водеше бременоста, за да се договориме како и што. Во меѓувреме слушам секакви муабети за извесниот доктор кој најверојатно ќе ме породи, барал 500 јура, па барал 1000 па не знам колку...Ми иде да откажам и раѓање и се, да си го чувам прдо у стомак дур не намалат цени!!! Најстрашно од се е што морав да се породам царски поради можните компликации (да ослепам е муабетов или да умрам ради притисок-пак се сведе на тоа, мора оперативно)!
Да скратам...мојата докторка вели: па знаете, сите велат да се платело требало, па да, треба, никој не ви прави услуга без пари, па така и тој што ќе го побарате, вие барате од него услуга и треба да му платите...она не работи у болницата, па така да не можеше она да ме среди, а башка и да работеше, пак ќе требаше сигурно да платам. Да не ви кажувам колку чини овде (Нови Сад) проватно да се лечиш! Во Скопје ми беше песна ако требаше приватно нешто да направам! Овде без 50 јура за добар ден, не може!
Ме прати кај докторот, најфраер бил, најоператор, најкурацпалац се! И стварно, кога се појави ликов, лудило! Фраер „до јаја“, опуштен, фин...ме прегледа, разгледа документи и рече: ај ние фино лепо да оперираме, да бидеме сигурни во се, а ако во меѓувреме пак скокне притисокот, јави ми се а ти правец болница. Дил бе докторе! А колку се моите трошоци докторе за Ваѓата работа, прашав отворено...и рече: ајде ние фино лепо да завшиме се како треба, да го родиме детуле, па за частење има време...
Не побара ништо. Барем не ми напомена дека: ако сакаш јас да сечам, толку пари. Остави у принцип отворено „место“ за мој избор. Фино лепо, отидов на договорениот датум (неколку дена порано од зорт со притисок), извадија бебе, се супер, мене ме тинтраа ко госпожа министарка (као, она е пациент на др.Веј...), сите еден ден у шок соба, јас два (и оние другите „негови“), сите доктори што доаѓаа на визита кај „своите“ си барале прво пари (онака апансас паре на сунце па беба) па после сечеле. Овој мојов доаѓаше секој ден, и викенд, за да не праша како сме....
Ниедни пари на светот не го плаќаат тоа, тој однос.
Кога ги вадев конците, маж ми му даде некој алкохол а и пари. Јас бев против тоа, ама маж ми сакаше, заради тоа што беше докторот крајно коректен. А може беше дека кажав дека сум новинар, појма неам...во секој случај, има приватна ординација со триста заебанции, иде по симпозиуми и летувања и зимувања, вози некој џип чудесен и фраер е „до јаја“. Епа сигурно не е од плата. Еден преглед приватно кај него чини 7000 динари, или ми ти скоро 90 јура. Напрајте есап.
Секоја чест на исклучоци (конкретно некој др кој ја оперираше мајка ми лани), ама 95% земаат мито.
И така,го сретнав Фикрет и Фикрет ми даде нешто бело и ми рече,на пробај,у пизду материну е добро
Се читам јас што зборувам
А ти се читаш?
Па зар твојата јака фирмичка која дава спонзорства не гледа колкава е важноста да го апдејтува твојот ум.
Па што бе Дими и ти не си станал еден доктор сега и ти ке им се смееше на уринираните 5000 еу кога ке ги споредиш со парите кои ги земаат твоите другарчиња кои завршија економски за 4 години или правен,а ти си киснел по читални и библиотеки 10 години си оставил фамилија и си одел во странсто за да се вратиш тука за уринирана плата од 500 еу.И освен тоа работиш полно работно време арно ама бидејќи недостасуваат стручнјаци од таа област реботиш и на повикувачка.Па таман си дошол од раота втора смена околу 9 часот преморен од работа, легнуваш да спиеш и за саат два те буди телефонот и ти вика ај на работа пак имаме пациент.И ти за пет минути се спремаш во автомобил и возиш накај болница.Е дали тогаш за твојот труд 5000 еу ке ти изгледаат многу како тебе сега што ти изгледаат.И да видиме дали ти ке се радуваш на мизерните бомбонјера и виски како благодарност за твојот труд или ке им ја отвориш бомбонјерата на студентите за малку да ги заблажиш да не им припадне за време на предавањето или интервенцијата која ја гледаат како што тоа обично се случува.Па тогаш зборувај со разум, а не со емоции.Ама не си ни ти крив што лекарите земаат мизерни плати.
