Тестирајте го Joost, новото „ЧУДО на технологијата“!
Дали сте чуле за новиот бесплатен сервис за IPTV – Joost :question: (патем, се чита: „џууст“)
Всушност, повеќето не ни чуле за кратенката IPTV :splat: која се употребува во значење на „Internet Protocol TeleVision“ или народски кажано „Телевизија преку Интернет“. Значи, Joost е бесплатен on-line сервис кој ви ја овозможува оваа нова Интернетска услуга, долгоочекувана од визионерите кои го замислуваа светот „По 2000-тата“.
На тие што им се :heartpump: вјаса, може веднаш да кликнат, да видат „што чудо“ ти бил Јoost.
Најпрвин, да ви раскажам за неговиот историјат. Негови идејни автори се швеѓанецот Niklas Zennström и данецот Janus Friis, истиот оној тандем кој своевремено ја разви peer-to-peer мрежата Kazaa и VoIP телефонијата Skype.
Иако концептот за on-line телевизија :kocka: не е баш најнов, Joost претставува многу иновативен приод во оваа насока, со тоа што дел од видео материјалите се дистрибуираат преку peer-to-peer протокол во реално време. Значи, Joost поседува свои сервери со видео материјали, но нивното оптоварување е намалено благодарение на peer-to-peer протоколот, со кој секој гледач не само што ќе биде корисник, ами истовремено ќе стане и мал „video streaming сервер“ кој ќе ги праќа кешираните видео материјали кон други гледачи. Ваквиот приод особено ќе се однесува за најпопуларните програми, кои се гледани од поголем број корисници.
Развојот на Joost отпочна во 2006-тата година под шифрираното име „Проектот Венеција“, додека од декември 2006-тата почна првобитното β-тестирање од страна на мал број тестери. Во првите месеци на 2007 година Joost склучи договори со повеќе телевизиски компании за емитување на дел од нивната програма. Така достигна бројка од неколку илјади официјални β-тестери, а од 1 мај 2007 година почна и масовното β-тестирање, со тоа што на секој од нив им беше дозволено да поканат уште 999 нови бета тестери.
Информацијата за последново се најде и во неколку македонски медиуми, напр. на порталот „Точка“, но никаде не беше кажано како да се стане бета тестер. До денес само мал број Македонци успеале во тоа; меѓу нив сум и јас :cool: (од 21 јуни). Имајќи ја можноста :palecc: да поканувам, сакам да го споделам ова возбудливо искуство со вас „Баграџиите“!
Пред да почнете прекумерно да се радувате, најпрвин проверете дали вашиот компјутер и интернетска конекција ги задоволуваат препорачаните услови за нормално функционирање на IPTV услугите кои ги нуди Joost:
Сиве овие услови, засега ги задоволуваат само дел од компјутерите во Македонија. Но, ако Вашиот компјутер задоволува блиски услови до наведените (напр. ако имате 256MB RAM но ги исполнувате другите услови), да знаете дека Joost сепак ќе функционира, но не онака „глатко“.
Самиот софтверски клиент (кој единствено може да се добие со покана – видете подолу!) е голем само 10MB, а после инсталацијата на дискот зафаќа 35MB; останатиот простор на дискот му треба како cache (за да сними дел од програмата). Тие што имаат поставено заштита со помош на Firewall, ќе треба да му дадат потполн пристап кон Интернет на софтверскиот клиент; во спротивно, ќе се изненадат со непријатен црн екран пред себе!
Како најважни податоци ќе нагласам дека Joost прави огромен сообраќај преку Интернет: за еден час гледање на квалитетна слика, Joost ќе download-ира околу 320MB и ќе upload-ира дури 105MB! Тоа значи – ако имате мал месечен лимит на трансферот (а во Македонија сите домашни корисници имаат лимит), тој многу брзо ќе ви се потроши! На оваа тема, еве и едно важно предупредување: не смеете да го заборавите пуштен додека е минимизиран, оти и тогаш трансферира податоци!! :transformacija: Перманентно се исклучува со десем клик на икончето во System Tray, па избирање на опцијата Exit.
Конечно: ако ги задоволувате минималните хардверско/софтверско/провајдерски услови :kapche: (или сте „блиску до тие бројки“) и ако го имате во предвид горното предупредување, тогаш можете и вие да станете „бета тестер“ т.е. корисник на Joost! Само пратете ми e-mail порака на мојата долунаведена e-mail адреса (прикажана е графички за да не ја „фати“ некој spam-ерски web-spider), па за ден-два ќе добиете e-mail порака од Joost со линк од кој ќе можете да го download-ирате софтверскиот клиент и да си отворите корисничко име (врзано за e-mail адресата на која стигнала поканата):

