Морам да признам дека уживав додека го слушав (дури и си го зачував видеото на диск). Јас не се разбирам многу од техно музика, бидејќи запрев да ја пратам асолно некаде по Крафтверк, Фејтлес и Продиџи. Знам отприлика кои се главните фраери денес и сум чул по нешто нивно и толку. Сепак, ќе си дадам за право да си кажам една своја субјективна оценка по слушањето на видеото: како за класика, музиката е малку под просек, но како за техно, прекрасно е. По малку ме потсеќа и на Мајк Олдфилд, можеби заради водечкиот инструмент, можеби заради хармонијата.
Би ме радувало ако класиката си го најде патот до ушите на луѓето во поголем обем од тоа што е денес. Ми се допаѓаат и фузирањата на класичната музика со современите правци и/или аранжмани. На пример, симпатично ми звучи музиката на Мајк Олдфилд, кој го спомнав, Жан Мишел Жар, Вангелис, Апокалиптика, Енија, Тревор Џонс, Енигма... сигурно ќе заборавам некого.
Ми се допаѓа и обратното фузирање, кога традиционална и етно музика се аранжира во класика/џез стил: Синтезис, Драган Даутовски, Влатко Стефановски, Теодосиј Спасов, Џиван Гаспаријан, Балканика, некои обработки на традиционални македонски песни од бендот на Македонска радио-телевизија, па дури и малку нападниот спој на Њу Орлинс џез со ромска плех музика, во албумот на Тони Китановски. ;-)
--
Испратено од Сељачиште (непроверено) на 12 јуни, 2007 - 15:52.
GoodBytes wrote:
Морам да признам дека уживав додека го слушав (дури и си го зачував видеото на диск). Јас не се разбирам многу од техно музика, бидејќи запрев да ја пратам асолно некаде по Крафтверк, Фејтлес и Продиџи.
Од техното да, ама и воопшто од современата музика. Така некако ме затера еден период од животот. :-)
Има време, ќе надокнадам. Сум „надокнадил“ во животов децении музички живот, па и столетија, не па 10 годинки. Таман да видиме кои имиња оставиле зад нив нешто вредно кое ќе се слуша и натаму.
--
Техно класика
Морам да признам дека уживав додека го слушав (дури и си го зачував видеото на диск). Јас не се разбирам многу од техно музика, бидејќи запрев да ја пратам асолно некаде по Крафтверк, Фејтлес и Продиџи. Знам отприлика кои се главните фраери денес и сум чул по нешто нивно и толку. Сепак, ќе си дадам за право да си кажам една своја субјективна оценка по слушањето на видеото: како за класика, музиката е малку под просек, но како за техно, прекрасно е. По малку ме потсеќа и на Мајк Олдфилд, можеби заради водечкиот инструмент, можеби заради хармонијата.
Би ме радувало ако класиката си го најде патот до ушите на луѓето во поголем обем од тоа што е денес. Ми се допаѓаат и фузирањата на класичната музика со современите правци и/или аранжмани. На пример, симпатично ми звучи музиката на Мајк Олдфилд, кој го спомнав, Жан Мишел Жар, Вангелис, Апокалиптика, Енија, Тревор Џонс, Енигма... сигурно ќе заборавам некого.
Ми се допаѓа и обратното фузирање, кога традиционална и етно музика се аранжира во класика/џез стил: Синтезис, Драган Даутовски, Влатко Стефановски, Теодосиј Спасов, Џиван Гаспаријан, Балканика, некои обработки на традиционални македонски песни од бендот на Македонска радио-телевизија, па дури и малку нападниот спој на Њу Орлинс џез со ромска плех музика, во албумот на Тони Китановски. ;-)
--
Техно класика
Само да го потенцирам овој момент. Тенкс ;-)
EDIT-- уште едно интересно издание:
Македонски Џез
Техно класика
Бааги си пропуштил.