Веќе застарените препреки на пешачките патеки, плански распрскани низ улиците на Скопје и подалеку, ќе бидат заменети со нови, технолошки напредни барирери и стапици. Овој чекор кон иднината е поддржан од страсните управувачи на возила и други мрзливи влекачи. Новите бариери ќе содржат разни специјални додатоци за одстранување на екстремитетите или гентиалиите кај дрските пешаци.
Стапиците ќе бидат специјално програмирани од страна на вештите единици за поставување на истите, со огромен избор на болни физички последици што може да се аплицираат кај успешно фатените пешаци. Овие направи се поставени поради садистичките нагони на полицијата и државните институции се со цел да се покаже супериорноста на колата и другите масовни превозни средства што ја блокираат пешачката патека.
"Досега само користевме веќе докажани методи за спречување на пешаците да се движат по одредените патеки, но сметаме дека на Македонија и треба револуционерни промени и повеќе добра ракија", изјави добропознатиот управувач на возила, Мартин Висев. Тој смета дека животот на пешаците е премногу исполнет со монотонија и репетиција, една нога, па друга, затоа тој започнал со кампањата што резултираше во ова државно решение и планира да допринесе многу повеќе кон опасната авантура наречена ножно градско движење. Пред да замине, господин Висев ја запали колата да купи штека цигари и едно мало, слатко шишенце ракија кое ќе му помогне самоуверено да маневрира низ улиците на Скопје.
Наскоро сите неправилно паркирани коли, што имаат за цел пореметување на природното и со закон гарантирано движење на пешаците по таканаречените пешачки патеки, ќе бидат заменети со овие технолошки магични препреки, и колата како направа ќе стане тотално неупотреблива (освен ако се потребни цигари или хамбургер од 7-мица).
(fOR MOR WWW.Lukceto.blog.com или на Македонски ЊЊЊ.лукчето.цом.мк)
Последни коментари