Вака стојат работите. На администраторите одамна не им е интересно да се занимаваат со сајтов и резултатот од нивната работа е видлив. Поради тоа, голем дел од власта ќе премине во рацете на народот.
Замислата е да има два основни дела за содржини:
Багра - кој ќе содржи авторски текстови или преводи кои не се објавени на друго место. Ова не знам колку ќе функционира, се надевам остнаа луѓе на кои заедницата им се допаѓа повеќе од егоцентричноста на блогот.
Избор - на содржини објавени некаде на друго место на (македонскиот) интернет. Ова би требало да работи нешто како digg или reddit. Важно е оригиналниот извор да биде прецизно специфициран.
Сите испраќања автоматски ќе се појавуваат во соодветната секција, и регистрираните корисници ќе можат да „гласаат“. Најдобро рангираните автоматски ќе се појават на главната страна. За почеток, +10 бода е прагот за главна страна.
Може да се гласа и за коментарите. Прагот на видливост може секој сам да си го постави, почетниот е -4.
Гласот од регистриран корисник е 1 бод, од модератор 2, а од администратор 3 бода.
Мала промена има и во делот со анкетите, сега секој корисник може да предложи анкета.
Форумот ќе си остане непроменет.
Се надевам дека вака ќе ни биде поинтересно. Гласајте ![[се смее] [се смее]](/misc/smileys/smile.gif)
Последни коментари