Нашиот избор за емоционална состојба е Екстаза. Нашиот избор за храна е Љубовта.
Нашиот избор за зависност е технологијата. Нашиот избор за религија е музиката.
Нашиот избор за валута е знаењето. Нашиот избор за политика не постои. Нашиот
избор за општество е утопија, иако знаеме дека такво нешто никогаш нема да постои.
Можеш да нè мразиш. Можеш да нè отфрлуваш. Можеш да не нè
разбираш. Можеш да не си свесен за нашето постоење. Можеме само да се надеваме
дека не нè судиш, затоа што ние никогаш нема да те судиме тебе. Ние не
сме криминалци. Ние не живееме во илузија. Ние не сме зависници од дроги. Ние
не сме наивни деца. Ние сме едно масивно, глобално село кое ги надминува законите
створени од човекот, физичката географија и времето.
Најпрвин бевме привлечени од звукот. Далечен, како гром, пригушен, одекнувачки
ритам кој може да се спореди со одчукувањето на мајчиното срце кое го смирува
детето во нејзината матка. Бевме привлечени назад во нејзината матка, и таму,
во срцето, во влагата, во темнината, ги прифативме сите како еднакви. Таму некаде
околу 35Hz можевме да ја почуствуваме раката на Господ на нашите грбови, како
нè бутка напред, како нè бутка кон самите себе за да ги зајакнеме
нашите умови, нашите тела и нашите духови. Како нè бутка да се свртиме
кон личноста до нас за да ги споиме рацете и да ги подигнеме делејќи го задоволството
кое не може да се контролира, кое го чуствуваме од креирањето на овој магичен
меур кој може, во една вечер, да не заштити од ужасите, ѕверствата и загадувањето
на надворешниот свет. Тоа е тој момент, во овие почетни разбирања кога сваќаме
дека сме навистина родени.
Како стадо ги ставаме нашите тела во клубови, или складишта, или згради кои
сте ги напуштиле поради неуспех и внесуваме живот во нив за една ноќ. Јак, вибрирачки
живот во неговата најчиста, најинтензивна, најхедонистичка форма. Во овие инпровизирани
простори ние пробуваме да се ослободиме од товарот на несигурноста за стабилна
иднина која вие не сте способни да ја ни ја обезбедите. Ние сакаме да се ослободиме
од нашите кочници, од кафезите и воздржувањата кои ни ги ставате затоа што мислите
дека така треба. Се трудиме да го репрогарамираме тоа што сте сакале да нè
научите од моментот кога сме се родиле. Програмирањето кое ни кажува да мразиме,
кое ни кажува да судиме, кое ни кажува да се стуткаме во најблиската глувчешка
дупка. Програмирање кое дури ни кажува да се качуваме за вас, да скокаме кога
треба и да трчаме низ лавиринти. Програмирање кое ни кажува да јадеме од секоја
светкава сребрена лажица со која се обидувате да нè храните, наместо
да се обидуваме самите да се прехраниме со нашите способни раце. Програмирање
кое ни кажува да ги затвориме нашите мозоци, наместо да ги отвориме.
Додека сонцето изгрева, за да ни ги изгори очите со откривањто на суровата
реалност на светот кој вие го креиравте за нас, ние играме бестрашно со нашите
браќа и сестри во славењето на нашиот живот, на нашата култура и на вредностите
во кои веруваме: Мир, Љубов, Слобода, Толеранција, Единство, Слога, Хармонија,
Искажување, Одговорност и Почит.
Нашиот избор за непријател е незнаењето. Нашиот избор за оружје е информацијата.
Нашиот избор за криминал е кршење и предизвикување на било коj закон кој вие
мислите да ни го наметнете со цел да не спречите да го славиме нашето постоење.
Но знаете дека се додека можете да ја затворите било која журка, во било која
ноќ, во било кој град, во било која држава или континент на оваа прекрасна планета,
никогаш не можете да ја затворите целата журка. Немате пристап до тој прекидач,
без оглед на тоа што го мислите. Музиката никогаш нема да запре. Чукањето на
срцето никогаш нема да избледее. Журката никогаш нема да заврши.
Последни коментари