6 септември, 2008 - 03:04
[веб кирилица]

Интелектуална девалвација

од vestak на 20 мар 2007 - 12:44

До сите академски граѓани во Република Македонија кои чесно сакаат да си ги завршат студиите и да си го најдат своето место под Македонсково ни сонце, пошто неверувам дека уште некој верува дека може како академски граѓанин да најде место во Европските институции, што и не е невозможно мора да се признае ама на колку од нас сите може да им се оствари еден таков сон. Точно е многу од нас после дипломирањето ќе посакаат да излезат надвор од државава, но не како академски граѓани, туку како бебисистери,берачи на јагоди,калнери и што ли уште не, искрено надевајки се на подобра заработувачка тамошно државјанство и во иднина подобар живот. Што да се прави мора да се снаоѓаме, па и на еден таков низок начин, мора да си згазнеме на нашата интелектуална висина во името на подобар живот. Затоа не сакам да верувам дека има уште некој што верува дека нашите дипломи се признати во меѓународни рамки и тоа е О.К. условно кажано за пошто за тоа знаеме уште пред да запишеме било какви студии. Морам да напоменам дека јас сум еден од студентите кои студираа и дипломираа со класичниот начин на студирање и не се чуствувам инфериорно кога го кажувам ова, затоа што има многу како мене пред да започне ЕКТС Болоњскиот систем на студирање кој можеби ке ги промени работите за што искрено се сомневам ама за тоа потоа да не бидеме скептици и да дадеме шанса. Имено за што сакав јас да говорам, иако бев свесен за тоа дека дипломата нема да ми биде признаена надвор од границите, сепак се надевав дека тоа нема да биде случај и овде во државава но сум се излажал. Ми станува се повеќе јасно дека и во нашите институции постои тенденција за интелектуална девалвација на многу од нас т.е.постои тенденција да врз основа на застарени систематизации, систематизации кои се направени како резултат на недостаток на кадар во времето после војната мислам на втората светска војна и коституирањето на Југославија, кога нашите институциии морале да праќаат кадри во Белград и Загреб на школување за да може стручно да се врши работата. Таквиите систематизации сеуште не се променети што пак доведува до тоа да нашите дипломи кои чесно сме си ги заработиле не важат. Не важат во Европа пошто имаме стар систем на школување но неважат ни во Македонија затоа што во нашите институции има систематизации постари и од нашиот стар ситем на школување.Прашувам што како заклучок само по себе се поставува. Дали имаме тенденциозна интелектуална девалвација на многу невработени генерации кој како така кога никој не веруваше во нашите институции, останаа доследни на токму тие институции им овозможија да опстанат со тоа што станаа студенти во нив(мислам на нашите факултети), за да потоа тие институциии не го признаваат тоа што самите они го создале како интелектуална сила на државата.И за крај ова го пишувам после студентските избори и не сакам да се даде во било каква конотација со нив, затоа што тие се само пиуни во големите игри на политичарите. Ова го пишувам за сите кои сакаат чесно да си ги завршат студиите и да си го најдат местото под Македонското сонце. Бидете свесни дека за некој постои само едно место каде што може да успее а тоа е Македонија, еден од таквите сум и јас но се повеќе мислам дека и ова единственото ни сонце за успех ни бледнее.