од sage на 6 ное 2002 - 23:00
Жената многу верува во моќта на своето „глумење“ (преправање, преобразување, лигавење) и лагата. Лагата е нејзиното вообичаено оружје и вообичаено боиште, дури слободно може да се каже дека е и нејзино најдобро оружје...
Жената многу верува во моќта на најдобро оружје. „Глумењето“и лагата се единствен нејзин излез од бројните конфликти со нејзините непријатели, родители, сопругот, светот, идеите. Со помош на лага таа го прикрива своето незнаење, кое е огромно, себичност, која е неизмерна,и горделивост која е безпримерна и пороци кои ја „красат“. Таа низ животот поминува трумфално, секогаш повеќе пропратена со својата измислена легенда отколку со нејзината вистина,нејзиното друштво никогаш не ја запознало во вистинско светло, уште помалку ја разбираат оние со кои е поблиска, додека за момчето остануваа нејзината приказна да биде мит и надреалност.
Момчињата никогаш неможат да ја разликуваат нејзината лага од нејзината вистина. Меѓутоа момчината можат да ја насетат лажгата, па дури и кога не можат да се одбранат од нејзините лаги. Бракот најчесто се состои од една лажга и еден насилник.
Жената кога лаже секогаш лаже на крупно и тотално, и кога имаат да скријат ситница, жените негираат и се друго што е поврзано со таа ситница, и тоа брзо конечно и одлучно. Нигде не била, никого не забележала, никого не видела, ништо не слушнала, не е запозната воопшто со личноста за која ја врзуваат многу настани, ништо не било... А бидеќи така се порекнува тотално и конечно, затоа и неможе лесно да се открие и секогаш таа е најпаметната. Бидеќи таа не лаже за некому да наштети, таа не ја разбира лагата како (поле ,ни како нива..:)) сретство со кое на некому би му нанесла зло, туку како сретство себе да си направи добро (да се заштити).
Таа многу добро знае дека има некоја вистина која може се да упропасти и затоа се користи со лаги, не набиваќи си комплекс дека е лажга, веруваќи дури и дека добрата цел секогаш вреди колки и добриот принцип. Таа е запозната со филозофијата дека лагата спасува многу почесто, а вистината само во ептен критични моменти. Свети Августин кажал: „ Лажи, лажи поштено и побожно...“ мегутоа ова го кажал многу подоцна отколку што жените оваа идеја ја усвоиле за главно начело на нивниот опстанок.
Ако сакате жената да ве сака, треба да и дадете прилика да ве излаже стотина пати, и секогаш да изгледа како тоа да не го забележувате. Жената е толку осетлива и прилагодлива, така што таа само по два состаноци со кое било момче, точно знае каква девојка тој сака (бара).И веќе од тој момент таа престанува да биде она што всушност е, и каква што и понатаму за себе ќе си остане, а си ги придодава сите оние одлики со кои мисли дека најповеќе ќе ве плени.
Така таа се преобразува во нешто друго што всушност не е (од дигимон во покемон :)), и набрзо ќе се однесува исто како и нашиот идеален модел за девојка. Таа е толку брзо ќе се наштелува во самата себе така што просечен човек нема ни да ја забележи таа неверојатна промена. Таа со тоа постанува само по загадочна за глобалниот машки свет, кој не знае да се снјаде во таа нејзина „намештаљка“.
Жената инаку секогаш е едно суштество за себе и цел свет, друго за момчето кое го сака. Најчудно е можеби тоа што секоја заљубена девојка мисли дека мора да изгледа поинаку од она што всушност е ( така научниците го објаснуваат феноменот потреба за шминкање пред спиење и во други околности :)) и да биде накитена со дрангилии и особини кои всушност и ги нема, а не само со оние што ги има, и за себе да измислува дури и друго потекло и друг друштвен живот, а сето тоа во зависност од човекот кој сака да го „ќари“. А таа тоа го прави од простодушната и најчесто најдобра причина: да има крај себе момче кое го сака и чуствува нешто за него. Лагата за да се има момчето кое се сака, тоа е и главната лага на женскиот пол. Меѓутоа таа лага најчесто е поневина и од сите машки искрености.
Девојките не можат а да не лажат, па дури и кога се најзаљубени. Кога жената ќе ја изговори најголемата лага тогаш таа е најприсебна. Лагата и дава на жената чувство на супериорност над машкиот ум и талент. Жената не се служи со лаги за да нападне, туку за да се одбрани. Никогаш не прашувајте жена за нејзиното минато. никоја не сака да има минато, ниту пак и придодава некакво значење, а ако не ви го кажува нејзиното минато тоа не е за таа да се заштити, туку за вас да не ве изгуби. Ако сака да го премолчи минатото тоа може да биде и затоа што таа према минатото е рамнодушна, бидеќи жената по природа не е романтик.
Жената не им придодава никакво значење на спомените. Таа бездушно крие се бидеќи таа не сака да се присеќава на ништо што не е во врска со човекот кој го сака во тој момент. Жените живеаат од ден за ден.( и за сите останати денови...)
Последни коментари