Неможеш на лугето да им судиш за генијалноста по нивниот физички изглед или однесување.Историјата нема да прашува како се облекувле или како изгледале она што ке остане е нивното дело.Вакцината на Докиќ ке се употребува на секаде во светот и неверувам дека ке спасува ама дека ке им го олеснува животот на лугето ке им го олеснува.Ебати државата во која педофилите,криминалците,безделниците,психопатите се ставаат на исто ниво со научниците и лекарите.
Добро си информиран кое дело е на Грујо кое на Мијалче.Браво.
Еј ако навистина толку сакаш да донираш за апдејтување на умови на млади доктори имам неколку пријатели кои одвај чекаат таква понуда не се сите до душа плавуши ама се надевам нема да ти пречи.
Алекса, ја и ти
Алекса, ја и ти не се разбираме, не знам зошто, а двајцата ист ајзик говориме??
Пример 1:
Јас не велам дека мојата фирма не давала пари за апгрејд на мојот (ха ха) генијален ум, напротив. Ама не давала ми КЕШ под маса, разбираш разлика?
Пример 2:
Ти (сеуште) мислиш дека е во ред да се зема мито само поради фактот дека платите на докторите се мизерни (стварно се мали) . Јас тоа не го одобрувам ни под разбо. ај еве ти кажи, колку да им е плата за да не зимаат мито? Ако имаат 2000 евра ке биде ок? Па пак ке дојде некој со 20 000 еура и ке рече „мое нусе екстра да го пазиш“. И? Тогаш ке смее да земе докторот? Пази, ке има 2000 еур плата ама па 20че е 20че?
Ако не се задоволни со платите, нек не работат таа работа, јас не работам во мојата струка, работам овде кај што можеби не сум ни помислуел дека ке работам, ама па сум посаглам платен. Нек идат у странство, нели се најјаки стручњаци (и за ова колку ни се испрени мозоците ама ај), ке имаат саглам плати.Нек остаи таа раб, нек иде нека прави цицки на пејачки, ке зима одлични пари. Што е мала преобука за такви генијални умови?
За Дикиќ: Не мислев за облеката-напротв, ич не ги ценам лугето по облека или однесување, чисто за интелектот зборевме-ама па тоа е релативна работа-во право си.
За Грујо или Мијалков: ДА, информиран сум-имам од каде :)
За спознорставата:
Не, не сум расположен да финасирам за обука на такви умови кои кога ке се обучат ке бараат од своите сиромашни пациенти да си продадат станчето за да им ги платат услугите со објансување дека е тоа сосема нормално бидејки платите им се мали. Можам евентуално тебе да те финансирам, пошто ми се допагаш зошто си младо залетано и љуто, ама мора да си згодна цура-еве не мора плавуша али МОРА згоднуша :)
BONUM PENIS PAX IN DOMUS
Епа Дими
ЕЕЕЕЕееее Дими коа ја би земала 2000 еу платичка леле ми светнаа очите.Нема да гледам никакво смрдливо нусе за 20 000 евра .Ке си речам ј*бем ти нусе поарно ке си штедам и за 10 месеци ке имам 20000 отколку десет месеци да се расправам со ова смрдливо нусе.
ЕЕеее Дими коа јас би земала 2000 евра платичка тоа значи одма земам 2-3 кредита си купувам станче си купувам количка,се мажам,уплакам патувања што ми треба повеќе....Еееееее кога би земала плата 2000 еу.А знаеш сметав кога ке имам станче и количка со плата од 500 еу.Доколку го изнајмувам во исто време станот кој сум го купила на 2 студентки и јас живеам во една собичка кредитот за ваков стан од 70 метри квадратни ке го исплатам точно на мојот 43ти роденден.
------------------------------------------------------------------------------------------------
Можам евентуално тебе да те финансирам, пошто ми се допагаш зошто си младо залетано и љуто, ама мора да си згодна цура-еве не мора плавуша али МОРА згоднуша
------------------------------------------------------------------------------------------------
Незнам што предлог ке ти беше ова???Ама у секој случај и ти ќе мора да си згоден,висок(со прави нозе и широки рамења,плочки на стомакот ,а не бољер)млад и со коса.
