Во Белград моментално се одржува саем на книгата, Графима и Арт Експо.
Графима и Арт Експо беа во ред, доста изложувачи, извесен број на машини за
печатење итн.
Меѓутоа, Саемот на книгата беше нешто многу посебно. На површина од неколку
илјади квадратни метри имаше преку 100 издавачки куќи со наслови и цени кои
го одземаат здивот.
Првичниот впечаток кога влегов во халата беше: Ааааххххх и Уаааауууууу!!!
Ова ми беше прв пат да отидам на овој саем и јас бев превоодушевен. Мислам
дека не ќе можам да најдам соодветни зборови да ви ја опишам атмосферата која
владееше таму ама можам да ви кажам дека беше нешто невидено.
Кога започнав да ги разгледувам штандовите бев многу изненаден од фактот што
имаше многу многу различни книги, најнови наслови од актуелни автори и тоа по
ептен ниски цени.
Книга која кај нас се продава по некои добри 600-700 денари таму можеше да се
најде за помалку од 300 динари.
Стручна книга (компјутерска) која кај нас ја гледав по цена од 1400 динари таму
можеше да се купи (и ја купив) за 550 динари.
Два цели дена го шетав саемот и мислам дека не видов се. Штета што немав со
мене фото апарат за да можам да ви ја покажам таа масивност, разновидност и
еуфорија. Се купуваа книги на големо, по неколку копии, со најразновидни попусти
и се купуваше многу многу.
Кај мене, крајниот резултат беше: 23 купени книги, 3 стручни (компјутерски
книги) и 6 броја од списанието Квадарт.
Доколку сте љубител на пишаниот збор, ви препорачувам следната година никако
да не го пропуштите овој саем.
Последни коментари