Собери си го ѓубрето позади себе, мајмуне!

 

Опции за гледање на коментари

Избери го посакуваниот начин за прикажување на коментарите и кликни на „Активирај“ за да ги видиш измените.
Слика на Zelka

после џандари

после џандари на шараи ги бркале од паркот. така треба! мене како не ме мрзи да си соберам сето ѓубре што го правам. ја демек најглуп сум или што?
(\__/)
(O.o )
(> < )This is Bunny
Copy Bunny into your signature to help him on his way to world domiantion.

Слика на дамјан

Дека се кршат

Дека се кршат шишиња сигурно и дека се кршат. Но дека паркот е полн со срчи и единствено решение да е да се затвори НЕ Е.

Слика на Сељачиште

Дека се кршат

дамјан wrote:
Но дека паркот е полн со срчи и единствено решение да е да се затвори НЕ Е.

Што предлагаш?

Слика на дамјан

ете едно

ете едно решение подоле... 5 денари од вратено шише.

Слика на aleksandra85

Драга младино

А што да прави младинава наша..кога се нема пари за влезници за во дискотеки,,камо ли за пијачки...
Апелирам до сите посетители на клупите во паркот да купуваат напитоци во пластична амбалажа.
И до сите трговци да не им се продаваат напитоци во стаклена амбалажа на потенцијалните посетители на паркот.
Еве ви решение...

Слика на Zelka

еве ти тебе -2

еве ти тебе -2 поена!

Слика на PetarK

Чекај малку, во

Чекај малку, во парк се собираат млади со години. Од скоро почнала некоја сељачка мода да кршат шишиња. Зошто решението да биде насочено кон забраната на собирање наместо кон прекинување на кршењето на шишиња?

Слика на aceva

Стаклара му е мајката

Од кога пекам дека не требаше да се скења стакларана. Ќе си зимаа децата поефтино пијачки - со празните шишиња назад. И ајварот боље ќе ни изгледаше. Сеа, ќе газиме по скупи срчи бугарски.

I'm Winston Wolf, I solve problems.

Слика на солЗ

Рециклирање му е мајката

Навистина не разбирам зошто ја направија амбалажата за вино од литро неповратна. И сите пива во стакло, освен Скопско и Даб од пола литро се неповратни. Кога ќе се соберат 10 стакленки околу тебе, само прашање на време е кога некој ќе се сопне и од употребливо шише ќе настанат опасни срчи.. :-(

Во Будимпешта, уште пред 10 години, рециклираа и пластични шишиња, не само стакленки. За 20 шишиња од 2 литри кокакола даваа полно шише кокакола. Добра стимулација за рециклирање, нели? :-)

Слика на samsara

Рециклирање му е мајката

Да, рециклирање му е мајката. Само, каде ќе се рециклира стаклото и што со рециклажата понатаму? --> Стаклaрница му е мајката (ацева има право ама нема стил :==)

Слика на aceva

Стакло под стакло паѓа

Во Велес, ако не ја грешам, отворија погон за рециклирање пластика. Ако можете да забележите, ги испоснема шишињата по улици и трвници, а бацкине заработуваат по некој денар.
Рециклирање значи враќање на употребениот продукт во форма на суровина во процесот на производство. Во велешката рециклажа се прават пластични гранули, а во Струмица изработуваат пластични фолии. Тука има логика да се собираат шишиња. Во отсуство на сериозен (па и несереиозен) стакларски погон во земјава, нема каде да завшат шишињата.
Кога ја се опитував зошто се затвори стакларата, добивав сомнителени нагаѓања дека производството не било профитабилно и дека стаклото кое сме го произведувале не било квалитетно, односно содржело низок процент на силикат, дрн, дрн.... А све ми се чини дека некој ефтино ја купи и ја раскурца последователно.

П.С. Ацева има стил. Нема заби :(

I'm Winston Wolf, I solve problems.

Агрегирање содржина