Нема добар - од DrunkY на 28 јануари, 2007 - 07:46
Нема добар антивирус, особено ако ти е со крак и сириал (и не е нормално).
Лично, не препорачувам употреба на било каков "антивирус" програм. Едноставно, пази шо пикаш у пи си и се ќе биде во ред.
Никогаш не сум - од Robomarket на 28 јануари, 2007 - 10:28
Никогаш не сум практикувал кондом за писи и сум се пазел од болести ама не важи “пази што пикаш“...ќе ти се пикне некое бубаче од никаде.
Барам асален антивирус како Карпески или Мекафи а напишав ПП затоа што очекував некој јусендит или рапидшер линк, за да не прљаме со пиратерии...демек.
Мислев дека - од DrunkY на 29 јануари, 2007 - 04:47
Мислев дека коментарот што го пишав ќе те натера да подразмислиш малку подлабоко.
"Асален" антивирус не постои од X причини, а тоа што некој ќе ти *пастне* yousendit или rapidshare линк е сепак пиратерија. Ако ти се пика бубаче, ќе ти се пикне баш од нелегално користење на некој антивирус (да, преку него).
Мислам дека местово постои баш заради коментари како тој што го напишав, а ако не си доволно skilled да го најдеш тоа што ти треба на google или phazeddl.com или си мрзлив да го направиш тоа, тогаш веројатно и не заслужуваш некој да ти даде.
P.S. Немој да ме сфатиш погрешно, коментаров е чисто пријателски
Е пиратерија и - од Robomarket на 30 јануари, 2007 - 20:43
Е пиратерија и затоа побарав една другарска приватна порака на љубезен начин.
Тоа го направив поради дискреција и со совесен пристап кон проблемот со пиратерија,
бидејки разбирам дека има луѓе кои се осетливи на таа тема. Сепак, нели, модерно е да се движиме паралелно со западноевропските трендови каде што пиратеријата е криминално дело во општество каде што луѓето пазарат софтвер од етички причини и верувања.
Одамна не сум повраќал на форум. Јуух.
Другар, мрзлив сум стварно инаку си наоѓам сам такви работи. Ммм а да направев апдејт на испето преку информменаџерот може немаше да имам бубаче на ркај краева.
Последни коментари