3 декември, 2008 - 20:51
[веб кирилица]

YouTube мора да отстрани порно клип ...

од блогбастер на 7 јан 2007 - 19:37

Преземено од Порно [porno.blog.com.mk]
__________________

Бразилски суд наредил популарниот сервис за видео клипови, YouTube, кој е во сопственост на интернет пребарувачот Google, да биде затворен се’ додека од него не бидат отстранети извесни несоответни содржини.

Манекенката Даниела Чикарели, инаку поранешна сопруга на фудбалската суперѕвезда Роналдо, поднела судско барање за обештетување од YouTube, откако на овој сајт се нашол видео клип на кој таа полово општи со нејзиниот партнер во плитка вода на плажа. Некои копии од видеото веднаш биле тргнати, но корисниците ги репостирале назад.

Со денови тоа бил убедливо најгледаниот клип во Бразил.

Чикарели и нејзиното момче, Тато Малцони побарале YouTube да ја тргне снимката и да исплати обештетување во износ од по 116,000 долари за секој ден што таа ќе остане на сајтот.

Судот го прифатил барањето, но правните експерти сметаат одлуката на бразилскиот суд дека тешко ќе биде спроведена во САД, каде што е базата на YouTube.