(понудата важи до крајот на август 2007 за сите „Баграџии“)
Во својата рекламна пропаганда, авторите на Joost се изразуваат дека „Joost e нов начин на гледање телевизија... :boi: мешавина на телевизија и Интернет“, слично како што се прави џус со мешање на сокот од повеќе овошја; па оттаму доаѓа и неговиот назив Joost, кој е намерно поинаков спелинг на англискиот збор „juiced“. Суштината на гореспоменатиот „нов начин на гледање телевизија“ е во давањето на огромна слобода на избор: да го гледаме она што го сакаме, баш кога сакаме. Квалитетот на сликата не само што е подобар од напр. YouTube, ами на некои канали е подобар и од дигиталната кабелска телевизија! Освен што нуди: слободен избор, квалитет на сликата+звукот и квантитет на содржините, Joost претставува и интерактивна заедница на своите корисници, во која тие можат да ставаат оценки и коментари за програмата што ја гледаат.
Видео содржините на Joost се групирани во т.н. канали, по углед на обичните телевизии. Сепак, ваквите „канали“ многу се разликуваат од радиотелевизиските канали со предефирнирана содржина; подобро би било да се наречат збирки на сродни видео содржини. За жал, не баш сите канали се достапни за гледање во сите земји... Меѓу оние што можат да се гледаат од Македонија, мене ми беше најинтересен каналот „BrainDead“ на кој можат да се најдат неколку серии во кои се разработени кратки трагикомични видео снимки, кои се многу занимливи; иако поголемиот дел од нив се со лош квалитет, оти се снимани со аматерски или службени камери.

Во општ случај, ако вашиот компјутер ги задоволува бараните критериуми за нормално функционирање на клиентот на Joost, квалитетот на сликата е ист или подобар од обичната дигитална телевизија. За стерео звукот да не ни спомнувам – умее да биде квалитетен и тогаш кога е поспора врската со интернет.
Она што е незаменлива предност на Joost пред обичната телевизија, е присуството на разните додатоци :cool: (widgets). Со нивна помош може да се види краток тексутален опис на програмата, да се ставаат оценки (ratings) или да се пишуваат коментари за прикажаните програми, има и часовник за аларм... Од друга страна, на располагање ви стојат и стандардните копчиња (кои се присутни кај хардверските и софтверските видео плеери) за паузирање и премотување на видеото, контрола на звукот, прикажување во прозорец или зумирање на цел екран, и слични опции за контрола на прикажувањето на видео содржините на оној начин кој Ви одговара.

За време на сегашново β-тестирање Joost е бесплатен. Неговите сопственици се залагаат таков да остане и откога ќе влезе во комерцијална употреба, со тоа што ќе се финансира од реклами (кои ги има и во β-верзијата – позитивно сум изненаден од тоа што се суптилно направени, т.е. не се многу нападни). Нашите северни соседи уште одамна рекле „ни код бабе, нема :sex: за џабе“ – па ние сиромашките, поарно да гледаме реклами отколку да плаќаме со кредитни картички!
За крај, уште еднаш да Ви понудам и Вие да уживате :kapa: во Joost, т.е. и Вие да станете „бета тестер“. Пратете ми e-mail порака на мојата долунаведена e-mail адреса (која е прикажана графички за да не ја „фати“ некој spam-ерски web-spider), па за ден-два ќе добиете e-mail порака од Joost со линк од кој ќе можете да го download-ирате софтверскиот клиент:

(понудата важи до крајот на август 2007 за сите „Баграџии“)
- Додај нов коментар
- 4780 читања


