Белградски саем на книга
Во Белград моментално се одржува саем на книгата, Графима и Арт Експо.
Графима и Арт Експо беа во ред, доста изложувачи, извесен број на машини за печатење итн.
Меѓутоа, Саемот на книгата беше нешто многу посебно. На површина од неколку илјади квадратни метри имаше преку 100 издавачки куќи со наслови и цени кои го одземаат здивот.
Првичниот впечаток кога влегов во халата беше: Ааааххххх и Уаааауууууу!!!
Ова ми беше прв пат да отидам на овој саем и јас бев превоодушевен. Мислам дека не ќе можам да најдам соодветни зборови да ви ја опишам атмосферата која владееше таму ама можам да ви кажам дека беше нешто невидено.
Кога започнав да ги разгледувам штандовите бев многу изненаден од фактот што
имаше многу многу различни книги, најнови наслови од актуелни автори и тоа по
ептен ниски цени.
Книга која кај нас се продава по некои добри 600-700 денари таму можеше да се
најде за помалку од 300 динари.
Стручна книга (компјутерска) која кај нас ја гледав по цена од 1400 динари таму
можеше да се купи (и ја купив) за 550 динари.
Два цели дена го шетав саемот и мислам дека не видов се. Штета што немав со мене фото апарат за да можам да ви ја покажам таа масивност, разновидност и еуфорија. Се купуваа книги на големо, по неколку копии, со најразновидни попусти и се купуваше многу многу.
Кај мене, крајниот резултат беше: 23 купени книги, 3 стручни (компјутерски книги) и 6 броја од списанието Квадарт.
Доколку сте љубител на пишаниот збор, ви препорачувам следната година никако да не го пропуштите овој саем.
- Додај нов коментар
- 4185 читања

Белградски саем на книга
Саемот навистина беше фасцинантен, но јас како љубител на СФ-от останав разочаран.
Белградски саем на книга
Беше таму!?
Шо не кажуеш вакви работи порано бре? Пеер! :)
Белградски саем на книга
За разлика од ланскиот овај пат беше нула, лани беше поубаво, работеше пиратеријата, тогаш се изнакупував DivX-ovi, а оваа година ништо. :)))
Абе лани беше многу поубаво.
Белградски саем на книга
P.S Заборавив да ви кажам, денеска е бесплатен влез, така да и јас згрешив што избрзав, ама никогаш не се знае. бтњ Денеска уште поефтини ќе се книгите, РАСПОДАЖБА НА ВЕЛИКО има да е ;))
Белградски саем на книга
Апелирам до сите посетители на овој сајт како и до администраторите да направат нешто како БАНЕР или што ја знам тамо што, каде секој што ќе пристапи на сајтот веднаш да забележи што ќе се случува интересно во наредната недела кај нас и во соседните земји како концерти, семи, работилници итн. Мислам дека би било стварно добра работа.
Поздрав
Белградски саем на книга
Предлагам соседните земји, а и нашите организатори да уплатат нешто на нашата жиро сметка и нема проблем :) Мислам дека би било стварно добра работа. Вака без пари не се живее више :)
Белградски саем на книга
>> Мислам дека би било стварно добра работа.
A ја мислам дека уште подобра работа би бил ценовник на пипер, патлиџан, таблета и грас негде измеѓу рандом тетка и рандом банер. :)
Белградски саем на книга
Do koga kje trae?