4 декември, 2008 - 01:25
[веб кирилица]

Граѓаните имаат право на избор

од слободен софтвер на 18 јан 2007 - 20:54

Преземено од Метаморфозис [metamorphosis.org.mk]
__________________

Заедничко соопштение на Слободен софтвер Македонија и Метаморфозис

Сметајќи дека најавените обуки за компјутерска писменост за населението се во основа позитивен потег за развојот на информатичкото општество, Фондацијата Метаморфозис и НВО Слободен софтвер Македонија ја поттикнуваат Владата на РМ да овозможи право на избор за граѓаните, преку обуки за користење и на слободен софтвер. 

Алтернативите од областа на слободниот софтвер, како Опен офис и Аби ворд, покрај тоа што овозможуваат вршење на истите канцелариски работи како софтверот најавен од Владата, ги нудат и следните јасни придобивки, особено во контекст на тековната економска состојба:

  • Слободно ширење, без потреба да се купуваат лиценци за користење
  • Намалување на стапката на пиратство и криминализиција на корисниците на ИТ
  • Користење формати за запис на документите базирани на отворени стандарди, овозможувајќи достапност на содржините без разлика на тековната технологија (ISO/IEC 26300:2006)
  • Можност за локализација и надградби на софтверот според сопствените потреби, без обврска за тоа право да се плати на било кој. Најважниот канцелариски слободен софтвер е веќе локализиран на македонски и албански јазик.
  • Оневозможување на создавање на зависност само од еден добавувач (vendor lock in), односно промоција на принципите на заштита на конкуренцијата.
  • Овозможува поседување, а не де факто изнајмување, на софтверот што се користи и службено и приватно.
  • Користењето на слободниот софтвер како јавно добро го препорачува и Националната стратегија за развој на информатичко општество, која со консензус во 2005 ја усвои Парламентот на РМ.
  • Европската комисија смета дека слободниот софтвер е клучен фактор за зголемување на конкурентноста и развојот на дигиталната индустрија во ЕУ (pdf).

Употребата на слободен софтвер исто така драстично ќе ја намали цената на компјутерите кои Владата објави дека ќе ги набави во рамките на проектот „компјутер за секој ученик“. Најпознатиот проект од таков вид на светско ниво „Еден лаптоп за секое дете“, користи исклучиво слободен софтвер оти само тоа одговара и на финансиските и на хардверските побарувања.

Граѓаните на Македонија покажуваат голем интерес за користење на слободниот софтвер. Најсвеж пример за тоа е поддршката што ја дадоа преку учество во покривање на трошоците за печатење на ЦД-то „Заврши си работа“, кое е дистрибуирано во вкупно 5.000 примероци.

Опции за гледање на коментари


сликата на lujka
Прекрасно - од lujka на 23 јануари, 2007 - 12:41

Колку гужви и непотребни нервози би се избегнале ако се остварат сите овие идеи! Колку само полесно би одело се’! Замисли, сите службеници, ученички, наставнички, продавачи, политичарки, шивачи, хаусмајсторки, научни работнички, советодавци, лекарки, пекарки, фармацевти, купувачи, овчарки, журкачи, спортистки, домаќини - информатички писмени и со достапен интернет. Општеството и економијата ќе се најдат за неколку скалила погоре во рок од две години. Овие мои проценки се плод на фантазијата, а не некаде прочитан резултат од статистичко или друго предвидување. Сеедно, ах колку би било најубаво...

[љубов насекаде]

For free, open and networked everything.

ха, и после се - од fLeX на 23 јануари, 2007 - 13:53

ха, и после се разбуди и виде дека ти се отскруене нозете [се смее] Ај, ај молим те кажи ми ако се ова беше така добро, зашто не зажиева, зашо се мучиме да симињаме и крадеме, или зашто плаќаат ко морони цела планета..сакам објаснување ко за на плавуша, во спротивно ќе се распраам со тостерот!

Што и да мислиш, исто ти се фаќа:)

А? кое? што? за - од дамјан на 23 јануари, 2007 - 18:40

А? кое? што?

за што збориш ?

сликата на GoodBytes
Вечната тема - од GoodBytes на 23 јануари, 2007 - 21:19

Веројатно мисли за слободниот софтвер воопшто. Не е дека не е заживеан, особено ако се погледне на полето на серверите, Linux доминира. Тоа е пазар каде цената и перформансите се критични и каде информирани луѓе ги носат одлуките на каква платформа ќе работи серверот.

Слободниот софтвер не е совршен, има мани како и секој софтвер, освен тоа се шири со помош на ентузијазам на обични луѓе, за разлика од комерцијалниот софтвер зад кој стои маркетинг тим и кеш. Претпоставувам дека тоа е главната причина зошто не доминира врз комерцијалниот софтвер.

Во конкретниов случај, ако се земе во предвид на кого му е наменета оваа обука и компјутери, најголем позитивен ефект за државава ќе се постигне ако се поттикне слободниот софтвер. Ако ништо друго, зборуваме за минимум од 600 долари почетна инвестиција, покрај набавката на компјутерот, кои би требало да се вложат за купување на основниот софтвер. Ако тој трошок треба да го направи невработен млад човек, тешко дека можеме да зборуваме за „омасовување“ на користењето компјутери.

Значи, ако направиме напор да ја избегнеме вечната дебата кој е подобар, Linux или Windows, и ако се концентрираме на конкретните цели кои сакаме да се постигнат, јас цврсто верувам дека масовната компјутерска писменост во Македонија полесно ќе се постигне со бесплатен софтвер (настрана другите адути, како слободата и слично).
--

Фала чичко - од fLeX на 24 јануари, 2007 - 11:30

Фала чичко ГудБајтс:)

i]Што и да мислиш, исто ти се фаќа:)[/i]

сликата на GoodBytes
Молам - од GoodBytes на 25 јануари, 2007 - 16:58

Чичко? Аман, ќе почне да ме мава параноја, mid-life crisis! [намигнува]
--