Ќарив Joost
Ќарив Joost покана уште пред неколку месеци.. И сега за сега барем, тапа е.. трансфер е ок, ама стварите што ги даваат се углавно тапа. Не вреди да се троши бендвит, барем сега за сега.
Ако некој сака инвајт, нека пушти ПВТ.
Da
Симпатично програмче. Да не имаш акции во „џууст“?
Communism is monopoly capitalism
Акции?!
Проектот е мултимилионски! Немам јас што да „инвестирам“ таму ;-)
Всушност, го рекламирам оти е европски проект, и оти е креиран од озбилни луѓе кои ќе знаат да го прошират како бизнис, на задоволство на гледачите за кои ќе остане бесплатен.
Ова е од истите
Ова е од истите типци кои го направија Kazzaa и Skype - шупци spyware-ски ...
Ма јок
Немаш везе, Казаа е од скроз други шупци, а во Скајп нема ни тронка спајвер (ни во Џуст).
Инаку го пробав Џуст пред некое време и супер беше UI-то, само имаше многу малку содржини тогаш.
Му пратив емаил
Му пратив емаил на Муцко да ми даде покана за акаунт, ама ме мрази и не ми одговара. Можеш ти да ми испратиш, да видам како ферцера Џуст?
the.goodbytes@gmail.com
--
Invite
Ти пратив, али не мора така само, јас од тука добив инвајт:
https://joost.com/presents/gigaom-newteevee/
--
k0
Џип
Фала, го пробав. Вака ќе опишам: да го користиш Joost поврзан преку WADSL[@]On.net е како да возиш џип, а да имаш празен паричник. Ова во контекст со рекламата „чуму полн резервоар, ако немаш бесна кола“. :-)
Уште е далеку дигиталната телевизија за Македонија.
--
Абе истите се.И
Абе истите се.
И нели испадна дека Skype чепка во BIOS ... зашто би чепкал во BIOS бе??
Абе истите се.И
Хм стварно, пичка им матер спајверска :). Али изглеа си ја научиле лекцијата, скајп се плаќа директно а во џуст има интересен и не-нападен начин на рекламирање.
DRM за плагините шо се плаќаат:
http://share.skype.com/sites/security/2007/02/skype_extras_plugin_manager.html
Го тргнале во новата верзија, ваљда за да работи на x64...
--
k0
this just in Skype 1.4.0.99
this just in Skype 1.4.0.99 reads /etc/ passwd and firefox profile!
пичка им..
А бе фина
А бе фина работа, ама како сега стојат работите со „каповите“ на трошење на bandwidth, ќе ги потрошам „моите“ 10GB за пет дена.
Квалитетна слика значи и многу потрошени мегабајти.
Иако, бездруго, таму ни е иднината - во гледање на ТВ преку дигитална, интернет испорака, сега за сега е премногу скапо за обичен корисник.
Засега, попаметно е да си набавиш Dreambox со сателитска антена, да го користиш АДСЛ-от за ..ахем.. приклучок на соодветни сервери со соодветни услуги (кои не бараат многу bandwith) и да гледаш 2000 канали.
Уште ако споиш и хард-диск (или преку мрежа се споиш со Дримбоксот на домашниот РС), можеш и да си снимиш многу квалитетни емисии. (Да не зборам за значително зголемување на порно колекцијата).
ПОАРНО од YouTube!
На Joost нема такви перверзни работи ;-)
Но, за љубителите на „снимки за поголеми од 18“, има нешто што е слично на YouTube, ама ПОАРНО од него! Се разбира, тоа е :sex: PoarnoTube :pushenje:
Денеска
Денеска го пробав програмчево, и генерално само интерфејсот ми остави добар впечаток.Самата услуга, стримингот на ТВ, беше очајна. Кога не се кочеше, сликата беше како лоша ВХС касета. Програмот симнуваше со некои 500кб/с битрејт, а имам над 1мб/с на располагање. Што значи мрежата на Џуст е неоптимизирана или нема капацитет, барем за овој дел од светот, доколку користат гео-локација во сообраќајот.
Shoutcast TV преку Winamp дава многу подобри перформанси, иако интерфејсот е почкарт и не е п2п.
Communism is monopoly capitalism