;) :) :D
Епа Дими
Еј?? Ти имаш слика од мене? КОј ти кажал кој сум? Од кај знаеш како изгледам? Све погоди малава-свака част, осим годините, не сум баш млад, барем не за неа, имам цели 35 години, јеби га.
Пак мешаш лончиче Алекса, ја пошто давам пари за спонзорство за ти да идеш да го апгрејдуваш твојот генијален ум по странските чколии (успут и да пазариш нешто у МАНГО-ЏАНГО) ја бирам на кого ке дадам пари, и дали ке е плавуша или згоднуша. Таа што зима пари, па уште ако се под маса ко Др.Докиќ, таа не пребирува дал има плочки или ламинат спонзорот, ами само клекнува лежерно , се поклонува де, и почнува со „работа„. Што е па 2-3 пушења за 20 дена на Сорбона ?? Нели така? Ко ти што споредуваш „што се 5000 еур ако ти спасат живот„ (и овде како се претерува-па не е секој зафат спасување на живот, можда од пицајзли ме лечат а пак мито бараат)
И уште нешто: ПРОТЕСТИРАМ И БАРАМ во најскоро време да се промени изразот МИТО и се замени со КОРУПЦИЈА, или друг соодветен израз ко на пример РУШВЕТ, од причина што едно прекрасно име се вулгаризира до крајност. Што е крив другар ми Мито од Врање (Газда Мита) па нон-стоп да се валка неговото име по разно-разни афери??
BONUM PENIS PAX IN DOMUS
Паметњаковичу
Паметњаковичу ОДВРАТЕН СИ
и БАЈ ДА ВЕЈ не беше темава др.Докиќ беше Бучко.
Каде што не се работи за 300 евра туку за 3 милиони.
А вие ако сакате за да се опраи баграва може и месец дена да се препираме за докторите,па нели гледате на телевизија штом нема позначајни настани одма Менче Атанасова стапува на сцена со некоја извитоперена приказна и народот се забавува.
Ова не ти доликува на годинките да го напишеш.
Паметњаковичу
Ништооо . . ја се понадевав бе дете дека ке „те биде“, ќе почнеш и мајтап и шали баграџиски да сконутуеш, ама ништо. Ту јаз'к, а баш мислев дека можеш.
А ти се навреди а? ОК, my bad, еве одма извини и за коментарот и за „годинките“ ми мои :)
Се навреди бе момево, ко стварно да е докторка со генијален ум, и ко ја стварно да имам намера да спонзорирам некого? Башка што таа-тој што чека спонзорства ја-го викаат „спонзоруша„ илити „спонзоруш„ (ха ха, стварно како е машки род од спонзоруша??)
Уште еднаш извини александра85, и слободно продолжи да си го живееш животот и да го апгрејдуваш твојот генијален ум. Здравје, ке дојде време кога и ти ке можеш да земаш пари од бедните старци за да си ја сработиш работата за која си платена од државава, односно си платена (ќе бидеш некад можда)од СИТЕ НАС, и за која (ке се) си се заколнала за цел живот. Сигурен сум дека ќе имаш живот исполнет и среќен и еден убав ден ќе ги учиш и своите деца на високи морални вредност.
СУПЕР.
МАКЕДОНИЈА: Генерација 1970-1990 „ТЕСНО НЕБО“, Автор: Комплетна гарнитура политичари актуелни во истиот период. ФАЛА ИМ ! ! !
BONUM PENIS PAX IN DOMUS
Е ИЗВИНИ
е ИЗВИНИ бате Дими ама јас никакво спонзорство од тебе не побарав.Ти сам си се нудиш.Ако толку сакас да спонзорираш згоднуши ене ти ја онаа печката Анета бара спонзор за албум ја имаше вчера во вест неја спонзорирај си ја.
А си се фатил за моите постови како пијан за бандера.
