Страв да те фати
Ја гледам снимката од седницата на Комисијата за пратенички имунитет (како и да се вика, де) и ми се превртува стомакот. Ја гледам и целата фрка што му ја местат на Бучко и чувствувам трпки по кичмата.
Една недоквакана тетка - наводно в.д. претседателка на дотичната Комисија - се обидува да го спроведе она што очигледно претходните денови и го турале во глава нејзините политички доминатори. Со закани, со принуда, доброволно, било како, само да се заврши работата. Таа, пустата, изгледа како единствено да знае чингелаќе (клот-фркет), како се пржи ајвар, и дека најрадо би била во своето село. Се поти, но не попушта. Зошто добро знае што ќе и’ стане ако постапи како што е правилно. Отидоа ситните привилегии, отиде кариерата - од селанец да станеш граѓанин. Море, отиде и главата.
По дефиниција, не ми е жал за ниеден политичар. Всушност, на мојата лична скала се наоѓаат најдолу, веднаш над педофилите и дилерите со дрога, заедно со банкарите, адвокатите и другите дегенерици.
Но, ваква егзекуција - каква што гледаме деновиве - има сеуште само во Северна Кореја и Кина.
Прво, чекаат да се распушти Парламентот (ебати установата, ебати), па потоа, користејќи некоја дупка во некаков деловодник кој датира од времето на „другарите“ од бившата држава, да му го одземат имунитетот на Бучковски. И тоа за дело за кое еднаш, порано, Јавното обвинителство веќе ја има отфрлена кривичната пријава.
Пред тоа, бившиот премиер (премиер, еееј!), со сеуште валиден имунитет, бесправно го задржуваат на македонската граница, наредено од македонскиот полициски удбаш, Мијалков.
За тоа време, нашите чесни и горди водачи, во вистински Нероновски стил, држат запалливи говори во Крушево, опкружени со своите послушни слабоумни војници - членови на партијата (или треба: Партијата). Големите патриоти свиркаат кога се поставува венецот од Претседателот на Републиката (па макар тоа бил гнасата Црвенковски).
Си седат таму Г’уевски (што има гаража, ама нема стан), оној шпртот Љубиша Георгиевски, сите останати министри, министерки и дворската свита, како ништо да не се случува. Загледани во споменикот на крушевските јунаци не разбираат дека не припаѓаат таму, дека не заслужиле да бидат ни блиску до хероите. Без ронка совест, сигурно размислуваат како да се домогнат до што повеќе пари, како и нивниот „војвода“ бугаринот Георгиевски. Но, забегувам од темата.
Ако наивно мислите дека сето ова не е координирано од едно место - дека правдата (конечно) функционира, дека граничната полиција е ревносна, дека онаа збунетата потпредседателка на Комисијата не е инструирана, дека истражната судијка е независна, па дури и дека свиркачите не се организирани - имам само едно: се лажете!
Некој ќе рече: Бучковски веројатно исто, само можеби малку повешто, му го правел на некој друг кога беше премиер.
Но, кога политичар на власт се осмелува да му го прави ова на било кој граѓанин, дури и пратеник, се прашувам што може да ни се случи нам, на обичните смртници? Каде ќе го сместат Голи Оток сега? На „Голем град“ во Преспанското езеро? Дали ќе кршиме камења и ќе ни прават „топли зец“?
Колку треба (или смее) да му стапнеш на некој гнасен политичар на прсти, за да те експедира во Шутка по куса постапка?
Дали Македонија станува полициска држава на стравот? Дали крајно десничарскиот режим на Груевски не преминува во нешто друго, одамна минато? Што е следно: ќе палат неподобни книги на Плоштад?
Тоа се прашањата на кои барам одговор. И барам уште нешто друго: кои држави најлесно ќе ме примат во азил, ако некој од владеачите случајно го прочита ова, или некој кодош ќе му го пренесе.
- Додај нов коментар
- 6526 читања

Ебати пропалицата
Животниот пат на Бучко...
Малиот Бучко Селјановски порасна во едно амбициозно момче коа ја пронајде жената на својот живот
убавата ,згодна интелигентна Анета и заедно решија век да векуваат.Родија две дечиња,живееја во хармонија спремни на напредуваат во кариерата.Па така и би.по многу труд Анета постана професорка електотехничкиот факултет почитувана од колегите и студентите идол на многу девојки,а Буки доцент на правниот факултет,живееја скромен удобен живот.И одеднаш на Буче му светна сијаличката.Политичар ке стануа.И од тогаш неговата кула од карти полека почнува да се руши.Ај беше премиер (само од глупости стоеше)во тоа време вести да гледаш беше поголем циркус и од овој сега.Ајде Буче кампања ке води (жив неуспех добро е и тие што му гласаа)Ајде му пропадна бракот со личната Анета.Па се се биваше ли после 5 месеци да реши пак да се жени и тоа со онаа РУГОБАТА абре таа повеќе влакна од него има,(советничка на премиерот)к*рот мој така ли ги викате бре швалерките на политичарите ,,советнички,,.
Кај се видело бре маж од жена ум да зема.еееееееееееејјјјјјјјјјј. и на крај ова апсењево.Жива брука да ми е татко ке го убијам жими се.
Апа шо се однесува за Мијалков и неговата чета АЛАЛ МУ ВЕРА така треба.Така се држи власт .турчинот ако не апсеше бесеше ке беше 5 века на власт к мој.