Да прашам
Испратено од Luper на 12 февруари, 2007 - 09:31
Каде може да ги симнам Tulse Luper Suitcases Part II, и Part III?
Првиот дел можете да го симнете овде, ако не сте го гледале.
И уште нешто, имам добро сценарио за филм, каде треба да се обратам, и дали може да го патентирам на пример, не знам дали е возможно да се патентира, па, уметност да речеме, а за крадање сосема сум сигурен дека е возможно, нели беше Рембрант тој што се потпишувал на дела од свои ученици.
Брагодарам на информациите.
»
- Додај нов коментар
- 3471 читања

Значи прво линк
Значи прво линк до thepiratebay, а после кај може да „патентирам“ сценарио за филм?!?!?!!!???!!??!?!!?
WHAT THE FUCK!!!
ps. иначе НЕ можеш да патентираш сценарио за филм. Не ти кажувам што можеш. Нека ти скапува во подрум.
Иначе фала за
Иначе фала за torrent линкот сеа ќе го симнам ...
Авторизирање
Идеите на Luper ми изгледаат во согласност со концептот "No money for big companies, money for kids!", што според мене е сосема во ред.
For free, open and networked everything.
Подобро да се знае отколку да се ши
Ај јас ќе кажам. Подобро да се знае отколку да се шират дезинформации.
Значи, сите авторски дела (вклучувајќи го тука и сценариото за филм) подлежат под законот за авторските и сродните права. Овој закон ти дава тебе (на авторот) право да правиш што и како сакаш со делото. За да почне ова да „важи“ не треба никаква посебна процедура, т.е. авторското право почнува да важи од моментот на создавање на авторското дело. Пример, авторското право за овој коментар ми припаѓа мене и важи од моментот кога тој ќе се објави.
Конкретен проблем со авторското право е докажување во случај на спор (пример, ако ти твоето сценарио му го дадеш на некој пријател да го прочита, тој ја смени насловната страница и тврди дека е негово). Вакви работи се решаваат на суд. Најлесен и најефтин начин да докажеш авторство во ваква ситуација е пред да го пратиш на други места делото да си го испратиш сам на себе по пошта, во плик на кој јасно ќе се гледа датата на испраќање. Тоа ќе ти стигне дома и ќе си го чуваш така, неотворено, за секој случај.
Но, ако добро читам меѓу редови, она што тебе те интересира е дали постои начин да го заштитиш сценариото така што популарно речено никој нема „да ти ја украде идејата“. Ова не е возможно да се направи на ниеден начин, бидејќи со авторското право всушност се заштитува определено изразување на некоја идеја, а не самата идеја. Ова значи дека никој не може да напише текст во кој Лук Скајвокер оди и ја спасува вселената без да има проблеми со Џорџ Лукас, но секој може да напише текст во кој загубениот син во процесот на созревање се соочува со лошиот татко притоа помагајќи им на пријателите да се избават од лошата ситуација. А во крајна линија, во литературата (и уметноста воопшто) тешко дека ќе се најдат вистински нови идеи, бидејќи горе доле се е смислено уште во античко време.
Самата идеја за нешто (најчесто уред или процес) може да се заштити со патент доколку таа е нова, инвентивна, и корисна или индустриски применлива за што одлучува државата (http://en.wikipedia.org/wiki/Patent). Логично пишаните дела не припаѓаат во оваа категорија и затоа не може да „патентираш“ некакво уметничко дело.
--
Don't attribute to malice what can be explained by incompetence.
Ај (не) биди смешен
Убаво кажано и поучно. Имам само едно мало дополнување.
Можеш да направиш пародија по истото сценарио. Тоа спаѓа под fair use.
--
Претпоставував
Претпоставував дека неможе да се патентира уметноста, но кога веќе може да се патентира човечка кожа како ел. проводник неможе ш да бидеш сигурен во ништо.
Работата е што сеуште не сум напишал ништо, меѓутоа имам одлична, оригинална идеја за која сметам дека платното е најдобар начин да се прикаже, иако и во форма на роман, драма, расказ нема да има премногу голема разлика. И работата е што помислувам и на режија зошто не би сакал некој друг да го усере она што, нели, авторот најдобро може да го прикаже. Најлесно е да се објави како роман, но тука има огромен проблем, кој нормално е во мене, затоа што дефинитивно идеи и дијалози ми е многу подобра страна, од детални описи и се она што го прави роман. Значи најлесно би било драма, но тоа е и најтапа, нека не ми замеруваат љубителите на драма. И работата е што во оваа држава да имаш диплома режија тешко дека филм ќе снимиш, а не пак без диплома. Америка е срање држава да, но некои проблеми им се многу добро решени, и ако имаш добро дело дефинитивно порано или подоцна ќе си го најдеш местото, но тука..... Тука е сосема поинаку. Искрено, прво би се обратил во странство, па ако евентуално фали некој денар за да се заврши работата би отишол кај нашиве да барам кеш. Нили бевме нација што ги познава добрите само кога ќе успеат во странство. Да, скоро се е напишано, но понекогаш и начинот на кој ќе напишеш веќе напишани работи знае да биде оригинален, затоа што никој претходно не поврзал приказна на таков начин.
Благодарам за информациите.
Да прашам
Ако имаш пари за давање можеш да го патентираш.
--
Don't attribute to malice what can be explained by incompetence.
ајдеее ајдее
ајдеее ајдее рипајте трихагери некој ви спомна патенти
Можеш да
Можеш да патентираш скрипта, дури можеш да заштитиш и “синопсис“ на некоја твоја кованица.
еве страна ама не знам дали важи за нежители на америка...www.copyright.gov
Абе да му јеем
Абе да му јеем матер, сценарио пишуеш а два збора да сврзеш не можеш??
Се ПАТЕНТира ПЕТЕНТ. Не може да се патентира сценарио.Сценарио се заштитува според зконот за заштита на авторски права. Имаш она аналогно на ЗАМП (ова е за музички права) па распрашај се.И законот го имаш на http://www.mlrc.org.mk/zakoni1995.htm или по нетов негде, на сајтот на министерство за правда.
У секој случај, ке ти треба некој агент од нашиве бандити, пошто сам ако тргнеш ке те заебат ако не на прва, на втора сигурно.Си се знаеме де кој сме:))
BONUM PENIS PAX IN DOMUS
Викаш? Незнаш
Викаш?
Незнаш на кој му се обраќаш или мене така ми изгледа?
Знам дека има на нет.
Меѓутоа нели е многу побрзо да прашам на форум каде што има повеќе луѓе од кои некој сигурно ќе знае, отколку да читам стотици страници текст?
И не е само да сврзеш два збора, туку како ќе ги сврзеш.
Една реченица може да каже многу повеќе од цели пасуси текст, на пример.
Некој рече дека е глупо што давам линк до пиратски сајт, а потоа барам патент.
Не е глупо! Линкот пиратски е споделување на уметноста. Патент е заштита од крадење на интелектуална сопственост заради материјална (претежно) корист. Има огромна разлика.
прати си го
прати си го сценариото сам на себе преку пошта. иако ти рекоа, некако не ти изгледа задоволувачки. другари што студираат драматургија во бугарија така прават. така да ако те плагијатне некој ти имаш доказ дека тоа е твое и важи документот во суд.
толку...
100 mu gromova...