Младо момиче,
Младо момиче, да се изразам како г-н Бучковски:)Ти ова што го збориш,почнува да ми звучи дека сакаш докторите да бидат посебна каста во Македонија, закон не ги допира, земаат што ќе им дојде, и не знам што се случи со оној професорот што се обиде да ја силува студентката? Значи, ако те силува утре доктор, ќе ни речеш, е ако де, он беше под притисок, он спасува животи,он е на повик, спие по 2-3ч во денот....Што ако ние економистите, или некој правник, учи 4години а ти учиш 5-6години, и седиш по читални? Јас не те терав да студираш медицина.Тоа се вика опортунитетен трошок. Зошто додека јас и ти студираме, има некој со средно што почнува бизнис и прави пари додека ти седиш по читални. Така да за тоа што седиш по читални можам да кажам браво, и да го почитувам, но немој да го потценуваш оној што собрал храброст да се бори со животот уште додека јас и ти идеме на студентски забави. Ти одбра, еднакво како и јас, мојата диплома е еднаква со твојата. И двајцата сме академски граѓани. Не сакам да помислам, ама звучиш, како тие од медицина да се супериорна раса.Јас младо момиче можам да уништам судбина на илјадници луѓе со само една грешка. Едно младо момче, економист, направи грешка на пазар на фјучерси, и СТОЛБОТ на Англиската економска моќ, Лојд банката, пропадна. Многу богаташи сега немаат пари за леб, ги продадоа своите луксузни вили, и слично. Ете како јас можам да одлучам за животот на повеќе луѓе, отколку проф. мито д-р. Борче. Е сега, да се вратиме за интелектуалната сопственост. Младо момиче, јас плаќам здравствено осигурување. Господинот не ми кажал ни здраво а тој од мене како плаќач на данок зема ПЛАТА секој месец. Доколку платата не содејствува со неговото знаење, тој е во можност, секој работен ден, да поднесе оставка, и да отвори Докиќ медика, Борче медика, и сл. Јас тогаш од свој сопствен џеб на него ЕДНАШ во животот ќе му платам. Тој од мене зема пари, а може и никогаш да не го видам во мојот живот. Тоа што спасил нечиј живот, тоа му е во опис на работа. Како мене што ми е да ти дадам кредит кога сакаш да си отвориш приватна клиника. И немој така ноншалантно да збориш за сиромаштијата. Никогаш не си ја почуствувала онака ВИСТИНСКИ па да знаеш дали таа некогаш ќе ти биде ОПЦИЈА. Ќе си живеела ти сиромашно, нема проблем, ама ДОКИЌ да ми земе 5000еура? Нека отвара конзерва во затвор за 5000 евра. Овде има закон, и тој важи за сите. Мислам треба да важи за сите. И немој многу многу да ми ги опишуваш како стручњаци, бла бла... Полека, господинот Б. Шуклев во 2ра на предавање вика јас сум во Америка на незнам кој универзитет професор а-у, да додека дојдеш во трета, ќе ти стане јасно, дека не би му дал ни да биде чистач во градинка. Зошто господата од Економски не се во затвор, ако веќе се објаснуваме,е тоа што струката им е со парички, па многу луѓе поминале покрај нив, нели Управни одбори, ти реков ми рече, и еден од нив да падне, сите паѓаат...Колку дена Б.Ш би издржал во затвор? И да не должам многу, Докиќ си зеде мито си зеде. За МИТО се добива КАЗНА ЗАТВОР!Не е ова монопол, Ако сте у затвору, можете изачи са ову карту. Се знае. Колку познати фацки идат во затвор на запад. Што сега за вакцината. Не сакам да се повторувам,ама Менгеле допринел МНОГУ за медицината, па никому ништо. Да не доби Нобелова награда?
татко ми е
татко ми е примариус, и вози хјундаи. го купи од кога го продаде станот на дедо ми (лесна му земја). плата му е 500 евра, сосе примаријат. ај сеа спореди кој не зема мито, и тоа според чиста логика од возниот парк.
(\__/)
(O.o )
(> < )This is Bunny
Copy Bunny into your signature to help him on his way to world domination.
My father is a primarius and
My father is a primarius and all I got was this lousy blog post! :-)
Од кај пари за Hyundai, а? :-)
одговор је у шиши
Судијо, прочитај го постот на Зелка...таму ти е одговорот на прашањето :-)
My father is a primarius and
Така е Џаџ, од кај бе Зељо за Хјунади камен а? Ај да свртам ја до кај моине у партија, да пратат таму некое дете од УЈП и МВР да потарашкаат. Хјундаи ке ми вози . .ке му јеем матер ке му јеем :)
Шала на страна Зелка, така е другар, од плата па и докторска и со се примаријат, толку е, со сила 1000 еур месечно. Толку зимаат овие колегиве мои без факултети и примаријати :)
Оф топик:
Абе старци баграшки, живна баграва а? Ви се праи кејфот? Мене да, нек живне саглам, ама овој пут да не ги бркаме типовите ко СВИТИ, ок другарчиња? :)
BONUM PENIS PAX IN DOMUS
Оф топик: Абе
Оф топик:
Абе старци баграшки, живна баграва а? Ви се праи кејфот? Мене да, нек живне саглам, ама овој пут да не ги бркаме типовите ко СВИТИ, ок другарчиња?
