3 декември, 2008 - 22:53
[веб кирилица]

Багра (чиста) порнографија?

од PetarK на 2 фев 2007 - 20:33

Од неделава не можам да пристапам на Багра од работа, вика филтерот порнографски сајтови нацки што ќе гледаш од нашата мрежа!

Опции за гледање на коментари


сликата на ГоранОдЧаир
багра понографија ?!?! - од ГоранОдЧаир на 3 февруари, 2007 - 00:49

хахха...како бе порнографски сајт..ц, ц, ц... значи да се немало абер од фотографирање [намигнува] Брачко пробај да ги тргнеш рандом теткине во профилот, па пробај дали ќе ти отвори пак. Ако не, незнам, нема дркензи на работа [намигнува]

---------------------------
не ми работи потписот нешто

Бачко, ти - од PetarK на 3 февруари, 2007 - 16:55

Бачко, ти мислиш дека кога понудувачот на услугата „листа на порно, чет и останати не-работни сајтови“ оди да проверува сајтови, прво креира корисничко име, па се логира, па чачка по опции (на македонски), па утврдува дали може без тетки и батки, па тогаш решава дали сајтот е порно или не? [се смее]

А у ствари, можеби навистина го прават тоа, ама ете, се логирале кога на Мистрес и ги стави оние дедомразовките на сликa... ЦЦЦ, Мистрес е крива за уривањето на угледот на Багра! [намигнува]

сликата на солЗ
скоро мирор - од солЗ на 3 февруари, 2007 - 20:37

Ако има некој некаде (wink-wink/nudge-nudge) фазла место на сервер и сака да го подели со нас, можеби кога нема да не мрзи може да направиме багра-без-тетка-и-батка не-баш-мирор?

Најди Багра? Со - од PetarK на 4 февруари, 2007 - 00:29

Најди Багра? [се смее] Со новиот диск имам место за некој мирор, хм... [се смее]

сликата на Chombe
Најди Багра? Со - од Chombe на 4 февруари, 2007 - 06:31

PetarK напиша:

Најди Багра? [се смее] Со новиот диск имам место за некој мирор, хм... [се смее]

Ја инсталирав WebSense у едно 5-6 фирми и по дифолт багра не се отвара, пошто е категоризирана како adult site.

И кај тебе е WebSense?

adult site и porn site не - од DrunkY на 4 февруари, 2007 - 08:15

adult site и porn site не е исто.

Ако горенаведениот програм не дозволува читање на сајтови за возрасни, тогаш какви дозволува? Детски? [се смее]