Е за ова се слагам со тебе.
koga mudrecot kje pokaze kon mesechinata budaliot gleda samo prst
My father is a primarius and
оф леле... ќе ми се расплаче зајчево доле од патетитки!
(\__/)
(O.o )
(> < )This is Bunny
Stop bunny from killing it self by stop writing stupid posts!
овој татко ти
Овој татко ти е сумлјив нешто.Нека си го провери мајка ти.(се зезам немој одма да се љутиш)
Ама хјундаи ,а да провериш ти во гаража може татко ти не ти кажал може имате 2 хјундаиа.
И кажи му на татко ти слободно нека си зема мито.Оти знаат да фрлаат 5000 еу на некоја судика или адвокат коа ке ги фатат со кило трава за да не лежат затвор.Знаат да ја подмитат градежната инспекција за метро земја да му грабнат на комшијата,а кога се работи за доктор ааа не нему тоа му е должност дал заклетва и поради тоа има и беспаи да работи.Поповите прегоспод работат па какви далавери прават.Јас мислам дека треба да се воведе нов закон во кој секој пациент кој бил излекуван е должен колку има толку да му донесе на лекарот во плико на бирото.(слично како што земаат гатачките и бајачките)
Hmmm...
Kolku od toj plik kje odi za inzhenjerite (skalpeli i ostanat instrumentarium, struja, voda, parno, klimatizacija, izgradena zgrada shto se vika bolnica), (bio)hemicharite (antibiotici, terapii, hlorirana voda, chista hrana, antilaergensi, vakcini...) i fizicharite (rengen i magentna rezonansa se najochiglednite direktni pridobivki, no vo princip i seto ona pogore pod inzhenjeri i hemichari se sveduva na dostignuvanjata na fizika na eden nachin ili drug)?
Poshto bez ova pogore, site operacii kje se sveduvaa na kamen u glava (da ne spomnuvam "sechenje peti za da isteche loshata krv" metodite od pred nekoj vek, ili pak "isteruvanje na demoni" vo sluchai na epilepsija - kojashto se podobro ja tretiraat bash blagodarenie na EEG i novi supstanci shto vlijaat na centralniot nerven sistem).
I nit "Докиќ" nitu pak nekoj drug kje imashe bilo kakva vakcina bez neimenuvanite asistenti laboranti od biohemija.
I razmisluvash vo pogreshna nasoka. Treba site navedeni (sudijka, advokat, gradezhna inspekcija) da se kaznat. A od nekade mora da se pochne, neli...
Question Everything.
Да
Да почнеме од докторите ,,Маму и јебем беломантилска,,
Алекса со извинение
реципроцитет
Погрешен е пристапот за апсење и притварање на осомничени од страна на актуената власт, со тоа покажуваат дека не се ништо подобри од претходната. Претходната власт на срамен начин ги држеше во притвор цели 9 месеци Македонските генерали + односот кон Љубе Бошковски. Докажувањето на криминал по регуларен пат, прибирање неоспориви докази и нивно презентирање на суд и нормално затворање на осомничениот.
Сепак ме радува и тоа што за прв пат во Македонската историја почна да се води војна со олигарсите, криминалците и корумпираните политичари. Тоа досега ниедна влада го нема направено. Мислам дека Груевски дефинитвно е најдобриот премиер но треба поефикасно да ја реформира трулата македонска администрација (министерства, судство, катастер) а инвестициите сами ке дојдат. Потребно е и огромно инвестирање во образованието и здравството. Во образованието поради енормно малиот број на инжењери од сите области посебно ИТ. Нека го земе моделот на Ирска која од најсиромашна држава во Европа сега е најразвиена. Тоа е спасот за Македонија се друго се пароли.